Да се раскинуваше тек така за збор кажан во афект сите парови требаше сингл да станат. Сум имал повеќе пати прилика да слушнам женско што збори кога е бесна а го сака типот, тој да чуе има уста до патос да отвори . Не е убаво што и рекол и нормално е да е лута ама да му раскине (само ради зборот) епа малку (повеќе) претеравте . Помалку е битно што некој збори туку што прави.
Се согласувам со Х-Ман, ама ако уште од сега дозволувате дечковците да ве шлапкаат браво за вас. Е за ова Бога ми се раскинува
Мене курва ако ми рече макар иделе и 5 години би му раскинала одма.Таман време да се свестиш каков имаш до тебе, и уште сега ако те вреѓа, што понатаму... А, да ме удри?! Еее овде освен што ќе му раскинам, ќе викнам и другарчиња 2-3 да му го вратат ударот од мене. Не знам со кој памет останувате со нив после тоа.
Кога јас сум нервозна кажувам буквално се и сешто, ама реално за машко нема толку навредлив збор колку што е курва за женско. Тоа е сепак понижување кон соптвената девојка, без разлика дали имало повод за тоа или не. Но убаво пишал XMaN не е ни во ред за секоја навреда кажана во нервоза да се раскинува. Ама кажувам уште еднаш, курва е стварно премногу навредливо... Доколку стварно убаво се извини и се случило прв пат, најверојатно ќе го простам тоа, но шамар за ништо на светот не простувам.
Мажи, ако за вас не е навредувачки зборот Курва , за нас е , и те како навредувачки... Можда и ние у афект ке кажеме се и сешто, ама не е тоа повод некој на своја девојка да врати волку ниско чоек. Значи се нема поштовање за своја девојка, а утре пак ке се врати и ке плаче... пред кого ?? пред Курвата шо ја имаше наречено, а коа ке плаче ке му биде сонце, душо, мило. Епа небива бе луѓе. не се мери тој збор. Се знае што значи курва. Има др зборови за користење ако више така се пресметуваат паровите. Ама зборот Курва ?? Не , Ни најмалку НЕ е за употреба помеѓу парови у долгогодишни врски или за парови кои навидум и до вчера се сакале ...
Мажот знае дека со тој збор најмногу може да ја навреди и повреди жената, во било кој момент. Со таа цел и го употребува - за да направи таа да се почуствува максимално безвредно и понижено.
Џабе љубов кога се немало почит . Само тоа ке кажам... И нека ја има најголемата љубов на светов партнерот , ако не си ја почитува партнерката у секоја една ситуација Џабе се. Тури и пепел на љубовта тогаш .
Драги Bunny мене ме интересираше дали машките повеќе паѓаат на недопирливи или на покомуникативни девојки, дали пали ароганцијата или пак смеењето ? ))))
Глупо се испонашал. Како детенце. Затоа што само децата имаат проблем со разликување на поими. Сите знаеме што е курва. Но машките знаат дека и зборчето знае тешко да го навреди понежниот пол. Но можеби го кажал во револт. Можеби не мислел така. Ако ти се извини, не гледам зошто да не продолжите. Сепак, како што кажаа скоро сите над мене, не вреди едно зборче да уништи врска. Секако, ако не го мислел тоа навистина.
Прво да раздвоиме две работи... првата, елементот на физичкото насилство и втората, елементот на користење погрдни зборови... Што се однесува до првата, според мене ниедно добро воспитано машко не би удрило девојка намерно... што и да направила... не дека не би бил некогаш испровоциран или би посакал во моментот, но едно е да посакаш или да помислиш а друго е да го направиш... мислам, која е таа логика и воспитување да удриш девојка... кога знаеш дека неможе да ти врати или и да ти врати може и смешен да ти падне тој обид (во 99% од случаевите).... Што се однесува до втората... иако тоа зависи од машко до машко, можно е некогаш во момент на афект машко да употреби збор што не го мисли само со цел да навреди иако и тоа не е преголемо оправдување... затоа што секој кажува зборови кои не ги мисли во момент на кавга на пример, но сепак треба да постои граница за тоа што можеш да кажеш дури и во момент на афект... а каде е таа граница е индивидуално од пар до пар... Во било кој случај,мислам дека прашањето ти е погрешно поставено... не се работи тука ни дали е љубоморен, или дали те сака и колку те сака... тука се работи за тоа дали ти се почитуваш доволно себе си и колку си се цениш за да останеш со некој кој употребува физичко насилство спрема тебе и такви погрдни зборови... И не ме сваќај погрешно, немам намера да те навредувам, ова е само мое мислење кое би и го кажал на било која девојка... Прво, не постои оправдување за физичко насилство спрема девојка... може било кој да бара оправдувања како, во афект беше, јас го испровоцирав, самата сум крива, заслужив, ама он ме сака итн..., но во реалност сето тоа е само оправдување и лажење на самата себе си за да се прости и да се премине преку тоа... второ, ако еднаш кренал рака, многу е веројатно дека ќе крене и втор пат... и што тогаш, пак оправдување?... едноставно, колку