Овој пат, мојата ситуација е многу едноставна.Со типот се знаеме неколку месеца, мене многу ми се свиѓа, а очигледно е, според многу ситуации, дека и јас него му се свиѓам.Немам доволно храброст да го прашам да излеземе заедно, а изгледа дека и тој нема, или пак не знае како да го направи тоа.Имаме заеднички пријатели кои неколку пати ми се понудиле да не спојат, ама јас секогаш одбивам затоа што мислам дека тоа е пренападно и изгледа како да сум очајна, а не сум.Што мислите вие за тоа?Дали треба да чекам еден од нас да се охрабри или да замолам некој да не мести?
имам 17 години .. знам дека не ми го кажуваш ова со лоша намера знам .. свесна сум дека треба да постапам како што ми кажа ама ете , едноставно немам сила али ќе морам .. ти благодарам многу , многу ми помогна [/quote] Имаш СИЛА.. имаш! Не може да немаш. Само ти е страв затоа што мислиш дека ке го изгубиш... ама не, нема да го изгубиш само ќе знаеш на што си...дали стварно те сака или не.Не може тој да продолжи да те омаловажува. Биди ладна кон него..да видиш како ќе почне да трча по тебе.А ако сакаш подетално да зборуваме на оваа тема пиши ми ЛП. И мило ми е ако сум ти помогнала.
Верувај така е,имам другар близок кој така прави на девојката му,таа ме запраша мене дали има проблем ми објасни сите симптоми како ти шо објаснуваш овде значи се до точка бараше совет а тоа е се заради тоа што тој има друга...две компитабилни ситуации...како што опишуваш дека ти изнакажал одвратни зборови истото им се слуѕчи и на нив тој и изнакажал многу работи и бараше работи за да и се налути намерно како например ти што си била пијана...а тоа што сепак пак те држи до себе и ти се јавува значи дека врската со втората не му е сериозна и сепак втора алка мора да има
Ајде да се олеснам,да ја исфрлам нервозава,да прашам.Што ви значи тоа кога некое девојче ќе ве адне на фб вие ќе ја прифатите а потоа ќе ја избришете? И тоа по неколку дена,ако не и наредниот.Бедно! Па ако не ме сакаш за пријател не ме ни прифаќај а не вака,иди по ѓаволите!
И женските го прават истото. Да испита што има како има, да разгледа слики, малку по ѕидот да се `попули` и ајде чао. Затоа јас не прифаќам којгоде за пријател.
Мене ѕидот ми е празен,само една две песни што имам ставено,имам забрана ставено за сите да не можат ништо да ми постираат на ѕид,и имам забрана ставено на профил сликите,а други немам освен еден фолдер со слики од нет што ми се свиѓаат.Фејзбукот го користам затоа што ми треба за комуникација,засега,понатаму ќе ги тргнам забраните..
Јас лично не прифакам девојки што HE ги знам,од проста причина што ме адднуваат само за да видат која сум и што сум. Јас на пример исто не би те прифатила ако ти е се забрането ке ми изгледа како лажен профил.ако ти требало девојчето па пиши му во порака.поздрав ILI BI TE PRIFATILA DA VIDAM STO IMA KAJ TEBE I ZA 5MIN KE TE IZBRISAM AKO MI E MALKU BAREM CUDNO
Станува збор за машка личност,затоа е во оваа тема поставено прашањето.Инаку јас сите што ги имам на фб ги познавам.Затоа и немам многу пријатели..
Може дека видел дека неможе слики да ти гледа па те избришал, мислам што ќе си му ако неможе да ти ги измањачи сликите?
Pa istoto vazi i za masko, koga veke videl deka e profilot zabranet (predpostauvam i prijatelite) koj ne ke si pomisli deka ne e lazen??
Јас имам така направено со неколку девојки Значи со нив сум била на здраво,и ме аднаа.Ги прифатив ,за да утре да не знае едно здраво да каже.Па зошто ме побарала,од радозналост- се знае.Затоа еден ден седнав,направив селекција и ги имам само најблиските.ФБ-кот навистина ми е монотон,нема ништо интересно на News Feed ,зошто имам малку пријатели ,ама искрено не ми е грижа.Го вклучувам од навика,ретко сум на chat,игри не играм,слики оддамна немам ставено,дури ни за комуникација почна да не ми служи Ми викаат другарки некои-па зашто имаш ФБ кога цело време си оффлине Oни имаат навика цел ден да го остават chat-от вклучен дури и кога се на кафе. Кога ќе се вратат-се бетер од директори-одговараат на еден куп chat пораки Може не во соодветна тема,но кога веќе почнавме да додадам дека не сум за прифаќање на секој,па и да се замарам зошто ме аднал или избришал некојси
Многу ми се свиѓа еден колега од факултет,проблемот е што не знам како да му пријдам немаме ни едно здраво да не имате некаков предлог ?
