Не ми е јасно како ќе ти ги разјасни работите или одредена ситуација со машко во која имаш проблем мислење од некојси на форум. Погрешно според мене
До некаде си во право. Не може секогаш за сè... на пр. има ситуации каде нереално е да се очекува вистински совет бидејќи треба да си во нејзина/негова кожа па за да знаеш како всушност навистина стојат работите. На пр. он ме гледа но само се смешка - ме сака или не? На ова тешко е да се даде реален одговор на форум освен иди напраи неврзан муабет па види што ќе се случи. Но понекогаш има исти ситуации со кои се соочуваат многу машки и женски. Машките обично најдобро ги разбираат машките, женските пак женските, па во таков случај машко/женско на форумов и`/му помага да ја согледа работата од поинаква перспектива. На пр. тој и вели: „ако стварно ме сакаш ќе ми даеш„ и сеа она можеби збунета, неискусна незнае дали да дали не, можеби не се чувствува подготвено ама овој запнал, па прашува на форумов. И некој ќе и го осветли проблемот од друга перспектива на пр. што не му каже : А ако ти мене навистина ме сакаш тогаш нема да ме условуваш со такви реченици, туку ќе имаш разбирање за моето несакам. и тн... Вистинското богатство меѓутоа од вакви форуми не значи дека мора да биде она како би требало/не требало туку самата/самиот да видиш какви се сфаќања и типови на луѓе има па делумно можеби да бидеш и поподготвена за некои ситуации.
Ми треба совет од некој кој е Девица во хороскоп!!! Треба да излезам со еден дечко што е Девица во хороскоп па ме интересира што сака / што не сака кога се работи за прв состанок со некоја девојка што едвај ја познава... Доколку има некој таков молам за совет П.С Не се смејте на прашањево. Знам дека секоја личност си е посебна приказна, ама верувам дека хороскопот има голема улога кога се работи за карактерот. Па затоа би сакала да се подготвам за тоа што ме очекува, за да не се надевам попусто, па потоа да се разочарам.
Не сум девица ама имам двајца другари кои се девици и перфектно ги познавам.Значи дефинитвно за да му оставиш впечаток на машка индивидуа девица треба прво да поработиш на физичкиот изглед(барем според мене.)Секогаш имаат пробирлив вкус.Не би те аресале ако се појавиш во тренерки со врзана коса...туку мора да бидеш со стил знаеш...абе ајде еве линк шо ќе пишувам ти добро си анализирај.Според овде напишаното и моите другари се точно вакви пробирливи сакат искреност и све тоа ... http://www.kafepauza.mk/astrologija/kak ... na-devica/
Дигам два прста за прашање. Една дискусија имав синоќа со другарка, па да видиме која размислувала точно. Замислете ситуација. Другар ви комуницира со некоја девојка некое подолго време, три четири месеци, не се гледаат, се слушаат, facebook и такви глупости и конечно се договараат да се видат. Значи двајцата сами, дали да се опијат во некоја кафана или да се глупираат по дискотеки, небитно, битно сами се. Што би мислеле вие за таа девојка, ништо нема со другар ви, а испаднале заедно и такви работи..? Јас мислам дека нема нитшо лошо во тоа, не значи дека не знам, мора да завршат во кревет или така нешто, едноставно испаднале да се дружат. Другарка ми мисли сосем спротивно. Шо прави оваа со овој кога ни се заедно ни ништо, ахам овој ја работи ( да ми простите на израз ) . Можеби е малку глупаво прашањето, но многу ме интересира одговорот. Фала ви.
Пффф, не нема. Само биди си своја, пробај да најдеш нешто заедничко со него. Ништо на сила, особено хороскоп - глупости живи.
