Јас знам што треба ама треба да имаш сила..Да не си заинтересирана воопшто,да се правиш дека го прифакаш неговото однесување и да не паничиш...
Веќе 1 недела се однесувам така...ајде ќе продолжам така,да видам дали ќе има некој плод од се ова...ќе бидам рамнодушна.И знаеш што?Јас нема да му пишам прва ако сака нека пише тој.И ти направи го истото.Нека се запрашаат тие што прават,секако со нас е се во ред,со нив не е.
Лола, разговор разговор и само разговор. И тој разговор кажи му дека ке биде за последен пат направен. Или ке се смени нешто, т.е. ке се врати све у нормала или крај. Тоа речи му го. Можда и нему му треба некое слободно време. Ама без разговор, отворени карти ништо не правиш ем тебе ке ти е потешко и на девојкава над тебе ем ке си ја дооладите врската.
РАСКИНАВМЕ!Се оладил типот од мене,се осеќаше виновен се слушнавме на скајп.Не му беше некако убаво кога му кажав дека се разочарав од него.Јас му ги вадев зборовите со клешта,и му реков не ме сакаш,сакаш да прекинеме?И тој ми кажа дека чекал да помине време можда ќе му се врателе чувствата незнам што,и јас му реков со сила не бива.Не те кривам што си се оладил те кривам што криеше од мене 3 недели,а не бев глупава...и да не го седнев јас ќе ме маткаше само,нцнцн. И тешко ми е ама и ми олесна.Ама имам впечаток дека ќе падне голем пишман и дека ќе му се врати како бумеранг па ќе моли...Ме направи да ми се гади од него,се разочарав од него како личност.
Зајко, зајко, мило зајаче Вака сега, има едно дете требаше да се фатиме пред една год. ама јас заминав на одмор и тој со др се фати , и ко имаше проблеми со женската кај мене идеше за совети, раскинаја сакаше пак со мене да се фати, јас нејќев(оти уште му бев лута ), се фати со др, раскинаја и после пак кај мене се врати, јас пак реков не.... И сега со една др раскина и пак сака со мене да се фати... И што мислиш ти.. Оти постојано ми се враќа??? Фала однапред
Значи хелоу,многу мразам вакво однесување,кути како п*чка,не знае да се однесува,и очекува да го молиш и да го тераш да ти каже кој е проблемот.А после некој ке ми вели имало машки.Дај обиди се да се справиш со ваков тип па ке видиме дали после ке го мислите истото,Yeah Righ.Изумрен род се веке тие,секоја чест на исклучетоците али веке малку по малку ги однемува.Зар вакво однесување има машко?ха ха ха повеке ми наликува на 5 годишно дете..Извини лола но така е,не можев да се воздржам кога го прочитав тоа.Преку скајп?Па нека ти каже во очи бе да видам колку ке го мисли тоа.Радувај се што завршило бидејки ти си му понудила љубов а тој?Тој ти понуди стардање,ништо друго.И јас бев таква како тебе пред некој период ама сега оладувам...како да се читам себеси.Ма дај,тоа е тоа.Лајф гоус он...Нека го,тој губи а не ти,и тоа не ти го велам да те утешам туку навистина е така.Не си ти виновна,не жали воопшто... Ох колку и јас сакам да му се врати,јас се изнервирав а којзнае како ти е тебе зошто од вакви "машки"ми се гади
БЛАГОДАРАМ на твоите зборови кои ме утешија,знаеш што се осеќам излажана,а повеќе ми е криво што дозволив да бидам понесена од љубов си реков ова е нешто вистинско и на крај...ама ако,се се враќа.Мене совеста ми е чиста,него сигурно не!Така да јас ќе се помирам сама со себе и со се,а тој нека го носи товарот на грб. Pelikuna ох колку ми е подобро од кога ми пиша ти.Иако не се знаеме во овој момент те сакам,те сакам што ти си тука во најтешкиот момент и ми ја даде поддршката што првично ми беше потребна.
Ах,знам како ти е Спојлер сакав да ти пишам порака ама гледам дека не можам па затоа ти пишав за тоа во Специајлен поздрав. Полоша работа поминав од тебе,верувај ама еве така дошло.Ке внимаваш следен пат.
Ах,знам како ти е Спојлер сакав да ти пишам порака ама гледам дека не можам па затоа ти пишав за тоа во Специајлен поздрав. Полоша работа поминав од тебе,верувај ама еве така дошло.Ке внимаваш следен пат. [/quote] Не можам да пратам порака кај тебе зошто?Досега и не сум праќала л.п.па можда имам нешто направено Ќе пробам утре баш да видам.
