Фала ви многу, сакав само мислење са слушнам. Јас и не сум нешто исповозбудена за него али баш ме интересираше неговата реакција после откако нема да му дадам ))) ама ако продолжи вака секако ќе биде "шутнат" А ако сака секс па нема потреба од доаѓање и поминување 100км за еден секс )) во неговиот град има еден куп, на кило дури ахахахахаха нема потреба од филмови правење за еден секс )))) Фала ви уште еднаш!
[quote="Yipman2" Се распишал овој мистеру леле ако има избор за машки член на годината ја за него ке гласам [/quote] хаха )
Јас не знам што е толку матно тука: 1. Типот и приоѓа и се запознава со неа 2. Типот ја опсипува со внимание (пораки, јавувања и сл.) 3. Типот родолжува on second base (мување и сл.) 4. Типот предлага таа да се запознае со неговото друштво (во превод - многу сакам да имам секс со тебе, ама за да не позмислиш дека само сакам да те искористам и за да знаеш дека сум сериозен , ќе те запознаам со моето друштво+ќе бидеш сигурна дека немам друга) 5. Типот не му успева да има секс 6. Типот си прави есап и си вели „ок, олади сега малку, ако сака нешто повеќе од мување таа нека ти се јави“ 7. Типот чека...и чека...и чека...затоа што не знае дека постои femina.mk Мене ми звучи на стандардно машко размислување....
Фала Зоки-Поки баш убаво ги подреди и ги кажа работите. Али еве сега еден пример од вчера: Му пишав порака не ми врати, му ѕвонев не ми крена. And now what? Јас сакам да породолжам со него али еве сега он ми се понаша нешто А и мене не ми е јасно зашто он сака да ме запознава со неговото друштво ако е само за еден секс))))) подобро нека ми каже сакам само секс ако ни се погоди ајде ке си продолжиме така и готово ))) А не синока и негови пријатели да ми зборуваат као те поздрави, каде е....незнам што....... смешно ми е за 28 годишен вакви детски работи
Туфче па и мене не ми изгледа толку матен типот ... Ти со него си била ептен ладна ... Ни друштвото негово не си сакала да го запознаеш (Оваа постапка јас барем би ја сфатила баш дека не се срами да покаже дека е со тебе) ... Сега ваљда чека на твој чекор што знам. Не мора да е се така црно.(иако постои некоја можност и за тоа ). А дека не кревал да не има некоја причина... Сигурно ке ти објасни. Седнете разговарајте. Викаш детски работи ама сигурно ти се интересни и си се смешкаш
Зајко јас имам еден гооолем проблем... општо познато е дека машко-женско другарство си функционира дури некад и мн поубаво од женско другарство, заебанции совети и се.. али што кога ке почнеш да не го гледаш повеќе како другар? што тогаш... офффффф тугоооо прв пат ми се дешава вакво нешто, бев во период кога излегов од врска и немаше другарка која можеше повеќе да ме развесели од него, коа ке ми пишеше заборавав на се, зборувавме со саати... и некаде помеѓу нашите дооолги разговори и смеење ми се пројавија некои чувства... почнав да размислувам за него, да се интересирам повеќе, неможев едноставно да бидам истата, зборовите како со клешта да ми ги вадеше што се вика... тој никад не ми дал некаков повод да почувствувам дека има некоја хемија, само што во текот на денот ми пишуваше 3-4 пати константно, другарките почнаа да мислат дека не се работи за другарство, се додека не им го објаснив нашиот комплициран однос... тој нема женска, а на таа тема и не зборува ваљда му е премногу чувствителна, а јас не се осудувам да го прашам за неговиот љубовен живот... кога и нешто да ми се деси он е првата личност што дознава, дали случајно дали не, незнам. се обидувам со недели да откријам дали и од негова страна има нешто, но попусто... дали вие машките, се осудувате да признаете на другарка дека ви се допаѓа, или чекате на нејзе?