Мене ова ми е сосема ок. Глупаво ми е тоа дискриминирање дека ако двајца не се врска, не треба да излегуваат сами
Треба да се знае карактерот на другар ви и женскаата па тек ондак да се суди.Ние нив не ги знаеме... Поради тоа во различни прилики и од различни луѓе може да испаднат не само тие две варијанти туку и мноогуѕ други
Ама од друга страна на оваа тема колку што приметив редовно има двајца до тројца машки. Каква разноликост на совети можеш да добиеш од нив, повеќе би рекла дека се слични со речиси исти интереси, кога веќе седнале на форумот и даваат совети на темите во врски и сл. И некое девојче ќе побара совет или мислење, па може да се потпре на тоа и автоматски да го прифати само затоа што било -машко мислење- и големи се шансите да се зафркне.
^ никој не е приморан да бара совети ..па и да се зачленува на форум.. мислам дека секое мислење заслужува внимание и дека сите тука тоа мислење што го даваат го даваат со цел да помогнат на оној кој побарал мислење... секој одговор на наше прашање или барање на совет е добро дојдено .. ако некој мисли дека е без везе тоа што на некој си форум е глупаво да побараш совет или мислење едноставно нека не се зачленува
Јас само го истакнувам делот дека некоја тинејџерка може и да се зафркне слушајќи совет од машко на женски форум. Или да не не може?
да пролисташе по темава убаво ке знаеше дека тие 2 3 мушки кои даваат совет го напишале тоа чисто колку да помогнат
А нешто паметно да одговореше? Неважни се нивните намери, важното што може да испадне веќе го напишав не ќе повторувам. А ти ни моите два поста не ги разбираш како што треба, затоа не учи ме колку страни треба да прелистувам.
Ако се зафркне не и е криво машкото туку сама си е крива, зашто она сама треба да си процени дали некој совет треба да го примени и реакциите , на крај краева и покрај советите секој сам си одлучува за своите постапки, а размената на мислења и ставови е секогаш добредојдена. Па што и да ти кажат тебе никој не те тера да го прифатиш како твој став или да го примениш во твојата ситуација. Тоа е само уште едно мислење кое може да ни ги прошири видиците, а многу пати и да ни ги отвори очите за нешто, така да, мене оваа тема ми се допаѓа, исто ко да сум си на кафе најотворено со дечките, исто како што читањето добра книга го поистоветувам со пиење кафе и разговор со некоја исклучително интелигентна личност... Секогаш треба да сме отворени за нови работи и уште еден поглед на нештата во животот, а читајки ги темиве овде заклучив дека и те како машките се добредојдени на овој форум бидејки очигледно дека ние понекогаш не ги разбираме правилно, и сме имале доста погрешни мислења за нив и за тоа што во одредена ситуација им се врти во глава, а ако не е најлесно на ваков форум да си искрен , не знам каде е....
Мислам дека тие машки што сме овде...ете например јас.Не дојдов доброволно на оваа тема,братучеда ми е координаторка на форумов на некои оддели или администратор се вика,па ми рече да коментирам на некои теми зашо иако е женска странава мора да има и машки посетители А и така нема шо да праам па ајде да и помогнам...пишувам и сум пишувал толку големи реферати за да дадам совет за тоа како би требало да пристапите вие.Немаме лоши намери и зашто би имале?? би имале корист од тоа?? секако дека не би ве советувале така ако ве познаваме лично и имаме интереси за вас.Секако дека никој не би сакал да му се откријат намерите.Ако ти мислиш например дека си погодна да ги советуваш женските за тоа како би требало спрема машки да се однесуваат и да им даваш машки совети,па ете ти советувај ги.Ние ќе исчезнеме! Грешка не би можело да има во советувањето,затоа што мажите сме повеќе слични одошто различни.Ако добро се објасни ситуацијата,секако дека сигурен совет би помогнал исто како и до сега. Да нема караници и заблуди,која мисли дека и треба совет нека пишува слободно без сомневање...затоа и сум овде! исто и другите.Инаку на тинејџерка добро би и дал совет, 18 години сум.ТИнејџерските години не се далеку,зад мене се па сеуште памтам се и чувствувам.
Мистериозна, не значи дека нешто ќе се случи, ама голема е веројатноста дека ќе се случи Еве јас лично, не би започнала воопшто комуникација со некој на ФБ што не ми се свиѓа(зборам ако не го знам предтоа), така што па и ако излезам со него сигурно ќе имам скришни намери