Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. kamikazus

    kamikazus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    70

    Извини, но зошто кога го прочитав постов добив чувство како да имаш направено нешто слично на тоа што го опиша Z8UNET... некако многу ми наликува на мислење на некој што оставил некого а потоа се утешил дека всушност не направил ништо лошо со тоа што повредил нечии чувства, тука уште повеќе и направил добро...

    Можеби грешам, но од секогаш ми била импресивна способноста на луѓето да најдат совршено оправдување за своите постапки... И не, неможеш да кажеш дека дека тоа што некој те повредил било најдоброто нешто што ти се случило... Точно дека подоцна можеш да најдеш некој што вреди повеќе, но како и со сите други работи во животот, никој не заслужува да биде повреден па макар и за негово добро... Мислам, тоа ти е како кога таткото го прекршува од ќотек синот и му вика, ама сине ова за твое добро те направив модар...

    Всушност, ако во овој случај девојката тоа го направила за негово добро, зошто не го направила порано, туку тогаш кога сретнала нов дечко... далеку од тоа дека девојката го запознала типот уште првата вечер кога раскинала со бившиот, а многу поверојатно дека или си го планирала од претходно или веќе имале нешто... т.е. единствено оправдување на таа девојка е тоа што мислела само на себе и на своите чувства, па кога нашла некој друг, само се префрлила од едно столче на друго... ако веќе била несреќна како што велиш, тоа најверојатно го знаела од многу порано и можела да превземе многу работи во врска со тоа пред да направи ваков чекор...

    Жално е тоа што во денешно време, туѓите чувства немаат никакво значење... Тоа што денешнава младина мисли дека е најнормално да прекинеш долга врска без да ти е гајле за другиот... дека е во ред и најнормално на некого да му го скршиш срцето... и дека е уште понормално тоа да смениш незнам колку партнери пред да се стабилизираш во една врска... и сето тоа под изговори од типот, имам право да го живеам животот, да бидам среќен/а, млад/а сум и незнам што...

    Како и да е, во овој случај, и подобро е за Z8UNET што го напуштила сега отколку после некоја година, затоа што очигледно е дека таа девојка нема вистински вредности во животот, но далеку од тоа дека сето тоа ја пере нејзината одговорност за повредување нечии чувства и дека би требало да спие не само мирно туку и задоволна со себе си затоа што направила добро дело...

    Мислам, секоја чест на девојката :clap: камо да има повеќе такви личности на светов како нејзе кои прават такви добри дела... Тогаш светот сигурно би бил многу поубаво место за живеење...

    |( Yeah right....
     
    На Libera, Divinebutterfly, CrazyStupidLove и 5 други им се допаѓа ова.
  2. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Одличен пост! Кога повеќето би го имале ова мислење се би било поубаво. Се што треба е да се грижиме и за чувствата на другиот.
    За жал мнозинството се/сме себични.
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Јас немам направено такво нешто, напротив мене ми направиле. Не го напишав тоа ради себе си туку како начин на кој јас ја сфаќам љубовта и врските.

    Напишав без разлика на тоа дали се работи за дечко или девојка.
    Пишувате за себичноста на другите, а својата себичност никаде не се спомнува.
    Зошто по секоја цена сакате да имате личност до себе која не ве сака, туку е со вас само за да не ве повреди или од должност за вашите длабоки чувства и сите пропратни работи кои сте ги направиле за неа/него во врската.

    На пример во една врска, јас го давам својот максимум, не очекувам ништо за возврат, затоа што јас сакам, јас ја сакам таа личност, и не очекувам да биде со мене само затоа што јас така сакам, напротив сакам да е слободна во одлуките таа личност, може да ме избере мене која и нудам се, или да си ја бара среќата на друго место со друга личност.
    И ако после неколку години врска партнерот ме напушти затоа што му се појавиле чувства за друга личност која сум јас да го спречувам да биде среќен? Ако со мене не е среќен нека си најде друга која ќе го усреќи, а што е битно дали ја сретнал пред да ми раскине или одкако ми раскинал?
    Која сум јас да го обвинувам што ме напуштил? Па подобро што ме напуштил одколку што би бил со мене од сожалување или навика. велам подобро затоа што на тој начин и мене ми оставил простор да најдам или да ме најде човек кој ќе ме сака мене како што јас сум го сакала него.