Не можам да пратам порака кај тебе зошто?Досега и не сум праќала л.п.па можда имам нешто направено Ќе пробам утре баш да видам.[/quote] Mоже си отштиклирала да не добиваш провери у контролен панел и приолагодувања,да не идеме оф топик
lola-86 и мене ми се случи речиси иста ситуација, ете ако го прочиташ моите пишувани мислења по темите ќе видиш...и последниот дечко со кој бев така некако се оддалечи па се што можев и МОРАВ НАЈМНОГУ ЗАРАДИ СЕБЕ да направам е да продолжам напред најдобро што знам! Така и е! Стисни и ти заби, без разлика колку да звучи ова клише и секој втор совет да звучи исто. Диши длабоко и самоуверено продолжи напред. Ај машки демек треба совети да даваат, така гласи темата
Тоа што си се разочарала од него како личност искористи го како сила да продолжиш понатаму, зашто факт е дека ќе има денови кога срце ќе ти плаче по него. Чувствата не исчезнуваат туку-така, и или од нешто самиот бил поттикнат, или веќе подолго време работите не биле на место. Сега, остави се’ на него, ти тргни се настрана, и што и да правиш, занимавај се, не седи без никаква активност, зашто така најлесно лошите мисли и расположенија доаѓаат. СРЕЌНО!
ајде совет од машка страна дали машките секогаш се љубоморни колку и да имаат долга врска или после некое време оладуваат ?? јас со дечко ми сум во врска 1год и 3 месеци но тој е мн мн мн љубоморен ..дали ќе се смени со време? дали ќе свати дека и јас треба да имам свој живот ?? ВЕ МОЛАМ ПОМОГНЕТЕ
Не се секогаш, се работи за особина која е еднакво застапена и кај машките, и кај девојките, и зависи од тоа колку се развиени чувствата кон партнерот/партнерката, колкава е довербата во него/неа, но и самодовербата. Така што, сево ова може да влијае на начинот на кој дечко ти е поставен кон тебе.
Па ако е претерано љубоморен, не верувам. Имав јас таков, и си велев ај ке се смири, ке се оправи ама ништо не бидна.
а дали при секс значи дека машкото ужива ако испушта звуци ?? и како се познава на др начин дали ужива
Не знаев каде да го поставам прашањето,па ајде овде. Значи пред некое време си пишувавме со еден тип кој беше симпатичен онака ама не беше мој тип и не ми се допаѓаше,камоли дека би можела да имам некои чувства за него.Обично во разговорите на Фејсбук си пишувавме само едни исти работи.Знаете,бош муабет од типот "што правиш и што има ново" и тој ми предложи да се запознаеме.Едно време мислев да се запознаам со него но постојано се предомислував од причина што мислам дека нема да успеам да имам некои симпатии спрема него.Моето прашање е дали е правилна одлука ако одлучам да се запознаам и да имам нешто со него без притоа да ме привлекува на било кој начин?
Види зависи ... Ако баш поима немаш за него тогаш џабе е , сигурно не те вика да гледате во небото и да си кажувате приказни . Ако бар малку даваш шанса каква таква тогаш марш со него . Млада си ова е твое време за запознавање , дружење и остало . Ако не планираш ништо тргни се настрана не го кревај на 7 небо не му давај надеж па после да тресне лошо на земја ... Укратко кажано отвори картите
Ајде и јас да ве прашам нешто. Едно дете кое е поголемо од мене околу 6-7 години ми пиша еднаш на фејсбук,ми се виде убав и му вратив.И така почнавме да си пишуваме секој ден и ми рече и да испаднеме,ама се снајдов некако и го одбив.Потоа за следниот викенд ми рече пак да сме се виделе и прифатив и стварно планирав да испаднеме,ама он требаше да оди за Св.Николе и ништо,пак не испаднавме.И ми го побара бројот и пред некој ден ми вика може ли јаса да ти се јавувам,ако не ти смета и му викам не ми смета јави се слободно.И еве вчера се слушнавме,постојано си пишуваме и сега прашањево ми е,дали ќе сака нешто повеќе од мување (да напоменам уште ништо не сме направиле,оти како што кажав не сме се виделе,ама во сабота ќе испаднеме) или пак знаете онака,не сака ништо сериозно. Како одат кај вас тие работи,ако сакате нешто повеќе со некоја и пишувате постојано и се јавувате или пак нема врска,и да не ви е за озбилно пак истото ќе го правите? За да го сфатам што сака,затоа ми треба мислење од машка страна,не знам како ви одат тие работи
Еве ти и од женска, ако не се смувате прво како ќе знаете дали има хемија и искри меѓу вас, ако тоа проработи после е лесно, ќе знаете на што сте и накаде би ве одвеле работите. Битно се гледа дека има интерес, понатака зависи од двајцата. Среќно