Една тајна... Фините обично не бркаат девојки. Ако чекаш мажите да те бркаат и прават све, 99% од типците што ќе дојдат, ќе бидат "гадови". Чисто да си знаеш дека секоја стратегија си има предности и маани. Ако ти малце повеќе труд инвестираш и бидеш подиректна со мажи, ќе можеш да дојдеш до фините и ќе имаш апсолутна контрола со каков тип завршуваш, али ете, имаш ризик да бидеш етикирана лесна од маалски трачарки и љубоморни другарки. Ако ти чекаш од мажите да ги прават сите чекори, нема никој да те нарече лесна, али у 99% случаеви ќе завршиш со гад. Секако, има повеќе варијации меѓу овие екстреми....
Па ако фините Обично не бркаат девојки , тогаш и фините девојки најчесто не бркаат машки..значи заклучоков е сите што се фини се сингл.. фино хах Мене едно не ми е јасно, како повеќе да заинтригираш некого...еве да речеме се запознавате и истата вечер се мувате..ти бара број, ама пошто веќе сте напраиле нешто, се ствара притисок дека ако се јави ќе мора да преминете на нешто посериозно,а он не е сигурен во тоа. Ако пак, не се мувате туку на крај на вечерта он си иде дома само со број, не е сигурен дали да се јави зашто нели штом не сте се мувале ти дала број само да те откачи, што немора да значи, зашто најверојатно девојката сака да остави впечаток на повисока вредност, ама кој да го надмине ризикот хмм ..и после ние жените сме биле комплицирани!
Не е толку црно-бело. Фините бркаат, ама не во толку нападна и голема мера. Пример женкар е спремен да направи 100%... Он да пријде, он да бара број, он прв да флерта, он да се јави први... Фин дечко обично ќе очекува девојката бар 50% да направи. Не е дека фин дечко никогаш не приоѓа. Не е толку црно-бело. Али обично очекува девојката да барем го шмека и дава доволно силни знаци пред да направи нешто. Зависи дали е женкар или фин тип. Ако е женкар, топло-ладно пали на него, предизвик... Ќе мора да се јави да си ја доврши женкарошката мисија, да дознае дали може да те има. Да му дадеш број, ама да не е сигурен дали може да те има или не. Ако е фин тип, тогаш треба да му покажеш голем интерес. Значи кога ќе му го дадеш бројот да екстремно јасно покажеш дека СЕРИОЗНО си заинтересирана, па дури и да нагласиш ... "Јави ми се". Не се мажите комплицирани, само вас ви се чини комплицирано бидејќи не разликувате женкар од не-женкар. Еднаш една работа работи, другпат друга, не зашто мажите се комплицирани, туку зашто еднаш си имала работа со женкар, а друг пат не. Дури е тоа добар филтер.... Ако бараш нешто несериозно тогаш глуми топло ладно со сите мажи и ќе ти се јавуваат и бркаат само женкари. Ако сакаш нешто сериозно и стабилно, тогаш биди јасна, директна и давај јасен и силен интерес. Тоа ќе ги избрка женкарите а привлече фините.
Заклучок дека и фините машки и оние мангупите се несигурни во себе кога се работи за девојка.Девојките не треба да чекаат само на нив едноставно треба да дадат некаков знак дека дечкото може да пристапи без страв и несигурност дека ете може ќе биде одбиен.Инаку со време машките веќе ептен станаа пасивни и поисплашени затоа што има девојки се понападни...
Вака....навистина многу ке ми помогнеш ако се потрудиш да ми одговориш...ми треба совет од машко...има до знаење дека го симпатизирам, разликата во годините е 6 години. Прва му пишав и на излегување се срекаваме кога пишуваме е ладен и никогаш не отвара тема за нас, туку општо муабетиме... Е сега преку ден го нема, а ми пишува често за време на викендите и тоа пред да се затвори барот..прашува каде сум и откако ке му одговорам ми вели ке се видиме ли?... И се сретнавме, се смувавме мислам само се бакнувавме рацете нон стоп му ги контролирав и си отидов....го немаше извесен период откако му дадов до знаење дека сакам врска, а тој велеше дека не знае што сака...оставив и оп гледам после 2 недели ми пиша на фб..се почудив бидејки мислев дека ке го нема повеке бидејки не ни се совпаднаа интересите (секако општ муабет беше во прашање)...во петокот ми пиша каде сум...а јас бев дома ... е сега незнам како да постапам следниот викенд бидејки сум сигурна дека ке ми пише смс за да се видиме или ке се сретнеме....а сакам врска и навистина ми е премногу посебен а женскарош е... Благодарам..
