- Значи од една страна , машкото несмее да ти љубомори , ама од друга мора за да се чуствуваш привлечно ... - Од една страна несмее да ви преречува , ама од друга и мора да каже НЕ оти тогаш ке ви биде одбивен - Од една страна несмее да дава премногу комплименти , ама од друга страна несмее да заборави да даде комплимент - Од една страна несмее да ви досага , ама од друга страна несмее да не се јави - Од една страна несмее да се учи преку порничи , ама од друга страна несмее да биде неискуен - Од една страна несмее да заборави сите 1067.056.256 среќни моменти , а од друга страна несмее пак да ги заборави кога ке дојдат други 10578.25972.52697 среќни моменти ( бидејки ке бидам погрешно сватен ке дадам пример.... Драги зашто заборави на денот кога првпат ја видовме птицата како се искака на детето и двајцата се насмеавме и се бацивме ...) -Од една страна несмее да помага во одредени ситуации , ама од друга страна несмее да заборави да помогне ... И ОП НА КРАЈ Златна средина .... Нема златна средина , оти не ни дозволувате да направиме златна средина
Добра дискусија и Јипман е навистина во право. Човечка природа е - да не си задоволен никогаш со ништо. Во моментот штом тоа нешто ќе го добиеш, посакуваш нешто друго. Тоа е. Сакаш бонбонче, штом го добиеш и тоа на редовна база, секојдневно, посакуваш лижавче. Сакаш некој кој ќе биде фин и културен и учтив и ќе ти симнува ѕвезди од небото, и во моментот кога таков некој ќе ти пријде ти надоаѓа да го наречеш патетично лигле и ете ти од некоја страна се приближува класичниот пример на е*ачиште кој не забележува никој, самоуверено чекори, и тебе ти се стресуваат колениците иако знаеш дека токму тој тип, нема да ти донесе се она што си очекувала од првин, затоа што сакаш бре нешто што ќе те дрмне Ма проклети сме сите без исклучок, како жени така и мажи. Муабетот на место на ИксМен, штом почне некоја жена да прави се за својот маж - веќе не го стимулира. И што би рекла Сеси, најбитното од се е сепак на крајот од денот да си бидеме верни самите на себеси, на сопствениот карактер, на сопствените желби и пред се да имаме здрава доза на самопочит. Да, треба да знаеме да потклекнеме доколку вистински и суштински не убедат, дека правиме грешка, и дека треба носето да го спуштиме, но треба да си се цениме. Во тој момент кога ќе почнеме повеќе од 50% од нашиот живот да му го приспособуваме на некој друг, и почнеме да го губиме сопственото јас, е тогаш драги мои можеме да сме сигурни дека ќе го изгубиме дечкото, девојката сеедно. Или ќе си умреме со 72 мачки...леле ај поарно кучиња ова мачкиштава ми се хорор
Ок е да се одржува некаква блага напнатост (ако може така да се нарече), подобро ќе речам - неизвесност во врската, за да нештата постојано делуваати свежи и спонтани, и да не се доведеме до моментот наречен монотонија во врската и преоѓање во навика. НО, тој дел не се глуми, ниту се предизвикува намерно, тоа е едноставно склоп на карактери, и доаѓа природно и неизнасилено. Тогаш е одлично. Остатокот, од пуста желба и од премногу изложеност на американски филмчиња, намерно предизвикува кавги, драми, љубоморни испади, глуми недоверба и недостапност таму каде што нема простор за тоа, и наместо свежина врската прераснува во pain in the ass, како за нив, така и за околината. Значи секој од нас си е различен, секоја врска и потреба е различна, и ова е апел од сите помлади девојки - не се угледувајте едни на други. Ако на едната дечкото и ѕвони по 15 пати во денот да го чуе неговот бу-бу, неговата месечинка и дундичка дали е добра и дали јадела утрово, не мора да значи дека сите го сакаат тоа или дека така треба да биде. Секој ќе си ја пронајде својата златна средина, зашто таа не е УНИВЕРЗАЛНА.
Леле Јипман муабетов, ме изнасмеа....како жена во ПМС , како да не може да ни се најде НЗС... Има златна средина, сигурна сум во тоа....само треба да се најде, можеби преку компромис, отворени карти, прилагодување на потребите, не секогаш да се ставаме себе си на прво место, мала доза на доминантност но, и покорност. Секоја врска е различна, нема правила по која треба да се водиме и да функционираме. Различни луѓе, различни карактери...но мора да има нешто заедничко, нешто што прави единство, нешто што поврзува....тоа нешто постепено ќе се надоградува и ќе се најде таа златна средина. Да се биде свој, но и да се најде начин да се биде дел од целината.
