Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Swatkoo

    Swatkoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Ајде добре ни дошол ... И да ни просветлиш работите шо не ни се нејасни од машка гледна точкаа ... :)
     
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ммогу е просто, ќе му речеш да си бара друга дека не можеш да му возвратиш на ист начин и да не те чека.

    Реченицата те гледам како пријател прескокни ја зашто навредува а никаква корист не дава на долг рок.

    Нема потреба да се среќаваш со него ако не сакаш само ќе се надева а ти ќе му мавнеш корпа и после двајцата ќе се осеќате мизерно, поштеди го од таква работа.

    Можеш да му речеш пријателство може но нешто повеќе не, па нека си одлучи како му е него ок, од твоја страна битно е да бидеш фер и да ја направиш корпата најмалку болна што може :).
     
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Анонима зошто си таков скептик? Дај опушти се жити се, ако ти е убаво убаво ти е, ако не здравје ке си најдеш некој друг.. Убаво ти кажа мимс немам ништо друго да додадам..

    Демонио не те свиѓа, си игра топло-ладно со тебе, пиши пропала..

    Аквариус едноставно далечината си го прави своето.. но едноставно ти се понижуваш тоа што постојано си љубоморна, ако е тој случајот, изгледаш несигурна, не само што не му веруваш на него туку немаш верба ни во себеси.. Мој совет пред да направиш сцена разговарај со некого и слушни друго мислење, ако има потреба да креваш толку паника крени ама подобро е секогаш кога ке слушнеш и друго мислење.. за другите проблеми, само отворен муабет!! :)

    Кенди речи му да не се лути и отворено дека ти не можеш да го гледаш повише од другар, и дека не можеш да го лажеш ни себеси а ни него и дека стварно е ок но ти лично не си способна да го сакаш повише од другар и дека подобро на тоа да остане.. не мора да излезеш, па и он ти пишал порака и по порака ти ги признал чуствата..
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Му пишав преска му кажав како стојат работите и да ви кажам ми олесна откако му кажав дека не би можела да го гледам со тие очи како тој што ме гледа мене и дека сепак имам некој друг кој го зазема тоа место во мојот живот... Како ме сфатил не знам, бидејки не ми врати на пишаното .

    Но знам дека ептен ми олесна :whew:

    Благодарам за советите.
     
  5. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    65
    Како да започнам муабет со еден тип а притоа да не изгледам нападно? :D
    Многу ми е глупо што единствениот контакт со него можам да го остварам само преку фејзбук...(знам глупо и детски ама поинаку неможе :( ). Ете го додадов за пријател веднаш ме прифати,поминаа и неколку денови ама сега како понатаму? како да му покажам дека сакам работите да почнат да се движат во една малку подруга наскоа?
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Нападни го со лајкови сам ќе ти почне муабет, ова од искуство :lol:
     
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Само не премногу лајкови,да му се редат еден над друг на екранот,па да му замрзне компјутерот :lol:

    И да не бидам оф-топик,и јас мислам лајкни му некоја слика,па види дали он ќе ти лајкне тебе,дали ќе те боцне :D
    стварно по детско не може да изгледа,ама тоа е :rofl:
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Коментирај му на некој статус, дофрли некоја шега во коментарот, после тоа разговорот префрли го на чет, нели да не биде јавно... И после натаму е лесно :)
     
    На Linn1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Аман бе луѓе барем преку фб е лесно. Викам јас порано похрабри беа луѓето, овој интернетот испорасипа сѐ. Му пишиш на чат почнуваш муабет и тоа е. Ем не те гледа, ем имаш време да размислиш како да му вратиш на некое прашање. :)
    Замислете наеднаш да го снема нетов колку луѓе ќе останат без партнери, има сите ко збунети да се, нема да знаат ни муабет да ти свртат во живо. :D
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Obsession

    Obsession Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Ај и јас да ве запознааам со моето проблемче, па се надевам ќе ми помогнете малце :)

    Започна се летото, тогаш се смувавме прв пат и уште неколку пати после тоа, а во меѓувреме си пишувавме на фејсбук, ова,она.. После последниот пат кога се мувавме, негде крај на септември, веќе ништо. Почна секој во различно школо итн.
    Ми пиша пак негде крај на ноември, ама тоа беше некој безвезен муабет и добро дојде Нова Година, Божиќ ни да честита, ни ништо и ај решив ја малку да попуштам и му пишав. И сега во муабетов пак нешто се зезаме, срциња, глупости, ми рече нешто како знаеш дека јас тебе највише те сакам .. но од една страна на муабетот како да ми пишува другарски а од друга страна, не. Кога се исклучував му спонав нешто ус пат пак да пише.
    Значи муабетов беше завчера, вчера не ми пиша и добро нема врска. Сега, прашањето ми е дали ќе биде глупо и ако не е како да го прашам пак да искочиме и сл. но АКО пак пише, зошто сеа глупо ми е пак јас да пишувам, се осеќам како да напнувам, а ако не ми пише пак ... што? :?:

    Очекувам некое советче во брзо време. :)
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Е де, нема да ти падне круната ако му пишеш, договорете се за кафе, ако сака ке излезе со тебе, ако не нема.. Ако те одби, најди си друг :)
     
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Obsession Ја мислам да не му пишуваш. Топката од кога си му пишала по толку многу време, си му ја префрлила нему, сега нему му е ред тебе да ти пише. Само искрено мислам да го заборавиш најпаметно, мислам дека си се залетала по неговите муабетчиња за сакање и такви ствари. признај дека тие муабети пробудиле нешто у тебе. Ама веруј ми врска си немаат.