    Не ми е целта да оправдувам некого, само сметам дека секој си има право да одлучи кој пат ќе го избере во животот. И би било многу подобро и полесно би ги прифатиле разделбите кога луѓето би размислувале вака, наместо да коваат одмазди и да се самоуништуваат со депресии.

    П.С. Ако себичност е да мислам на себе и својата среќа тогаш да, себична сум, и поважна ми е мојата среќа и нема да ја жртвувам заради среќата на друг човек, и нема да го лажам дека го сакам кога не го сакам, ќе го оставам без разлика дали тоа ќе го скрши или не. Ќе го скрши на одреден период после ќе си ја најде среќата што ја заслужува а не оваа што е за него лажна среќа.
     
  4. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Јас не ја разбирам поврзаноста на љубовта (да сакаш некој) и себичноста. Демек си во врска со партнер, го/ја сакаш, ама некако си се "резервираш" си се чуваш. Не споделуваш емоции, нежности, среќа, тага.... Се што си сакаш ти, си правиш, а за другиот гајле ти е, ич не те боли. Си мислиш само за себе. Така? :!:
    Тогаш како може да се наречеш себеси партнер? Дечко/девојка на Х?
    Зарем споделувањето не е една од работите на кои се темели врска? :^)

    За P.S.-от на mims-89 би рекла дека чим сакаш некој, чим го/ја љубиш, тогаш неможе да бидеш себичен. Тогаш даваш се од себе, едноставно се посветуваш и вложуваш целосно кој тој човек, односно врска. А ако веќе тука вмешуваме себичност, тогаш тоа не е врска, туку е зае*анција што секако дека себичњакот треба да ја каже позицијата на несериозна врска и да е искрен, пред да почне да влева лажна надеж или среќа (како на мене и на Z8UNET што ни направија партнерите).

    Да не одам надвор од темата, Z8UNET би го советувала да си земе време да ја исчисти девојката од себе, да се обиде колку што може времето да си го исполни со секакви активности, кафиња, шетање, рекреација, дружење, работа/учење... и колку помалце ќе мисли на неа, толку побрзо ќе го преболи раскинувањето и БИВШАТА! Сега е ПОРАНЕШНА!

    но кругот се врти ;)
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Се согласувам Буби дека во врските не треба да има себичност и реално кога има голема љубов себичност и да сакаш не постои. Но што кога љубовта ќе заврши? А сите знаеме дека кога тогаш и доаѓа крај.
    И која е филозофијата тука. Сакам некого ме прави среќна со него сум, не го сакам, не ме прави среќна, чао пријатно. Што има да му ја мислам тука, зошто мене не ме мисли некој како ми е дали сум среќна или не. Не е себичност да мислиш на својата среќа. Себичност е да си ја ускратуваш својата среќа а паралелно со тоа и среќата на другиот.


    Мн офтопик отидовме, дајте да отвориме тема :D
     
  6. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Зарем секогаш кога ќе „дојде крај на љубовта„ треба да го напуштаме партнерот и одиме кај други?
    Зошто тогаш да започнам нешто, кога ете „знаеме дека кога тогаш на љубовта и доаѓа крај“. Зошто тогаш да вложувам во нешто ако има крај?

    Нормално е дека со ваквото размислување и ќе има толку неуспешни врски и бракови. Затоа што се се зема „здраво за готово“. Затоа што никој не се труди да ја оддржи љубовта. Љубовта не е само пеперутки во стомакот и страст, туку многу повеќе. Само поради тоа што луѓето ја толкуваат погрешно љубовта, има се повеќе разделби.

