Абе да имам друга прилика,сигурно дека ќе го бакнам,туку вчера бев премногу изнервирана. Ама на крајот ми вика знаеш како да ми се оддолжиш, можеби несакаш...и му викам премногу сум изнервирана сега.И ми вика добро,имаш ли друштво за одење и му викам да (а нема врска,немав со кој,па у такси си се качив)...и кога испаѓав од дискотеката он беше позади мене,беше разбрзан и зборуваше на телефон и ме одмина...е сеа дали стварно не ме видел,дека и малце ќораф си е,или па намерно ме одмина немам појма,после можеби ќе го прашам на фб. Ама нели он ако е малце повеќе заинтересиран,ќе ме покани да излеземе пак или?....леле незнам,ептен се замислив сеа,веќе незнам што да кажам.
Ако е доволно заинтересиран ќе те покани да излезете пак.Само немој многу да го распрашуваш,ќе мисли дека си ептен загреана за него.Само малку му дади до знаење дека ти се допаѓа. И овој пат не испуштај прилика,гуд лак .
Според мене тешко дека ќе имам уште една прилика,оти дечково си е она малце,како да кажам,дигнат,ама ајде ќе видиме што како. И чекам и некое машко да ми одговори,да ми поразјасни малце како изгледа тоа во нивната глава !
Според него веќе два пати си го одбила, јас трет пат не прашувам а за него не знам . Друг пат не биди изнервирана со типци што ти се свиѓаат зашто не секогаш ќе имаш трета шанса .
Секогаш можеш да го вратиш. Само мртвите не се враќаат. Само ти треба квалитетна тактика Не сум машко, али дадов совет. Ваљда нема да ме тепате
Ево мене опет. Епа вака за истот дете се работи.Зачи денес на големиот одмор дојде до нашиот клас, јас пишував домашно а тој и некој негов другар стоеа над мене и зборуваа нешто, смешки правеа а јас се скинав од смеа и ме гледаат и продолжуваат без воздух си останав, ама им дојде наставничката па заврши романтиката. На одење од школо тој дали имал празен час незнам отиде до продавницата по патот по кој одев јас и така заедно јас и тој си одиме ме прегрна ама се правев јас наудрена бидејќи малце ми е нестабилен и несакам да му дадам до знаење дека сум затрескана и после си отиде тој накај продавницата јас накај дома. А кога беше на големиот одмор кај нас мислам дека другар му му намигна демек во фазон дали му се допаѓам и тој нешто изреагира као демек бфф.. ова она...Се правев дека не приметив и никако не исреагирав. Па ме интересира дали е нешто заинтересиран за мене или само си игра мајтап?? М Пто мислите вие и машки и женски , иако подобредојден ми е советот од машките
Драги припадници на послиниот пол, многу ве почитувам зради вашата објективност и едноставност , па затоа сакав да ви го поставам следново прашање, бидејќи веќе долги години ме мачи. дали машките сакат глупави женски кои се однесуваат детски на нивните 19 години? Зошто сите момчиња од мојата околина ги привлекуваат девојќи со кои тие немаат никакви допирни точки и теми на разговор и кои исто така се обидуваат да го привлечат нивното внимание,со тоа што ќе се скокоткаат закачаат глупираат пред група на луѓе па и на јавни места?? Дали е грешем мојот пристап што секогаш имама тема за добар разговор и на сите првично им пристапувам пријателски и секоагаш можат со мене отворено да разговараат , за што било и да добјат добро формулиран и одговор и добро издржано мислење и не се однесувам како што погоре наведив, знам секогаш да ги насмеам луѓето, па дури и да напрам шеги и на своја сметка, но никогаш не сум си дозволила да се однесувам како 10 -годишно девојче?? Ве молам за совет и одговор, каде грешам??
Aх драга, тие им се исто што и на нас барбиките на 5 год. Интересна е дур не ти здосади. Вистинските девојки ко тебе се за нешто повеке од тоа.
Детско однесување и глупавост воопшто не мора да имаат заедничка точка, грешиш ака ставаш равенство меѓу нив . Јас баш сакам такви девојки со детско понашање па дали од 19 или 29 не ми игра улога а од премногу сериозни кои немаат смисол за хумор и секое понашање кај други им е детско бегам . Супер е да си дете у душа, имаш големи предности у живот ако знаеш како правилно да си ги наредиш работите а најбитната е да си најдеш сличен на себе . Ми се чини тебе повеќето те сакаат за другарка а другите девојки (со детското понашање) за женска а зашто е тоа така е веќе друга тема .