    Да бил барем малку заинтересиран, ке ти пишел одамна, и он ке те викнел.

    Едноставно не му се бламирај и остај го .

    Он е машкото, он нека пише ако е заинтересиран.
     
    На Obsession и Pelikuna им се допаѓа ова.
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    ^^

    Се сложувам и јас,не му пишувај повторно ти,пред некој ден си му пишала и си му спомнала он да пише,а сега он ако не пишува негов проблем,он губи, не ти.
    И може пак не чувствува нешто повеќе за тебе,па сака да си игра топло ладно,и затоа толку време не ти пишувал,и сега остава на тебе да му пишеш,па после он пак ќе навали со пишување...според мене треба да го заборавиш овој ;)
     
    На Obsession му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Значи вака.. не е некое којзнае какво проблемче ама ај сакам да слушнам мислење
    Со типов искачаме веќе некое време, на пијачка, на кафе, бевме на кино итн :)
    Ми се допаѓа, не сум затрескана ама ми се допаѓа.. Е сега таканареченото проблемче
    Јас сум многу комуникативна личност, дури да не речам многу зборам :$ и немам никаков проблем дури со луѓе што не ги познавам да воспоставам контакт.. Ама кога сум излезена со него, не можам никако да направам асален муабет. Ми се суши устата, и како да ми се блокира мозокот,постојано пазам да не кажам нешто безвеза :lol: Дали дека го сметам за многу интелигентна личност и дека прв пат можеби се дружам со толку софистицирано машко не знам.. Само знам дека не можам да бидам јас кога сум со него.. А многу лошо се осеќам, ама не знам искрено што е проблемот..
    Anything? :x
     
  15. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Nikoj ne e do tolku nitu dovolno sofisticiran za nekoj drug/a da bide so nego/a:) just be yourself kolku i da zvuci ko klise muabetov.
     
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Црвена не знам што толку си земаш при срце , ти се допаѓа и сакала признала сакала не те фаќа трема , несвесно се трудиш да бидеш најдобрата за него особено на почеток да добие најдобар можен впечаток што е сосем нормално . Мене ми се случи слична работа ми пиша не знаев што да вратам како да се најдам во муабет ( а на прсти можам да избројам кога немам коментар ) :D ја туфкав поракава верувала или не 15 минути а вака , а не ова , ај и ова не бе ова ќе помисли ... За тоа време книга ќе напишев , најтрагичниот дел во сета таа возбуда и паника кога видов цела беше голтање букви , несмислена реченица од што сум пишела бришела :D . Првите средби за мене беа стрес , не знаев дали ќе му се допаднам онаква каква што сум . Сега сум баш таква како и секогаш без разлика дали му се допаднало или не , ако се адаптирам на него тогаш би глумела . А не го можам тоа , нит го сакам . Ако те сака ќе те сака баш таква каква што си , ако сакаш да уживаш гледај што е можно побрзо да се опуштиш верувај ми напнатоста се чита ...

    Ајт поздрав
     
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Не знам, ни јас самата не можев да го објаснам, дали е тоа дека стварно мислев дека типов е недостижен или само така глуми... И истото тоа што го викаш се случува и со мене, не знам што да вратам и кога ке вратам ја читам поракава по 100 пати чекај да видам што напишав дали е ок?! Уз муабет ми рече дека сум била срамежлива и јас само вака :^) му кренав веѓа и му викам ЈАС срамежлива?! :rofl:
    И послем го смени муабетот не си срамежлива само се срамиш во одредени моменти да кажеш што чуствуваш :$
    И јас на тоа само му одговорив дека е претпазливост :)
    Ајт ке биде, фала ви :*
     
  18. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    8.580
    Пол:
    Женски
    темава се викаше совети од машка страна или ја сум грешка?
     
  19. 20062006

    20062006 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    Дали ќе може да се јави барем едно машко на темава и да ми одговори како може да им се свиѓа девојка која е згодна,не викам не,која не се чешла,девојка која има убави нозе,не викам не,ама исто така и има неизмиени заби,девојка која носи штикли секој викенд,не викам не,ама и не користи парфем...???
    Стварно сум исфрустрирана веќе од нашава средина.Ако може да се јави барем еден маж и да ми каже како ...??? :@
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    А постои ли таква? :^)