Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Аманте бе луѓе се фативте за една реченица и ајт. Битно поентата на Магнолија ја сфативме шо сакаше да си каже дејчето....

    И да и ја мислам, дека маживе кои сакаат да се подоминантни избираат баш такви кротки девојчиња, мирни и навидум повлечени....

    Али знаеш се си зависи и од карактер. Имам другар кој идеше со таква, детево не издржа повеќе од година со таква и и се скара.
    У почеток му било убаво, се осеќал ко машко, ама вели подоцна се осеќал ко само он да е у врската .(Ама тука е негова грешка)
    Се шо ке предложел оваа да важи сонце така ке напрајме.., Ѕидон одспротива го глеаш? Го глеаш, епа црн е маче. - Да срце црн е ....

    И ај ? По некое време му здосадило на типов да биде се по негово и оваа за се да му трчка ...

    Пак ке кажеме, не може да се генерализира ко шо вика Јипи, али си зависи мн од карактер.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Вие мене не ме разбирате . Мене ми пречи оваа генерализација што ја забележувам . Молчелива го изедначувате со " проста " што е погрешно .
    Никој не сака покрај себе некоја кукличка и марионета која ќе исполнува желби и ќе нема свое јас , ни машко ни женско , кратко и јасно . Ако девојка има слатко лице , не значи дека нема став и карактер како што се остава впечаток од дискусијата .
    Ако се заедно и добро им оди , тогаш сигурно или и двајцата се бескарактерни , или работите воопшто не се како што генерализирате вие . Се останато се чаршиски муабети типични за средината .
    Поздрав .
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Највеќе сакаме згодни и убави тоа да е јасно, дали е слатка неслатка мирна или немирна е на второ место ама мора да е атрактивна тоа прво приметуваме :D . Девојка во ролка нема шанси покрај некоја во минич и фино деколте :D .

    Мирноќата доаѓа подоцна до израз и ако е премногу пасивна и за сѐ ни пушта бргу ќе ни досади или ќе биде чувана за брак додека он шврља со „подиви“ девојки :D.

    Сепак има машки што никогаш не би тргнале со неинтелигентна и неедуцирана па колку и да е убава и колку и да ги брка така да не мора за сѐ да се жали и генерализира :D.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936

    Важи. :* Одма му раскинувам зошто ти така ми кажа. Фала за советот. MWA :* srcu6ka




    Мислев да ми одговори некое машко Скорпија.. Ама нeма везе, опрстете што ви го нарушив мирот.

    Фала, чао-пријатно.
     
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Страствена, „жешка“, но и проблематична врска. Со силни „дози“ на посесивност и љубомора.
    Ќе треба поштено да се помачиш да одржиш нешто вакво, доколку и дечкото и девојката ги исполнуваат „предиспозициите“ на својот знак. =)
     
    На Linn1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Лин 1во издание.

    Од хороскопски знаци само Стрелец (јас) со Бик не иде ... другото повеќе , помалце иде

    Затоа јас секогаш првите прашања кон некоја девојќа е што е во хороскоп . Ако е Бик , се гледаме у друг живот , ако е нешто друго тогаш она ми кажува се гледаме у друг живот.... ]:)
     
    На Linn1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Еве ја пак оваа |(

    Ај уште сега после и да пишам акните ми игнор :D

    Ве послушав , размислив отидовме на кафе и се фино и убаво се до моментот кога дечково се ОТВОРИ . Прашањево ми е зошто на прва средба и зошто воопшто би и кажале на некоја (иако се познаваме подолго) дека во минатата врска си бил повреден , и предаден , дека си поминал многу тешки моменти. ?
    Врвот беше кога ми кажа онака демек уз муабет ... Јас никогаш немаше да и раскинам јас :tmi: :drunk: .Ама од кога сфатил дека врската отишла одамна , дека го варала ... Ставил крај .
    Ми кажа буквално се , цела врска без да прашам . Ме прашуваше и мене ама јас сум човек што не сака да открива за себе , бар не во таа смисла. Тие раскинале , немаат ама баш никаков контакт . Го прашав директ дали ја сакаш уште ? Дали осеќаш нешто за неа , гледајќи ме во очи ми кажа одлучно НЕ ! Ја видовме , ја помина како да не ја познава . Со оглед на нашата историја што ви ја пишав пред некој ден на темава . Од друга страна ми кажаа како тој бил воодушевен од мене лилаааа :wasntme: :D не ми е до смеење бре :| . Кажал дека му е незгодно што може да помислам дека бил со мене за да ја прави љубоморна (за таков не го знам , и не ми личи таков потег на него ) и покрај се јас сум со смешани брзини.Ми ја раскажал врската со цел да не ми ја наполни некој главата со невистини ; Не сакав да знам , нејќам да бидам некој кој ќе ги лиже раните од претходната врска . Одбивам други поради него , јас тоа никогаш не би го кажала ...
    Зошто бе ? :doh:

