за еден друг. се мувавме еднаш..и после не ме праша за пак него се понашаше ко другар да ми е(а пред да се муваме ме молеше да искочиме)..и добро..и после оладивме односи..не ми честита ни роденден,ни лајкови не ми ставеше,не се ни допишувавме.. е сега пред некое време пак ми стави ♥ на профил и ми пиша на чет..и коа кје му речам дека не заборави,одма ми се правда..нене нема врска..ова она..Иначе гоолем женкар е..и секад као кје поминам ме загледува и не се поздравува..демек он е од големото доброутро..и после ако не се поздравам со него пак кје ми рече на чет..не ме познаваш,ова она..а нема врска..нејќам да испаѓа дека трчам по него. Завчера пак ми пиша,ми ставаше некој песни на ѕид..дрндрн..и вчера у школо ме изминува и таков демек не ме познава..и после за инат он стоеше и ја отидоф до него и се поздравив.. и шо му е проблемот ? шо сака од мене ? да трчам по него ? епа се зезнал на велико. иначе воопшто не е срамежлив.
^ Мое мислење: те смувал, и сеа те чува онака, на резерва. Не се спуштај, сепак имаш гордост и прва на машко, не! Уште па, она те игнорира ти одма по него. Не дека многу се разбирам, свати ме како добронамерно дете што сака да помогне. И сака помош. Што бара во девојка машко шкорпија? Ако има некоја шкорпија на форумов може да ми објасни?
Шкорпиите се чудни створења ама ова реално, еве и јас сум шкорпија познавам и машки, па ела процени ги... толку сме мистериозни што некогаш ни сами не сме свесни која ни е целта со такво понашање едноставно то е вродено...најреално. Инаку и машки и жени во однос на љубовта во овој знак се исти... сакаат заведување, сакаат предизвици... играат игри, ама еднаш кога ќе се заљубат, то е вистинско и се верни и доследни во љубовта. За случајот со Катујикутака не знам што да кажам. Искрено јас дозволувам еднаш такво однесување од симпатија, вторпат од љубов, е третпат срце ајт мрш! ќе молиш за шанса со мене... Ќе осетиш во животот прав маж (дечко де) со однесување на ниво, па некогаш ќе ти е смешно како си се замарала со такви ко тој дотичниот. Јака ти душа тебе кога можиш да се замараш со такви недораснати дечиња, ке ти се прави тебе мачо демек, а цел? Може да те добие кога сака? Мој совет-гони го у три...
Огромна среќа! Затоа што имам 14 и потенцијален партнер, па и не мора да биде. Онака, детето иде со мене на англиски и како иначе да дознаам што му се допаѓа, што не. Нема сигурно да го прашам.
Ајде сакам и јас мислење Дали на машкото кое е лудо вљубено, и сексуално активен со љубената, битно ли му е дали таа има поголеми бутчиња, стомаче а не ' згодничка девојка добра за во кревет ' ?
^ Ех, пријателке, и ти сега прашуваш нешто што навистина е различно кај секој... Има дечковци што сакаат позатегнато „парче“, а има и такви што сакаат да осетат „мевце“... Верувам дека никој од нас машките на форумот нема да може да ти даде „конечен“ одговор на ова прашање. Ти најубаво знаеш од нас тука што и како сака дечко ти во сексот, а и во случај да не знаеш, разговарај со него де, не е воопшто срамота да знаеш што очекува од неговата сексуална партнерка.
На машко кое е лудо вљубено му изгледаш како мис на свет а тогаш ништо друго не го интересира освен што почесто да биде со тебе .
Малце глупаво прашање ама морав да си прашам. Што значи кога машко (16 години) ќе ти каже еј ____ имаш голем гз.-.-?! Не знам дали ова треба како комплимент или како навреда да го сфатам?! Ќе го прашав и него ама си отиде... Вие што мислите?
Комплимент е,сигурно! Машките на таа возраст се преокупирани со добри цицки и добар,голем газ. Верувај ми. Јас учам во школо каде 90% се машки и често кога ке поминам покрај нив ми го коментираат газот,а јас си фурам Ми ја дигаат цената.
хехе благодарам на мислењата Инаку имам сфатено дека машките баш не сакаат коскички, туку облини што би се рекло да се има што да се фати хх a konkretno za mojot deчко мислам дека ги сака моите атрибутчиња хх
Здраво! Ќе ми треба совет од вас машки, а добредојден ќе биде и од девојките, но сепак повеќе ме интересираат машките мислења поради природата на мојот „проблем“. Во врска сум со дечко ми скоро 3 години. Се е во ред, но во последно време станувам несигурна во себе и својата врска, бидејки свесна сум дека заљубеноста кај дечко ми ја снемува... она знаете, ако се водиме според тврдењето дека првин е заљубеност, па потоа е љубов... знам дека ме сака, ама ништо не е исто како порано. ги нема неговите настојувања да сме постојано заедно. ми кажува и покажува дека ме сака, ама сепак ми недостига премногу она време кога нон стоп бевме заедно. имаме разговарано за тоа и му имам кажано дека сакам повеќе, ама тој ништо не презема. не ми викајте пак да разговарам со него, туку кажете ми, што би можело да се мота низ неговите мисли. како гледа на сево ова... која е разликата кога е заљубеност и кога останува љубов?