Посрамежливите чекаат Поискусните идат во акција Али мислам според твојот пост дека твојот другар неке ништо повеке него другарство бидејки не покажува никакви знаци дека е заинтересиран за нешто повеке
е сега јас ке одам против Јипман. Од моето искуство со другарите што ги имам и биле во вакви ситуации. Можеби сака нешто повеќе. не покажува знаци од проста причина -Не знае ти дека сакаш. Си била во врска. Си мисли дека него го гледаш како другар како утеха како брат. Секогаш ке се плаши да покаже прв само затоа што си мисли дека така го гледаш и дека ке го расипе постоечкиот однос меѓу вас. Јас би ти рекла обиди се. Пробај со знаци не директно. Ако не пробаш нема да знаеш. Некогаш најубавите врски вака произлегуваат. .
И јас ке се согласам со тедибеар на ова. Немора да бидеш директна, туку почни со едноставно невино флертување. Почни да се зафркаваш на негова сметка дека е време да му најдеш женска и ќе видеш како ќе реагира
Многу интересна тема Би сакала некој да ми каже што е тоа што може да смени еден маж отпрвин бил романтичен , нежен ,се што можеш да замислиш а потоа нагло се сменува без посебна причина ( вели дека не се сменил) а тоа е очигледно... Помислив дека тој е вистинскиот но се излажав изгледа...славата сепак удира во глава... Еден мој совет не влегувајте во врска со некој кој гради кариера ... ќе зажалите
хммм....А ти за него имаш направено нешто романтично? му имаш дадено до знаење дека ти значи? ако да, тогаш седни го и кажи му у лице што е тоа што ти смета....само тој чекор може да е ризичен, зашто ако не ги одбереш зборовите правилно може да дојде до кавга
Јас сум личност што знае да возврати за топлината и љубовта што ми се пружа...секогаш сум иновативна кога е врската во прашање и се трудам да биде нешто ново интересно да не биде никогаш досадно...мислам дека тоа е мојата најпозитивна страна...јас мислам дека не е до мене...мислам дека некој нешто му има кажано или прелажано...така нагло да се смени...хммм како и да е сега имам друг со кој сум среќна...само ме интересираше што беше причината бидејќи не ја дознав....фала за одговорот
А вака да те прашам колку стар е дечкото? уствари колку беше стар кога се случило тоа? па може да се даде подобар одговор....зашто ако е бил околу 20, му лета мозокот, не знае шо сака, сака да се изживее и мисли се што лета се јаде хаха а и плус што викаш славата му удрила у глава многу луѓе се мењат. Некои си остануваат исти, се дружат со истите луѓе, а некои почнуваат да мислат дека се над сите...си зависи од карактерот
Фала ви на сите за мислењата! Денес ми се јави и ми кажа што била причината. Сега и си пишевме. Ќе видиме што ќе се случува понатаму. Ќе ве известам Позз до сите
a moze sovet kako da mu kazasm deka mi se dopaga i deka go sakam???? za da ne se uplasi i da iscezni )) [mod-kirilica:28ehtzso][/mod-kirilica:28ehtzso]
А прво да напишеш колку време се знаете, дали сте дечко и девојка, колку години има, малце детаљи па да можеме подобро да ја процениме ситуацијата
А ако тој несака ништо? барем според тоа што го опиша ,нема никакво интересирање он или можеби не е поготвен за врска? тогаш ке се најдат во лоша ситуација да си го расипат другарството ....
Не знам јас мислам дека е можно и да сака. Толку се блиски а тој за љубов не и зборува... зошто е тоа така ? Плус нејзините другарки - мислеле дека е нешто повеќе па она им разјаснувала. и јас имам цел куп другари и двајца најдобри како браќа ми се ама со ни еден не се слушам толку како девојката со нејзиниот другар. Машко толку не би вртело само ради другарство. Се смеат цело време. убаво им е заедно. Блиски се. Тој ја избегнува само темата љубов. Ова е мое мислење секако. Може и да испадне по твое меѓутоа затоа ја советувавме не директно туку со знаци да се обиде. Пример веќе да не плаче за бившиот. Да се смее да го гушка. Да тврди дека не го сака веќе стариот. Да го поттикне малку. Да види реакции и да ја процени ситуацијата.