A мене ме интересира, дали ако навистина сакате пак да сте со некоја со која сте раскинале, светот би го превртеле за да ја добиете назад дури и кога она ве откачува?
Раскинот нема врска желбата и интензитетот се битни . Ако сметам има шанси да ја фатам без да поминат години во бркање местам и свет и космос . Ако нема шанси лижеш рани неколку дена или месеци и бркаш друга
јас искрено нејќум да сум со некоја со која што сум раскинал, а не па светот да го превртам така да, се е до карактер....ако он раскинал со тебе и сеа те бара назад, веројатноста дека незнае што сака е голема....а тие работи со превртувања на свет и такви работи, не се реални....ако не си ти - ќе е некоја друга и тоа е тоа...можеби е грубо но е реалност
Абе чисто онака да ве позамарам зошто не можам да замарам и друг пријател на прашањево срам ми е веке Имам нова симпатија.(Да се пофалам старата љубов полека заминува во минатото ). Е сега :Ме имал на фб и ме познавал лично но јас го немам приметено до сега којзнае колку. Зборувавме вчера и ми го побара телефонскиот број,ми рече дека сака да биде со мене и дека му е убаво додека зборуваме.Се однесува со мене толку многу слободно ко да ми е дечко:Па ке те изедам,па ке ни биде убаво и на двајцата ако сме заедно па дури и ме покани да славиме заедно НГ а јас ниту не прифатив ниту не одбив но не го познавам толку многу добро. Мислев на почеток дека е заебанција но на крај ми укажа директно дека му се допагам Да бидам искрена и мене ми се допага но не би сакала да избрзувам овој пат ко претходниот па да се мавам на крај од зид. Едно прашање:Не знам како да се однесувам со него,дали да ја прифатам понудата за излегување,дали да се однесувам така како што тој се однесува со мене но не сакам да помисли дека сум лесна девојка
ај сеа јас нешто да ве прашам. Раскинав со дечкото со кој одев година дена. И не раскинавме за нешто сериозно, како неверство или слично, онака, почнавме да се караме и раскинавме.сега сакам да го вратам назад ама, ми вика дека пак ке биде исто, дека сме имале различни карактери, не се мењал карактерот бла бла...ај како машки кажете како би го убедила да пробаме пак заедно
Jа би ти кажала уопште да не пробуваш. Пред се детево има право, тешко малку за менување и од двете страни... Сепак и он самиот е искрен и отворен пред тебе и ти ја кажува реалноста таква каква што е . Едноставно тоа ешто е , помири се со тоа, и отвори пат за други што ке ти дојдат во пресрет.
Сакаш да кажеш дека он дури по една година сватил дека мојот карактер не му одговара? има две опции...уште на почеток не му одговарал али глумел пошо нешто сакал да постигне, или у меѓувреме нашол друга со подобар карактер.а у секојслучај не е искрен ама ни малку.пошо тоа е многу глуп изговор.ако ти смета нешто ке ти смета уште на почеток
Абе едноставно не идело. мораш да се согласиш со тоа, сакала или не.. каква и да била причината више не е ни битна.. заборави! (знам дека е малку грубо можеби ти значи) ама едноставно не вреди..
Машки, имам некои другари (кои не ми се најблиски во друштвото!!), и многу си земаат за слобода во јавност кога сме излезени, да те штипни за половина, да те фати низ коса, да те потапша на грб, да те потчукни на рака, и тоа на безврска муабети. И тоа не еднаш, туку на секој 3-4 минути. Повеќето се сингл, па веројатно им треба женско тело да осетат. Мене ми пречи, ми здосадуваат, а понекогаш без осет знаат и погрубо да те допрат. На еден му дадов до знаење, ама не вроди со плод. Секогаш ме бараат за на кафе, ама како да излезам, кога немаат осет??
Чоек немора да значи дека од почеток глумел, едноставно, со тек на време сфатил ете дека нешо не му се свиѓа кај тебе, ме сфаќаш ? У почеток и двајцата сте си биле затрескани заљубени и совршени еден на друг ама ете на едниот од вас му се скршила таа идила и почнал да ги глеа работите со други очила. Немора да значи дека има друга, или дека те лажел од сам почеток. Многу работи постепено се случуваат ...
