Сакаш да кажеш дека кога ти оди по газот е во нормала а кога фати некое друштво го добива шмекот на маж што сака да се побуни за нешто и тогаш тоа те нервира? Ти треба да се преиспиташ дали на тебе ти треба дечко или некој кој ќе ти биде покорен пред тебе со сертификат.
^^ Очекував ваков одговор. Не ме ни сфати што ми е поентата. Морав така да се изразам, за да ме сфатите дека кога е само со мене на некој начин како намерно да е таков, во стил еве најдобар сум, морам пошто само ти си ми друштво (улизување), а кога има и други покрај него онда е забележително поНЕвнимателен. За да ти појаснам, ти немаш друштво искачаш со женска ти, ќе ја викнеш да се видите, ќе и направиш фин муабет итн итн, одеднаш имаш ново друштво и се ова претходно се сведува на 1/3 не ти текнува да ја викнеш затоа што си бил на кафе тој ден или ќе идеш па не ти е досадно. Ако претходно коа ти дала совет онака културно ќе кажеш фала на пажња, сега одеднаш превртуваш очи у стил ајде бе ти мене ќе ми кажуваш. Да признавам дека се ситници, ама мене ми се важни. И се тоа се повторува во зависност од присустноста или отсутноста на друштво. Па дури и да е така како што ми пиша, ако си лингур или папучар биди цело време, а не аа сеа сум идам по гз, ааа сеа имам друштво кој ја е*е. А најтрагично од се е што јас не сум девојка која бара огромно внимание, ни се гледаме секој ден, ни се слушаме повеќе од 1-2, ни треба он мене ѕвезди да ми симне, ни да троши пари на мене, ни да смислува романтични бљувотини. Ама времето кое го поминуваме заедно, знатно се разликува во зависност од тоа горе што го споменав. Се сфаќаме ли? И ве молам, момци, ако планира некој да ми проповеда дека сум расипана или еве вака да се преиспитам дали ми треба дечко-роб, фала али не треба. Не ми треба јачина и машко алтер его, ми треба совет.
Го има секое право. Јас би те истролал до ниво на неповрат. Па фала богу дека само со тебе ќе е таков и дека ке сака да покаже заби кога ти го лиже газот со години. Исто како секое живо суштество кога ќе му дојде малку време да ја искаже својата желба за слобода на говор и дејствување.
CrazyStupidLove јас искрено те сфаќам како ти е ,и не го оправдувам то тој шо се понаша така кон тебе.Ако зема сила нека се покажел таков и кога немал друштво,па тогаш можи ти немало да сакаш толку да ти оди по газот оти тој уште на почеток ќе покажел заби.А вака,самиот тој си напрај ти да го контролираш,на некој начин те навикна да го гледаш таков,да биди внимателен со тебе,да му си на прво место ...и сега се осеќаш како да си со друга личност. Впечаток од целиот муабет е дека дечко ти на почетокот бил без самодоверба,зато и ти дозволвал толку да го контролираш..А како си поминва време,си ја здобива самодовербата,си создава нов круг на пријателства,и на крај немој ни да те чуди ако те шутни. Биди си претпазлива,зш познато ми е кога вака се понаша некој. Не можиш да го обвинваш него зошто се променва,оти та промена него му е во полза.А уште помалку да го промениш.Колку појќе му покажваш дека ти смета,толку појќе ке постигниш спротивен ефект. Шо е до мене следниот чекор е да те викни тој. Е сега некој машки викаат дека то со чекањето е детска игра...Така да не ни знам шо е правилно појќе. Ако ти е само за мување не се замарај толку. Ама ако планираш неш сериозно тогаш мислам ти е паметно да почекаш.
Па тој не бил врзан да и го лиже газот. Што,можеби таа му ставила пиштол? Тој толку ако бил силен можел слободно да си оди ода таа врска,а не да се прави маж само коа ќе си најде другари или што е да е тоа. Бог да чува,ова излегува како девојкава да е крива што тој има понашање нула. Што знам,велиш дека од муабет нема абер, али... Пробај да му кажеш убаво или докажеш дека стварно нема проблем тој да има пријатели и другари ( нема човек на кого не му требаат пријатели ),али дека не ти се допаѓа неговото однесување со тебе додека ги има тие другари. Ако не се промени,епа сега фала чао пријатно и пепел таму. Не е муабетот да сме едни насамо,а други меѓу луѓе...
