Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    колку само се нервирам коа некој ке ме стави на игнор тоа е незамисливо
    значи мене некоја да не ми врати на порака така уфффффф може да ме сања само дур она потоа не го направи првиот чекор :)
    иначе другарка ти може само да направи да се одалечи типот од нејзе зашо му праќа јасна порака демек не сака нишо со него ни еден лаф муабет а камо ли да си мисли сега да прави нешо сериозно со нејзе.
    мислам дека сеа глупо ке му биде да и пријде да се поздрави :)
     
    На XMaN, Dushica-sk и Yipman2 им се допаѓа ова.
  2. nina88

    nina88 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    е ајде да помогнете!
    како е можно.. идев со него една недела, се беше се во ред, морам да признаам дека немаше чуства меѓу нас.. ама се другото беше во ред. помал од мене 2 години, јас имам 21 а он 19. и наеднаш без никаква причина прекинавме, се се сведува сега на игноре.. рековме дека ке бидеме пријатели, мислам.. така и се однесував со него.. ама тој упорно и упорно продолжува да ме игнорира. незнам која е причината, само сакам да ми кажете како да се однесувам. знам дека најдобро би било и јас на игнор да го мавнам, ама не е тоа тоа што го сакам! тој сега се прави важен.. а мислам, заедно сме во друштво, може барем да ми зборува. како да напавам да трча по мене??? btw поголема сум од него и тоа требаше така да испадни, он да трча по мене :| :| :^)
     
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    значи ок сте иделе една недела и сте раскинале! и што сега? и да сакаш не можете да бидете другари. можете да имате само едно здраво и толку! И бај тхе уај од каде тоа правило дека сега он морал да трча по тебе? што се умислуваш?
    Сте завршиле и секој си иде по свој пат!
    Што сега треба да те моли и да паѓа на колена?? Ај девојко малку олади и продолжи си го животот. и онака кажа дека ништо не ти значел..
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    А што е тоа другото што било во ред а немало чувства, сексот ли :D?

    Може му скиснало да иде со девојка без чувства и сеа си му на игнор, кратко и јасно :D. Да направиш да трча по тебе треба да му се свиѓаш (мора да има чувства) и да е малце лигуш :D . Ако не е таков шансите да трча по тебе ти се НУЛА :D.

    Стави го и ти на игнор па двајцата игнорирајте се, може ви се подобри комуникација :D. Извини што сум саркастичен ама недела дена идење без чувства а прашуваш како да трча по тебе, сама си се местиш :D.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Те лаже не го слушај :emo: ,можеш да направиш тој да трча по тебе само потребно е малку време и трпение и потребни состојки. Сум слушнала и дека ако му ставиш две три капки од менструацијата во пијалок дека после тоа ќе трча по тебе и вени ќе сече (100% проверено, од кајгана форум)

    "ДА ГО СВОИТЕ МОМЧЕТО ИЛИ ПРИНЦОТ
    За да го освоите "принцот од вашите сништа", морате на полна месечина сами да ги исечете ноктите на сите прсти на вашите раце и нозе, да ги измешате со восок од пчела и со малку сопствена крв. Потоа, истата ноќ треба да земете две јајца од сврака, да ги намачкате со крв од жаба, на крвта да залепите пердуви од кукумјавка, ковчиња од лилјак и во неа да ставите една отровна тревка. Сето тоа се завиткува во црвено волнено клопче и се фрла во дворот на "принцот".
    Ако ова маѓепсништво не успее, се претпоставува дека "субјектот" е под заштита на соперничка вештерка. Тогаш "нашата" вештерка треба да ја примени својата најмоќна магија за да ја уништи конк*рентката. " (извор идивиди форум)
    Можеш да пробаш и со гранче темјан, лук, жалфија и лист од бреза сето тоа да прокрчка и да му ставиш во пијачка се додека има на залиха.
    Интернетот изобилува со решенија за твојот проблем, барем во денешно време на развиена технологија и мозочни структури, време на серијата Волшебнички и сл. многу е лесно да го решиш твојот поблем. :rofl:
     
    На MarchelineAmaru, MissSpark, Hiii и 2 други им се допаѓа ова.
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    @ Abeja, ова се веќе недозволени средства забранети со „Конвенцијата на природно бркање“ и се сметаат за допинг :lol: :rofl:. Вака ако му направи не да ќе трча ќе лета по неа :D.

