Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371

    Рецепт од мој познаник како да раскинеш (не е мој да сме на јасно :)).

    Вика, јас никогаш не и раскинувам на девојка туку почнувам да се понашам толку идиотски што она мене да ми раскине, така он не е никад „крив“ туку она му раскинала а он среќен дека пак си е сингл да брка друга.

    Така да, јасна е твојата ситуација, финти се тоа, се учат со искуство, не е фер ама секакви луѓе има :).

    Пс. Види го болдот, важен е :).
     
    На Phyramide, Divinebutterfly и Yipman2 им се допаѓа ова.
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    А чекај?Каков е тој рецепт?(да не се разбереме лошо не ти се нафрлам тебе :D )ама што е таа да ја навредува?Животно?најголемиот имбецил на светот?
    Ватевр,таа за ништо не е виновна а тој раскинал 5 годишна врска и тргнал со друга.Чекај бе човеку помисли најпрвин дека со тоа однесување повредуваш и други личности.
    Ама не сум изненадена,денеска секој си гледа за себе.Требало да почека барем месец два а не веднаш да фака други девојки што не е за поздравување зошто ако беше девојче во приказната да фатила друг сите ке и се нафрлаат дека била лесна девојка.Ама ајде во прашање е машко а девојчето треба да седи дома и да го жали додека не и пукне и нејзе филмот.
    Какво е тоа раскинување со навредување?Дечкото воопшто не заслужува да плачи за него.
     
    На majulee и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски

    има многу работи , ако не е тајна кажи зашто раскинавте , може и ЛП на мој кредит да пишеш :D

    Незнам,еве поретко се гледавме последниве месеци,тој на работа,јас Бг со испитите,крајните се,морам сега поќе внимание да обрнам,а тој не издржа на крајот.И сега рече нова имал,до него била,знајш,јас далеку не можам толку внимание да му обрнам :( И демек дека фб имам,до касно сум седела,па шо,јас не си пишам со машки или да имам некој,си пишев со другарките што се со километри оддалечени од мене,шо му е него,неќам јас да прекинам контакт со светот...И за интернетот воопшто се лутеше.Па пратил шпион да ме следи на фб,и шо?Само од игри што ќе објавев,искоментирав кај другарка или песни пуштав.Освен ако имаат кажувано некои филувани работи што не се точни,на кои тој им верува поќе од мене,тоа незнам.Не сум си дозволила сама некој да ми пиши такви раб или јас на некој.Му пречеше другари да имам,ги откажав,од мн раб се откажав,за жал.Тој сам ствараше проблеми од ништо.Пуста љубомора.И ако,мене не ми е криво што ме следел,барем ќе му кажат дека немам никој друг освен него ;) Ама што добив во замена? Да неможи да издржи уште многу малце и да ме побара за жена(а рече кќе издржам,па и 5 год не се малце),и да си фати друга.Па не го заслужив тоа искрено...

    Патем тој ми раскина...Ама сега сака да си олесни изгледа...Ма тој и сам себе се вреѓа со тоа,пошто и јас него му бев се(барем до пред некое време) :fubar:
     
  4. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Ми треба совет од машка страна како да се поставам со тип што е постар од мене 6г... :|
    До сега сум имала повеќе искуства, али да кажеме дека држев некоја возрасна граница максимум до 2-3 години да е постара другата страна. Е сеа со мои 17, ова ми е надвор од комфор зоната и не сум сигурна како да се понашам.

    Го запознав од скоро, по негова иницијатива и искористи една моја другарка како посредник. Таа пак, одамна се знае со него зашто нејзин бивши е негов другар и нејзиниот 1 братучед ептен се дружи со типов со кој си имам работа. Летово, уште кога другарка ми идела со овој, типот и спомнал нешто за мене - демек што карактер сум била и сакал кафе со мене. Тогаш не ми пренесе на време, па еве го сега пак после 2-3 месеци и спомна и почнаа да се редат коцките. На ист датум имаме роденден и од таму почна моабетот дури да испадне конечно да го направиме кафето. Ништо посебно не можев да изделувам во тој момент зашто ситуацијата не беше 1 на 1, беа 2цата негови другари и другарка ми со нас , па бев резервирана до извесна мера. На фб знае да ми светне на чет и ептен ме изненади каков моабет успеа да склопи.
    Ми се свиѓа зашто е приземен, опуштен и не се фолира како што познавам други на негова возраст кои се неизживеани клинци во резонот.