    Машки мозок како функционира ?
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Венди, не читав погоре што е кажувано, ама од сега напишаново мислам дека дечкото си е отворен и затоа ти кажал, да е начисто со тебе, да ти каже дека бил повреден во таа врска, дека не сака пак да поминува низ тоа, дека не го заслужува тоа и очекува со тебе да биде поинаку.
    Се` е во ред се додека е вистина дека скроз ја преболел бившата и дека ништо не му значи. ;)

    (некои сакаат да си кажат за минатото отворено, некои не)
     
    На vendiii и Yipman2 им се допаѓа ова.
  9. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Венди читам и за момент помислив дека си излегла со мојот бивш дечко :x Исто како неговите зборови да ги прочитав..Мој совет..ако ти се допаѓа дечково почни си полека и види кај ќе стигнете.Тоа што ти се отворил не е страшно,баш подобро за тебе да си знаеш на што си..а и можеби те осеќа блиска па ти се отворил.Се додека не е претерано опседнат со тоа се е ок..и веројатно и не е спремен моментално за нова сериозна врска штом бил толку повреден..Излагајте си,дружете се и ако ви е убаво заедно и ако се правите среќни еден со друг зошто да не почнете нешто нели?
    Стварно ме натажи,го замислив мојот бивш како го збори тоа со некоја а стварно сакам да е најсреќен,така да ако ви е ок "go for it" и секако немој да го повредиш..му треба време да закрепне ..
     
    На vendiii му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LanA..ana

    LanA..ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    35
    Па вака и мене ми треба мал совет :)
    Со еден дечко што го свиѓам веќе подолго време почнавме почесто да комуницираме и сето тоа е супер ......јас сакам со него нешто посериозно али....тој ми вели само за мување да сме се гледале :/ (и тоа малце ме повреди) али сега и сакам и неќам...сакам зошто ми се свиѓа и неќам да го изгубам а неќам зошто неќам да биди мување....
    што мислите би можело да бидне и врска или нема шанси да не си правам филмови за џабе
    Бидете искрени.......
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Срцка искрено типов не звучи многу заинтересиран.. Типов тепа време со тебе додека не најде друга жртва. Без разлика дали е заинтересиран или не ти немој да звучиш и изгледаш многу загреана за него, па ако не му е баш сеедно сам ке посака да бидете во врска. А ако не биде ништо и од тоа си научила барем нешто..
     
  12. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Мислам дека дечкото несака да се врзува и те предупредил навреме дека несака врска и врзување.
    Сака слобода.Сигурно е дека му се допаѓаш зашто и тој сака мување..
    Ти ако толку ти се допаѓа мувај си се со него и ништо нема да изгубиш.Пробај - бесплатно е.
    Ако ти е убаво тогаш продолжи,а ако ти смета нешто и ако видиш дека нема да можеш со него само на мување да си тогаш прекини.
    Јас пример со дечко се мувам 4 ипол месеци.И тој несака врска и јас несакам и супер ни е заедно.
    И ти пробај си ја среќата,па можеби и ке израсне во љубов а можеби и не..

    Со среќа :)
     
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Абе ајде! никогаш не сум го сватила тоа? Мислам ок е на почеток да се муваш па послем да прерасне во врска ама 4 месеци само на мување??? :o Детска Работа! ај можам да разберам една вечер, една недела ама 4 месеци??? Губење време е бе тоа! Мувањето го разбирам како тест-период за понатаму, фаза низ која мораш да поминеш..
    Да не речам понижување ама едно кратко задоволство и толку, лапни нешто и бркај работа! Благодарам НЕ сакам..
     