и да те изнервира или повреди девојка, постојат други начини на исфрлање на бесот... на крајот на краиштата, можеш да скршиш некој предмет околу тебе... едноставно, тоа удирање девојка за мене значи дека нема доволно домашно воспитување и дека нема доволно почит кон институцијата понежен пол... мислам, ако не, тогаш да идеме по онаа старата, дека жената треба да ја тепаш еднаш неделно, ако ти незнаеш зошто, она си знае... Трето, зошто машко би сакало да биде со девојка, за која во одреден момент, помислил дека е курва... од која и да било причина... Како и да е... да ти одговорам на прашањето... дали е заради љубомора - да можно е да е... дали е заради тоа што си го повредила со нешто - да може да е... дали и покрај тоа те сака сеуште - да можно е да те сака сеуште... Но вистинското прашање е дали ти сакаш да си со личност која може утре да те удри повторно и да биде со тебе а да има мислење дека си курва... а на ова прашање треба да си дадеш самата на себе си одговор пред да решиш што и да е понатака... само немој одговорот да ти биде, да сакам да бидам понатака со него затоа што го сакам... не за друго, може да се случи, за некоја година да имате деца, па и тие деца да бидат жртва на семејно насилство од истата личност... и ајде да речеме дека ти се жртвуваш самата себеси од љубов (што не е баш некое оправдување) ама немаш право и децата да ги жртвуваш само затоа што го сакаш... П.С. И да се разбереме нешто, не велам дека девојките кои се жртви на семејно насилство си се самите криви за тоа што им се случува,далеку од тоа, но многу, многу помалку такви жртви би имало кога тие истите девојки би ја прекинале врската после првиот или вториот шамар... А уште помалку такво насилство би имало, ако родителите на машките деца би им повторувале од време на време, дека многу работи во животот не е убаво да ги направиш, но едно не смееш да си дозволиш во животот, па што и да е, а тоа е да кренеш рака на девојка...
сегашниов партнер да изусти таков збор има да добие таква шлаканица што звездите има да ги изброи од неа а после тоа најверојатно има да биде отпишан од живите-не е важно колку е нервозен и за што е нервозен, има да има влакна на јазикот -не верувам дека такво нешто ке се случи, бидејки е фин и воспитан дечко пред се а типчево твое да не имало лошо искуство со некоја таква, па во момент на нервоза помислил на неа и првата личност што му се појавила пред очи си била ти и без размислување дали ке те повреди или не ти кажал вакво нешто? оти познавам еден дечко што еднаш доживеал лошо искуство со негова поранешна девојка-фатена на дело, и после за него сите беа курви после
После толку врски и еден куп другари со кои сум блиска и поделени совети и разговори со нив за нивни љубовни проблеми и слично, не мислев дека ќе стигнам до таму да поставувам вакви прашања , но навистина не знам што да мисла. Имам еден колега, шо кога и да се видиме,кога ќе ми се насмеј сонце ме огрева, тој е многу страмежлив, ама успеав да го опуштам и еве од септември месец па наваму ептен си заживеавме,никогаш кога сме заедно не ни е досадно секогаш се смееме, или разговараме на теми што двата ги скаме, филмови книги, факултет итн. Сепак , пред неколку месеци кога му кажав дека јас имам повеќе од другарски чувства кон него , ми рече дека ска да останиме другари бидејќи бил пресно излезен од долга врска. Сепак нашиот меѓусебен однос остана непроменет. После долго врме, се договоривме да излезиме, а денес по негова иницијатива дојде кај мене заедно да учиме, и учевме еден и пол саат и потоа рече дека не знае, дека сака да си оди, дека му се спие. Навистина не знам што се случи , во ниту еден момент не му покажав дека сакам нешто повеќе од тоа да учиме и бев прилично сконцентрирана на учењето. Кога ми кажа дека сака да си оди срцето почна брзо дами чука и го прашав што е проблемот, рече само дека му се спие премногу и дека не е способен повеќе за работа и си отиде дома, сепак рече дека договорот за излегување се уште важи, рече дека ќе дојдел секаде со мене, без разлика дали ќе се договориме повеќе повеќе колеги или ќе бидиме само јас и тој и дека не е важно дали ќе биде дење или вечерта, важно да се опуштиме после многуте тестови и колоквиуми. Навистина ме збуни, како да избега од мене, а во ниту еден момент не ми помислив на нешто повеќе. СЕпак, навистина сакам, да имам нешто повеќе од пријателство со него, ама навистиан не знам како да постапам, не знам ни да прочитам дали му се допаѓам. Сепак секогаш е тука за мене, ама никогаш не доаѓа да ме бакни на образ кога се поздравуваме, да не речам избегнува физички контакт, ама да одиме некаде заедно да прошетаме или , да ми прави друштво некаде низ маалово до супермаркет или книжарница или да прошетаме в центар или низ градот, не му е никогаш проблем. Ве молам за совет.