    Е сега прашањето ми е - колку можам да се препуштам на ситуацијата со оглед што не сум сигурна дали стварно е толку мирен колку што се покажува и не знам што намери има со мене ?! :?:
    На другарка ми и пишал порака викендов - као демек бакни ја од мое име, а кога ќе почнеме моабет се интересира за кои професии имам склоности, каква музика сакам и сл....
    Не знам што да мислам , сакам да се случи нешто конкретно со него али сепак да не се залетам па да мисли дека може да ме вози како сака!!! Any advices ? :)
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    А зарем ти би останала со некој што пратил некој да те следи? Јас мислам подобро што си се спасила од такво ѓубре иако веќе 5 години с еотидени во вода. Многу врски раскинуваат и после 10 години, луѓе се разведуваат псоле 30 години брак. Не си виновна ти, па да се обвинуваш. А она дали сака побрзо да те заборави? Па нели има друга? Епа драга веќе те заборавил. Оној кој раскинува го заборава парнерот уште пред да му раскине.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Побара да се видиме јас го одбив. Не дека не сакам и јас да го видам него, или да сакам да ја обегнувам таа средба, туку едноставно несакам баш сега, нека помине некое време па тогаш.
    Го одбив и му кажав зошто и кои се причините. Ма да реално гледано и нема некоја позначајна причина, едноставно не сакам |( не овој пат.
    И ми се налути, и како целосно да се смени и неговото однесување и односот кон мене.
    Како вилијае врз мажите и како се чувствуаат кога се одбиени?...дали е можно да е до тоа, незнам. |(
     
  7. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    Па коа ќе му кажеш на некој, не несакам сега, а нема некоја како што кажа конкретна причина - зашо да си го троши времето? Што ќе излезете кога ти ќе сакаш? Па не е он на копче !!!!!!! Еве некоја на мене вака да ми рече, да не ми даде некоја конкретна причина, а знам дека е слободна а уствари се праи пичка ипол и hard to get - ќе си добие хард то гет.....Нема веќе да ја поканам никогаш за да излеземе и тоа е тоа....А утре коа ќе ме види со друга ќе дознае дали ќе може да си го гриза самата гзот или не....

    тенкју вери мач :)
     
    На CharmedGirl, Srekicka, XMaN и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. macence...k

    macence...k Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    ајде и од мене едно прашање... вака...се сметам за убава, мислам имам комплименти од дечко ми..ми кажува дека сум била најубава во групата на факс :D , но некако немам многу одварачи, сум немала и пред да си фатам дечко..мислам има девојчиња кои ги знам а кои не се до толку привлечни, на прв поглед, а се во центарот на вниманието во секое машко друштво ...дали е тоа до тоа што сум можеби малце поповлечена..ме интересира што мислат машките за девојче кое убаво изгледа, паметна е (се испофалив :D :D )и се како што треба..
    не сум имала многу децковци, дали е поради тоа, не ме бие глас дека испагам со сите....едноставно онака прашувам зошто за да бидам со некој сум морала многупати да му докажувам дека го сакам тоа со моите постапки, зошто скоро никој прв не ми пријдува и без тие мали сигнали? :D :D
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ivann

    ivann Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    10
    @macence...k
    Ако сте повлечена мирна и ќутлива...
    тогаш машкото има страв и е нерешителен дали да ви пристапи. :D
    (пробајте да бидете малце по опуштена и комуникативна.)
    :D
     
    На macence...k му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    МАшки ме интересира една раб кај вас :
    - Дали на пример кога ке запизнаете некоја типка, без разлика каде, и ако ви се свиѓа да речеме и со помош на муабет ја тестирате само за да ја видите што е и каква е ?
    Дали е тоа вообичаено кај вас (како кај нас на пример, во поголем дел кај женските) ?
     