Таква ти е околината. Девојките што ти се во близина се детинести, а изгледа и тие машки се приближно на твои години. Не дека нема и повозрасни со незрело понашање, има, и незрелите си бараат незрели. Не можам да разберам што ти смета тоа? Барај си некој тебе што ти одговара.
И јас си паѓам по авантуристички и детски настроени девојки значи несакам сериозни кои сам оразогвааар за факти од животот знам дека треба и тоа но не преферирам! и ја ссум дете во душата и само позитивно се однесувам и цело време се смеја,додека имам другари штоо цело време с енамуртени и не им е интересна некоја случка...така да и јас си паѓам по детски
Па тоа и ми беше всусшност прашањето зошто е тоа така, и јас знам сите да насмеам и да бидам дете, ама не пристапувам така на луѓе кои не ме познаваат доволно.
Понашањето на според тебе „глупавите“ девојки е крајно флертувачко, скокоткањето, закачањето и кикотењето со машки се флерт а ние сакаме флерт, кратко и јасно .Ти може правишѓ шеги на своја сметка и водиш фини муабети ама не флертуваш и чим така повеќето машки ќе те сакаат за другарка ама за женска ќе си флертаат со тие што се понашаат „поблесаво“ и поопуштено од тебе . Освен тоа девојка која се однесува на тој начин дава сигнал дека е весела и отворена за комуникација, машките немаат страв да и пристапат што е уште еден фактор зашто е такво понашање често успешно. Трет фактор машките се често големи деца кои се преправаат дека се сериозни а со такви женски не мораш воопшто да се преправаш, она несериозна ти несериозан и терате . Сепак ако не ти лежи такво понашање (можеби си по карактер посериозна) не се ни труди да се менуваш туку ќе си најдеш дечко што е посериозен или посличен на тебе во карактер .
ДА, да, треба да делуваме малку глупаво некогаш. За да као, демек, они ни помагале. Така некако било.
Може, може и со тоа ќе привлечеш неинтелигентни машки примероци па ако така сакаш повели . Никој не сака глупава или неспособна жена освен ако и самиот не е таков или нешто му фали
А ок, Икс Мен , вака да ми те прашам шо глеам ко најчест случај... Ако типката се покаже ко доста интелигентна, и ко самоуверена, јака , амбициозна и слично... Поголем дел од мажите ке ја избегнуваат... Оти по некое си непишано правило, ко да сакате такви баш кои се нежни , мили на прв поглед, Демек за да вие би се почуствувале по заштитнички спрема неа.. И ми има логика овде...
Не е точно. Никој не сака само кревки суштества. Баш таквите девојки знаат да бидат пејн ин ди ес зашто бараат поголемо внимание. Како што ние сакаме шармантни и забавни момци, така и мажите сакаат интересни девојки. Има да, мажи што се плашат од паметни и амбициозни жени. Но не е целта да бидеш само паметна и убава и да му се фаќаш за секој збор, па да му докажуваш колку не е во право, пошто ти све знаеш. Треба понекад да знаеш да си правиш шеги на своја сметка, да сакаш по некоја авантура, да се закачаш како мало дете, зашто тоа е забавно, а не глупаво. Има разлика помеѓу глупаво детско размазено однесување и слатко детско и интересно однесување. А мажите што сакаат глупави девојки, незнам зошто воопшто би прашувала за нив. Најдобро е да си бидеш свој, опуштен, искрен, да не се замараш со правила за врски што ги пишуваше во тин шема на времето. И биди жена, женствена, негувана. Зашто џабе ти е Ајнштајн да си, ако незнаеш да се грижиш за себе.
Не сите машки исти,незнам зашто мислите дека сите сакаат слатки,нежни а интелигетни што имаат свое јас ги избегаваме.апсолутно не е вистина.
Поголем дел од мажите кои ќе се осеќаат инфериорни во однос на неа. Ако немаат такво чувство нема да ја одбегнуваат. Повеќето машки не трпат девојката да е поинтелигентна, пообразована или (не дај боже ) повеќе да заработува, тоа е смрт за машкото его кај најголем дел . Нежни и мили ни на прв ни на втор поглед не сакам а за други не зборам .
Епа ни јас не сакам тактики, ниту практикувам. Ама така си е. Сакате да помагате, имам приметено. И куфер да е, и расипана квака, хмм, мала помош некоја, такви сте скроени. Не сите, џентлменството го снемува. Но со тек на годините, и јас капирам по нешто.