Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. 20062006

    20062006 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    Да,постои.. :|
     
  2. Juicy03

    Juicy03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Ако може и мене некој да ми помогне со мојот проблем.

    Се знаеме од септември, учиме во ист клас, но многу се зближивме последниве два месеца. Се беше супер се додека не славевме заедно нова година. Таа вечер многу се одалечивме некако... Утредента ми пиша на фејсбук дека многу му сметал мојот сарказам и ми рече дека сум го третирала како ѓубре. Се обидов со аргументи да му го докажам спротивното, но залудно. Од тогаш имаме направено некој мал муабет, ништо посебно и дефинитивно работава не е како порано, а стварно сакам работите да се вратат како што беа. :(
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Фејсбук,фејсбук фејсбук...батали тоа,работата е очи во очи а ако размислам уште еднаш нема потреба да му докажуваш.Си го сторила тоа еднаш немора по 98473256 пати.Сега е нему редот да направи потег.
    Ако навистина сакаш да средиш обиди се уште еднаш па нацртај му ако не разбира.На крајот на краиштата никој не е виновен ако не знае да се нашали,многу помалку ти :!:
     
    На Nightwalker и Juicy03 им се допаѓа ова.
  4. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    @20062006

    1.Не биди преокупирана со тоа што другите девојки прават,какви се,што носат,дали им се забите измиени,со кого легнуваат во кревет итн.

    2.Имај одредена замисла каков тип на машко е за тебе,и од физички и од интелектуален аспект.

    3.Прифати го фактот дека не можеш да знаеш што се врти у нечија глава у одреден момент.
    Колку и да се рационални и машките и девојките прават еден куп на нерационални одлуки базирани на емоции.Крајно е индивидуално.Мој совет е да не се преокупираш со овие прашања.

    4.Немој да бидеш претерано срамежлива.Само затоа што не те забележува некој дечко во овој момент не значи дека нема да се заинтересира.Не биди срамежлива дури и да треба ти да го направиш првиот чекор.Едно обично здраво со еден умерен комплимент од типот симпатичен си,или фин си,сосем е доволно за почеток.Нормално,обавезно со насмевка.Ако си малце поагресивна типка,а атмосферата е малце поопуштена,можеш да бидеш и пожестока,особено ако типот претерано се фали,можеш да му кажеш нешто у стилу(само кога сте 1 на 1) с*реш(к*каш) но ми се допаѓаш :D ,или било која друга
    комбинација од нешто негативно за него и нешто позитивно.Само гледај тоа да е искрено,и немој да го
    забораваш тоа позитивното :D .Обавезно насмевка.

    5.Ако типот не одговара на твои 2-3 пораки, или е незаинтересиран или игра hard to get.Мојот совет е
    расчисти со такви типови на старт.Штом нема реципроцитетност и баланс у односите ништо,тој однос не е фер,и има психолошко-манипулативен карактер од длабоки его побуди.

    6.Работи на себе (физички и од интелектуален аспект).Имај во предвид дека не ни е некоја голема разлика дали користиш шампон од бреза или оној со мирис на јогурт и лешник :D .

    7.Момци кои не ги знаеш а кои по првата или втората средба ти кажуваат работи од типот бушава си,
    косата ти е како сено :D т.е. генерално те носат у три лепе се опасни.Истото важи за оние кои ти кажуваат дека те сакаат како другарка т.е. пријателка :D .Мојот совет е да ги заобиколиш овие категории.

    8.Доколку си посрамежлива а сакаш да бидеш поблиска со дечкото,тогаш не е лоша ствар да го допреш со дланка,независно дали е за рамо или за гради.Немој веднаш да го допираш под половина :D.

    9.Не очајувај,и биди позитивна и насмеана за време на средбата.Биди умерена.Не сакаме генерално девојки кои постојано се насмевнуваат на се што ќе кажеме :D .
     
    На Rock-a-Fella, nela.oh и 20062006 им се допаѓа ова.
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Може ја загубила четката за заби :D.