  11. ivann

    ivann Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    10
    Па може да се каже да но најпрво ја следиме во сите чекори шо ги прај
    како се однесува со други..
    дали е привлечна.. комуникативна, отворена и.т.н
    но се разбира со помош на долг убав муабет може до негде да сватиме за шо личност се работи. :emo:
     
  12. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Во иста ситуација сум и јас. За секое машко, што ќе застанам со него, ми преговараше, на фб немав други машки освен школските и роднини. Не дека јас не бев љубоморна, ама тој ја злоупотреби мојата добрина, што јас правев се за него и на крај измислува причини да ме искиве мене да му раскинам и да може слободно "да си фура". Проклети машки(со извинение). Ајде кажете ми зошто се толку проклети машките? :@
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  13. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    тие нашле па зашле тоа е цела работа,80 % од женските потпагаат под влијаниието на дечкото,се одкажуваат од се за да ги задоволат,а пак машките кога ке го видат тоа наместо да се благодарни они ,,ми даде прст не не малку е цела рака дајми ја,,и сакам да прашам дали среката на девојката претставува подпаганје под нечија власт?дали да се одкажеш од сопствените потреби и ги задоволиш потребите на друг ке те направи срекна?дали некој кој е мн под твое ниво заслужува да плачеш и глава да те боли?ако вредел немало да плачиш сега.ова не се однесува на сите машки,не се сите исти,
    само бидете храбри девојчина и што е ваше ке си дојде во секое зло има и добро,може така требало да биде за да бидете мн мн посрекни :) :* :hai:
     
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    :shake:
    Е така...премногу им дозволивме затоа...Јас одамна си вратив се,неможи мене некој да ми кажва шо да прам,да не се дружам и ред други работи.Ако тој не ме прифаќа таква,ќе има некој што ќе ме прифати.Ако не си го смени понашањето(а знам дека е тешко чоек да се мени) или ако не ме прифати таква,покрај сета болка ќе ме натера да се откажам.А него некој не што му забранува? НЕ! Епа тогаш што :swear: нека си тера така,можи ќе најди некоја ко него,ама како ќе ја најди ако и таа седи само дома и не контактира,тоа незнам. Ме боли,ама претерва. Па каде бе без доверба и разбирање? Па толку во тие години да не сфати дека само него го сакам? Епа нема животот да си го одземам за да сфати,да му речам еве ова за тебе :envy: Јас нема чалма да си врзам и да седам дома,ко во Иран.Фала Богу,не живеам таму и не ми е наложено. Кој е тој па да ми налага? Нека оди да си купи тогаш невеста и нека си ја чува дома за украс! Јас не така :shake:
     
    На srcekrsacka, daddys.princess и Butterfly15 им се допаѓа ова.
  15. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Ако ви наредува и ве контролира, ве гуши и ве прави несреќни, тогаш посакувате добар дечко што ќе ве сака, почитува и ќе ве разбере...
    Кога ќе добиете токму таков дечко, не ве стимулира, па ќе го тестирате до каде можете да го тегнете за нос, па недај боже да се обиде да ви угоди, тоа ќе го категоризирате како слабост и ќе му раскинете со некој дебилски изговор кој ни лама не би го проголтала..

    Сигмунд Фројд во неговите 30+ годишни истражувања не можел да скапира што сакаат жените, колвањево не ви е на место...

    Едит

    И немојте ни за момент да се филмате и да се правите hot shot мачкици со таа ваша променлива природа.
    Демек...за мене е потребен ВИСТИНСКИ маж, and you boy ain't IT.
    Како вие да знаете што е тоа IT.
    И самите ќе видите дека тие хормонални бури и промени во понашање долгорочно ќе ви донесат многу повеќе грди моменти и непотребни компликации.
     
    На srcekrsacka, Trendafilka, Phyramide и 5 други им се допаѓа ова.
  16. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Чек чек извини ...
    Да, нејќеме машки кои ке не контролираат и гушат и све тако даље, АМА нејќеме ни машки кои апсолутно за ништо не реагираат.
    Зарем неможете да најдете средина ?

    Мене пр би ми сметало дечко мој пример да биде љубоморен за секое едно машко што го знам, ама не би ми сметало ако на пр ме праша од кај го знаеш? ...
    Ок ?
    Би ми сметало ако ми иде по кеф за се нешто, ама некад ни е потребно некој да каже да ок овој пат нека биде ти како ке кажеш.

    Сепак мислам дека е проблемот до вас зашто неможете да најдете златна средина.
     
    На srcekrsacka и EleMental им се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    E Елементал затоа има љубомора и болна љубомора.И не рече никој дека сите машки се исти,па сите да ги критикуваме.Секако,постојат и такви кои вредат да си со нив.Кога двата си давате заемно е подруго.Ние па да не знаеме што им текнува на машките и што им се мота во главата? Ама ако некој па се понаша детски,треба да го трпиме тоа? И машките имаат периоди кога незнам дали им е до хормоните,ама збеснуваат и незнаат што сакаат.
    Ок,ете и ти се искажа,има и такви женски,секако.Ама сите се различни,и машки и женски,секој за себе.
     
