sweet25 и Nutricionist Ако не ме разбирате, зошто воопшто ми реплицирате? Не реков дека некој е крив за нешто или имал некакви -лоши- намери , туку постојат девојчиња кои веднаш би прифатиле совет од некој тука само затоа што е машко, што е погрешно, триста луѓе-триста чуда. А, реално, колку различни помеѓу себе можат да бидат неколку машки кои седат на женски форум? Ајде на темите каде жени даваат совети, пак, форумот е женски, повеќе жени има, поголеми се шансите да наидеш на различни карактери. Тоа е мое мислење и јас го изразив, нема потреба од постојано цитирање ако не се согласувате. Седете и давајте совети колку сакате, не ве спречува никој, но ако некоја девојка седнува тука да праша нешто, не е лошо да и се укаже да не сфаќа се што ќе прочита тука здраво за готово. Nutricionist, ако си 18 поправи, на профилот 25 ти стои
Еве вака...Се запознавме на фб,по некое време почнавме да се слушаме и се договоривме да се видиме.Се видовме...Неговите намери беа повеќе од очигледни,сакаше врска.Сакав и јас,но се обидував да не го покажам тоа,барем не толку брзо...сепак сакав да помине време,да се запознаеме подобро...Договорот ни беше fer play,секој си кажа што имаше...Од тогаш намалија повиците, пишувањето на фб,но сепак ме известуваше скоро за секој негов (позначаен) чекор.Иако комуникацијата се намали,тој јасно ми даде до знаење дека јас имам посебно место во неговиот живот.За мојот роденден направи концерт од сите песни што ги слушавме заедно,а беа пропратени и со коментари кои исто така го откриваа дека е заљубен.Следниот ден ми се јави и рече дека цел ден мислел на мене и само чекал слободен момент за да ми се јави (беше на работа,а работата му е малку специфична).Но и по тоа ситуацијата не се смени.Еден ден мене “ми пукна филмот“ и го поканив на кафе.Прифати.Се видовме и некако собрав храброст да го прашам зошто се смени се,зошто така се однесува.Се обиде да се извлече со она :ти си мн добра,јас сум лошиот,не заслужуваш и не сакам да те повредам итн-клише.Рече и дека се плаши од некои работи (тоа ме замисли) и дека заради тоа одлучил да се повлече,да се откаже од мене.Тогаш го видов последен пат.Веќе два месеца нема ни трага ни глас од него,ни пишува ни се јавува,кога ќе му пишам ми одговара со 2-3 збора.А на фб го прати секој мој чекор,се што правам...Секогаш ми велеше дека можам да му се јавам во секое време,кога и да посакам и ме критикуваше дека јас не сум му се јавувала...Се запишував и заборавив што сакав да прашам...Дали да се обидам повторно да му се приближам или да оставам се како што е???И како да го направам тоа?Ужасно многу ми недостига,но не знам како повторно да допрам до него.Помина многу време од последното видување,можеби го привлекла некоја друга девојка. Како да постапам? Совет?
Знам,сепак јас не си го праев профилот,ми го направија и рекоа да се уклучувам па најдов интересни теми
Првиот пат не добив одговор од никого, ајд епо втор пат да ја пробам среќата. Вака, во друштвото имам неколку нападни другари. Кои секогаш (поготово во јавност) мора при секој разговор да те фатат за рака, да те потапшаат за рамо, да ти се упикаат во врат (демек подобро да те слушнат), и било што, ама само да те чепкаат со раката. Мене тоа ми пречи, ме нервираат и ми е непријатно. Сум им дала до знаење, но џабе. Пак тераат по старо. Посебно се напорни навечер кога ќе се поднапијат, па се набацуваат и ја губат таа другарска граница.
хаха тешко тоа да се надмине...И јас се набацувам па што :Р Ако се повеќе им се спротиставуваш и негираш и им се нервираш,толку повеќе мерак ќе им биде да ти се набацуваат...
А ти зошто се дружиш со нив ако ти сметаат? Да ти се соученици, колеги од факултет или од работно место ќе разберев некако зошто се жалиш, инаку не си принудена да се гледаш со нив....
Ако немаат женски им треба женска енергија па си ја добиваат од тебе со пипкање (макар и на секунда ) ако имаат нешто не им е во ред со врската или немаат редовен секс. Симпатична си им у секој случај, теши се .
