И јас истото го тврдам. И то од реално искуство,не од слики. Типчето со цурата(полничката) си се гушкаја,и една испозанесена му се пушти него,а тој каква корпа и мавна леле ...и си се врати кај другава . Сепак искрено треба многу да влијајш со карактерот за да те засака, иначе зошто да не би можел.
Ај јас да си прашам нешто пред да си легнам...Има едно дете со кое си пишувавме пола месец,ама тоа пишување никогаш не било подолго од 20 мин и само кај си што правиш,како на факултет,како нашколо...и испаднавме во саботата,бевме каде што бевме на кафе и после ме однесе да ми покаже демек каква глетка имало од некој си рид и бевме што бевме,романтики пукаат (а јас далеку од романтична,ама ај ми се допадна што се потруди) и ништо не направивме бидејќи не сакав на првиот состанок и плус ама баш ништо не знам за него,дури ни таа вечер не зборуваше многу...и си немаме пишано од тогаш,јас му пишав следниот ден ама ми кажа гледал фудбал и му викам епа ајде гледај си ќе се читнеме друг пат....и вчера беше укл ама само на неколку минути и не ми пиша...и гледам бил на кафе со другар таму некој и со уште две девојчиња,колешки од факултет...е сеа прашањето ми е,дали он загуби интерес или да си почекам уште некое време да видам како ќе се однесува со мене,дали ќе ми пише,како ќе се однесува кога ќе се видиме
Cia, мислам дека е јасно детево шо уствари сакало од тебе, мислам, ако имал интерес за тебе ке има и после таа вечер. Ваљда очекувал да се смувате или нешто слично. Мој совет продолжи си со животот и глеј не му се замарај, повише од јасно е. Мене слично нешто такво ми се случи со другар еден шо целта му беше само да ме смува ... ама одкако се оттргнав и си заминавме не ми пиша више. И јасно ми стана .. Така да заеби го и ич око да не ти трепне , ке се најде некој друг
Da go viknam li tipot sto se izmuvavme na prv sostanok na kafe? Ne znam so milenje ima za mene, ama mi pisuva i taka zainteresiran deluva, nikogas prv ne se isklucuva se jas mu velam ke odam vamu tamu, pred nekoj den padna muabet demek nekoj film treba da mi dade, koga ke se vidime, mi vika demek mn sum ucela va ona ama ne me vikna na kafe, dali ceka jas da go viknam?? Sakam da go muvam paaak !
Еве го гледам уклучен веќе 15 минути,ни пишува ни ништо,инаку одма истата секунда кога ќе се уклучам ми пишуваше...викендов претпоставувам дека ќе се видиме низ чаршија па ќе видам тогаш што како...
lady19 Можно е да чека,а искрено и мене ми делува заинтересиран. Почекај уште некое време ќе видиш,ако е заинтересиран ќе те викни . Освен ако не е некој ептен срамежлив.
Прави го тоа што го сакаш, за да не се каеш еден ден. Ако толку имаш желба да го муваш - едноставно мувај го. Не се оптоварувај со тоа кој кого ќе покани Постојат две опции. Првата е - дека се разочарал затоа што не успеал ништо со тебе на првиот состанок, па сега му е срам да остане во контакт со тебе затоа што се чувствува дека е слабак. Втората - веќе ти ја кажаа и е многу едноставна. Нема интерес кон тебе, па едноставно те избегнува со игнорирање. Што и да е причината, дознај ја кога ќе имаш можност. Секое искуство е добредојдено за твојата понатамошна среќа во љубовта. Поздрав CIA, па наврати некогаш во форумските игри како порано, не ни недостигај толку
има едно момче пишевме порано ама ни се изгуби контактот и пред скоро еден месец пак ми пиша.прво праевме онака нормален муабет после малку се опушти.навечер ко ќе се сретниме во викенд се поздравуваме ама тогаш ми изгледа многу срамежлив за разлика од каков е на фејсбук.и денес го видов се сврти ме виде и продолжи да оди и ја наведна главата.сигурна сум дека не е можно да не ме позна...сега уклучен е не ми пиши.што е проблемот? не е срамежлив по природа,ама не ми е јасно оти вака се однесува?