    На srcekrsacka и EleMental им се допаѓа ова.
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Елементал, со едитот ми се расипа впечатокот од постот :P

    Абе, не е до нас, јас мислам дека тука е тој предизвик, додека да видиш дека е некој твој имаш интерес, а после ти досадува сето тоа внимание и ја злоупотребуваш неговата добрина, ама тоа е така затоа што ги немало чувствата, била само некоја опсесија кон личноста, а не длабока љубов.
    Кога љубовта е длабока и од двете страни, мило ти е што некој те сака толку безусловно, и ти сакаш да му возвратиш со иста мера, и од толкава желба да биде се` совршено, дури те боли.
    Ама ретка е таква хемија и кај двете страни :(

    А за оние љубоморните и контрол манијаците, па ваљда на почеток љубомората годела, па се чувствуваш единствено, ти годи таа негова опсесија со тебе |( (сега ми се иде да си мавнам една за тоа), ама после додека да се свестиш те фатиле во пајажина.

    И друг тип девојки кои сакаат некого да сменат, а не знам зошто, или сакаат да бидат сменети од некого бидејќи веруваат дека тој знае што е најдобро.

    Значи не е толку комплицирано за да се проучува 30 години, а Фројд мислам дека повеќе ја проучувал таа сексуална страна кај луѓето и и давал едно од примарните значења, т.е. преку сексот ги објаснувал човечките интеракции, што морам да се согласам дека до некаде е и многу важно, бидејќи еве запознаваш некој, абе шеќерче мило, те гледа како капка на дланка, ама сексот ви е за никаде, и до кога ќе можеш да издржиш така :worried: ?

    Или еве од машка страна, ти запознаеш некоја, се е супер, само ти сакаш да имаш пример 3 партии секс, а она после првиот оргазам повеќе не се влажни никако, а тебе очајно ти се сака, те возбудува, и што е решението- орален секс?
    До кога?

    Сепак вака кога се гледаат работите лесно е да се генерализира, ама јас со тек на време сфаќам дека во ниедна врска ништо не е како што изгледа на прв поглед, и ако има некој проблем во истата, не знаеме точно од што произлегол, и треба добро да ни се познати фактите и од двете страни пред да заземеме страна кон еден од лицата кои биле во таа врска.

    И ептен забегав, ама ова ми беше некаква моја опсервација на женско-машките односи :angel:

    И најбитно од се` е да не заборавиме да се сакаме и да се цениме самите- бидејќи само така, може да не сакаат и другите, и никогаш да не дозволиме некој друг да управува со нашиот живот, никогаш.
     
    На srcekrsacka, lolyta777, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Вооо право сте девојчиња, се што пишавте држи место. Нештава можат да се дискутираат во две насоки. ;) Форумула нема за ништо, а најмалку за овие игрици на кои мајката Природа не навлекла.

    Сеси, знаев дека ќе ти го расипе впечатокот, се смеев додека едитирав :D, но морав да ја extend-вам мислата.
    Многу убава разлика направи меѓу опсесија и длабока љубов, која продолжува и во моментот кога сваќаат дека партнерот е освоен.
    И колку и да ни се остри нишаните, сепак ќе има епизоди во кои сме инвестирале во ТОЛПА материјал, притоа откривајќи го тоа многу подоцна. Само дебела кожа треба за денешново време, троен слој.
     
    На srcekrsacka, daddys.princess, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Можеме, можеме, со искуство сѐ се може ако не си глуп :D

    Безусловна љубов во врска (освен ако не сте веќе 20 год во брак со 6 деца :D) е сигурен пат кон пропаст. Мојата секогаш ќе знае ако почне претерано да ми изводи ќе ја оставам и никогаш нема 100% да и дадам да мисли дека што и да бидне ќе останам со неа, мала неизвесност (мала, не страв секој ден да не те извара партнерот) е супер да оддржи мала напнатост и динамика во врската. Јас да знам дека што и да биде девојка ми ќе остане со мене веројатно ќе се опуштам колку и да ја сакам :) .

    Со други зборови сакам да знам дека ако почнам девојка ми да ја зезам ќе ми удри клоца, таква многу повеќе ќе ценам него некоја што ќе ми плаче и се ќе ми пушта :).
     
    На srcekrsacka, si.exs, Neytiri и 7 други им се допаѓа ова.