    Пс. Нездрава си (во позитивно) штета што ќе ме бришат :D
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Пишува во некој правилник дека треба машкото да трча по девојката?

    Ако ти се свиѓа дечкото , ако е добар у душа тогаш јави се напраи нешто

    ако не ти се свиѓа него ради реда и те игнорира цело време , игнорирај го и ти ...

    брее ко да нема уште 500.000 мажи низ светов кој можат да ги задоволат твоите критериуми
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Забораваш на Амандманот на Законот за употреба на необични средства за полови користи што го донесоа лани летото баш поради се почестите потреби на младината од овој тип, а и зошто да се губи време на состаноци, размена на први погледи, воздишки, сонување на саканиот кога може да се реши случајот по брза постапка. Амандманот ќе трае се додека не се донесе нов закон за програмирање на младите идни генерации со помош на љубовен чип кој ќе им биде вметнуван во аортата слично на бај пас (не тој од Аца Лукас) нели за да биде поблиску до срцето за да не се оптеретува истото.
     
    На zhap4e и XMaN им се допаѓа ова.
  9. solar

    solar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Нина изгледа ти треба нешто да си расчистиш со себе, сте оделе недела дена, сте немале никакви чувства, младичот видел дека нема да бидне ништо и се откажал од тебе, чисто ко солза, не знам што не е јасно тука. Едноставно кога си бил со некој/а во врска и потоа да бидете пријатели тоа така подмачкано не оди. Сега па уште сакаш да трча по тебе. Како што кажав погоре размисли убаво што сакаш.
    Не значи дека ако си повозрасна од него ќе треба тој како кутре да се однесува.
    На крај краева расчистете си помеѓу вас и продолжете си по свој пат и нема ти што да се боктисуваш поради ова :)
     
  10. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Сакам да прашам дали вие машките мислите дека секогаш може да најдете онаква женска како што посакувате. Знам дека сите имаме критериуми, но дали би пропуштиле шанса/одбегнале врска, поради некои причини.
     
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Ми треба мислење ...

    Ќе ја скратам причава ... Еднаш одамна ми се пушташе едно другарче тогаш се запознавме бев помалечка и не ми се сакаше и ни свигаше , го влечев за нос си флертував со него се се допишувавме дозна пола град дека ми се пушта , на крај го откачив си доби корпа :tmi: (немаше ништо мегу нас ) . После тоа скроз се одалечи од мене се повеќе и повеќе поминаа години си фати женска јас си фатив дечко бевме на едно ладно ЗДРАВО а јас знаев и зошто се испонашав ми стана јасно дека го загубив . Беше заљубен ни му пагав на памет . Јас раскинав со дечкото после 1 месец и тој раскина со женската по подолга врска . Веќе се одалеливме заборавив на него ама тој се сети на мене. Се видивме во дискотека ми се пушташе имамв доволно причини да помислам дека или беше алкохолот или бифшата која беше со мене во друштво и дека прави нешто да ја направи љубоморна (тој и раскинал) но почна индиректно преку фејс па пак ме најде во град. Спојка на алкохол и избрзаност се смувавме :tmi: . Иако разменивме број го немаше .Си помислив тоа е тоа ... веројатно сакаше нешто што некогаш не го доби се ми беше чудно и глупаво . Ама ... не помина многу време почна да ми пишува пораки ми се јавува , ме викаше на кафе. Си велам и покрај се што му сторив ремет од другарите за корпата :tmi: , игнор , влечење за нос помина преку се . Бифшата има дечко сега така да не верувам дека е во некоја комбинација . Ама ептен некако сум збунета . Нејќам да го загубам како личност во животот. Тој е чувствителен фин и паметен а таквите се ретки зар не ?
    Прашањето ми е ... Да му дадам шанса ? Вреди да си го ризикувам пријателството ? Го ценам и почитувам и имам високо мислење за него . И покрај тоа како се испонашав никогаш не ме навредил и повредил . И покрај тоа што поминаа добри 4 години тој пак се враќа кај мене . Треба ли ова нешто да значи ?

