Чекај дигни ручна, каде јас споменав дека има само 2 типа на девојки. Па д.м.е.м нормално е јас ако не сум трансерка да изберам трансер??? Али тоа ти е друго...Значи прашањето беше општо па затоа и општо се дава одговор. Значи изборот се сведува на врска или авантура. Е сеа ако почнеме да мешаме доктори, па ај да умешаме и други професии, што нели не ја градат личноста и карактерот, а и љубовта. Па и во тие доктрори, рокери, рапери, секој е различен, така да на ниеден начин неможеш да генерализираш. И за шмизлите, не реков дека мора да е шмисла, добро средена девојка не значи шмизла-ете заради ова постовите треба убаво да се читаат. Коа мислев средена мислев на тоа да не е со мрсна коса, да нема влакна под мишка и доле, да не се шета секаде како по пижами. А, не да носи нон стп штикли и миничи. Значи не се расправам, ниту нешто префлам, али само сакав да ти појаснам. ајде поздрав
Благодарам за мислењата на aleknovy и Sunshine88 и да секако дека знам дека нема само два типа на девојки бидејќи сепак ние девојките сме малку покомплицирани но јас буквално правев споредба меѓу мене и една девојка уфф колку би сакала да му влезам на типот во мозокот па да видам што мисли позз
Zdravo i od mene za maloto slatko zajcence sto odgovori na nekolku zenski prasanja Ne mi se veruva deka postojat isklucoci od maskiot pol, no navistina mi e milo koga ke cujam ili vidam nekoj takov iskreno ne mi se veruva deka ima isklucoci vo maskiot rod
Па и не сум баш сигурна за ова што го велиш... јас баш скоро искусив спротивното... не знам дали типот толку е глуп или пак толку многу му се свигаше девојката... која сите ја зборат како е глупа, себична, а што е најбитно може има слатки црти но е дебелка... Така да заклучок, секој бара што сака, и зависно од моменталниот интерес (било каков) ... Ги сфатив двете расправии тука, и јас би сакала да знам што сакаат... пошто јас сум темпераментна, елегантна, понекогаш спортска (не само на изглед туку и психички), но не сум шмизла, не сум совршенство, но не сум ни дебела... од друга страна има девојки кои се шмизли (не целосно она пфф девојки со раката) , во смисол на интерес само на материјално, но можеби делумно некои од нив, се малку посмирени од мене, некако јас сум брза, не сум секогаш прибрана, ете како што кажа девојчето малку откачена )
Sunshine настана збунка во комуникација постот беше насочен кон kuchka не кон тебе. Значи, јас и одговарав на неа, а почнав со тоа што те спомнав тебе и ти го изнафалив постот. Значи сакав да кажам "Слушај kuchka... Sunshine ти објасни све убаво, ја само ќе додам abc"... Значи abc се однесуваа на kuchka, не тебе. Тогаш уште помалце има причина да се иде у типови на цури, шмизли, не-шмизли Ако се работи за една единствена цура и еден единствен тип, тогаш па ич нема врска со мажите и жените генерално. Значи, може чисто физички се погодила толку баш негов тип, што не е битно карактерно каква е. Може се погодила го потсеќа на првата девојка од градинка... Може се погодило баш у точниот момент ја запознал, може е зашто е шмизла, може е ради формата на очите... Милијарда случајни фактори, а не можеш да знаеш кој е, затоа не се ни мачи да сфатиш, 99% е сигурно дека ни он свесно не знае.