Верувај дека ако девојката не сака лижење, машкото најмалку тоа ќе го прави. Сигурно му давала некакви знаци дека тоа и годи така да не се пали одма и послушај машко што ти каже, сепак ова е тема за совети од машка страна. Имам јас другари кои имаат такви врски, коментарите се „И го лижам гзот оти ако не и го лижам ќе ми се лути или ќе испадне дека заби покажувам“, затоа не е така едноставно кога викаш дека таа нож на врат не му ставила за да и го лиже газот, не нож ама има нешто матно ....
^^ А кажи ми пошто нели он со години живеел во црнило и беда на мојот маченички ум, ако не му било убаво зашто не раскинал? И ситуацијата не е последната година или месец туку од почеток на врската таква. Ама сега се случи два пати за краток период и затоа почна да ми смета. Не знам искрено дали некоја женска гадно те заебала па сега мене вака ми се истури, како и да е фала ти на одвоеното време. Не одам контра против твоето мислење, на место е, прифаќам и совет и критика, само што не ми ја тумачиш правилно ситуацијата. И не пишав овде за да ме извреѓа некој, а и не ми значи затоа што е форум, ни ме знаеш, ни те знам. Али сепак е ова женски форум, пред се, и мислам дека можеме покултурни да бидеме према оние кои дошле за каков и да е совет, па макар и да се со најглупата можна ситуација на светот. Фала уште еднаш.
Колку само не си во право. Луѓето те гледаат само како ти ќе се поставиш пред нив.Така и тие се однесваат кон тебе. Ако покажиш малку заби вервај дека ќе напрајш женско да трча по тебе. А другарите твој ,се плашат да не ја изгубат,бидејќи немаат самодоверба. Да имаат ,ќе си речат и да ми се скара ќе си најдам друга, не е последна на свет. Значи,пак идиме на то дека како ќе се поставиш така ќе се однесваат останатите кон тебе. Никој не му е крив нив шо така си се поставиле.
Колку и да мислиш дека ги познаваш машките сепак ни 4,56% не ги познаваш. Сепак повеќе комплицирано е од тоа што мислиш и дека така едноставно мислиш дека можеш да анализираш секое машко. =)
Знам дека сте комплицирани за разбирање ,ама ова шо го дадов за пример е општ случај.Ништо конкретно со машките. Значи чоек шо нема самодоверба(машко/женско),се плаши дека нема да најди друга личност и дозволва да ја вртат како шо сакаат. Чоек шо има самодоверба,си поставува правила и граници ,кој ако не се испочитувани,исто како да не постоела некогаш та личност.Клоцата в газ и во поход на нова жртва.
Де бре ванка? Од кога тоа ти да даваш пример за општ случај? Ти ги застапуваш сите? Биди малку реална и сфати дека индивидуално е се` во овој свет, се за што постои избор. Јас имам самодоверба и не значи дека одма ќе си барам друга женска ако имаме мало недоразбирање во врската или ти како што го викаш „те врти ко шо сака“. Нека ме врти, можеби тоа ми е фетиш, можеби сакам да ме врти затоа што сакам да и угодувам, можеби не сум некој егоистичен кртоку*ац за да мислам дека се се врти околу мене. Имај малку разбирање за индивидуалноста.
Тогаш како ти глобализираше за НЕКОЛКУ твои другари ако е се индивидуално? И како ние да ги знаеме машките повеќе од 5, 6784958 % ако се е индивидуално? Или како ти ги знаеш женските у обратен случај? Другар, егото ти е до небо. Не збориш лошо, во право си за некои работи, ама за други грешиш. Не си ти Бог, ни сум јас или било кој овде, така да прифати дека некои работи не си ги проценил како што треба. Се дешава, никој нема Х на чело да ти пише ради тоа.
Незнам што ти е проблемот да ставаш зборови во уста, ама никаде не спомнав дека знам ни 1% од женските и никаде не спомнав дека познавањето на машките ќе биде поголемо од 5% баш затоа што се е индивидуално. Те молам прочитај тоа што го пишувам 2 пати. Гледам дека си изреволтирана, ама барем потруди се да прочиташ 2 пати и да сфатиш така како што треба а не како што ти сакаш.
Значи изгледа не се слушаш шо зборваш. Еднаш викаш дека кога би бил ти на местото на дечкото , би ја истролал до ниво на неповрат,а после велиш дека можи би ти било фетиш. Ма немој.. Фетиш да,ама се во свој граници..Ако остам јас некој цело време да ме влечи за нос,единствено изигравам будала и ништо друго. Не ти е крива некоја ако сам и дозволиш да ти се понаша така.Па макар и да ти е фетиш ,ете..
Абе знаеш да препознаеш претпоставка и моментална вистина? Изгледа не. За фетишот зборев за другите. Можеби тоа на некој му е фетиш, а лично за мене јас би ја истролал. Читај 2 пати.