    И да, сме малце офф топик, ама и делумно сме во контокст со советите :P
     
    На fallenangel и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  7. Z8UNET

    Z8UNET Нов член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    menjajte ja slobodno temava samo ko za kraj sakam da kazam deka se slozuvam so mims na poleto demek iskrena barem bila nema poenta da se gusime ako ednata strana ne e zadovolna ... ali ... da e obratno ... ja bi i dal 2-3 nedeli pa i mesec dena ... da se stalozi rabotata da svati deka sme raskinale i deka e kraj pa togas bi si fatil nova devojka ... a ne istiot den da si istrca kaj toj so se merkale na nova god i za vreme na pauzata dodeka jas sum se nadeval deka samo saka da si ja oladi malce glavata od miljarda gluposti so ni smetale megjusebno ... zasto ? barem postovanje ili drugarstvo ili ljubov ili ednostavno covecnost... ona niedno od tie ne pokaza na kraj ... so koe srce uspea toa da go napravi ne znam .. ona si znae... ali veruvam deka trkaloto se vrti pa ke si oseti na svoja koza eden den so napravila ... inace ja vo 2 epizodi go izedov :) prvite 4-5 dena nekako ovo ono pocnav da se opraam ... i resiv da i vratam nekoi rab kao alista i razni gluposti ... za da rascistam zasekogas... i togas ostanav cela nok kaj nejze kao u stil uzivaj sedi ... i vo tekot na nokta 3 pati... se kriese ja snemuvase na po 5-10 min ... da se slusa so toj ... i se kriese i me lazese ... a mn dobro znaev sto se desava... i posle toa 2-ta epizoda mi bese 10 pati pozaebana.... poso ne uspea da bide iskrena posle 3 god... tuku me lazese....turi mu pepel idemo dalje :D neka SHIBA :)
     
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Овде никогаш не се работи за среќен/несреќен со парнерот, овде е секогаш за тоа што ако сум неизживеан/а !! Не може да е со него 3 год, да и нуди се што може некој да и понуди, и одеднаш да најде некој што повеќе и одговара. Тој може да и е позабавен и ете го пак тоа, бев само со еден, па цел живот ли со него... Врска си е врска, никогаш нема да е совршена и затоа треба да трае, за секој проблем што ќе се јави двајцата да се трудат. Јас би рекла дека проблемите и начинот на нивно решавање е она што ја држи врската, многу помалце љубовта. Но ете, проклето време е кога се врти таква фама што ако не сум изживеаааааааанаааа, па леле кога ќе се омажам што ќе правам, па бла бла бла.
    Ова и на Збунет му го пишав, многу грешиме сите што не размислуваме на време.
    Не е со кој сакаш да излезеш во петок, туку со кој сакаш да ја поминеш саботата.
    За изживување може се да се направи со друштво, изживување не мора да е е*авање со 4-5-6-7-8... типови.
    Проблемот кај девојката на Збунет е тоа, а не дека била несреќна. За некое време ќе сфати, ќе сака пак нешто старо и познато, нешто што ја смирува. Но тогаш е касно. Женски сме можеме ние да постигнеме доста лесно скоро се што сакаме, но тоа не е начин... Поентата е да не дојде до тоа да мора да се трудиме да направиме нешто такво. Само проклето е времево... Ако други работи се проблем ок, ама за вакви работи се раскинуваат многу многу врски, особено на овие години.. 20, 23-4
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Во љубов милост нема а кој ја очекува некогаш ќе остане длабоко раочаран :D . Очекување другиот кој веќе нема чувства да се сожали па да те штеди па да ти даде време да се соземеш убаво звучат ама се е тоа лук и вода, абе не те сака повеќе уште и да те теши дека те остава, па на што ќе личи тоа :D .

    Тоа што Мимс вика љубовта кога тогаш ќе заврши важи ако си со партнер за кој знаеш дека не е тоа вистинското но ако осеќаш дека со него/неа сакаш да имаш фамилија и да биде татко/мајка на твои деца не само што не сакаш љубовта да заврши туку не мора никогаш да заврши. Пример кај моите ништо се нема сменето и татко ми ми вика сакам пак да се родам и пак да бидам со мајка ти за да ги направиме сите работи кои не стигнавме во овој живот, е ако тоа не е љубов не знам што е :D.

    Неизживеаност е само изговор додека не го најдеш ТОЈ или ТАА после со нив се изживуваш на сите можни начини :P :D.
     
