Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    4.313
    Честа грешка која и машките и женските ја прават :

    Дечкото/девојката убаво културно ве прашале или поканиле преку порака sms, e-mail, facebook (можеби немале друг начин) и вие не му одговарате ама баш ништо ништо, ни една буква!!! Ниту „да„ ниту „не„ , ниту „можеби„.

    Тоа е некултурно и идиотски, си правите самите себе си лошо.

    Кажете искрено, сакате не сакате, ако треба отерајте го у п.матер ама одговорете нешто. Игнорирајте само тогаш ако типот/типката и покрај тоа што сте му рекле отворено дека не сте заинтересирани, упорно досаѓа. Ама за еднашка културно поставено прашање секој заслужува културен одговор со да или не.

    Една другарка ми се жалеше зошто убавецот кој ја поканил преку фб да искочат, престанал да ја забележува. Ја прашувам што му одговорила, таа ми вели „ништо, го игнорирав за да уште повеќе го привлечам!„ Алоооо :fubar: , па нормално, културно некое типче, видело нема никаков одговор рекло веројатно не сака, ајде да не замара, си брка наредна прилика.
    Замислете сеа ја да знам кој е, да му кажам, па заклучокот ќе му биде дека треба нон-стоп да досаѓа а наредната типка можда ќе го игнорира мислејќи дека на тој начин му става до знаење дека не е заинтересирана, а тој ќе продолжи мислејќи дека оваа го игнорира за да се запали уше повеќе... :D

    Што сакаш да постигнеш со тоа? :^) Што е толку тешко да кажеш дека искрено не си заинтересирана, поздрав и толку.
     
    На Dushica-sk, XMaN, CharmedGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    ^ Дејлајт, друга е ситуацијата. Мала сум за глупости што ги прави дечково. Сега најкултурно му кажав не. Се разбравме. :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Mims-89 и XMan :*
    Ви благодарам на советите, некако пред да ги прочитам и јас како да си донесов таква одлука но не бев сигурна да не грешам , сега ми е полесно :D ..
    Инаку за изјавата му кажав да не ми кажува веќе такви изјави бидејки не ме познава доволно за да ме засака, :) уфф малце ме фати страв бидејки најверојатно затоа што е поискусен опасен некако го доживувам, знам дека сите мажи кажуваат убави работи , колку мислат на некоја итн. ама он малку претерува... Ми кажува СЕ што сакам да слушнам :lol: и некако се осеќам како да паѓам во мрежа :tmi: ... Како и да е , ќе си се контролирам да не го засакам , па што треба да биде нека биде :)
    Едит : Инаку за девојката :tmi: против такви комбинации сум, но не би си дозволила да му кажам да прекине, он ми нагласува дека не се озбилно заедно а јас не сум толку очајна за да го терам на избор.. Сепак ние се запознаваме сега, можеби да а можеби не сме еден за друг, ќе оставам на времето, ако се случи некогаш можеби љубов, нормално дека поинаку ќе гледам и нема да прифатам , но сега не е време за тоа. :)
     
    На XMaN и mims-89 им се допаѓа ова.
  4. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    ми се допага дечко кој уствари не ни знае дека постојам . неаме заеднички другари и незнам како да дојдам до него . .моментално дознав дека е во друг град на краток период.. а глупо е по фејсбук да му се избацам ке си рече девојко ај шетај хахаа :o :tmi:
    има 21 година и сигурно не ги сфака работите како јас што ги сфакам .

    и сеа што понатака ?
     
  5. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Можеби малку глупаво и детско прашање, но ме интересира. :wasntme:
    Вака значи со дечко ми односно бившиот бевме заедно 2 години и 3 месеца. Раскинавме во неделата односно пред 5 дена. Причината беше затоа што му кажале дека сум застанала со едно дете што тој не сака да застанувам со него. :tmi: Љубомора.. :D
    Е сега на фејсбук ми изнапиша секакви глупост и ме избриша од пријатели и ме блокира. Потоа ме одблокира и ми пиша порака,а јас бев ладна и му реков ако решил така повеќе да не ми пишува. Повеќе пати се има случувано оваа до толку да се искараме, да се избришиме од пријатели, но по 2-3 дена пак се се средува. А сега јас му пишав пред 2 дена дали е среќен вака и дали навистина сака да е вака тој ништо не ми врати и не ми пишал ништо од тогаш.
    Дали е можно да ме заборави за 5 дена? :^) Мислам.. да продолжи со животот за толку кратко време?
     
