Едноставно не е таков тип. Јас не гледам никакви задњи намери, мала си за мажачка, може се зафркава само или можеби ти спрема некое поклонче да те изненади и тој. И јас на твое место не би го замарала, испаѓа како да му правиш изненадувања, за и тој тебе да ти направи... ,,еве јас, а сега ти си на ред,,. Остави го, ќе се свести самиот.
Јас мислам дека тоа ти го рекол, да не дојде до непријатна ситуација. Па и што ќе ти одговори всушност: утре, задутре, за една недела? Кај што рекол сега, можеби и ќе смисли нешто да ти направи, ама не сфаќај го сериозно тоа што не ти приредува изненадувања, едноставно некои луѓе не се романтичари, и не можеш да го натераш со сила да биде.
Сакам да прашам дали мислењето на вашите другари за една девојка има влијание врз вашата одлука дали ке започнете нешто со некоја девојка ?Зошто некој би избегнувал да стави крај на директен начин туку тоа го прави индиректно зарем не е подобро да се биде искрен кон другиот ?Која е целта на игрите од типот топло-ладно ?
1. НЕ, ама јас не сум на 20 (не дека сите 20-годишници слушаат другари ама колку си поискусен се понезависен си од туѓи влијанија при избор на партнер). 2. Искреноста БОЛИ и често е непријатна и за тој што раскинува, треба да има храброст у фаца да ти каже што и како а вака индиректно се амнестира себе си од било каква кривица или приговор од другата страна. 3. Целта е да се продолжи периодот на флерт и да се испитаат намерите и вештината на другиот како и неговата сила на воља и граници на толеранција. Често пати е и стекнување на доминантна позиција во евенуталната идна врска. Понекогаш е и само забава без сериозни намери. Чим едната страна губи воља да игра играта се прекинува.
ај ако може совет од машка страна? Во врска сум 2 ипол години... иако на почетокот имавме некои проблеми, кои може друга девојка не би ги проситла, јас простив се и продолживме понатака, се беше во ред, љубов не ни недостасуваше, или барем јас немам осетено нешто такво. Така се до летово... Неколку пати го фатив како пишува на фб со други девојки со кои порано не комуницирал и кога го прашав за што се работи ми рече дека тоа намерно го прави за да ме одвикне да му го проверувам продфилот. Но ја смени лозинката, така што јас повеќе немав пристап до неговиот профил. Сепак кога ќе седневме заедно на компјутер и тој ќе го отвореше неговиот профил, јас повторно гледав дека пишува со други девојки и кога ќе му речев нешто причината ја бараше пак за јас да не му го проверувам профилот... последниот пат кога имав прилика да проверам, видов дека со еднка клинка, помала од него 7 години си пишувал и и кажувал дека не му е добро со мене во врска, дека го гушам, демек и давал совети за таа кога ќе се заљуби и сл. а сепак индиректно и се додворувал... не му реков ништо само го прашав дали всушност му е добро со мене, дали се уште ме сака и тврди дека да... се е во ред... кога му кажав дека го имам прочитано разговорот ми рече дека знаел дека ќе видам и затоа намерно така пишувал... не знам што да мислам... имавме исполнета врска... но нешто се случува, а не знам што... совет?
Пак ли со фацебук ... И зборел ... правел муабет на ФАЦЕБУК ... интернет програм ..... нема страшно сите пишуваме ...ставаме лајк... downloadirame слика некоја да си ја ставиме на desktop итн итн Не е страшно се додека тоа не почне у живо да го прави Па и ке прави на фацебук , како така ти приватноста му ја чепкаш ... а ти демек не си правела муабет со машки ... и сеа тој треба да ти каже како така ... не ме сакаш? ... не ме почитуваш ? ... па што си му рекла на машкото здраво Вакви работи се површни , се додека не е директива и во ЖИВО тогаш имаш проблеми ... сега за сега е кул и тоа на Американски начин
да ама, не би се чувствувале навредени доколку прочитате такви работи за вашата врска како и се пренесуваат на трета личност, додека вие немате поима за сето тоа???
Прво и има право што така ти прави ... Па женска размисли малку прво го гушиш, немаш доверба во него. Уште давање пасворди ?????? Бирај или доверба ке си изградите или остави го чоекот да си дише на мира. Или трета опција и двајацата фејсбук на дилит.
може направил работи во минатото поради кои немам доверба во него... го казувам тоа отворено, дека сакам да му верувам, дека треба да изградиме доверба, ама он секогаш ќе направи нешто со што ќе ме разочара... :/ како и да е, ќе морам уште многу да размислувам дали можам да продолжам... фала!