несигурен е во себе нема доволно самодоверба,сигурно има некои комплекси.И на мене ми се пуштаат женски преку фејсбук али у живо бега ли бега...
Go viknav i pak se muvavme, preubavo si pominavme...muabetot ni trgna, pa 5 saata utepavme zaedno.. Mnogu e vnimatelen, me guskase, me isprati do doma. Deneska si pisavme cat,pat onaka...Koj e sledniot cekor..Da pocekam sega toj da me vikne? Losa vest:za 10tina dena ke odi na pat 1 mesec :/
Пред 3 години се запознав во еден дечко, бевме неразделни пријатели и мене ми се засвиѓа и се смувавме после тоа не зборевме пола година не знам зошто, ама гордоста и инаетот не ни дозволуваа. лани почна се одново и во есен пак се мувавме и океј е се и почесто се караме за некои глупости па не збориме 1-2 недели некогаш помалку, ама ме чуди тоа што порано он не пишуваше, не се јавуваше на никоја девојка, се што дојдеше кај него беше за една вечер и он не се обврзуваше за ниедна, но мене ми се јавува без причина понекогаш на фб ми пишува секој ден, некогаш се прави "важен" и го нема некое време и чека јас да воспоставам контакт. И МНОГУ Е ГОРД!!! а во меѓувреме нема друга како јас што знам и сите негови пријатели знаат дека има нешто меѓу нас и се иницијатори на излегувања. На пример еден негов добар пријател ми пиша да сме излегувале за викендот сите заедно. Значи тој според мене се промени и ме копка дали му значам нешто и дали тоа што го прави е искрено. А тоа што се врткаме 2 години ме наведува да си мислам- што е вредно тоа и трае..ама па стварно не знам а и кога ќе размислам дека машките не можат да глумат како нас женските почнувам да мислам дека има нешто убаво во сето ова..аххх
Моожеме да глумиме и те како ...али признај дека тоа што е горд е токму она што те привлекува :Р а штом пријателот те канил сигурно има нешто!
Прашање до машката популација на форумов: Што е со вас мажите и со таа ваша дрскост? Ние жените се разбираме и од зафрканција и заебанција ( да ми простите на израз),али се си има граници. Си земате за право да се опуштите премногу во муабетот дури и со жени кои не ги знаете добро,да не речам уопште. Муабетов е билдање его,немање секс сто години па да излечам фрустрации или што...? Не добивате или поточно тој некој не добива до тоа понашање бонус поени кај мене. Се надевам некој од вас таму ќе го свати моево прашање и ќе прочита меѓу редови за да ми одговори. Однапред благодарна Мистериозна.
Што кога машкото вели дека не верува во машко-женски пријателства, а притоа има женски пријателки ? Ај рили донт гет ит.
Тоа значи дека ти несмееш да имаш другари зошто по дифолт секој од твоите наводни другари сака да те легне, а тој не ги гледа така своите другарки
Да ја сефтосам темава со мој проблем Имав еден дечко, не баш дечко, туку така подолго време (околу 2 години) повремено се мувавме, повеќе од тоа не можеше поради други проблеми, не е битно, тоа беше пред повеќе од 3ипол години. Во текот на тие 3 години, јас ретко го среќавав, а и кога ќе го сретнев апла го игнорирав и тоа без причина Конечно го начекав на фб, јас и немаше на тоа да се ослонувам, но ниту имав негов број ниту го среќавам често и во петокот вечер почнавме муабет(на фб)-беше многу фин и заинтересиран, сам ми рече дека сум му оставила впечаток како да не сакам да го гледам, па ме праша би сакала ли да се видиме и ми побара и даде број. Арно ама, он мене се уште не ми се јавил-само во понеделникот кратко ми направи муабет во кој спомна деновиве ќе се видиме. Па така, прашањето ми е, од машка (и женска) гледна точка дали е тоа доста период или јас од што сакам да се видиме сум нестрплива? Да направам јас нешто? Не би ми било незгодно и прва нешто да направам бидејќи изгледаше многу заинтересирано, а и одамна се знаеме, но сепак тој спомна уште на првиот муабет дека ќе ми се јави.