Еве и јас да одговорам на прашањето какви типови на женски сакаат мажите. Ако имам некакви пропусти во пишувањето, ова ми е прво нешто што го пишувам така да ќе ми простите Ок...има неколку разлики во тоа што сакаат машките да има во женска. Прво зависи до што му е на машкото. Ако сака сериозна врска, искрено, ама најискрено треба да го има целиот пакет. Значи пред се треба да му е убава, (ова го пишувам ДА МУ Е УБАВА зашто убава може да му е на него а на друг не). Значи тоа е тоа што прво гледаме = физички изглед. После тоа важна, ама многу важна е смислата за хумор. Сакаме некоја која што ќе знае да не насмее, а и да се зафркава на наша сметка, но и да знае да прими зафрканција. Ако има добра смисла за хумор, значи до некаде е комуникативна личност што не би и било проблем да се вклопи во кое и да било друштво, така да и во друштвото на дечкото. Нормално сакаме да знае да ти направи 2-3 реда нормален муабет, да ни даде совет кога ќе побараме и бидејќи зборам за дечко што сака сериозна врска, да знае да ни покаже дека не сака. Ќе ти кажам сега личен пример. Бившата моја беше и е, стварно гром девојка на изглед. Неможам да речам не. Ама никогаш не ми покажа дека и значам, барем малце, да ми дадеше на знаење. Не барав многу. Се што сакав од неа е да ми пише порака чисто да ми каже дека мисли на мене, или само да провери шо праам. Она тоа не знаеше да го направи. Кога и да пробав со нејзе сериозен муабет да направам, избегнуваше тема на разговор. Никогаш не почнуваше она тема на разговор или да го води разговорот. Па колку и да сакаш некоја личност доаѓа момент кога ти скиснува. Тоа ми беше поентата дека џабе ако имаш изглед ама немаш во главата. Ок, ке појде машкото со таа женска, ама кога ќе согледа дека она уствари нема комуникативни способности, џабе е. Како шо викаат, убавина до година, после тоа е карактер. Ако машкото сака некоја девојка за мување или за забава, е тука веќе може да се гледа само на изгледот. А тоа е така зашто не сакаме од неа да ни дава совети, да не подржува или едноставно да бидеме двојка, туку е чисто физичко. Ок, се надевам дека малце ти разјаснив што сакаат машките. И уште нешто. Кога машкото стварно се труди да ти угоди и да е со тебе, знај дека тогаш те сака и не играј си со чувствата негови зашто после целата таа љубов што ја чувствувал преминува во омраза. Или возврати му, или прекини секаков контакт !!!
Е добро де, еве јавно се извињавам, може нели? Ма знам дека може, и како и да е барем се доискажав...
Сакав да прашам дали на момчињата им се допагаат девојчиња со пеги по лицето или не им се допаѓа ? И какво мислење имаат обично кога ке здогледаат така девојчиња со пеги .. (можеби малку прашањава ми се ...но често пати имам комплекси заради пегите па затоа ме интересира ова )..
Нена потреба да имаш комплекси заради пеѓите. Многу од нас мислат дека се дури навистина така речено cute . Си даваат посебен шмек
И јас имам мало проблемче. Не сум девојка што би легнала со било кој. Пред една година си најдов friend with benefit Тогаш излегов од долга врска и не сакав дечко. Со овој 'пријател' имам одличен секс и поминувам одлични моменти. Постар е 9 години. Иако е познат женкарош и дечко кој практикува one night stand , сепак се гледавме една година. Пред три недели го имавме најдобриот секс и за прв пат и двајцата свршивме во исто време. Исто така и за прв пат имаше и нежности меѓу нас и разговаравме на многу теми во врска со нашиот живот. Навлеговме и во темата зошто сум сеуште сама, дали размислувам за дечко и слично. Кај мене се јавија чувства кон него за првпат.Проблемот е што повеќе не се гледаме. Ме нема побарано оттогаш. I've just been dumped and i don't know why...... help!
Octopussy ќе бидам ептен искрен со тебе и може на моменти ќе звучам како идиот ама за твое добро е. Значи ти самата си кажа ОН Е ЖЕНСКАОШ !!!!! ШТО ДРУГО ОЧЕКУВАШ ОД НЕГО???? Значи ти знаеше самата каков е и пак беше со него? па добро да почнам од тоа се почитуваш ти самата себе? имаш малце морал? дај свести се, иако си 18 размислувај малце утре како ќе те гледаат сите....за него си трофеј, како и милион други до сега, значи си го напраил ќефот он и те фрлил настрана....толку е таа!!!! АЛОООО тргај се настрана и зачувај си го угледот додека се уште имаш шанса, пред сите да те покажуваат со прст и да ти се смејат. Ќе сакаш озбилна врска за скоро време, епа ќе нема заради нешто што си направила додека си размислувала како тинејџерка. Иако стварно те испокарав, ама за твое добро е....Тргни се од него и сметај дека со тоа што не ти се јавува ти напраил услуга !!!! YOU ARE BETTER OFF WITHOUT HIM !!!!!!!!! MILLION TIMES !!!!!