Стварно ми треба дефинирање на ситуацијава од машки агол: Се запознавме пред нешто повеќе од месец дена, не запозна заедничка другарка, која всушност мене ми е другарка, него му е познаничка, со која што знае да направи муабет кога ќе се види, да испијат по некое кафе чат-пат, но досега не се во постојан контакт за да ги наречам прави другари. Одтогаш се имаме видено неколку пати, што кафе, што пијачка, но не сами, и не однапред договорено, туку знае да се јави и да праша кај си, со кого- ај сеа ке дојдам!! другата ситуација, што е многу слична, е: кај ќе идеш вечер? епа ај ако е добро, пиши ќе дојдам, и доаѓа... Дека има нешто меѓу нас, има...само не знам што, не можам да го дефинирам, човекот нема НЗС. Од една страна покажува некаков интерес, се појавува одвреме- навреме, што оваа заедничкава другарка воопшто не го толкува како пријателска база меѓу нив, затоа што никогаш не излегувале заедно и не биле во контакт, и според нејзе сигурно не доаѓа на кафе или пијачка заради нејзе. Од друга страна и од начинот на кој што разговара, начинот на кој ме гледа, некои постапки и слично, се гледа дека не е незаинтересиран. Од друга страна, ништо не се случува, освен комуникацијата за тоа кај си и како е таму, не комуницираме за ништо друго, ни обична порака, ни зафрканција било каква, ништо.. а да не спомнувам за недај боже да излеземе негде сами, или нешто слично...фб не го вклучувам, таму збориме секој ден, ама не е тоа-тоа... Целава ситуација е играње топло-ладно што мене веќе почнува да ме замара, а стварно многу ми се допаѓа, и не сакам да го исклучам само затоа што ме нервираат околишења и играње игри... е сега, голем удел во целата ситуација има фактот што он претходно имал врска од 7 или 8 години, небитно, во која он бил повреден и оставен, затоа што неговата бивша си нашла некој друг.. мислам дека ја има преболено, ова од кажување на други, кои што ги познаваат, а и има поминато некој период од година ипол после раскинот, ама ми се чини како да не е спремен да почнува нова врска, туку како повеќе да сака да биде без обврски... уствари јас не знам што он сака, иначе немаше да барам мислење од вас... а битно ми е, барем да знам на што сум и што можам да очекувам, да не си губам нерви за џабе...
Како небитно 7-8 год врска? сега или сеуште не се опоравил па несака со тебе да брза или е твојата теорија Разговор , разговор и само разговор ќе дознаеш дали се иде во следна фаза или само ќе гребеме по површината
сакав да кажам имал долга врска, не бев сигурна дали 7 или 8 години, на тоа се однесува небитно инаку многу е битно...затоа и го спомнав, и во двете твои толкувања ја има главната улога
Јас имам трета теорија после двете на Yipman... Можно е од некоја причина да неможе да препознае дали ти би се согласила на нешто повеќе кога тој би пробал и затоа чека... едноставно има машки кои одат, како што би се рекло, само на сигурно... ако процени дека нема да биде одбиен ќе го превземе првиот чекор... ако не, ќе одолговлекува додека да процени и тогаш или ќе исчезне или ќе го превземе првиот чекор... Како и да е, независно која е причинита, ако не му се допаѓаш сигурно нема да комуницира и да се гледа со тебе толку често... е сега, понекогаш највредните работи во животот не се добиваат лесно, или мора да чекаш и да бидеш упорен или мора да го превземеш првиот чекор... Затоа, ако ти се допаѓа како што велиш а неможеш да чекаш направи го првиот чекор... покани го да излезете сами заедно... немора директно... можеш индиректно, од околу... или пробај да му дадеш некој очигледен хинт што би рекле, за да знае дека нема да биде одбиен... или и двете во комбинација...
Дечко кој бил во 7-8 годишна врска и од која раскинал како повредениот а, не тој кој си направил moving on не ја заборава таа врска (ова не важи за девојката од врската) туку за самата врска и за се кое таа си носела со себе и тоа во временски период од година ипол. На човекот секоја нова врска во скоро време би му била повеќе ладење а, не заљубување и commitment. Кога си јако повреден барем еднаш - тоа е повеќе од доволно за да не сакаш да навлегуваш во нешто сериозно толку скоро и по вторпат. Да имал врска од година дена ајде де до сега ќе... aма врска од 7 ипол 8 години е рамна на брак. Колку 7-8 годишни врски може да поднесе човекот in ONE LIFETIME?
Не е грешка и ако е од женски агол нели? Јас имав врска четири години. Да,женско сум и полесно ми е да се врзам. Но и тој некој што бил со мене бил четири години. Мене тие четири сега ми се чинат како сто,а не пак осум. Го разбирам во потполност дечково што мју одат тешко и врски и врзување и се. Се сложувам со сите теории кои ги кажаа маживе пред мене,само да надополнам нешто. Ако ти се допаѓа дечково, go for it. Потруди се. Затоа што цел муабет сега тука е дека него најверојатно уште не му е вратена довербата во женскиот род уопште. Можеби видел некоја искра во тебе, па затоа и те бара,сака да биде со тебе,сака да има некаков контакт со тебе. Не е работата да му докажуваш дека ти си the chosen one, тој треба тоа сам да го установи. Веќе ако гледаш дека има хемија,а тој не превзема ништо ( што е најверојатно последица на лошото искуство,на ништо друго ), превземи ти. Биди мажот во врската и реши го. Се надевам дека ќе испадне на убаво. Поздрав.
Сепак најмногу зависи од самата личност, не го негирам твојот став во целост, ама не го сметам за оптоважечки начин на реакција. Повеќе нешта се тука во игра - некој се опоравува со години, некој со месеци, некој веднаш, дали вистински или одиграно тоа се плус варијации на тема, долгите врски често и долго ги влечат своите кризи, натаму не сите вршат проекција на повредите од минатите партнери на наредните, бидејќи ова е најнефер постапка што се прави често, ако мене ме повредил конкретниот човек со ЕМБГ не ми е цел машки пол виновен за тоа, ни па идентичен со него (важи и во обратна насока), исто така значаен фактор е колку новата личност и покрај цела внимателност на другата личност е моќна да ги разбие сите бариери итн. итн. Ех, да компетентна сум за давање на одговоров и јас имав идентичен рилејшншип стаж ...