Значи ѕиркање у таа приватност тешјко дека мопжеш да изградиш цврсти темели на една доверба . Најди друг начин . А и чим е таква работата самата си крива што си си ја довела работата до оваа ситуација. Си требала уште на сам почеток да спречиш . Размисли убаво. И барај др начини.
aquarius34 - Не сум се нашла во таква ситуација, меѓутоа јас би играла на овој начин: Кога веќе го знаеш пасвордот и си земаш за право да го проверуваш - прави го тоа суптилно, тајно и без приговарање. Следи ја ситуацијата со денови, недели и месеци ако треба (т.е. ако сметаш дека тој го заслужува тој „труд“) и никако, ама НИКАКО немој да покажуваш дека нешто знаеш/си прочитала/си наслушнала Терај си „нормален“ секојдневен живот, биди позитивна и полна со љубов кон него (макар да е и глума во некои моменти, тоа е, мора да се „жртвуваме“ понекогаш ) и проверувај до каде оди неговата игра со другите девојки. Немој при првата прочитана „провокација“ на ФБ да го напаѓаш, туку остави да помине уште време, за да му стане јасно дека повеќе не му го отвараш профилот, па да почне да се однесува „природно“. Е.....ако во ТАА фаза се` уште го прави тоа што го прави, а е сигурен дека не му ги читаш муабетите (пошто нели нема да му приговараш), тогаш (јас да сум на твое место) би му кажала само Фала и вратата би ја затворила однадвор Мада, јас уште сега би му го свртила грбот, ама тоа сум јас, и не знам каква ви е врската, ние тука можеме само површно да коментираме за проблемот.....генерално не се согласувам со констатацијата дека „додека го прави само виртуелно не е проблем“ пошто за мене Е - кога сум задоволна од она што го имам, ни виртуелно ни теоретски ни практично не ми текнува да „лажам“ дека нешто не штима, или да флертувам, за (демек) „да го казнам дечко ми кога ќе ми го отвори профилот“. Оваа реакција е одговор на нешто и мислам дека ТОА треба да го утврдиш за да знаеш што понатаму
Добро бре девојки муабет на ФБ е тоа. Па и во живо да е , се дур нема акција т.е спроведување на муабетот во дело нема причина за паника. Мене поглупо нешто од менување на пасворди ми нема. Јас и дечко ми дури ни на Фб не си пишуваме, нит сме во врска, дури една слика имам во него, па никогаш не ми рекол аха ти го додаде овој, ахам ти сигурно збориш со тој. А не дека не сум згрешила на почетокот, ама тоа е позади нас ако останал со мене значи дека треба да ми верува , не да ме гуши. Не ти да го оставиш, јас би те оставила да сум на негово место.
Pred nekoe vreme vi pisav za toj tipot so si se svigjame odmana ama nisto so ne se sluci megju nas zasto bevme vo vrski itn itn...epa bevme na kafe...se fino ama toj nisto konkretno ne napravi...mislam deka nema hrabrost, zasto dodeka imav decko mu lupav korpi(normalno)..a MNoooogU mi se svigja, zanesena sum po nego.. E sega, me vika da odime na kino, se nadevam deka ke mu tekne nesto da napravi...ili kazete mi jas so da napravam, kako da go opustam ili da go ohrabram da go napravi golemiot cekor..ne mozam jas da go zalapam cuvaj boze
Можеби дечкото сака да биде сигурен во тебе и во твоите чувства.Нели си му мавала корпи кога си била со бившиот дечко,епа сега тој сака да се осигури дека ти имаш емоции за него. Од моја гледна точка,некому да му маваш корпи,да знае дека си со друг и да продолжи да се труди околу тебе па и сега од кога си слободна да се обидува да те освои .... докажува дека навистина има силни емоции кон тебе. Мислам дека треба да му оставиш простор и да пробаш да го опуштиш,но немој да му оставаш премногу простор,зошто тогаш мислам дека во голем процент таквото дружење може да премине во другарство.Се губи страста помеѓу двајцата.
Зошто ,,чувај Боже,,? Кога сте биле на кафе најверојатно испитувал терен, да види како ќе се однесуваш, сега пак сака да ти го опипа пулсот, па јас мислам дека ќе превземе нешто. Во спротивен случај, ти признај му ги чувствата спрема него и така би знаела дали да си го трошиш времето со него или не.
Па сега зависи многу од типот на машкото ... некои сакаат , некои не И зависи ситуација , место .... неможеш ти на плоштад да му збориш dirty на пример ... Али во повекето ситуации 90% од машките сакаат...
So mislis so toa da ne ostavam mnogu prostor? demek on ako se pravi budala jas apla da mu kazam deka mi se svigja?? ))
Да му оставиш простор-во смисла да останеш смирена пред него,да не го наведуваш на ништо да допуштиш тој самиот да одлучи кога и на кој начин ќе ти се доближи.Едно е сигурно,има емоции кон тебе