Ок вака народе ми треба мислење не дека е проблем , па може и е ама што знам бе збунета сум ... Вака ме интересира една работа што кога нема храброст да ти рече те сакам во очи ? ! Нежен е со мене внимателен , ме мази ме пази , ми вели ми значиш ама кога иде она Те САКАМ ?! Зошто тоа ми го кажува само кога сме во гужва , најчесто кога сме излезени . Јас нешто зазборена паметот на 4545 место и само ќе ми шепне ТЕ САКАМ , Знаеш колку ми значиш ? ! И јас Знам дека делува како глупост но ме интересира зошто машките немаат храброст еве на пример овој да ме погледне во очи и да ми рече Те САКАМ ! А колку само често сме сами , заедно имало милион прилики за милион пати порамантични моменти за таква изјава што ја дава зошто тој сака (не го форсирам и не му возвраќам) зошто ептен ме збунува. Воопшто не ми е логично зошто го прави тоа ? Не е човек кој се прави камен ладен сосема спротивното . Да е случјност не е дадов фора да е така ама сфатив дека се е добро смислено само не знам дали прашањево ми има одговор
И јас сум таков...многу ретко и велам ТЕ САКАМ .. и незнам зашто ..некако не ми иде! те сакам можеби си го искажува преку тоа кога ти вели дека му значиш, а и можеби не стигнал до таа фаза сеуште на заљубеност искрено да ти каже дека те сака
Си добива излив на емоции во посебни моменти, можеби на него ете во такви ситуации му доаѓа да ти каже дека стварно е заљубен во тебе. Јас не би се загрижила за ова. Јес да сум женско, ама и јас го користам изразот само така, кога навистина ептен ќе ме превладее чувството. А и мразам луѓе што се расфрлаат со овој исказ, како да викам сакам сладолед. Не се преоптеретувај, има многу повеќе начини на кои може да докаже дека те сака, а не само со тие два збора
Абе мене не ми треба ТЕ САКАМ ... Само ме копка зошто не сака тоа да ми го каже во очи кога веќе решил да го каже ? ! Зошто упорно бега од ај контакт па да го рече . Како може додека се гушкаме , мазиме , значи поромантика од кога сте во кревет и љубавни идили туку тој бира тогаш кога сме во гужва , кога се гледа дека прво тука не ми е ни паметот, кога не е ни време ни место . Се плаши ли ? ! Не дека сеа од мува слон правам , ама затоа ме интересираше зошто едно машко би можело да го прави ова ? ! ?
^ Можеби едноставно таков му е начинот...И јас во најромантичните ситуации не кажувам романтични нешта туку ми доаѓа нагон да се глупирам баш тогаш...Додека пак сакам да го изненадам кога најмалку го очекува тоа од мене...Уживај, нема тука тешка филозофија...
И јас за ова си мислев. Сингл се, а како да им фали женска енергија. ВЕНДИИИИИ Се ви е супер, затоа не сакам да речам дека не те сака. Знаеш дека машките знаат да ги потиснуваат чувствата. Но, ако навистина те сака, не треба да му биде проблем тоа да ти го рече во било кое време. Можеш кога сте сами ти прва да му речеш тивко во очи: те сакам, па молчи, гледај го и чекај и тој да речи. Ако не речи, прашај го нежно (не нападно), мило: ме сакаш ли.... И само гледај го во очи.
дали би сметале за лесна девојка која ви дозволува да ја допирате по интимните делови после период од 4 месеци? зборувам само допирање со рака
Ми беше другар.Ме свиѓаше,а потоа и јас него.Проблем е тоа што тоа беше во различно време.Ми требаше многу време додека да сфатам.Во меѓувреме,имаше девојка која е помала од нас и мислам дека не беше многу сериозно.Сега раскинаа скоро(не сум сигурна). Сега,се гледаме многу ретко,но сеуште it feels something in the air. Што да правам?Инаку,се работи за многуу специфичен дечко.
Мазга си ако не превеземеш нешто,бркај го дечкото и барај авантури.По тоа шо во кратко си опишала,се гледа дека си ведра личност.Превземај ги работите во раце
Инаку и јас имам еден проблем.Нема каде да најдам совети од Женска страна за сите машки па овде ајде да ме советувате сите сте женски.Имам девојка веќе долго време неодамна правевме една година од врската... Таа моментално е во Русија отиде за Велигден треба да си дојде наредниот понеделник.Синоќа бев на роденден.Таму отидов со друштво почнаа да пуштатт песни такви шабанели и турбо у главно Лепа Брена,Цеца,Сека Алексич Харис тие и се поднапивме малце.До мене седна девојче од нашето друштво ама се беше дури и надрогирала.Никогаш не ја бев видел во тоа светло... целата разбацена таа а и јас поднапиен расположен прво игравме и после седнавме ко ме зграби за "алатот" и почна да ме мува...Јас се потргнав настрана и излегов до надвор послем пак се вратив и се качив на скарите во кафичот од некаде дојде таа ме фати ме завлече накај вецето и скрасиве шо скрасивме.Само знам дека беше напад на страсти и се осеќам многу виновно.Друг проблем е што не носев заштита...ниту пак таа.Сега баш и пишував рече дека утрото купила апчиња за против бременост што се даваат после односи но веќе долго изминало од синоќа до сега.Веќе никогаш нема да ја погледнам како личност а ни таа мене.Во реален свет бевме блиски,а и таа дечко има плус до мене седи во школо... Сега,сигурен сум дека мојата ќе дознае за тоа.Не видоа многу луѓе... Дали јас да и пишам у инбокс што и како било,таа се уклучува секоја вечер и како да и го соопштам тоа?? и како да молам за прошка???