Незнам што да ти кажам...изглеа сака само пријателство можеби.А и ти си во почетна фаза на заљубување,така да нема да осетиш какви чекори правиш за да му се приближиш...ама едно ќе ти кажам,ако се заљубиш а тој несака ништо мноооооооооогу ќе страдаш.Убаво проучи што сака тој и како ја сваќа твојата блискост,зашо голема е веројатноста да те повредува со секој потег кога тврдо ќе се затрескаш.
момци ај помош пред два месеци раскинав со дечкото (т.е. он ми раскина нема везе) зошто неможел да се обврзе во сериозна врска (недозреан карактер) и останавме у контакти после тоа све. Јас не настојувам преку муабет за пак да сме заедно, но си иам некоја потајна надеж која не ја искажувам. Од негова страна знам дека нема друга девојка и дека не ме заборавил и дека понекогаш му недостасувам (чуден тип на комуникација имаме, правиме муабет секој ден, за се и сешто, дури и за интимни/љубовни теми, уште само што не се љубиме и сек*аме за да се рече дека сме дечко и девојка). Тоа он сам ми го има кажано. А да, јас сеуште имам чуства према него и би се потрудила да пак бидеме заедно, АКО и он тоа ми (по)каже дека го сака НООООооо..... во животов мој се појави друг дечко кој е 5 год постар од мене (значи ментално е таман, хахаха без навреда, сите знаеме дека машките покасно созреваат) кој отворено ми вели дека сака да биде со мене, да ми пружи среќа, љубов и се ...и јас немам ништо против него, не ми е одбивен, не е грд, привлечен е, симпатичен, комуникативен, се нај ок. И сега што? како да му кажам дека нејќам нит да го откачам, нит да пристапам кон нешто посериозно? Неможам да го вртам со муабети за мување. Не ми е таков тип. Башка он ги има некои 28-29 год, па не е у таа фаза за мување. Рано ми е зошто прво јас не сум “очистена“ од овој првиов, а после може да ми е касно кога овој вториов ќе го снема На дек да фанам?
Чим дечко ти те откачил сигурно имало причина за тоа..дали ти или тој (можеби) нашол нова не е важно.. мој совет ти е ако едно еднаш пукнало никогаш ама никогаш нема да биде исто,ако тој 2 месеца не ти рекол да се смирите сумњам дека и воопшто ке ти речи.секако ова е мој став од моја гледа точка така да нема причина да го одбиваш другиот дечко вреди да се проба,слободна девојка си, ако не оди не оди но не наеднаш и ајт со здравје дека бил постар 5 год hock: како и да е гледам дека си одлучила и како што мислиш така прави,не знам што комплицирате толку стварно...за безвезе работи позз се најдобро
не нееее.... таман си е тоа што овој е 5 год постар. Се кај него си е таман, бонбонче си е. До душа годините не играат никаква улога. Пентата што ги спомнав во постот ми беше да кажам дека го сметам за многу позрел него ли овој со кој претходно бев. Комплицираноста доаѓа од кај мене, зошто не знам како да постапам со овој кој ниту сакам да го откачам ниту пак сакам да пристапам кон врска со него. Тоа ми е поентата што барам совет од машкиве. Како да се постапи со машко во ваков случај? Нејкам да се мувам или не дај Боже да почнам врска со него, да му влеам надеж да си се разгори дечкото, а јас уште од почетокот на тоа “нешто“ (било што) сеуште имам чуства према бившиов? Може звучи лошо и злобно, ама Да сакам овој вториов искрено да го моткам околу мене, за у моментот коа сите чуства од претходнава врска ќе ги снема, јас да можам со чиста душа да си се посветам према бонбончево. Зошто да го лажам сега со одење или мување кога јас сеуште за бившиов размислувам? Затоа велам дека несакам ниту да го откачам ниту можам да се врзам со него. Како да го сместам некаде измеѓу? Како оди тоа кај машките?
Ххх нема да оди никако тоа,ако велиш дека бил зрел и ќе свати дечкото лесно дека си поигруваш со него...бил на тие години тој и во различни ситуации.Најдобро ќе биде благо да си му кажеш дека сакаш да си со него но не за сериозно зашо уште не си се опоравила од претходната тоа така да му го кажеш да го начекаш среќен и да му кажеш дека несакаш да се прекине меѓу вас контактот зашо искреноста ја цениме многу! па можда со тек на време и ќе се заљубиш во него па и како што гледам таман години и за женење е веќе на свадба ќе каниш
еве ме пак мене сакам да ве прашам дали една нормална девојка која излегува со лошо друштво мислам на девојки кои се лесни (да не ги наречам со друго име )би ја ставиле во ист кош со нив односно дали и таа би ја носела таа етикета на курва да и да сте нејзин дечко што би и рекле за нејзиното друштво ви благодарам однапред за одговорите