    На MissSpark, mila89, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Во врска бев со дечко 3 месеци, ок ни беше во тие 3 месеци, но како поминувавме се повеќе и повеќе време заедно, дечкото ми стана одбивен на некој начин, не го сакав, кога ми вртеше на моб јас бев леле пак ме бара неможам веќе... Му кажав, раскинавме и после муабет - - - она ме заеба.
    Е како бе тоа јас те заебав???? Што не останав со тебе и не ти правев филмови и не те лажев??? Туку ти ја кажав вистината секако во поблага форма и те оставив да си најдеш некоја која што ке те заслужува???
    Хеееее секој си ја врти воденицата на своја страна. Мене искрено ми беше жал, знам дека се заљуби дечкото, добро почетна фаза на заљубување итн, ама според мене не е фер да идам со него и да го лажам без никаква потреба од тоа!
    Момци???
     
  11. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Потполно се сложувам и сакам само да се надоврзам... Пред да му раскинам на типот со кој идевме 3 месеци недела дена се мислев како, знаев дека ке го повредам и на другарка ми и пукна филм од моето зборење околу тој проблем и ми вика чекај бе малце, ти социјално ли си??? Мисли ли некој за тебе?? Да беше обратно ке мислеше ли он на тебе и ке идеше со тебе и понатака само зошто тебе ке ти биде тешко ако ти раскине??? Никако си го дадов одговорот, ке ме вараше, ке ме лажеше и ке си играше како што сака за на крај јас да се откажам! Јас идам по тоа правило колку и да не е така, животот ми е еден, нема зашто да го уништам. Подобро на 3 месеци отколку на 6 години.
    Случај со моја другарка, беше во врска со тип од втора год средно,од 16 години, до нејзина 23 та година. Дента на нејзиниот роденден типот и раскина, незнаеше ни сам зашто, што да му праиме сега??? Он ја варал пред да и раскине година дена, ја лажел постојано, немаше време за неа итн. Пред тоа си планираа свадба, откако ке заврши она со мастер да се земат, заедно да живеат бла бла. Девојчето заврши, славеше роденден ете што се случи. И што ке кажеме за ова???
    Подобро да ти каже и да ти раскине кога тогаш, отколку да те лаже, да остане со тебе, па не дај Боже фамилија да имате и тогаш да се растури се тоа.
     
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    А зошто да се изживуваш со нив ,што се тие виновни за незадоволството и исфрустрираноста што некој ја ја чувствува ???Јас мислам дека таквите неизживеани никогаш нема да ја почувствуваат љубовта и да ја најдат таа вистинска личност .Прво затоа што не знаат што сакаат тоа се личности кои ќе останат вечни трагачи по вистинската личност,некои од нив може ќе ја најдат таа вистинска личност но заслепени ќе ја пропуштат трагајќи по уште посовршена личност,некои ќе сметаат дека никој/а не е доволно добар/ра за нив.Второ имаат погрешна претстава затоа како да се живее и да се ужива во животот,тие не знаат како да се забавуваат , својата вредност и самодоверба ја поткренуваат на тој начин само преку менување на партнери инаку се чувствуваат безвредни .Збунет мислам дека не вреди да страдаш за девојкава ,може овие три години таа била со тебе чисто онака колку да тепа време што би се рекло или онаа поговорка додека го чекам вистинскиот ќе уживам со погрешните ,единствено добро е тоа што ти раскинала а не те лажела ,затоа што можела да ја продолжи со тебе врската и со него да се гледа а тоа е потешко и поболно (иако мене ако ме прашаш никој во нечиј живот не се појавува преку ноќ може и претходно се гледала со него само сега дошло време да ја официјализираат врската )
     
    На WildCherry и ell им се допаѓа ова.
  13. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Ова со изживувањето никогаш не ми било јасно. Значи за да бидам „изживеан“, треба да талкам од врска до врска. Јас не викам, да се закачиме за првиот (без разлика што не ни одговара, ама ете да ни биде прв и последен), ама па да имаме некој покрај нас што не сака и да ти светне во главата дека не си „изживеан“ па ете подобро е да пробам и со други, ми нема никаква врска. А кога веќе ќе се појават такви сомнежи и мисли, и да си бил заљубен во дечкото/девојката, чувствата ке почнат да се менуваат.