Таа 'врска' ја почнав кога излегов од тешка и долга врска и кога бившиот ми се ожени после три месеци. Морав да најдам некој за да заборавам,за забава,а без обрски. Тогаш го одбрав него. Можеби ако најдев некој подобар или некој што ми се допаѓа освен него, немаше да одолговлекувам една година. Јас веднаш би се тргнала од него , но што правиме со моите потреби? Штотуку се преселив во Скопје и навистина е ризично па и прилично ми е тешко да најдам некој нов било да е fuck friend или пак дечко за сериозна врска.И да, јас сум девојка што го сака сексот и што го практикуваше барем еднаш месечно. Останува само да имам надеж дека ќе пронајдам некој. Wish me luck,Misery.
Значи според ова што ми го кажуваш за тебе е многу важен сексот. Ок те сваќам све тоа, но тоа не значи дека мораш да идеш со таков...Значи има милион дечки кои што ќе те ценат заради тоа што си ти, а да не те искористуваат. !!! А ако ти е толку важен сексот задоволувај се самата себе некое време !!!! Земи си дилдо....ок не е исто, ама ако ти е толку важно да ти кажам дека е далеку подобра опција од колку да си го губиш угледот и после 5 години да се каеш !!! Твое си е, нормално твој живот, јас само се обидувам да ти осветлам некои работи за да можеш да сватиш каква грешка правиш ако продужиш со него No need for luck...there's a guy out there for you that is going to be happy to be with you )
А зашто одма почнувате со тоа дека си го губи угледот? Таа не практикува секс за пари, не оди да има секс со кој ќе стигне, секоја вечер со различен итн... Мистери машко или женско си? И ние имаме потреба од секс, од секс без обврски, да поминеш одредено време со некоја личност без притоа да имаш обврски, зашто да не, посебно е тоа така одкако ќе излезеш од сериозна врска. Ама приота треба да си јасен спрема него, несакам обврски, се друго се прифаќа така? Не разбирам зашто би го изгубила угледот, тоа е многу подобро одколку да оди со некого и да и биде товар! Секој го прошол тоа во животот, ако не до сега, ќе го помине кај и да е. Сигурно нема од една долга врска одма да влага во друга, пред се поради сексот и да не ја зборат другите односно да не и се наруши угледот. Ова што го направила таа, сум го направила и јас и уште многу други девојки, а да и секое второ машко, и сега што јас не сум пристојна девојка, нарушен ми е угледот, затоа што сум спиела со некој без обврски. Да не треба за жена да ме земе сега. И каде тој тука ја искористил девојката? И таа го користела него, се користеле меѓусебно за да им биде убаво. Е сега во врска со твојов пост Октопуси, јас сметам дека од фак бадис неможе да дојде до сериозна врска, секогаш ќе се заснова на сексот, така сте почнале нели... можеби и тој почувствувал нешто спрема тебе и сега се исплашил зашто нели е женкар... мислам дека залудно би се надевала на нешто посериозно со овој твој френд, а бидејќи си нова во градов не би ти препорачала веднаш да си најдеш фак френд, почни со другарство па остави работите да се одвиваат постепено, којзнае може ќе најдеш некој што ќе ти се допаѓа и ќе се заљубиш и ќе си имаш стабилна врска. Ти посакувам среќа, и нека не те кочат тие малоѓраѓански работи дека така си го уништуваш угледот, се знае како се уништува углед.
Види мимс- Во право си , не викам не. Туку целиот коментар го засновав на фактот дека она ја одбрала погрешната личност за фак бади. Значи ок е да имаш секс без обврски, ама не со некој што ќе се фали после низ цел град абе брат ја плескав оваа вчера...Во таа насока ми беше упатен коментарот...А он нема да чувствува ништо спрема неа бидејќи првата причина како што кажавте каков е, а втората причина дека нивната врска започнала врз основа на секс...Значи он нема да го има потребното ниво на почит спрема неа...Ова е сега од моја гледна точка...Еве нека се изјасни и некое друго машко во врска со тоа дали он ќе ја почитува неа како што треба или не
Ако е во таа насока се прифаќа. Еве јас се извинувам погрешно сум те разбрала очигледно. Се согласувам со ова што го кажа сега. И јас мислам дека од таа причина што се почнало со секс неможе да си имаш понатака врска со таков тип, се знае за што сте почнале и како ќе завршите, и ќе ја нема сепак онаа почит што би тербало да ја има. Секако дека има и исклучоци нели... Исто и за тоа дека треба внимателно да одбираш со кого и што правиш, бидејќи да може после да се фали и да си кажува се, па така да стекнеш лош имиџ, што немора да значи дека ако типот е женкар дека мора да зборува за тоа со која како и што правел, може да е и некое мирно момче а да има голема уста.