    Мислење ... :|
     
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    ^
    Па да, дај му шанса, дај си шанса.
    Прашуваш дали вреди да ризикуваш пријателство, што звучи како да однапред си пресудила дека доколку вие двајца бидете нешто, би оделе кон сигурна пропаст. Но од кај знаеш? Можеби ова ќе е почеток на нешто ново и прекрасно, м? =)
    Плус, велиш дека самиот тој „трпел“ многу за тебе.
    Епа ако ради ништо друго, токму поради тоа заслужува да му дадеш шанса, нели? :)
    Што и да одлучиш, среќно! :)
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Тенк ју најт
    него мене ме кочи што со бифшите како по правило лошо завршувам :tmi: . А дури и да биде добро раскинување ( што според мене не постои ) никогаш нема да биде исто . Бифши си е бифши ...
    Ама некогаш мора да се ризикува и да се одбере...

    пак испадна и тебе да те замарам ... Ти си поупатен во причава :D :*
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    еве јас ке ти кажам мое мислење

    штом типот по 4 години доага кај тебе, значи тука нешто има, нешто чуствува за тебе
    повеке од другарство(пораки, јавувања, кафе)
    јас мислам дека треба да му дадеш шанса
     
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Сонце секое правило има и исклучоци нели ? ;)
    Едноставно глеј, со оглед на тоа што сите сме различни, не мора да значи дека и ова би завршило така ... Патем може и да не заврши причава ваша нели ??
    Никад не знаеш, не пресудувај од одма.

    Дај му шанса, мислам дека и те како вреди. ;)

    Не се замарај со тоа што било нити со тоа што ке биде. Живеј го моментот! СЕГА . Сега е времето. Сега живееш и ствараш. Уживај и дај си шанса самата да си среќна ;) . Не се замарај премногу, опушти се :)
     
  16. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Венди значи ти вака го опиша детето
    Кога веке го имаш пред себе тоа што го сакаш зошто помислуваш на опција второ откачување?

    Зошто да бараш друг кога веке си го нашла вистинскиот?

    Оваа вистински го проценив од твоите зборови.Велиш дека е чуствителен,фин,паметен и сигурно убав штом сте се смувале и плус самата знаеш дека ретки се таквите.Венди што повеке бараш?

    Ако веке не сакаш врска тоа е друг проблем.Но да бегаш од машко за кое што имаш високо мислење, го почитуваш,цениш не можам да сватам.Се плашиш да не го изгубиш бидејки ти значи...па и ако со овој не се случи ништо понатаму ке запознаеш друго кој ке го сакаш и со него нема да одиш од помислата дека има шанса да го загубиш :?: Размисли добро!

    Ти најдобро си знаеш самата оваа е само мое мислење :) Со среќа !
     
  17. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Мажи ме занима едно онака рандом прашање ...

    Дали, и зашто најчесто ги мразите т.е. сте љубоморни на бившите дечковци на вашите девојки ??
     
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Затоа што нешто кое сме го сакале , и живееле дел од нашиот живот сега припаѓа на некој друг кој ....

    колку и да не се признава , длабоко не боли тоа ... и се јавува љубомора мала или голема зависи од човекот ... али тоа поминува , можеби ќе трае месец два ама после ти е ок и почнувајки да размислуваш од друга перспектива ти станува драго што таа е среќна со некој друг наместо со тебе ...


    а сега ако и понатаму продолжи тогаш значи дека погрешил што ја загубил ама несака да признае, па затоа љубомората ја прикрива неговата гордост . Или е психопат


    и сега се разбира ќе се јави некое машко што ќе каже ја никад не сум љубоморел на бивша и тоа е лага .....


    Ја лично признавам имав љубомора која траеше 3 недели , сега е само радост ...
     
  19. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Јипи се збуни малку. Праша зошто сте љубоморни на бившите дечковци на вашите сегашни девојки. :)
    А јас сакав да си прашам па зошто сте љубоморни на бившите девојки кога ќе имаат друг, но ете Јипи веќе кажа.
    Сепак ме интересира зошто некои бурно реагираат ? И тоа пред дечкото.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Бурно реагираат за да како на Animal Planet , покажат кој е главниот тука ... машка ствар :lol:


    Малце не сум наспан па се извинувам за погрешно разбирање на прашањето

    и за тоа ќе пишеме

    Љубоморни се оти мислат дека тој минатиот ја правел повеќе среќна физички и психички , него ли сегашниот што ќе ја прави... и тоа е пролазно , тука ти треба да реагираш и да му даваш знаци дека он е подобар човек од бившиот , така нема да му биде опасност и нема потреба да идеме Lion King сцени :D
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.