    Јас секој потенцијален партнер го гледам како „вистинскиот“. Сигурно не му пишува на чело уште од одма дека тој не е тој. Ако веќе сум уште од почетокот скептична, тогаш нема потреба да започнувам нешто а со самото тоа и да му давам лажна надеж. Но што започнувам врска со некој значи имам чувства за тој човек и сакам да бидам со него. Е, сега ако подоцна испадне дека не си одговараме во ништо, тоа е друго.
    Само што повеќето мислам дека се изгубени во потрагата по партнер и талкаат од еден кон друг, не знаејќи што навистина сакаат. Вакви несигурни луѓе сум сретнала многу. Или се во врска само за да бидат во врска.
    Тоа е проблем. Можеш да имаш толку искрени намери кон другиот, незнаејќи што се врти во неговата глава.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сум направил лапус. Мислев, ќе се изживееш не изживуваш :).
     
  15. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Право на секој е доколку не сака да биде у таа врска,да ја прекине,но битен е начинот на кој тоа се прави.

    Ако типката веќе не те привлекува и имате сериозни несогласувања,ја седнуваш и и кажуваш дека не се гледаш повеќе у врска со неа,пред да стапиш во било каков однос со друга девојка.Она има право да го дознае тоа од тебе прво(идете неколку години и плус сте интимни јеби га),пред да почнат маалските озборувања.Исто и у обратна ситуација доколку типката е она која е незадоволна у врската и сака да раскине.

    Што се случува денес?Идат 3-5 години.Типката е незадоволна.
    Наместо да го направи горенаведеново,она одлучува да почне паралелна врска.Типацот појма нема што се случува.Она иде на оваа варијанта затоа што е релативно "сигурна" варијанта.
    Доколку потенцијалната нова врска не ја бива,она у секој момент може да си ja продолжи врската како ништо да не било во меѓувреме. :D Слични ствари и машките прават.
    Инспириран од некои од епизодите од стариот "Опстанок" една работа е многу очигледна,а тоа е дека и машките и девојките денес изгледаат се повеќе на мајмуни/ки кои не сакаат да ја испуштат едната гранка додека не ја фатат силно и сигурно другата гранка.Десна рака на гранка број 2,левата рака во тој момент е слободна.Никој по сопствена воља не сака да тресне од височина :D .
    Во суштина се работи за неизградени личности кои мислат дека ако бидат сами неколку недели или месеци дека ќе се случи глобално затоплување проследено со невидени сушни периоди,и они ќе поцркаат :D .Затоа и често пати мотивацијата за влегување у нова врска е тотално погрешна,не се влегува поради препознавање на ОК ствари кај другата страна туку поради чисто пополнување на празнината да не се биде сам.

    Да се вратиме на сплетките кои можат да се случат.
    Често пати вториот момак може да не биде информиран дека типката е веќе у врска,па и он да не знае у што се впушта :D .Ситуацијата може брзо да ескалира доколку "првиот" дечко дознае и сака проблемот да го реши по насилен пат :D .Од друга страна пак доколку вториот тип знае дека она има паралелна врска т.е. дека му работи позади грб на првиот дечко,тогаш не знам зоштo и како втoриов дечко се гледа у сериозна врска со таа типка :D .Истото важи и обратно,зошто на пример паметна девојка би влегувала у сериозна врска со тип кој и покажал дека е експерт за паралелни врски,преку фактот што и работи позади грб на првата типка со која е во долгогодишна врска.
    Шаблоните на човечкото однесување се релативно постојани,порано или подоцна шансите за repeat на таквиот шаблон се огромни :D .
     