  6. sillygirl

    sillygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Освен ако 2 години во врска не му значеле ништо, што не верувам, мислам дека неможе да те заборави за 5 дена... А да го прашаш лице во лице... не на фејсбук пошто така може и да се избегне одговор, доколку ако го прашаш во живо, нема да му биде така лесно, а богами и нема да му биде сеедно... :)
     
  7. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Момци, за мојот проблем пишував во друга тема, но сакам да слушнам мислење од вас... Пред сѐ ме интересира за она дрољичето, кое му е значењето тука сега... Инаку знам дека броеви си размениле, си пишуваат на фб и он ја тера да се видат... Порано, истото девојче сме го коментирале дека е такво, сега не знам како не би го било срам да излезе в чаршија со неа... Што ли му се врти низ памет... Што мислите, зошто мене не ме бара? :?:
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    4.313
    Ако е вашата врска завршена т.е. сте раскинале што е битно дали е сега со „дрољиче„ или „светица„? Имал човекот потреба од таква во моментов, можеби е таа како него па ќе го исцеди финансиски.
    Од негова страна ќе беше фер порано да кажеше отворено дека ја прекинува врската. Не е во ред што се „гребел„ финансиски од тебе, но од друга страна ти си таа што во тоа време тоа си го дозволила. Тешко ти е знам, но мора да сфатиш: Негов живот негова работа. Твој живот, твоја работа, твоја шанса да направиш нешто подобро и посовршено од она што било во минатото.

    :!: Многу важно: Жената не треба да вложува во машкото, туку треба да вложува во себе - своите таленти, образование, работа, здравје и убавина. Само така ќе наиде на ценење кај вистински добрите момци. А зависно од тоа колку тие заедно ќе вложат во врската, таа врска ќе биде успешна, помалце успешна или неуспешна.
     
    На nela.oh, franky, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Многу би ми помогнал совет од машка страна. Направив огромна грешка но сепак некако продолживме со врската тој беше искрен и кажа дека ќе треба многу да се потрудам за да може повторно да ми верува и да ми ги покажува своите чувства. Што мислите, како се враќа изгубената доверба? :^)
     
  10. franky

    franky Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Мислам дека доста тешко, сигурно ќе ти треба време и трпение додека тој не сфати дека може повторно да ти верува, а до тогаш можеби ќе имате моменти на слабост, префрлување, али најбитно е да не се откажуваш и да бидеш трпелива, со секојдневни мали гестови и внимание покажи му колку ти значи.
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Мислам дека за мојава ситуација совет од машка страна добро би ми дошол. Значи не е некој конкретен проблем, но навистина веќе не знам што да превземам за да не биде вака. :(
    Значи дечко ми многу се лути за ситници. Се му пречи, сака се да е по негово, често се караме за ова затоа што јас не го дозволувам тоа. А од друга страна, премногу го сакам и не сакам да го изгубам, но секојдневните караници станаа неподносливи, ни јас ни тој не попуштаме. А најлошото е тоа што и кога јас сум очигледно во право, тој не признава, туку си тера по свое. Неподносливо е, да раскинам или уште да се борам?!
     
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    ^
    Епа бидејќи кажа дека премногу го сакаш и не сакаш да го изгубиш, пробај со „радикални“ мерки, односно дај му до знаење дека ако продолжи да се однесува така, ќе те изгуби (нормално, ти нема 100% да си решена на тоа, но важна е неговата реакција кога ќе го соочиш со нешто такво, особено ако одите подолго). Ризичен чекор е, зашто можеш само уште толку да го испровоцираш и на крајот тој да преземе конкретна мерка во тој стил, но ако нема друг начин, собери сила и обиди се така... Ете, кога ќе збесне при некоја караница, замини си, или кажи му во стилот „Мене родители и роднини вака не ми се дерат, немаш право ни ти...“
    Ќе повторам, ова решение ти е меч со две острици, но и самата велиш дека поинаку тешко... :/

    Среќно, што и да одлучиш!

    Никогаш нема да ти верува како порано, секогаш ќе постои она мало ѓаволче во него, но можеш барем да се „избориш“ да ти верува доволно за да имате пак мирно секојдневие. Разговарај со него на секојдневни теми, барај негови мислења и совети за ситници, интересирај се за неговиот живот... Онака, докажи му дека ти е потребен и го сакаш покрај себе. И да, мали гестови не се на одмет (омиленото чоколадо, одење на кино...)
    Среќно! :)
     
    На crazyinlove19, lola-86 и Pelikuna им се допаѓа ова.
  13. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Вака-барам совет за добра пријателка не е за мене :D
    Иде со дечково 7 месеци а сеуште немале односи.Плус таа е невина.Ми рече дека сака да спие со него,и сакала тоа да му го напише по порака.Јас и викам спонтано ќе си дојде тоа само по себе а она е запната сакам да му напишам па сакам.Што мислите?Како ќе реагира машко на 1 ваква порака.Не сакам да биде искористена.Какво мислење ќе имал после тој за неа,не знам веќе што да и кажам.Дали тоа би го прифатил убаво или пак ќе ја свати дека е лесна и може да ја искористи.Совет,ве молам.
    Што мислите?добро е ова или не?
     
