Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ А не помисли дека те препознал? |(
    Значи ни прв ни последен е што препознал некој кој притоа го сменил гласот.
    Искрено глупо е да му ѕвоните на детето да го зафркавате со непознати броеви и да го менувате гласот.
    Ама па и ти си го прашала дали имаш слики? И тој се понудил, а и претпоставувам му се допаѓаш, ако не си ми била привлечна ни новчаник ќе ти дал, ни слика. Вака се случајно тргнало и многу фино од негова страна што сликата ти ја подарил. :)
     
  2. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    386
    Зошто вие машките би и пишувале на социјалниве мрежи на девојче со месеци? А немате некои физички контакти, ретко се гледате, не излегувате заедно, не се договарате да се сретнете...
     
  3. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Јас мислам дека има нешто, ама го прават и од разонода, колку да им се крева егото, и да си имаат занимација.
     
    На Em4e711 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Јас мислам дека нема ништо, само за да си го потполнат времето кога им е досадно.
     
    На Em4e711 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    мислам дека ова е дискутабилно, кај секого е различно. некои имаат сериозни намери, некои само си го полнат егото со тоа што успеваат да заведуваат а некои пак ке видат слика кај некоја и одма се палат уффффф како би ја итн итн итн
     
    На Em4e711 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Тепање време ништо повеќе или огромен срам да бе биде одбиен ако ја викне на кафе ама најчесто е првото.

    Муабетење на ФБ со месеци без ништо повеќе (другарство или врска) е загубено време барем за мене така да не го ни правам.
     
    На Em4e711 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    ^^ тепање време за македончињата,а не и за другите мажи од поцивилизираните ни земји. :)
    Свестете се мажи ,да не ви заминат женчињата па да се чудите после кога нема ни да погледнат назад какви дечковци оставиле. :D
     
    На Em4e711 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Прво Сwрци мислам дека треба комплексите и фрустрациите да си ги излечиш на друго место зашто тука нема никој да ти помогне, и никој не ти љубомори, искрено на лажни слики незнам кој би ти љубоморел.
    А за проблемов мене ми изгледа дека му се допаѓаш на типот и сака на некој начин да се оправда за тоа што си г фатила дека е искочен со други девојчиња па уште те фура дека треба ти да се потрудиш така да откачи го типов, сака да седи на две столици ;)

    Grunge вака од искуство ќе ти кажам дека дечкото што си го „поткажал„ другарот сака да те ќари со таа намера ко демек, ејј види јас за тебе го предавам другарот за да не те искористи, а уствари мисли он да те искористи. На твое место би ги одје*ала и двајцата ;)
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  9. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Вака одговарАМ бидејки така и ми вратија. прочитај го коментарот на lov3 погоре ;) благодарам за мислењето мимс ^^
     
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Така како што си се поставила на форумов такви одговори и аргументи и ќе добиваш ..
     
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    1. Зашто на фб ... зашто љубовта на фб ја коваме....зашто по тие грешни патишта....
    2. Ти имаше дечко еден, ... кога стигна после 1 недела нов да си бендисуваш ...
    3. Сега како да не биде љут... на фб часови зборење , а во живо ти се темни пред очи.... секој би бил љут
    4. Сега тука може стварно те свига и му пречи тоа што ништо не презимаш... или како што кажа мис-89 година ..
    5. Сега најдобро е да си пишете на фб да си се најдете у парк и да уживате во ладните моменти , ако бидне нешто ...биде .... ако не бидне ништо ... тогаш идеш понатаму :D
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MorticiaAddams

    MorticiaAddams Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    139
    Значи за се секогаш размислувам, но во љубовта се однесувам како недозреано дете |( Со симпатијата се имавме малку потскарано, и не си пишувавме некое време, и јас вчера излегов со другар му :tmi: и кај што се чекавме со него тој ми дојде со овај мојот, и другар му дојде накај мене, овај замина, и отидовме во кафич седнавме, и симпатијата беше до нашето сепаре седнат со некои девојчиња, и кога дојдовме ние, стана, и ме гледаше буквално не ги тргна очите од мене а јас го игнорирав и си правев муабет со другар му. Ама гордоста и на двата ни е огромна, тој нема шанси да пиши прв, а јас се имам понижено досега, незнам што сакам, цела сум измешана, и незнам ни дали ме свиѓа или само провоцира со неговото гледање. |(
     
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Епа немаш голем избор...

    двајцата се свигате , и сега прашањето е кој прв да признае?

    Одлично...

