Здраво на сите. Никад не сум се снаогала на форуми али странава ме магепса Имам едно прашање, извинете ако го има на предходните страници, али многу се за сите да ги прочитам. Вакаа, уше одамна се шмекав со тип, знаеше дека го свигам а и он беше заинтересиран, ама си фативме врски ова она , помина доооооолго време и нишо не бидна.Се заборавивме речиси. Пред неколку дена се сретнавме у диско, и оп супер идеше работата. И падна муабет у стилу па ај некад да идеме заедно во една невладина, значи неурално место, најдругарско. И ја му реков па ај барај ме утре ќе идеме. И он ми зема број и утредента НЕ се јави. Дилемата ми е, дали не се јавил зашо на времето ја шитнав последните пати? Ама не верувам зашо беше одамна и нишо не сериозно. Или пак праи финтици тактики? Или пак едноставно не му е гајле? Веројатно, не му е гајле е правиот одговор ама вечерта изглеаше доста заинтересиран. Инаку ме интересира само психолошката страна, не сакам да го мувам ни нишо. Едноставно неможам да ја разберам тааа потреба за извисување и нејавување и сакам некое машко да ми ја објасни таа потреба и од каде доага. Независно од мојава ситуација ме интересира зошто секогаш е така..
Или пак незнае што да каже јас еднаш не се јавив 4 дена одкако ми го дадоа бројот дома правев цела шема, цртав .... што како , што да кажам кога ке се јавам ... и на крај се јавив со "Здраво" ама сепак тоа може да е само една шема...
Или едноставно заборавил... Ако си го интересирала ќе се јавел, некогаш не се рабори за тактика, само за незаинтересираност.
пак сме на истото, или тоа илли тоа хахахаха. епа ќе дознаеме, у сваки случај ме занимаше општо обично мужите зашо го праат тоа. чудно ми бедше дека може да прат шеми )
Јас правам тактики до 3 дена . Ако и после 3 дена не се јавам значи нема никад да се јавам . Почекај уште 2 дена и ако не ти се јави, речи му следен пат дека си зафатена. Ако се премислил нек те брка малку . Постои и мала шанса да ти го загубил бројот, ако е тоа ќе ти се извини следен пат а ти прости му, машко е де . Сите прават финтици навикни се, вие ни правите нас, ние на вас ама во принцип ако има симпатија и хемија од двете страни и со сите финти и играчки ќе се споите (порано или покасно) .
Не можеш да знаеш дали заборавил, или не заборавил, или онака ти рекол дека ќе ти се јави колку да не биде без ич (ако си ги гледала Френдс - Чендлер беше тој тип, мораше на цурата да и каже дека ќе и се јави за да не ја повреди иако никогаш немаше намера да и се јави ), или едноставно има премногу обврски....значи еден куп можности постојат. Навистина не верувам дека сите мажи се однесуваат по некоја си шема. Нема врска. Колку луѓе - толку начини. Еве тргни од себеси, ќе сретнеш некој другар и колку само можности постојат за тоа што можеш да му кажеш. Мил ти е и не сакаш да го повредиш со одбивање па ќе му речеш, дај ми бројче ќе пиеме кафе. А во суштина тоа кафе не мора да ти е толку битно за да го пиеш веднаш - ќе го пиеш за некое време дури. Или пак ти е битно и ќе го побараш во најблиско можно време. Или не ти е битно ама ич и нема ни да го побараш. Има такви кои кога ми рекле дека ќе ме бараат точно тогаш и тогаш, ми се јавиле на ден, у минута малтене. Има и такви кои не ме побарале ако сме се упознале во диско, и такви кои ми се јавиле сепак. Но обично не се јавуваат веднаш, утредента. Оставаат да помине некое време Ма не, не може да се генерализира - така да не си го оптеретувај мозочето со тоа како и зошто, остави така и ич не го мисли. Кад - тад ќе се јави. Ако се јави а ако не, his bad.
Имеза почекај денес, највеќе утре. ако ни тогаш ни тогаш заборави го ... А ако случајно ти се јави после 5 дена или не му одговарај или биди ладна игнорче мани му онака да сфати дека не може со тебе кога ке посака .