^ Но факт е дека по онаа првичната затресканост и љубов, „магијата“ малку знае да исчезне, затапи... Дечко ти веројатно се осеќа „на сигурно“ со тебе, и смета дека нема потреба од докажување, покажување или едноставно нема инспирација. Тоа би можело да се мота, друго не би знаел што.
Да сте нон стоп заедно не е здраво. ќе си досадите еден на друг. И јас што сакам близина со девојка после извесен период ми треба пауза во денот за себе а не 24 часа да се гледаме или слушаме, стварно доаѓаш во ситуација да немаш што да си кажеш. Дали те сака се осеќа и не мора да сака 24 часа да сте заедно. Ако е сексот добар и се гледате редовно и осеќаш дека прави сѐ за тебе што може, најверојатно е сѐ ок. Друго, може не е лошо малку да станеш и понезависна а не он да осеќа дека за сѐ ти е потребен, така само правиш да нема потреба од тебе. Повремено не е лошо и ти да си земеш малку време за себе па после да бидете уште поблиски. Сѐ што е на отворена тацна кога тогаш ќе досади или ќе му треба пауза .
Ех сега зависи од тоа какви емоции и мисли има кај личноста. Да, може да доведе до врска но не може да биде само сексот пресуден за почеток на таа врска. Ако си го добиваа сексот на редовна база без обврска, а има некакви емоции кај единката, би започнал врска. Може сексот да е добар но едноставно да не можеш да замислиш врска со таа личност. Страст или задоволство од добриот секс може да се помешаат со заљубеност. Добриот секс вклучува сексуална привлечност/хемија и страст кои се значајни за една врска. Од моја гледна точка
Ме интересира што може да значи кога машко ке ти рече дека имаш мека уста? Дали е тоа првото нешто што му се допаѓа кај мене или? И зошто се сведува само на мување?! И знам дека не му е само до мување зошто и он ме бара без да го побарам јас прва и сигурно да не сум му добро друштво нема да ме бара.. Не верувам дека е срамежлив само никогаш не сме зборувале на таа тема
Моментално сум во фаза на раскинување, или некоја пауза што секако ќе доведе до тоа, но ме мачи дали е поради вистинска причина или не. Имам пишано и претходно дека мене ми смета неговото друштво, поточно тој ми смета со тоа што дозволува да му влијаат. Во никој случај не сакам да биде без друштво и да е само со мене, прво јас не сакам да сме постојано заедно, но дефинитивно од како е со нив неговото внимание кон мене е намалено, што не било случај кога се дружел со други луѓе. Врската ни трае неполни 4 год, колку и да ми е сеедно од една страна бидејќи е сепак долга врска, а јас сум млада, од друга страна долго сме заедно и ми бил поддршка во се. Тој не признава дека е сменет, ми вели дека е ист, но не е. Овие неколку денови воопшто не контактираме, порано секогаш ми се јавувал, сега мн ретко, и престанав да одговарам на повиците. Едноставно се осеќам како да сум тука само кога не е со друштвото, а тоа е страшно понижување за мене и не толерирам. Како да постапам? Разговор дефинитивно не помага и се се сведува на тоа дека не сакам да се дружи, преку глава ми е да го слушам тоа. Ни јас не сум сигурна дали сакам да прекине ова и да продолжам со животот, малце можеби и ме плаши помислата цел живот да останам со него, а од друга страна не верувам во тоа изживување, мислам дека за да се осеќаш изживеано не значи да смениш 25 партнери и сл... Како да постапам со него, како да го натерам да сфати дека е променет према мене и дека не е во ред заради некој кој го знае помалку од година дена, да уништи врска од толку долг период?
Ајде јас и на вас момци да ви се обратам за мислење и совет како да постапам од девојките слушнав но и од вас да слушнам нема да биде лошо мојот проблем е тоа што тој едноставно ме одбегнува,ме игнорира не сака да разговара со мене а јас не ја знам причината за таквото негово однесување ,не сме се скарале,но едноставно кога му ѕвонам не сака да ми се јави ,не знам како да го сфатам ваквото однесување и како да постапам барем да можев некако да разговарав со него да ми објасни зошто вака се однесува ви благодарам однапред момци на мислењата и советите ?