    Сцената е поставена

    Кафич,Пијачка,Клише Муабет, Романтичен Муабет , Љубов , Врска .....

    Само кога ке праите муабет , давај му на знаење дека го свигаш....или пак признај му , тешко оти веке си се изгорила , али знај можеби овој е правиот :)
     
    На MorticiaAddams му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ај сега ќе ве молам објаснете ми,што е работата,како можи тој мене да ме вреѓа после 5 год заедно,а ништо не сум му направила,напротив правев се за него и немав никој друг! Мислам сега веќе раскинавме...Не ми е јасен...Сака побрзо да ме заборави и да си олесни себе,што? ДА ме направи мене лошата? :doh:
     
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Од мое искуство би ти кажала дека прави така само за побрзо и побезболно д ате заборави, а и што полесно ти да го замразиш за да не патиш по него.

    Е сега незнам кои се машките гледишта за ова, останува да видиме што тие имаат да кажат.

    Искрено и мене ова ми беше чудно ама се навикнав на тоа дека така им е полесно да појдат по нов пат.

    Глеј не му зимај мн здраво за готово ;)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Дивајн и мене ми се дешавало да му кажам милион работи за да ми биде мене полесно .
    Мислам дека и тој истото го прави . Не е во ред особено ако е тој крив ама ете . Игнорирај го само , друго ништо не можеш ..
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Ццц.. :worried: Малце ме чуди неговата постапка..доколку му немаш ништо направено.

    Мислам дека целта му е и ти да го замразиш,односно да имаш одбивност кон него,со тоа што најверојатно он ќе биде задоволен за тоа што ќе имате двајцата причина зошто да не бидете заедно,доколку он тоа го сака :^)
    и како што кажа самата побрзо да се заборавите,олесните..=/

    Туу.. многу незрело делува ова..стварно ме чудат вакви карактеристики кај повразни машки..Поточно доколку е возрасен :) Ама ете,има и такви,да не се чудиме..Сепак мислам дека целта му е таа..

    Друго вака стварно незнам што би можеле да се земе како причина доколку ти ништо не си му направила. :worried:
    Машко веројатно подобро ќе процени,каже за ова ;)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Ми треба помош, ама стварно ми треба помош. :worried:
    Вчера ме викна да излеземе (да се видиме на кратко), и кога ме поздрави-ме гушна. :| А ние не се поздравуваме така, ни тој така не се поздравува со колешките, всушност ретко со која се има поздравено, немал девојка овој никогаш, ни цмок ни ништо. :x Таа девојка која ја спомнав, му рекол-ништо нема да биде меѓу нас. После ми рече да се укл, ми рече дека не знаел што му станал што така ме прегрна, рече дека ако вака продолжиме ќе се случи нешто. Рече дека нешто се мрднал кај него, прееска ја зезавме една другарка, демек во врска сме, и зборував сешто јас :tmi: и рече дека му се допаднаа моите зборови, дека се чувствувал како да се вистинити. Рече дека не е сигурен.
    Му реков дека ќе се оддалечиме едно време, нека си ги среди мислите, чувствата...
    Дали добро направив? :sweat:
     
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Јас мислам така дека ќе го оддалечиш и си му дала обесхрабрувачки сигнал...Нека кажат ете и другите.Тој се заљубува во тебе.Ок,си рекла што си рекла,можи сега ти да го побараш и да го прашаш што мисли,ете по ден,два,ако и ти го сакаш истото,т.е. да сте заедно...Ама тој штом се заљубува,нема да се откажи ;)
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Ова ке одговорам , бидејки имав еден другар што имаше 2 год врска , све убаво и тогаш поради Х причини раскинаа... неможејки да ја преболи , ја врегаше , и правеше муабети (со лоша содржина)
    и на крај се замразија , побрзо заборави на неа и сега е друг...

    Погрешен пристап , но успешен ..... за жал ....

    Прашање а зашто раскинавте? , можеби некој му кажал нешто лошо за тебе па му поверувал и сега неке очи да ти види...

    има многу работи , ако не е тајна кажи зашто раскинавте , може и ЛП на мој кредит да пишеш :D


    Можно е да сака нешто повеке , само незнае како да го каже...

    те гушнал , ама се плаши да не претерал и да се одалечиш од него ..... (нели кога машко ке признава чуства и чуда тамо девојките одма бегаат... )

    Јас мислам дека добро направи , нека си течат работите , пополека без притисоци ... и следното кафе ке биде спонтано и со добри резулати
     
    На Rock-a-Fella и Pelikuna им се допаѓа ова.