А извини како можи ти да кажваш за другите? Како можиш да тврдиш дека тие шо имаат самодоверба би поднесле некој да се однесва така со нив? Ете сме пак на индивидуалноста твоја. Значи ако кажваш нешто ,практикувај го и ти..И не давај примери напразно..
Дечки ви предлагам да почнете одново, да не се сватите погрешно ама местово за дискусија е отпочнато со целта да слушнеме, побараме совети од машка гледна точка. Фала богу секое машко е различно, но тука не се бара целина, група, организација или индивидуалност. Секој си има право на свое мислење и дај да го почитуваме тоа. На крај постои и декларација за слобода на говор и изразување. Да ги слушнеме и мажите што има да кажат Еве јас ќе почнам одново за да ве изгурам (според мое мислење) на прав пат. Би сакала да добијам совет во врска со машките кои сакаат да готват (верувале или не ги има) и не дозволуваат женска рака да се замеша во кујна. Не дека ми пречи мојот кој е пример во оваа област но некако по старински бабеветини јас се чуствувам должна да превземам и да го изненадам некогаш со романтична вечера. А сепак не можам да дојдам ни на ред. Совет како да ги свртам работите?
Ајдеееее курац палац скроз у друга насока идеш више, значи јас дојдов за совет, од тебе добив претежно навреди на некој начин, совет не добив. Фала како и да е. Еве јас мојот револт ќе пробам да го зауздам, а ти исполни се и истролај ме со последен коментар. Ајде поздрав, фала на девојките што ми пишаа Arriety, најдобрите мажи во светот се готвачи. Мажите готват во суштина многу, многу подобро од жените, али нормално треба да покажат желба за тоа. Еве и јас сакам да готвам, не пречесто, ама кога готвам не сакам никој да ми се меша во кујна. И реално, затоа што вложувам љубов во тоа најчесто испаѓа повкусно, отколку да го зготви тоа мајка ми да речеме. Затоа уживај си и јади вкусна храна, и блазе си ти што имаш таков маж. Изненади го некогаш со некои намирници, дај му комплимент колку е тоа вкусно. Тоа му е како хоби, ужива да го прави и го исполнува. Не е дека ти си таа што не готви, па мора он. Затоа нема потреба да се осеќаш должна, вака можеш повеќе да се посветиш на другите домашни работи и на тој начин да компензирате.
хехе па нема зошто воопшто да се грижиш за ваква работа. Блазе тебе шо си имаш таков дечко. А совет...хм ,па сигурно има некое време од денот кога не е дома..Напрај вечера или ручек и изненади го...Или ако веќе толку сакаш да готвиш,ќе му кажиш директно и толку,не вервам дека ќе те одбие.
Многу чуден „проблем“ имаш, искрено: 1. Докажи му на тој начин што ќе предложиш да излезете ти со твоето друштво, тој со неговото. Спојте се (макар и да било тоа само една вечер и толку), одете во некој кафич или ноќен клуб. Исто така, потпрашувај го некогаш прашања за животите на тие другари; кои се, што се, како се, што им се случува... Покажи му дека ти значи тоа, заради него. 2. Ќе му кажеш баш вака како што нас ни го опиша проблемов. Со истите зборови. Ако се двоумиш и не си сигурна дали вака да му објасниш, значи се сомневаш во исправноста на она што го мислиш. Така што најпрво расчисти со себеси, и доколку дефинитивно заклучиш дека ти смета каков е кога има друштво, ќе му го кажеш ова баш вака: „Слушај ваму, мрсулко еден...!„ шала секако -Откако ќе излезете со неговото друштво (под претпоставка дека ќе си поминете убаво) или откако некој ден уз муабет ќе го потпрашаш за некој од дечките, ќе се префрлиш на твојата болна точка - „Либе, сакам да сум искрена со тебе, и мирно да разговараме...“ Значи, однапред потенцирај дека сакаш разговор, а не расправија и испади. Доколку тој не може да се придржува на тоа, тек тогаш ќе бараш „поекстремни“ мерки. Предизвикај го, направи еден вид „натпревар“, кој ќе зготви поубаво јадење, потенцирај дека ќе го победиш, боцни го малку, да сака да те види и тебе на дело. Готвењето направи го игра во која ќе уживате и двајцата, и која ќе заврши со „прсти да лижеш“ лапачка. Секако, тука е и опцијата да зготвиш нешто кога тој не е дома, да го изненадиш. И откако ќе проба и ќе се увери дека неговата госпожа Либевска готви еднакво добро, од кај знаеш, може на крај секој оброк да го приготвувате заедно!