Ај вака:иам една другарка со едно проблемче.Затрескана е во едно типче,он дозна дека она лудува по него,и ја стави на игнор,но она вели дека вчера случајно се сретнале,он си бил со девојка му и он бил од нејзината страна кога минувал,па прешол од другата страна за да не помине рамо до рамо со неа,а ја поггледнал филмски ,директ у очи ,ама претходно он некаде ја поздравил па она не му рекла ни здраво,јас и велам дека и се лути.Машки,може мислење за ова
Проблемов со време ќе се реши ама јас сум нестрплива. Шо сакате кажете. Вака-и порано прашав за тој колегата (за тие што памтат), мислев дека провоцира со тоа дека демек сака некоја, и си кулирав додека не почна нешто да се случи од моја страна. Добивав и некакви сигнали од него, ама се разбира-ме кочеше фактот што ми спомна друга. Ама ми пукна филм и му признав. Признав дека ми се допаѓа. Зборувавме со него денес, ми рече дека знаел дека ова ќе се случи дури од кога ме аднал, но однапред ми кажал за неа, да си знам дека човеков си има намери со некоја друга. Ама женска глава, се мислев можеби провоцира и не смее да прави прв чекор, заради тоа. И јас покажав храброст, но добив негативен одговор, со што со сигурност знам дека навистина постои друга. Сега ме викна на кафе , (имаме излезено еднаш пред овој пат-тогаш не знаев за таа), дури се договоривме пак да излеземе. Он со неа не е во најдобри односи, таа како што гледам јас си игра со него, а тој уште се обидува, а година и повеќе што ја моли Прашањето е едноставно: WHAT THE FUCK?!
Спојлер Драга феминке се сеќавам на случајот, сакам да ти кажам само едно на прашањето ке го дознаеш одговорот кога ке излезете на кафе ... Искрено од ова мислам дека типот е во недоумица . Се двоуми нешто барем така ми изглеа. Не ми изглеа ко тип кој сака да се заеба така да искочи на кафе може ке ти се разјаснат поубаво некои ствари .
Онаа што го матка не може во целост да ја има и трча по неа, а онаа што може сега си мисли би можел и после. Ама не се залажувај, шутни го и најди си некоја друга занимација. И онака не вреди за твоето време, што очигледно ти го губи и те става на ад хук
Јас имам прашање. Тој ми даде слика од него,со посвета за мене,а тогаш прв пат ме виде и ме запозна. Можеби е малку глупо ( се чешам по глава додека го куцам ова ),но вие мажи,кога би и дале така на некоја девојка слика? Зошто,како што...? Прв пат ја гледаш во живо,правиш со неа муабет,се задеваш и на крај и даваш твоја слика.. Малку се двоумам,па сакам да слушнам мислење. Фала ви.
му се јавивме со другарките на дечкото што ми се допаѓа со непознат, и сакав да му го слушнам гласот, и се јави тој и му викам кај си ти, што праиш и ми вика тој кој е на телефон и му викам ај годи и го спомна моето име и ме зачуди оти гласот го имав преправено. дали случајно му има прелетано моето име или мислел на мене?
немој да си давала слика и ти пошо глупо е ,да ти кажам прв пат слушам вакво нешо,овој ке да е некој VIP бог знае што се му се врти по тоа главите
Не е никаков селебрити. Дојде некако спонтано,новчаникот му стоеше и му беше многу убав и јас фино,лепо го прашав може да го видам ? Ми кажа слободно и го прашав имаш слики? Ми кажа само од другар и од некоја женска и две од него. И веќе во следниот момент јас имав слика од него. Мислам,без зборови ме остави,уопште не беше ниту нападен,баш си беше спонтан. А инаку Towelie,тоа ти е добро што ми го кажа. Фала ти. Едит. Тоа ми е уствари и прашањето. Мислам,колку често може да се случи ова за да го направите вие како машки? Со детево ништо немам,а слика ми даде. Мислам, .
Еј, па вака.. Ме интересира колку треба да ви значи одредена личност ( од спротивниот пол ) за уствари да вие фактички го предадете својот другар, односно во конкретниов случај да и кажете на девојката како вашиот заеднички ( нај )добар другар само за некоја цел сака да ја искористи и после што се вика да ја зафркне во врска со некоја спогодба. Дел сум од таква ситуација и буквално не знам веќе што да мислам, некое пообјективно мислење не би штетело.
Не сум се нашол во ваква ситуација, но мислам дека дечкото што го „предава“ својот (нај)добар другар потајно исто така чувствува нешто посилно за девојката и сака да допре до неа, особено ако притоа не се двоуми да „прегази“ другарство. Или се работи за некое машко-женско другарство од мали нозе, или премногу блиско и искрено, па другарот сака да и’ помогне на девојката, да не наседне... Сепак, повеќе ми наликува на првото сценарио. Ајде, стискам палци да излезе најдобро за тебе од ситуацијава!