  14. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Лола колку години има другаркати?

    Од годините многу зависи дали ова би бил незрел чекор (и каков впечаток ќе добие дечко и) или современ во кој зрела возрасна девојка го прави првиот чекор, нема ништо лошо во тоа.

    Да го преземе првиот чекор е ок, али да му го пишува тоа во смс..? :^)
    Претпоставувам другаркати е помала, не би требало да размислува така девојка над 18 години...

    Ако врската им е сериозна, значи дечкото ја чекал 7 месеци логично е да се претпостави дека ја сака и почитува и чека таа да биде спремна за таков чекор па да имаат првпат секс. Така да, ќе кажам пак нема ништо лошо таа да му даде до знаење или да го превземе првиот чекор.
    Али по смс, јас не би почнала...
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    21 година има :D ...
    Па и јас не знам зошто така запнала.Тој не и споменувал ништо конкретно околу тоа и сега таа е загрижена зошто,ама јас мислам дека му е незгодно да напне,незнае како таа ќе го свати па си чека таа сама да му рече.Мое мислење иначе зошто машко само не би споманло,мислам дека од почит и од што ја сака,или па си има некоја за таа работа настрана штознам што да и кажам.

    Благодарам на одговорот. :* Иначе тој има 25 години :D
     
  16. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    fala bogu nekoj da se seti i na vakva tema
     
  17. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Колку е само чудно во денешно време да има девојка невина на 21 година :) ова не го викам во лоша смисла, ама ако земиме предвид колку се сами тинејџеркиве распуштени... :x

    Инаку, другаркати нема што да се замара, дечко и не е некое детенце што ќе си игра играчки со неа, па да и задава епитети лесна е ваква-таква... Тој си е зрел, претпоставувам паметен ама пред се е џентламен што не и врши притисок на девојката за секс, него ја остава таа да си каже кога е спремна. Секоја чест.

    Ако се осеќа спремна, нема што да се мисли дали е во ред или не пристапот. Само пак ќе се повторам мене секогаш подобар ми е спонтаниот пристап. Поточно нека таа си организира и осмисли во главата како, што и кога да се случи па нека го заведе. А немора да му даде до знаење по смс дека сака да имаат секс.

    Некако ми е детски, барем мене. И што ќе и врати тој? Добро, ајде спремај се, вечер :D Така двајцата ќе имаат повеќе трема, ќе очекуваат многу повеќе и можат да останат разочарани.

    Нека го испланираа таа да е поспонтано, барем за него.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    ^^ Нема ништо чудно ако се наоѓа и по некоја невина девојка на 21, 22 ... :^) Мислам зарем сите се даваат на 15, 16 ... 18?! Вакви размислувања кој век, па како ... не е можно, ми се банални.

    Лола другарка ти може да си каже и подобро е да му каже, зашто кога ќе се случи интимниот чин дечкото може да остане изненаден. Само не по смс, нет и сл. Ќе му каже кога ќе се во некој интимен момент, разговор и ќе објасни нормално дека сака и е спремна тоа да го направи со него. Тогаш ќе види колку ја цени и сака. А тоа после чинот дали ќе биде се како претходно нека не ја замара, само нека се препушти и нека не мисли. Како ќе се одвива врската после ќе покаже времето.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Благодарам :inlove:
    Конечно ќе и кажам да си ја оттргне таа мисла со пораката :D
    Ќе и дадам да чита што напишавте.
    Леле редовен дописник станав на темава со љубовниве проблеми :rofl: ,,,уште Nightwalker пак ми го нема :) од машкиве тој ми е закон со советите,се па него го слушам.

    Благодарам девојки :*
     
  20. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Јуле, погрешно си ме сфатила. Да, чудно е во денешно време да има разумни девојки, ај да не се лажиме, гледаме какви се младиве, се праат расут од 13-14 а за 15-16 ич не коментирам.
    Јас ова го кажав во позитивна смисла, како и што нагласив, нема ништо банално во мојот пост, напротив го кажав тоа со восхит за девојката, а не со потсмев.

    Напротив твоето размислување е банално, што мислиш дека се чуваат денешниве до 22. На исклучоците како девојкава, секоја чест.