Нутриционист среќно! Ајде машки дај објаснете дали држи ова : ЉУБОВТА Е ПРИВИЛЕГИЈА НА УБАВИТЕ! ......Во последно време некако поверојатна ми е....
Ја ке ти кажам : - Ниска самодоверба е у прашање . Затоа глава горе високо, насмевка една и терај по патот. Ке налеташ на вистинскиот.
ЛЕлееееееееееееееееееееее синоќа си поминав преубаво!! ПРво појдов пред нејзина врата,чекав точно 00:00 позвонив а пред врата го оставив мачорчето(жолто-бело) со панделка и малце парфемисано со мој парфем,избањато и изчешлано!Излезе мајка и,само погледна не ја отвори целата и пак си влезе(сигурно била на пиџами).Пак позвонив и ете и ја малечката сестричка и кога го виде мачето извика ДАДООООО ДАДОООО излезе она,зеде писмото го прочита се насмевна онака скришно во себе и го внесе мачето.И пишав тој момент порака"Се надевам дека ќе ти се бендиса" и ми прати порака: гледајќи го ова маче во очите,тие невини очи едноставно неможам да ги гледам а да не се сеќавам на тебе! За тоа несакам да зборуваме,било па поминало,јас веќе заборавив,а утре со мене во пет шоп по реквизити за него! ТЕ САКАМ ... ............
Mоре Nутриционист само за ќотек плачеш Kаква беља направи и ќе се спасиш со едно мачорче Aма биди паметен да не ја прокоцкаш добиената можност да бидеш со девојката која ја сакаш Good luck !
Сега кефој хехе! ДОбро помина овој пат! Пазисе сега, да не ја зафркнеш пак работата, имаш све кај девојкати! Паметот во глава, не во мочалото! Поззз и среќно
Фала ви на сите што ме советувавте,па дури и на тие со песимиситичките коментари,но ете испадна спротивното! знае таа дека јас сум искрен,го увиде тоа преку тој гест,оти знае колку многу ми е срам од нејзините па дури знае дека мајка и не сака мачки а јас се би направил да и се допаднам на мајка и,но овој пат за неа сум се дури жртвувал!мочалото за мене си го задржувам хаха! Денес дури бевме заедно цело време на планина,кокетираше со мене онака како првиот пат кога се запознавме се смешкаше и се подмушнуваше од сите страни,некои чудно не гледаа после ова со зинати усти,на некои им беше мило! сега останува да видиме како ќе се трпат мачорот,папагалот и мајка и! хаха :Р
Ајде момци ми треба ваш совет. Се знаам со едно момче околу 1 година и се однесуваме другарски ама може да се види дека меѓу нас има „страшна“ хемија И сите тоа го имаат забележано.Тој има девојка околу 2 години. Пред некој ден се сретнавме в кафич и цела вечер ме викаше кај него, бидејќи, нормално таа не беше со него. Си правевме муабет, се смеевме и ми понуди да ме испрати.Знаев кој му е плано и не се ни противев на тоа пошто мн мн ми се допаѓа и бидна се што бидна немавме фала богу никакви односи, само лапање ама пак беше „изневерување“. После тоа секој ден се јавува да праша како сум што сум.Не верувам дека ќе се скара, но ме интересира, дали би си дозволил човек кој е 2 години е во врска, да биди виден со друга пред сите, и + да ја изневери девојката, и сеуште да речи дека неа ја сака?
Да,би си дозволил,оти девојката и да слушне тој ќе ја убеди дека тоа не е вистина! Имам другар кој точно тоа го прави на девојка му ... ама сепак несака да ја остави девојка си! онака изладнети им се односите но сепак сеуште си се сакаат(секако не како порано)
Машко може да сака неколку истовремено а тајна желба на барем 90% машки е да имаат харем така да не се чуди, можно е а имаш и примери од погоре .
Ех колку примери има за тоа на денешно време. Мажите си имаат една жена/девојка...а наоколу си имаат 3-4 муваторки, љубовнички - затоа што сакале промена? Е добро ме интересира, зарем жените не сакаат промена? Како може жените да се верни, а мажите да не го почитуваат тоа? Што е тоа што ве тера да имате повеке жени, муабетот во пауза од фудбал кој има повеке???? или што???
Ген, психа, хормони, поим немам ама така е од пред 10 000 години па до денес и тешко да се смени во блиска иднина. Во било која временска епоха маж што можел да има повеќе жени имал а тој што нема не дека не сака туку најчесто не може или му е страв дека таа едната ќе му раскине (со многу ретки исклучоци). Тоа е тоа .
^^^ Типичен одговор на неверен маж Би додала дека не знам дали и жените од пред 10 000 години биле такви ама денес ги има , така да, сакам да верувам дека не се сите мажи предодредени да бидат такви , туку има верни и неверни луѓе
имаш срека, си добил уште една шанса затоа ПАМЕТ во глава и тоа нешто в гаки-знаеш на што мислам со срека и со убаво
Несакајки стиснав like Знам дека ретко кое машко би пропуштило прилика да направи нешто , ама верувам дека тоа не е едноставно во генот на сите мажи , туку е индивидуално, а и под неверство спаѓаат многу и различни работи
Викаш дека ретко кое машко би пропуштило прилика ама индивидуално било, па јасно е индивидуално ама многу индивидуи прават некој статистички просек. Јас истото го кажав со други зборови
Драга, колку што има такви мажи има исто, па може и повеќе жени. Само што изгледа поумешно се кријат бидејќи е многу пострашно жена да изневери, за мажот е као нормално, а жената е одма знаеме што и да не ја должиме досадната приказна Доста е веќе со тие стереотипи дека само мажите изневеруваат. А од друга страна, колку што има верни жени има и верни мажи. Сите сме од крв и месо, со различни полови хормони ама и тие и тие некогаш подивуваат. Според мене искрено ретко кој би си дозволил. Не знам искрено, да не биде клише ама има толку многу други машки за да си дозволиш да бидеш втора. А да станеш прва, тешко. Не е во ред, верувај, ќе осетиш некогаш и на своја кожа, нема да биде пријатно гарантирам. Заради некоја страст нема потреба да ја погазиш и твојата гордост. Биди фер барем према девојката, он секако ќе ја вара дали со тебе или друга, а секогаш виновна е девојката која знаела дека е зафатен, а пак дозволила да се умеша. Него му треба забава, а не сака да ја изгуби долгогодишната девојка. Имај малце свои принципи и дигни си го егото. Сигурно вредиш повеќе од тоа да бидеш девојка за забава.