дали ќе бидам оффтопик ако побарам совет за коли а не за љубовни проблеми? па ми треба совет од машки бе а јас сум девојка и не се разбирам. директорот мој мил ми напишал меил да му најдам мала кола за жени автоматик што може да се купи во мк ама да не се чека по нарачка де а нова да биде. кој модел да го барам кај да барам?
Првиот болд, и обратно, нема пуштање за сѐ посебно за машко е убиствено ако почне за сѐ да и иде по ќеиф на девојката, станува лигуш и многу бргу ќе биде шутнат . Втор болд. токму така . Затоа е фино стално да си во форма и да изгледаш одржувано и привлечно за спротивниот пол без разлика дали си сингл или во долга врска .
тешко е да с е најде баланс во една врска, кога станува збор за два различни карактери , различни сфакања, различен поглед и приод кон нештата.но во секој случај и двајцата треба да се свесни за ,,пресекот на множеството,,она до каде е дозволено , што е ок , каде треба да се прави компромис.абе едноставно треба да работи свесноста и кај двајцата,без ,,маратонски трки,, за доминација, интриги и итроштини од типот:,, збуни го непријателот,,.во таков случај едниот ја напуста ,,трката,,и може да остане повреден без да се осети колку угодувајќи му на партнерот ја пратил врската во ќор сокак.и на крај што? добриот е глупав, врската монотона, исконсумирана и доведена пред крај.Она што го гледаме во тој до нас е наша проекција.И двајцата треба да бидат стимулирани ,ако знаат што сакаат се разбира. и најважно е од што влегуваш во врска,од љубов(ако сеуште постои), од интерес, од бес и докажување пред другите,од досада.... па колку ке тера нека тера, неразмислуваќи за последици.се е толку индивидуално и нема две исти работи на овој свет , па така и со ова.и како што напиша некој погоре: сакам - ама не сакам .човечкиот ум нема лимит.....и никогаш не можеш да си доволно сигурен во тој до себе
Јас не барам совет....сакам да ве прашам Добро бе да му се сневиди што ви стана на вам припадниците од спротивен пол Што било тоа, френдс вит бенефитс.....одеднаш толку многу ви стана популарна оваа опција што дури и на фејсбук ќе треба да се воведе за избор во љубовен статус Не ми е јасно, еве веќе во неколку наврати тоа па тоа... и со неколку луѓе што имам муабетено што сте -до кај сте викаат ааааааааааа френдс вит бенефитс сме.... Се зачудив, прашувам зашто....секој различно, ама преовладува она....повеќе ми одговара отколку врска. Повеќе одговара или страв од врска а? Страв од повторен неуспех на некоја врска? Моментално "издувување", "испробување", "живеење на животот со 200 на саат"? Или само американските филмови ви го испраа мозокот, исто како на женските што им го испраа во однос на романтики?! Спојлер Има и женски кои ја преферираат оваа категорија дружење, ама мене за вас ме интересира....драги примероци од спротивен пол
Иако веке си го одговори прашањето ... Сепак Кога на времето сите врски и сексуални односи се базираа врз American Pie филмовите , сега се базираат врз новиот филм Friends with benefits што морам да го гледам , оти сите го зборат еве вечер ке седнам , т.е не ај утре ...зашто вечер кога можам утре ... и ке видам што е тоа ... За 5 години ке има I had sex with a robot girl , и оп сите ке купуваат роботи и ке има тие фори смеј се , ама за 10 год ке викаш .... ееее Јипи у право беше бе
Медиумите тотално ја превртеа сликата за тоа како треба да изгледа секс,врска,што било,за 2та пола. 12 годишни девојчиња висат кај другарка на ПЦ за да гледаат порно и како тоа они демек се смеат и им е гадно. Кај машките е традиција коа се копиљаци да се зберат и да гледаат групно порно,језда гледањето на таа возраст поише наликуе на гледање карате филм однего видео за возрасни. -Иии види чоече као и влезе! -Што е ова брат,шо и напраи! -ЛЕЛЕ БРАТ ГЛЕЈ ВУНА,ШТО Е ОВА ПЕР?! -Хаха,еј,слушај го кучено у позадина! Затоа постојат такви глупости ко friends with benefits и остали трендови повеќе раширени низ светот ко оргијање,свингање,сајберсекс итн итн. Од кога порното стана толку многу актуелно и излезе од границите на табу,критериум за машки полов орган е +20 сантима,испод тоа веќе е за смеење,женското ако нема груда ко презреана диња и мачкицата да и е ко чизбургер од McDonalds,не доаѓа у обзир. Совет,ко ќе остариш и ко ќе родиш дечиња,да се живи и здрави и глеј после 12 да не седат гледајќи голи тетки,и контролирај им ја работата на компјутер. Страв ми е да помислам шо ќе се деси со идните генерации,озбилно ми е страв.