Shaa, типот очигледно не е заинтересиран за тебе...Значи ти си му нешто како занимација, и тоа не некоја што ептен му е интересна, туку само кога нема што да прави, кога има слободно време а не знае како да го искористи...Тој гледа дека ти си заинтересирана за него и го користи тоа, знае дека кога ќе ти се јави ти ќе се видеш со него... Мој совет, следниот пат не се согласувај да се видите...Тебе ти се допаѓа дечкото и затоа не можеш да го препознаеш тоа што секој друг би го препознал од километар - дечкото дефинитвно не е заинтересиран за тебе, барем не на начин на кој што ти сакаш да биде. А таков не ти треба. поздрав
Да ... те разбирам.... знам дека сум му привлечна тоа се чувствува, но навистина незнам како да си го докажам дека не е заинтересиран за мене...што да направам како да го истестирам за да покаже дека не е тоа што го сакам??? знае дека сум приберена и дека нема шанси да добие нисто повеке од бакнеж...навистина ти благодарам
ne znam sto ima loso vo toa ako maskoto gleda po drugi devojki... Dal Gospod oci neka gleda, ne treba od toa da se pravi drama posle...Pa i nie devojkite gledame po drugi maski dzabe site se pravat deka ne gledaat . Sepak gledanjeto ne e izneveruvanje
Епа баш тоа што знае дека си прибрана и тоа што си привлечна за него претставува уште поголем предизвик...А со самото тоа што ти се јавува само преку викенди и навечер, покажува дека не е заинтересиран за тебе за нешто посериозно... Озбилно девојко, нема потреба да го тестираш за да видиш на кој начин е заинтересиран за тебе - таквите како него знаат многу ѕвезди да симнат и да убедат некоја девојка дека тој е вистинскиот за неа. Затоа, не пробувај да го тестираш - сигурно знае како да положи на тој тест, но со измама. А ако продолжиш со него, на крај кога се ќе заврши ти ќе излезеш повредена од приказнава...Можеби тој нема да го постигне тоа што го сака и ти на крај ќе сфатиш каков бил, но кога тоа ќе се случи ти веќе ќе бидеш заљубена во него и ќе те боли ептен суровата вистина што ќе ти се сруши на главата...Затоа подобро е сега да се отргнеш од него, додека сеуште е рано, додека сеуште не ти се толку силни емоциите за него. Сакаш послушај ме, сакаш не, одлуката е твоја. Колку и да звучам сурово, ова е само добронамерен совет. Поздрав, па пишувај како ќе се одвива ситуацијата...
Да...ке му кажам дека неможам да се видам со него...ке најдам некоја причина, но ако продолжи да ми пишува и тоа во други термини ... незнам што да кажам навистина лажна надеж ке е во прашање....ке пишувам
Treba da znaes da igras toplo - ladno so nego...I sto poveke da si mu nedostapna.Stom e takov zenkaros ova sigurno ke mu bide predizvik i poveke toj ke se interesira i mozebi ke pocne da se zaljubuva.Ama ti treba da si svoja.
Ти благодарам...ке пробам вака па ке видиме што ке биде...инаку има интерес спрема мене не е без ништо само глуми недопирлив на некој начин....тнх
shaa и јас го имав истиов проблем. Истото и мене ми се случуваше, преку недела ќе го нема а за викенд ќе пишеше или ќе се јавеше и тоа во 01:00 или 02:00 часот на полноќ. Се дешаваше да се договориме за на кафе и утредента јас чекај да ми се јави да ми каже во колку и каде да се чекаме, него нигде го нема. Ме не навистина многу ми се допаѓаше, и јас нему му се допаѓав и знаев многу работи кои ги мислеше за мене затоа што имавме една заедничка другарка па таа ми кажуваше. Работата беше во тоа што тој не сакаше да се врзе, да биде во врска, сакаше во исто време да биде и со мене и да си флертува со други. Знаеше дека во било кое време да ме побара јас ќе одговорам на повикот и ќе се согласам да излезам. Но јас почнав да се борам со своите чувства го одбивав не му одговарав на пораки, касно но сфатив каков е. Искрено тешко ми беше но на крај се тргнав многу подалеку од него, и сега кога ќе помислам што сум правела ми иде да се треснам. Мој совет тргни се од него со време, ќе сфатиш каков е. Одлуката е твоја знам како се чувствуваш затоа што сум поминала низ ова, бев со женскарош Поздрав
Јас сум моментално во хаосна состојба со мозокот . Секој ден сум се повеќе и повеќе збунета , а многу би било полесно доколку ми се разјасни ситуацијата. Има еден дечко , заедно сме на факс. Се знаеме уште од минатата година , секогаш кога ке се видевме се поздравувавме и најчесто тој ми приоѓаше прв , не знам зошто ама мене ми е премногу срам од него, едноставно се укочувам ! А обично не сум таква... Оваа година почнавме поинтезивно да се дружиме, ми го побара и бројот , а потоа и ми се јави некои предавања му требале. Типот многу ми се свиѓа , секогаш е позитивен , се зеза, чат-пат има и по некој комплимент ама не знам дали имам шанси кај него. Не би сакала да го преземам јас првиот чекор , бидејки ако не испаднe ништо ке ми биде малце незгодно бидејки сме секој ден заедно на факултет, од друга страна ке полудам , не можам вака сакам да сум на чисто. Прашањето ми е : Дали сметaтe дека доколку еден дечко свиѓа некоја девојка ке го превземe првиот чекор ? Се чувствувам како детенце мало барајки совети за некој не толку сложен проблем ама потребно ми е туѓо мислење во моментов