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Дечки јас пак, ама овој пат без рандом прашање туку директива ...

    Вака, станува збор за типот, шо ми се имаше отворено нели ... вчера паднавме на муабет нешо околу машки, врска ова она ... И типот ми кажа само едно . Дека од што бил многу повредуван од женско , сега он бил првиот тој што повредувал женска пред он да биде повреден ...

    - Мене сериозно ме интересира ... Што сака да каже поетот ???
    - И дали ова треба да го земам здраво за готово и да не прам ништо во врска со него, знаејќи дека би ме чекало нешто лошо од типот ???
    - И последно прашање, зашто ми го кажува тоа ?? Има некакво значење што ми открива каков е предвреме ?
     
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Дете, се занесува малце и сакал да испадне мачо и фраер :D . Повеќе не би коментирал ама стегни му јак ќотек ако можеш да му дојде памет друг пат да не треска слични глупости :D.

    Многу гледал фимчиња дечкото небаре бојно поле е па пред она да ме упука јас ќе ја упукам :D
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55

    Не сум машкo -ама ко да сум- 8) Проблемот кај сите женски е во тоашто пребрзо покажуваат дека сакаат нешто сериозно или барем пребрзо според машките размуислувања, значи може и да помине пола година а, за нив да е пребрзо... врзувањето t.e.отпочнувањето na veza. Zависно од тоа како се поставиш ТИ може се да биде. Не покажувај слабост а секогаш биди слатка и искулирана :!: во врска со мувањето (покрај тоашто сакаш нешто повеќе со него) ако ти скурчи чекањето он да се одлучи тогаш многу едноставно ти постави дистанца за (доколку сака со тебе!) он да почне да трча!!! Не е баш најпаметно да се категоризираат односите при разговор со него значи тоа дали сте на ебење мување или сте за врска него самиот однос ќе си го покаже тоа -неговиот однос према тебе-. Чим гледаш дека те влече за нос и ваму и таму а нит овде ни онде тогаш и немораш да му кажеш ЧАО него едноставно исчезни одникаде! -> тоа е машка стратегија да испарат и да ги снема! примени таква стратегија ако гледаш дека rabotata не иде кон врска. Или па варијантата да го трпиш и чекаш али он може нема да сака врска и во наредни година дена... зависно од тоа што му се врти во главата. Една познаничка полни 4 години го бркаше типов no, нормално секој од нив си имаше други во меѓувреме ама овие двајцава функционираа по принцип на спријателување и другарство so primesi na povremeno мувкање na rodendeni i zurki ама posle 4 години мувкањеto еволуираше во врска. Za poveketo e tesko da se vospostavi vrska sekogas toa odi preku poznatite na poznatiot sto ne sekogas pak znaci deka izbranicit ese bas tie vistinskite za edna seriozna i posvetena vrska. Јас сум чекала пола год. za воопшто da muvam eden...а, сега не би чекала ни месец дена! Секој си знае од старт дал сака нешо со некого или не? Освен ако не се работи за прекомплициран однос од типот на тоа дека еден од вас е веќе во друга врска пред раскинување па блблблблбааа бркање чекање штимање,седење на 2-3 stolcinja and so on and so on...
     