Точно дека медиумите и денешното дебилско општество до одредена мера перат мозочиња, но колку од нас останале целосно имуни на таквите влијанија? Вистински ама... Зошто мора да бидат стравови од врска и неуспеси или нафурани филмови, зошто едноставно не може целата работа да биде бидејќи некој дечко сака да си има редовен секс без дополнителните обврски што ги натегнува врската? What's wrong with that? Ама баш ништо. Има многу повеќе искреност од вообичаената "заедно сме колку да не сме сами" врска.
^Ај Елементал тоа е логично ДА, и порано имало такви врски без обврски.....ама сега ептен трендовски им стана, затоа ми боде очи Незнам, некоја нова мода....па сега ако немаш таква врска не си фраер :geek: Спојлер А можеби и само ми се причинува....зашто мене ваквите работи не ми се баш омилени
незнам од кај да почнам ама ајде,да пробам од почеток.. не е моја вера, а го сакав многу..порано одевме.. тој ми беше таа прва љубов и колку и да сакам неможам да го заборавам.. е сеа,после 7 месеци од како раскинавме ( не зашто не се сакавме,туку ради мајка ми..не ми дозволи да бидам со него ) пак се појави тој.и нормално мене се ми се испомеша во главата, го засакав пак.. и се смиривме ама на еден ден ми кажа дека уште ме сака и сака пак да сме заедно.. тогаш мислев дека ќе полетам од среќа.. и после тоа не се видовме се до вчера. (има некаде 3-4 недели) упорно ми докажуваше дека ме сака,правеше работи што никој не би ги направил за мене..и бев сигурна дека тој НИКОГАШ нема да ме разочара,и никогаш нема да престане да ме сака.. вчера кога го видов,решив се да му кажам како се осеќам.. го тргнав на страна и му реков дека уште го сакам .. пред него никогаш немам срам зошто само тој ме разбира и не е таков како другите да му е само до мување или само за забава.. очекував да се смириме,ама тој ништо не ми рече. не ме погледна во очи и така едно 5 минути ќутевме.. Се налутив и си заминав.. После тоа ми кажаа дека тој свиѓал некоја што е..како да кажам, етикетирана. Давала на секој втор итн. Незнам што да мислам,дали престанал да ме сака, или уште ме сака a ова со неа е само за забава..
Па прво си погрешила што си се наљутила .... тој ако го немал правиот одговор можеби размислувал предолго , незнаел што да каже... од една страна си раскинала со него заради мајка ти ... после све ми делуваш како сакам ама незнам... и се збунил , не си требала да си заминеш него да го прашаш уште еднаш , малце да го потикнеш А таа што се давала на секој втор е само за забава Јас лично не познавам машко што ми рекол дека ке има сериозна врска со девојка која се давала на секој втор... така да е за забава и ке имаш втора шанса , прво не кажуваш све ... како кога машкото ке и каже на женско ... -Те сакам сакам со тебе цел живот , ова она ... ке ја уплаши и нема да ја види до крај на живот , епа исто е и кај машките ... ем си го уплашила ... ем си го изненадила ... ем си отишла ... ај сеа втора шанса , подобро , без лутење и со малце почит и разбирање ...
Како да го натерам дечко ми да биде по романтичен? Навистина ми треба МАШКИ совет. Значи јас му имам направено 3 изненадувања откако сме заедно(тоа е две години), а тој ниедно. Вчера го прашав кога ќе ми направи и тој на мене, а тој ми одговори "Јас ќе ти направам едно ама ќе се сеќаваш на тоа цел живот" ..
ми кажува дека ме сака само кога сум му лута, после кавга и слично.. ЗОШТО? зошто тоа не го прави и кога ни е убаво, кога сме смирени, кога се е ок..туку само кога гледа дека вријам одвнатре и дека ми иде да му шибнам еден шамар?
^ Ова можда маживе поточно ќе кажат од мене, ама од мое гледиште мажите не обрнуваат внимание на тие ситни детали затоа што ете гледаат дека сме задоволни, свесни се дека ги сакаме и дека сме тука за нив, па не мора да се мачат да не‘ импресионираат...
Не знам колкава си, ама оваа последнава реченица може да крие многу јасни или скриени намери, зависи кој како ќе го сфати. Јас прво што помислив кога ја прочитав реченицава е дека еднаш ќе те побара за жена и тоа ќе го паметиш секогаш Или можда планира да ти изјави љубов на некој негов начин што ептен многу ќе те изненади. Ко што ние знаеме да правиме изненадувања, така машките колку што се таинствени толку можат да бидат непредвидливи, па немој да се чудиш ни ако го видиш да те изневери со некоја скраја да е или ако ти клекне со прстен, ништо чудно, машки мозок.