Четворица се слагаме дека ја чува за резерва, каде гледаш нејасно или збунувачко или сакаш да ја лажеме дека многу ја сака ама иде со друга? Тука е сѐ добронамерно нема лутење
Kako девојка не се трудеше, ама како другарка се трудеше? Повеќе од година кај имате раскинато, нормално дека ќе си фати нова женска. А, ти ако навистина толку го сакаше ќе направеше нешто во изминатава година за да се смирите. Сега фати нова женска, ти ја фати територијата, во тебе проработи предаторството и го бараш назад. Иако сега е во туѓа постела, ти пак би го примила назад?
Се трудев како другарка да му докажам дека ми значи и го сакам. Се слушавме, се гледавме, исто како кога бевме заедно и ми даваше надеж...дури и отворено ми кажа дека му значам и можеби некогаш пак ќе бидеме заедно. И да, иако сега е во туѓа постела, би го примила назад, го сакам .
Мушкарци дали би се гледале со девојка која веќе има дечко? и какво мислење би имале за таа девојка? Дали доколку проработи хемијата малце повеќе помеѓу вас би сакале да градите врска со неа или уште од старт е вон конкуренција за врска? Дали факторот лепота, работа и сл.имаат влијание во вашата одлука?
Душо ... секако мори трендафилке дека има кодови..Не..не мислам на кодот на давинчи ама еве на пример јас иам формирано еден така наречен нов свет нова димензија со другарче со кое што можеме (ако е само пцуење и оговарање) .. мислам дека преку метафори можеме да опцуеме некој и притоа дури и тој/таа самиот/самата што е посочена во тој хејтерски муабет ќе и биде смешно Тоа е подсвесно кај машките... ама еве пример мене ако ме напне некоја со статуси од типот СРЦЕ ЗАШТО СЕ ОДКАЖА ОД ПРВОТО НЕ!! и статуси како : Нова година нова љубов,Лелеле матер мила ми треба дечко,Упорниот а не убавиот .. за овави работи за коса фаќам и од тераса доле...Зашо...епа зашо сакаат упорно да ни ја тестираат упорноста а упорноста е проследена со „замарање“..што значи некој сакаат да бидат замарани а некој не.. ама како да го препознаеш тоа?! политики .. Машките не се таинствени .. после 2-3 муабет ако ги привлекува сексуално типката покрај нив одма пуца .. сакаш нејќеш..чао..барем кај мене е така..не планирам да објаснувам како таа нема да биде искористена .. ..ако се покаже добро ќе има и поише од прв пат !
Мислам дека на ова не постои некој генерален одговор. Има дечки што дополнително ги „пали“ кога се гледаат со зафатена девојка, и уште толку сакаат да ја „ќарат“ од другиот, но има и такви што не сакаат да си имаат работа со „забранетото“. Притоа, нема фактор кој игра одлучувачка улога (лепота, работа...) туку се’ зависи од карактерот на дечкото и дали (и колку) си има поставено граница.
Еве ме мене пак тука да побарам некој совет Ми се засвиѓа еден дечко, почнавме интересен муабет да правиме.. откачен е и може да се каже дека е по малце и женкар. Почна да ми се пушта ептен, во школо, на фб, надвор од школо итн.. значи цело време правевме муабет, само што ќе завршеше часот доаѓаше кај мене пред училница да ме гушне.. се навикнав на тоа,ама во последно време не доаѓа, а кога поминувам покрај него се чини како да не се знаеме.. Последниве неколку дена ептен ме игнорира, се мислам што сум рекла погрешно ама не ми текнува.. се беше океј :/ што може да биде?
^ Па и самата кажа дека е женкар, така? Таквите сакаат да флертуваат на фази, да шмекаат, да се пуштаат... И после, туку-така, знаат да исчезнат. Така што, ако е баш така како што велиш, нема никаква вина во тебе; едноставно на дечкото му поминал меракот.
А што треба да направам за да му го вратам вниманието кон мене.. ? има ли нешто што би го 'сменило' oднесувањето?
Да,има.Според мене почни да го игнорираш.Кај мене тоа изгледа ќе даде ефект.Правев се спротивно од тоа игнорирање ама се покажа многу добро дека треба да ОЛАДАМ,и 3 дена олади и тој,ама почнува да биде поинаку,чувствувам...додека укапира дека кај тебе нешто се сменило па ќе почне да го копка се надевам.
Што значи ако машко прво ти пише на фб, те замара и те покани да излезете..? Ептен сум фина и да не му кршам филм му кажав можда, али сеа не знам што да правам. Хелп?
Па изгледа дека му се свиѓаш ептен многу-мое мислење.Ако ти се допаѓа излези не губиш ништо може ќе ти се допадне и ќе ти остави добар впечаток.