А ова го заклучи од искуство со колку машки? Зашто и јас можам со конкретни примери да ти посочам дека и џенцките го прават истото, па никому ништо . Се има случено да се опуштат до тој степен и да се зезаат на тема за која знаат дека сум чувствителен. Или пак да ми зборува за тоа колку корпи акнала викендот, а дека ќе акнела и уште 3-4, ако не си одела порано... Седи не ме знаеш работава. А пак за оние, дрските, недопирливите, да не ни почнувам да зборувам. И не само кај мене, таквите, што на пример со нос дигнат стојат на сепаре и дрско бараат простор 2х2 само за нив, не добиваат поени кај никого. И за крај, секако, колку што ние го сакаме сексот, толку и вие. Така што, сексуалната исфрустрираност и кај вас е застапена, и од ракав ти кажувам дека имам 3 (три) другарки кои поради истата таа исфрустрираност имаат направено доста заебани грешки. To cut it short, нема конкретен одговор на ова, me thinks ! Си налетала на таков тип луѓе де, не таков тип машки конкретно. Бегај од нив, настрана... Велиш дека едвај те знаат, или уопште не те знаат!? Уште подобро, полесно ќе ги отпишеш од животот. Ако си во врска со тоа машко, се издава дека е љубоморен и посесивен тип. Ако е некој со кој си другарка, или индиректно ти кажува дека сака нешто повеќе, или едноставно не го интересираш. Преземи инцијатива ти, за набргу да дознаеш на што си со дечкото и да не те копка. Поминало доста време, и иако делува заинтересирано, може само да си „уште една во низата.“ Кога машкото е заинтересирано за некоја џенцка, не сака да одолговлекува гледање и зближување со неа, oсвен ако не си „шара“ и настрана. Ако е сингл, ништо не го спречува да флертува или прави нешто повеќе со тебе, особено ако се има предвид дека веќе нешто некогаш сте биле; те знае, игра на „сигурна карта.“ Така што, дознавај побргу и одлучувај. СРЕЌНО!
Еве го мојот проблем. Милиот мој долгогодишен бојфренд, се понаша ко да го фатил тек сега пубертет. Имаше 2-3 периоди кога остануваше без друштво од негови лични причини и тогаш према мене беше маченце. Признавам, многу себично од моја страна, ама одев до такви крајности и пак не кажуваше ни збор. А и кога бил со друштвото пак ме толерирал. Ок, сфативте сакам да кажам (признавам), ми идел по гз ептен. Арно ама, еве сега почнаа некои нови друштва да се вртат. Прво беа едни клошараана (значи буквално) со кои толку се претвори во креле, што сите останати околу него почнаа поштено да го избегаваат исто и јас, дојде и до раскинување, па мирење па глупости. Не знам како, не знам зашто, се распадна после некој месец тоа друштво (ептен ми е мило да бидам искрена) и се врати у нормала дечково. Пак месец дена без некои блиски другари/ки и пак он преде покрај мене. Последниве две недели некако пак ми се ојача и кога еве се здружил со нови луѓе. Не е како претходниот пат, ама пак она знаете малце сила покажува, се праи малце важен. Овие луѓе рака на срце, вака од што сум ги видела еднаш, барем пружиле рака се упознале што ми дава некоја надеж дека се ок дечки. Да напоменам, не се мешам ич, за претходните признавам многу се лутев затоа што ми влијаеа на врската, инаку да му кажувам јас со кој да се дружи немам намера. Ама жално е да признаам дека дечко ми со кој сум гоооодини во врска, кога ќе си најде друштво малце се мења према мене. Не е нормално тоа, нели? Сакам да испадне дека преувеличувам, ама за жал не е така. Муабет не помага, секогаш јас сум љубоморна и сакам да нема друштво (кој ку*ац ти е бре?! ) и такви ствари без везе. Се осеќам дури малце и искористено. Ми смета ситуацијава, дајте ми предлог како на најфин другарски начин да му докажам дека ни малце не ми смета што има друштво додека не ми се мешаат у врска и додека он се понаша со мене како што се понаша и без друштво. Дури сега си размислувам дека може не е друштвото проблемот туку самиот он што е такво копиле. Извинете на долгиов пост, имате некој совет за мене, или то је то сама се си кажав