    На MissSpark, waRRioR.Zina, Rock-a-Fella и 6 други им се допаѓа ова.
  16. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Види, не можеш да споредуваш врска од 3 месеци и врска од 3 години. За три месеци не ни го знаеш целосно типчето, т.е. полека го запознаваш и ако ти чини ок, ако не ти чини раскинуваш. Ама чим си со некој 3 години очигледно е дека има нешто доста силно што ве поврзало. Воопшто не си ја сфатила поентата на муабетот. Не може да си со некој 4 год и одеднаш да сфатиш дека не е тоа тоа, туку така ете без некоја посебна причина. Да сте од млади заедно па ете сте созреале различни погледи на живот ок, да се случило изневерување ок, ама да нема ништо и онака да ти прдне абе некако не е тоа тоа.. значи такви работи не се дешаваат. Причината е таа се осеќа неизживеано и се плаши дека ќе умре со еден к*р. Повторно ќе го кажам истото, страшно е што се повеќе и машки и женски се држат до таа теорија сакам да се изживеам, во превод не сакам да се е*ам цел живот со еден/една. Значи ако сексот е лош, има други проблеми во врската нормално е да се прекине. Ама ако се е ок и одеднаш некој ја прекинува врската логично е дека е ради тоа. Дека љубовта не исчезнала доказ е што 90% од тие партнери после некое време се обидуваат повторно да си го вратат стариот мир откако се „изживеале“ (изе*але). И јас имав ваков период во врската и од двете страни. Среќа јас сфатив дека кога покрај тебе имаш некој кој ти е сосема доволна поддршка во се, осеќаш топлина покрај него, нема логика да го смениш и да бараш нешто подобро. А дали другата моја половина сфатила ќе видиме со тек на време, и да не е доволно ми е што јас знам многу добро што сакам и барам. Луѓето се проклети, никогаш не се задоволни од ништо. Секој треба да си постави цел и од кога ќе ја исполни да си каже тоа е тоа, доволно е. Секогаш може подобро е многу излитена фора и често многу, многу погрешно сфаќана.
     
  17. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Ми треба еден едноставен совет.Ајде машки мои :D помагајте.На почетокот на врската беше повнимателен и како позагреан,а сега не баш толку многу,бев кај неговите ме запозна,ми предложи да се вериме,секој ден се слушаме и ми пишува пораки,ама јас како да се фаќам за влакно,он е странство и мн ми недостига,ме сака знам,ама не е баш како на почетокот и се ми се чини како јас да сум преосетлива.За ситници запаѓам во нерасположение.
    Незнам дали со мене нешто не е во ред или...?и не сакам да го гнјавам со глупави прашања а почнувам да гнјавам се плашам од сама себе :o
    Дали треба малку и јас да бидам у фазон као демек поладна сум и не се замарам многу или???
    Помагајте!
    Што пали кај машките повеќе?Ваљда не ме сваќа сега како здраво за готово.Он си ужива а јас се окупирам цело време со него и изгледа затоа сум ваква сум се опседнала.Што да правам за да го заинтересирам повторно толку многу?
     
  18. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Претеруваш!! Тоа е единствено што ке ти кажам.. Па не може ниту една врска да биде како почеток, ама немој да бараш премногу зошто ке го изгубиш! Ти чим наоѓаш замерки и влакно секаде сигурно више не го сакаш.. Озбилно така мислам, се надевам не е така!
    Смири се и преиспитај се себеси.. не е крив дечкото..
     
  19. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Не е точно дека не го сакам,баш напротив.Го сакам претерано!Можда затоа се однесувам вака,како да ми страв некоја да не ми го земи.Наоѓам замерки во смисла зошто ти требаа 15 мин да ми вратиш на смс,или му викам не ти фалам како јас на тебе и такви работи,а тој е позатворен тип од мене,јас повеќе искажувам чувства и тоа ме нервира.Сакам постојано да бидам во негово внимание,и стално мислам дека јас повќе се трудам и се мачам психички незнам зошто такви мисли ми идат,а знам дека со мене не е во ред нешто.Не сакам да бидам ваква,не сакам да го гушам и недај Господе да не чуе зло да му здосадам.Мислам дека треба малку да оладам,нели?и да не си правам филмови во глава сама си наштетувам вака.Кажете ми ваше мислење ве молам ми треба туѓо гледиште на ситуацијата.
    Благодарам.
     
  20. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    ^
    Да, треба да оладиш. Не се сите како тебе (пре)осетливи и да посветуваат внимание и на најситните детали. Или замисли па да налеташе на некој уште поосетлив и од тебе, па ќе го осетеше и самата она (ин)директно гушење за кое зборуваш.
    Дозволи му да го има она време за себе во денот, и сам да дојде до заклучок дека му фалиш, и сака да те слушне, да ти пише... Не мора сама да му ги наметнуваш тие „обврски“, зашто може со тек на време само одбивност да создадат. :)
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.