Епа мора некогаш и некој да го почне тоа - здраво. Искористи ја моќта на погледот. Упати некој ''случаен'' поглед кон него (не ни мора да е премногу предизвикувачки), па доколку има било каков интерес кон тебе, сигурен сум дека дури и твојот колега ќе го иницира првото 'Здраво'. Aко не ти е забавен или пак ти е непријатен флертот со очите, тогаш најди едноставно некој заедничо-факултетски интерес На пример измисли дека ти треба некоја скрипта или било што за копирање (така во секој случај ќе имаш можност за повторен контакт кога ќе му ја враќаш). Прашај за некое колоквиумско прашање/задача што не ти се (кобожем) јасни. Замоли го да ти ја позајми тетратка за да препишеш нешто. Или едноставно кога за прв пат ќе се видите дента на факултет, кажи му ти 'Здраво' - па он ќе ти возврати. Следниот ден веќе ќе си имате остварено основен контакт, па ќе си почнете здравје некои безврска муабетчиња со кои ќе почнете да си се зближувате Со среќа
Во мојата ситуација добро би ми дошло мислење од машка страна.Не би сакала тука да ги изнесувам моите проблеми од проста причина што е многу сложено бла бла.. Па некој ако има време за да ми даде конкретно мислење и совет би можел да ми пише преку ЛП.фала
Со едно машко кое е 5 години постаро од мене има 28 години се гледавме скоро две недели ... мене ми беше многу убаво. Тој имал врска долга мислам 2-3 години ама биле разделени веке неколку месеци. Инсистирасе да излеземе ... а мене одамна ми се допагасе па излеговме неколку пати онака другарски После работите се сменија ... излегувавме секој ден се беше убаво мозам да рецам дека поцувствував несто кон него ... бевме во врска 5 дена. Утрово добив порака дека немозиме да се гледаме повеке несакас да ме вовлекува во некои проблеми измесани му биле цувствата и несакал да ме повреди и да ме лажи. Сеуште се слушал со бившата и сакал да си ги среди чувствата ... Во ред прифатив ... сепак не беше долго време како бевме заедно но после ми кажа дека не биле скарани туку им биле нарусени односите и сакал да си даде нова санса затоа поцнал со мене ... јас се поцувствував искорисстено сакав да продолзам со него но... Некој совет? - сигурно ке ми речете да се тргнам нстрана ама некако немозам ...
Ќе направиш само збрки ако им се примешаш.Очигледно тој од очај и од заблуда за да проба да ја заборави бившата дошол со тебе но сепак не бивало...плус возрасен човек е 28 години ако правиш проблеми ќе му прелиеш...ама сепак ако си решена да се бориш за љубовта во ред,а ако толку тој разрешува се додека не си се затрескала тргни го од умот зашо после ептен ќе ти биде тешко.
Ај ќе се цитирам за да не ај објаснувам ситуацијата на долго Е за овоа истово дете ќе си прашам сега...неделава пак почнавме да си пишуваме и вчера во дискотеката беше и он,цела веечр игравме,и на крајот тргнавме другарка ми која беше пијана да ја испраќаме,и јас бев многуу изнервирана поради неа,ептен беше брука и ред други работи...и му викам како да ти се оддолжам за овоа и ми рече знаеш како (демек да го бацам)...и му викам како што гледаш премногу сум изнервирана (стварно од 5 километри се гледаше дека ми се иде да убијам некој )и ми рече доброо...и мислам дека се налути поради тоа. Е сеа што мислите вие,нели требаше да ме разбере,нели нема право да се лути? П.С:тешете ме
Ако имаш некоја друга таква прилика,бакни го. Мислам ако ти се свиѓа и ако на него ти му се свиѓаш.Нема зошто да размислуваш .А не верувам дека толку многу се налутил за тоа.