    На LanA..ana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Ми треба мислење од повеќе личности. Гледано од страна. Оние кои се околу мене и кои ја знаат ситуацијата убаво, ми го матат паметот на начин кој не сакам да го прифатам, па затоа решив да си пишам тука. Од напред се извинувам за долгиот пост, нема да пишувам многу детали, ако не ви е мака читајте. :)
    Се работи за еден женкар со кој се маткав долго време. Никогаш не сме биле во врска, затоа што јас не сакав, си знаев дека ќе заглавам многу. Му прваев многу глупости, се однесував на моменти многу безобразно, бев дрска, со цел да не се препуштам на чувствата, тој се однесуваше многу трпеливо и фино со мене. Не сакав да верувам дека му значам ни малку, затоа што мислам дека таквите како него никогаш не се менуваат. Одбивав се посериозно што ми понуди од тие причини. Се гледавме, ама ништо сериозно и не редовно. Со него сум била од секогаш во добри односи и така и ќе остани. Мене ми е тој влезен под кожа. Сум имала долги врски, но кога ќе го видев ми се пресекуваа нозете, ми значеше секоја негова прегратка, секој допир...Проблемот е што секогаш со мислите се враќам кај него.
    Пред некое време во мојот живот влезе друг. Дете кое со мене се однесува како никој досега, го избришав овој другиот од паметот.
    Е сега овај не виде заедно и ми направи многу љубоморна сцена, пред многу луѓе, среќа што овој другиот не слушна ништо од нашиот прилично жесток разговор. Ме изнервира многу. Маж на негови години не го личеше да однесува така, како мало љубоморно детенце. Му реков дека ми е дечко, а не ми е. Односно, јас не реков ништо, тој сам така си заклучи, а јас за да избегнам сцена не негирав, не ни потврдив. Но, сепак овој изреагира бурно. Тогаш навистина многу ме изнервира и ми стана одбивен за прв пат, мислев дека го избришав засекогаш. Мислев дека никогаш веќе нема да помислам на него.
    Сега еве ме пак со умот кај него. Сите околу мене се однесуваат како јас да му припаѓам него, а сега се прашувам и самата дали јас некогаш ќе успеам да го избришам ? Дали навистина му припаѓам ? Дали згрешив што не му дадов шанса ? И она што ме интересира најмногу...Што мислите зошто изреагира толку бурно ?
    Сите ми велат дека е љубоморен и дека изреагирал така оти му значам и сфатил што изгубил. Но, јас не мислам така. Не сакам тоа да го прифатам, веќе и вака сум премногу навлезена во каша и знам дека ако биди нешто посериозно со нас ќе биди многу лошо за мене. Веќе подолго време го одбивав кога ќе ме побараше за да се видиме и се надевам дека ќе останам цврсто на таа одлука. Затоа што мислам дека тој само сака да биди сигурен дека јас ќе бидам тука за него.
    Со другиот дечко одлучивме малку да оладиме затоа што од тоа не бидува ништо.
     
  18. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Не можам да ти гарантирам дека те сака, но според неговото однесување секој може да забележи дека не му е сеедно. Вистина е кога сваќаме што сме изгубиле, почнуваме да го цениме тоа. Но кај тебе ситуацијата е малку по различна. Значи ти си била таа која што си се однесувала неубаво со него од причина дека можеш да се заљубиш. Тој бил женкар, и мојот дечко пред да ме запознае мене беше женкар, па сега не е. :^) Секој може да се промени, ако сака. :!: И таа сцена не ја направил без причина. Да е љубоморен и да направи сцена, ако не му е сеедно ќе направи ли? Не.
    Остави го тој дечкото што си сега со него. Зошто да го повредуваш и него и тој може да се заљуби во тебе, па после што си направила? Размисли малку подобро дали навистина сакаш да бидеш со него и ако сакаш немој тоа да си го скратуваш поради стравот. Можеби ќе успеете, а можеби и не. Ништо не губиш ако пробаш. :)
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    Јас не сум со никој моментално. Кажав дека со него одлучивме да с еразделиме и да оладиме, затоа што од тоа сфативме и двата дека ништо не можи да биди од скроз други причини. Фала многу за мислењето. Знам дека секој можи да се смени ако сака, но премногу ми е страв, не му верувам воопшто во тој поглед, кога би го познавала, би ме сфатила. За сакање, не ме сака. Меѓу нас никогаш немало љубов, само голема привлечност. Иако на неколку пати знае да си каже „Абе ние си се сакаме“. Тоа за мене е само фраза која. убедена сум, нема никакво значење.
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Можеш да бидеш со него колку да си направиш ќеиф без премногу емоционално да се врзуваш и без да очекуваш дека ќе останете заедно (може и ќе биде ама не се надевај однапред) или ако не ти се ризикува ептен да заглавиш остави како е досега :).

    Се зависи колку си ти емоционално силна да бидеш со дечко кој можеби никогаш нема да те засака или остане само со тебе :) .
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.