    Шала на страна „маниве“ што ги наброја се решаваат за 3 минути, толку време треба да измиеш заби, да ставиш парфем и да се исчешлаш :D.

    Остај зашто некое машко гледа друга, ако му е згодна нема забите да го спречат освен ако не и се сите испорасипани а што не е чешлана кому му е гајле :D. Порано немало парфеми па не останувале девојките сами и немажени :D.

    Гледај ти да си најдеш некој за себе а зашто некоја друга ја бркаат, па за вкусови нели не се дискутира :)
     
    На 20062006 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Geronimo

    Geronimo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    113
    Замисли пријателе, некоја што нема навика да мие заби да мора да биде цел ден до тебе. И со она „ајде бе кој ме гледа... штоако здивот ми мириса на „пцовисани глувци“ :P Бљааак.... Да видиш како ќе ја избркаш у секунда...


    20062006.... Веројатно мислат дека е поефтино да се купи шампон, чепкалки за уши и колгејт паста, отколку некој поклон на веќе суредена цура :lol: Којзнае што мислат... немам јас такви нагони кон чупиња што нималку не се грижат за себе....

    Не се замарај со нив, толку вредат и типците
     
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Она рече не мие заби не дека здивот и мириса, има разлика :D. Е сеа нормално ако има остатоци од храна од 2 недели нема да биде весело :D.

    Ајде шала на страна, каква и да е женската да речеме од некоја причина нема осет, навика, едукација или свест дека треба да обрне внимание на тие работи, ако е здрава стварно се решава тоа за 5 минути, едно бањање и една четка за заби сѐ ќе решат, да не идеме сеа у екстреми :D.

    Не дека сум сретнал таква девојка и не верувам дека ќе сретнам ама таква личност (машко сум сретнал, женско сеуште не) нема поим дека треба да држи хигиена и најчесто никој од околината нема храброст или интерес да и посочи.

    Така да место критика и терање сеир фер би било кога ќе приметиме таква личност (ако сме во ситуација) да и кажеме на суптилен начин (без навреда) дека има проблем и дека треба да обрне повеќе внимание на хигиената :).
     
    На MarchelineAmaru и 20062006 им се допаѓа ова.
  8. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Донекаде го знам одговорот и правев муабет и со другари,но сакам да го слушнам,односно прочитам вашето мислење.

    Кога веќе гледате дека тој така дреми во тиквите,а хемијата се осеќа како што сите го чувствуваме студов во коски,како ќе реагирате на тоа ако девојката ја превземе иницијативата? Значи ве праша дали лично,дали преку телефон,дали преку фб,независно ( макар што многу прави разлика дали е во живо или не,али условите моментално не ми дозволуваат за друго ),дека многу и се допаѓате и дека стварно би го ценела тоа ако и дадете шанса барем да ве запознае..? Што мислете за тоа,реакции ..? Би сакала да ги слушнам вашите мислења. Фала ви многу. :)
     
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Кратко и јасно - Ќе се согласам. :)
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ако ми се свиѓа ќе и речам а кога на кафе :D ?

    Тука до појаснам, девојката нема потреба да биде толку директна (дека и се свиѓам па да и давам шанса ко да сум принц :D) доволно е да ме праша дали ми се иде на кафе и дали имам женска, другото јас ќе го средам и не верувам дека има машко што нема да му се упали сијаличката :D.

    Ако пак не ми се свиѓа ќе и кажам фала на комплиментот, ценам, ама имам женска, бркам друга, што и да е само да не помисли дека нешто ќе бидне :).
     
    На mims-89, Lola-M и mysterious им се допаѓа ова.
  11. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Чесно и искрено!Браво X-man!
    Ама, не се сите такви....Постојат и ,,лоши играчи,, кои имаат девојки на stand by, за сваки случај!Од време на време ,,им пуштаат водичка,, и ги држат у неизвесност...
     