Значи вака, Тој е разведен, јас сум разведена. Тој има дете, јас две. Се видовме само два пати, иако беше убаво, јас од тогаш избегнувам да го видам. Но не успеав да го откачам, до вчера се слушавме . зашто да го откачам. Затоа што неговата бивша е во врска со мојот бивши . Целава ситуација е толку луда, ми треба мислење од некоја ладна глава. Значи дечково навистина ми се допаѓа , но се плашам дека секогаш ќе имам и една доза нервоза заради фактот дека покрај него нема да можам да избегам од минатото, а ни тој. Сакав да започнам нов живот , а некако покрај него не е можно тоа . Сега кога му кажав дека не сакам веќе да бидеме во контакт почна да се расфрла со изјави како ме засакал, итн. што ми е малце неверојатно за толку кратко време . Инаку тој јавно има девојка, а ќе ја откачел ако сум посакала . Не знам веќе што сакам, како го откачувам така ми е потешко, како да пропуштам убави чувства, но се плашам да продолжам. Се мразам што сум таква, но знам дека ако продолжам да се гледам со него , дека навистина ќе се приврзам и ќе го засакам ,а потоа се ќе биде покомплицирано. нели е ова луда комбинација, нели треба да престанам да контактирам? Знам дека ако ова потрае кога мојот бивши ќе дознае ќе изреагира мн лошо, а може да бидеме осудени можеби и од околината . едит : X Man очекувам и твое мислење бидејки се согласувам најчесто со твојот став
Совет од женско: Ич да не ти чуе за околината ни за твојот бивши маж, разведени сте, нека го прифати тоа, и двајцата имате право да си го продолжите животот, тој е во врска со неговата бивша, па од каде право да ти се лути и да му пречи што си ти во врска со бившиот на неговата сегашна девојка. Тоа што твојов дечко има девојка малце ми боде очи, нека и раскине прво, па гледајте се, па после одлучи што ќе правиш. Ако имаш убави чувства и ако мислиш дека би ви било убаво тогаш не дозволувај било кој или било што да те спречува. Осудувања од околината секогаш имало и ќе има, прост народ ќе те осудува и што си разведена, а не па што и дечко имаш ама не обрнувај внимание на малограѓанштината. Не се залетувај одма, ама нема ништо да загубиш ако пробаш, штом ти е тешко што си прекинала со него јасно е дека имаш посилни чувства. Ти посакувам среќа што и да одлучиш
Што прави твојот бивши и со кого е ама ич не те интересира, дали ќе иде со 5. 10 или 15 нечии бивши е негова работа и тоа ама во никој случај не треба да се рефлектира врз твоите постапки ама исто така и што ти и со кого правиш исто него нема што да го интересира секако под услов децата да му се ок . За твојот нов познаник едино ми смета што рекол ќе и раскинел на девојката ако си му рекла, тоа така не се прави, ако е сериозен нема што да ја споменува а ако сака стварно нешто со тебе он ќе раскине за да биде слободен. Вака ми се чини си го чува стариот бунар а гледа дали може да ископа и нов . Не знам колку долго контактирате но инстант и брзо заљубување е можно (иако ретко) ама кај него мислам не е баш реално туку малку искалкулирал со изјавата . Слободно гледај се со него ама во никој случај не се залетувај и не се заљубувај пред да си 100% сигурна дека има некаква перспектива за ако се премисли да не останеш заљубена а сама . Играј мудро и под твои правила и во никој случај не му попуштај на бомбастични реченици, место да каже нека ти покаже дека си му битна .
Феминци, ми треба помош за една малце понезгодна работа сега Има еден дечко кој моите другари ми го зборуваат со месеци, ме свиѓал, ме сакал и такви глупости, ама јас секако, не им верував.На почетокот не ми беше лош и разменивме телефони, ама бидејќи тој ништо не направи, а јас не бев посебно заинтересирана, ништо не се случи.Секојдневно се гледаме заради тоа што околностите не спојуваат, но воопшто не зборуваме кога ќе се видиме.Пред некој ден ми се јави и ми рече да излеземе на кафе и го одбив.Но, тој тоа воопшто не го сфатил како одбивање, туку сеуште ми се јавува и сака да излеземе... Моментално, не сум заинтересирана за него.Ми треба совет, за тоа како да го откачам на најбезболен начин.Проблемот е што е премногу упорен.Дали да го игнорирам или да излеземе и да му кажам дека не сакам ништо со него?
^ Па искрено не би ти препорачал да излезеш со него, зашто тој самото излегување ќе го сфати како најава за нешто посериозно, и само уште толку ќе се разочара. Додека е рано, и додека е свежо, кажи му отворено и директно (по телефон/смс, или при некое од оние секојдневните налетувања)... Не си заинтересирана, го сакаш Бред Пит и тоа е тоа.