Од ова неможе ништо лошо да ти излезе ако сакаш да дознаеш повеке имаш неколку начини -да се распрашаш кај некои другари другарки дали се интересирал за тебе - да идеш директно да го прашаш (што нема да се деси поради срамот ,што е и кај него највероватно ако те свига) чим е позитивен цело време значи ако у најлош случај нема на лош начин да те одбие или пак ке останете пријатели али ке ти биде чиста совест
Kала немаш што да изгубиш, убаво ти објасни јипман. Прво-машките многу поретко одбиваат, значи ако нешто си почуствувала скоро сигурно си у право, мала е шансата да си грешка Второ-дури и да (теоретски) каже не, ако е толку фин и позитивен веруј ќе го направи на позитивен џентелменски начин и во најлош случај нема веќе да се нервираш со "што ако"*** *** запази битна ствар. Има шанса од уплашеност да мислиш дека нешто значи не како не е. Биди директна да знае што прашуваш. Ако пробаш нешто одоколу и не успее немој после ко одбивање да го сфатиш. Значи некој детски финти типот "интересен муабет беше ова можда некад пак ќе го имаме хмммммм". Биди директна и викни го на кафе додека со погледот му велиш "те посакувам". Така ќе сфати што се работи.
Па вака сега јас би сакала да прашам каков тип женски сакаат машките (шмизли кои само знаат да се фалат и сликаат или ведри, насмеани , секагаш добро расположени девојки и по малку откачени) ве молам објаснете ми го ова подетално кои карактеристики на девојките ве привлекуваат позз однапред благодарам
ја би одговорил ни самите незнаат што сакаат мое мислење е дека сите сакаат убава девојка насмеана и забавна ( не гробришта) што ке биде расположена и ке не разбира нас и нашите проблеми (ова за сериозна врска) а за забава мислам се знае какви се сакаат али би оставил на колегата алекнову подетално да одговори
Ова, прашање порано и мене не ми беше јасно баш. Но, свесна за тоа дека не сум авион женска, до некаде сватив каква девојка уствари сакаат мажите. Оние кои сакаат асална врска, во една девојка бараат: Пред се физички изглед, да е средена, под тоа јас подразбирам средена коса(не фризура, но не да е не исчешлана), дотерана( се мисли на чиста испеглана, да е се во скалд), ведра и насмеана(секогаш да знае да се нашали, да знае да прифати шала),Да знае да го разбере, да му даде подршка. Не е вистина дека секогаш бараат само физички изглед, зошто џабе изглед ако нема памет нели? машките многу гледаат и на хигиената, на тоа колку сте спремни, како жена, зборам за домашни обврски. Што е она што не сакаат. Не сакаат напнување(иако верувам дека и женските исто така). Не сакаат избрзани дејствија. И верувајте поинтересни сте им кога не им верувате на ѕвездите што ги симнуваат. Не сакаат да бидат контролирани. Не сакаат да им попувате. А ако се работи за авантура, мислам дека на сите ви е јасно. Можеби и по 100-ти пат ќе кажам, во моето друштво се претежно машки( па ја се чудам зошто почнав да се вртам по се што е женско), па многупати сме дебатирале. Еднаш еден од нив ми кажа- Многу ми е убаво да гледам како млада девојка знае да меси, сука, готви(а да не е хаос околу неа). Значи, едноставно, не бидете девојка која ќе го контролира секој негов чекор, коа ќе погледне друга не префлајте. не ја форсирајте врската пред време да премине во посериозно. Бидете она што сте, секогаш тука за него, но не запоставувајте го и својот личен живот. Се останато дека сакаат само топ риби, е лага. Запомнете, мора карактерно да си одговарате.
Sunshine даде супер генерален одговор само би додал дека прашањето е премногу општо. Амбициозен дечко што има визија за градење големи бизниси или некој што сака да работи на докторат по информатика имаат доста различни критериуми од пример гитарист у локален бенд или уметник. Настеродизиран бодибилдер/избацивач има доста различни критериуми од некој метросексуален и нежен тип. И не само тоа туку ти проба и жените да ги бутнеш у две групи. Ја разликувам бар 20-30 типа девојки минимум. Овие две групи што ги спомна само те ограничуваат. Демек или мора да е девојка шмизла и разгалена или паметна и позитивна итн. Има милијарда комбинации. Не си поставувај лажни ограничувања. Ја правиш истата грешка што ја прават мужите кога прашуват "треба да лижам дупе и да правам све што ќе посака женско или треба да бидам кретен што не ги рецка ни два посто цурите?" Кога и да мислиш дека иЗборот е во два екстреми само ќе се зезнеш.