  12. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Мистериозна, јас те советувам да се обидеш и да дадеш две-три шанси најмногу, ако не отерај у ку*ац и хемија и се. Викни го на кафе, биди си природна и види како ќе течат работите. Пошо тој може да испадне голем глупак, колку и да те посакува. Може и си фантазирал за женска како тебе, ама може и да е малку нестабилен и можеби веќе не знае шо сака. Или пак најлошото има прекрасна девојка пред него, а не знае шо со неа. |( И после ќе трубе ах нема жени, нема добри жени, ах леле, а таа пред него цело време да била. Не се премн. надевај, ама обиди се. И известувај :D

    Ебате пиздите, живеат си само со некои си нивни идеали за женска и после некое време туп појаве се таа и они како изгубени... дали ја и препознаат од шо се тооооолку паметни.
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Има, ама со малку искуство можеш да ги познаеш и да им ја удриш клоцата на време :). Не дека и мене не ме мафтале ама кога ќе се зезнеш еднаш максимум два пати веќе знаеш да познаеш шеми на понашање кога некој пушта водичка без намера да прејде во нешто посериозно. Е тогаш треба сила и одлучност со таква личност или да прекинеш контакт или да и дадеш јасно на знаење дека ти е сѐ јасно и дека џабе ти игра топло ладно :).

    „Лошите“ играчи не би постоеле кога не би имало играчи и играчици кои им наседнуваат на играта и пак и пак и пак од пуста надеж дека некогаш нешто можда ќе бидне.

    :lol: :lol: :lol:
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JackBrasco

    JackBrasco Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Девојче, ти не се замарај со тоа. Дечките кога си бараат цури, си го бараат она што на нив најмногу им одговара поточно она што е најблиску до нивната природа а верувам и кај вас женските дека е така. Секој си бара некоја слична на себе зашто тоа дека спротивностите се привлекувале во најголем дел си нема везе. Така да, ако тебе толку те нервира нејзиното понашање и немаш допирна точка со неа, немаш ни со нејзините *обожаватели* кратко и јасно. Претпоставувам дека немаш повеќе од 20, па ти гарантирам во иднина ќе се смееш за што и за какви си се нервирала. Пушти народот нека си тера како знае (ако знае). Ти прави како што тебе ти одговара.
     
    На 20062006 и Magnolija им се допаѓа ова.
  15. Katojiikutaka

    Katojiikutaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    226
    секогаш коа кје поминам покрај него ме гледа,а се прави дека не ме познава..и после на фб кје ми пише одма.(а не е срамежлив ич)
    и шо сака да покаже со тоа ?
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Уште една теза во која се покажува дека секој е силен на фб а во живо се крие како желка под оклоп :) срамежлив и се плаши дека можеби ке го одбиеш.
    Следен пат кога ке го видиш прозбори му ти,не чекај на него зошто очигледно дека ке се начекаш.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Katojiikutaka

    Katojiikutaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    226

    но воопшто не е срамежлив. :?: :/
    во секој случај фала. :)
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Eве можеби од тебе се срами,нема храброст да ти пријде ,не знаеш ти тоа додека не го прашаш,затоа следен пат прашај го зошто се однесува така.

    Почекај други совети
     
    На Katojiikutaka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Може ли некој да ми каже во шо е работата,стварно не ми е јасно.Значи вака:порано ми пишаше и ми викаше дека ме сака,но сега тргнавме нашколо и бидејќи не е во мојот клас има една во неговиот клас,не дека не е убава,но нема карактер а и сега ја како да не постојам и денес си идевме од школо и ја пошо бев со еден другар и тој исто многу голем фраер е мора да признаам тој идеше од другата страна и ме гледа ама ја се праам дека не го забележувам,мислам го гледам со „белката на окцето“ хД
    И сега незнам шо сака да постигне со тоа,а инаку веќе долго време се понаша дека ме не знае а најдобри другари бевме,барем јас така мислам...
     
  20. mk12

    mk12 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ми треба совет ...па машки активирајте се :) Заљубена сум ....знае дека го сакам , а тој освен постојано зјапање кај и да ме види не презема ништо друго . Бидејќи сметам дека е непотеглив се решив да му пишувам на чет и излеговме на кафе ... но од тогаш го нема да се јави ... има и мој број ... што мислите што е проблемот ? Дали сум одбиена или ?