Хух ве молам за совет било кој било каков во заблуда сум голема си имам големо проблемче. Првпат кога го видов (мојот вереник) одма ама одма се заљубив во него, бевме заедно врската ни траеше околу месец дена. Но тој мораше да замине во странство и ме остави, и така после тоа продолживме преку скајп и месенгер уште цела една година да имаме некоја си врска. Али далечината си го направи своето и се оладивме он си фати друга јас друг и така си отидоа годините. После цели четири години се видовме пак имавме некоја си авантура од месец дена но ништо сериозно па јас решив да се фокусирам на мојата иднина и го напуштив заминав во странство овој пат јас. И пак иста приказна преку интернет слушање гледање итн... Јас му се налутив еднаш бидејки фати друга, па ја остави неа и пак мене ме бараше. Ок се смирија некако коцките. Јас се вратив од странство и решивме да се вериме пошто нели многу заљубени сме. Си се веривме си живеевме заедно ок беше но... живееме во странство многу е тежок животот овде и врската више не беше љубов него као обврска. На пример ајде дојди да јадеш дај пари за ова дај пари за она зашо вака зашо онака, неможе да одиш да пиеш зарем секоја вечер ке пиеш. Значи ја бев настроена кон него многу заштитинички и тотално изгубена заљубена му зборев ако ме оставиш ке полудам незнам што би правела....итн... Додека он си има MNOOGU AMA MNOOGU проблеми на работа и целото тоа се рефлектираше и на нашата врска. Последните 15 дена имав проблеми со главата имав вртоглавици нервозна бев љубоморна се дерев по малку и бев тажна, а он никако да разбереше дека ми е лошо дека имам проблем па се каравме малце. Јас морав да заминам на два дена за да средам некои работи со документација, и во мегувреме се скаравме додека не бев дома исто така и една вечер се скаравме ама ептен значи погрешка ме слушна за некои работи што му ги кажав ми го исклучи телефонот и од тогаш не сака да ме види, не сака да ми дигне слушалка не врака на пораки и тек така ми кажа дека е готово мегу нас. Му викам како бе така он ми вика паа извини ама не е како што јас си замислував и очекував и му викам а бре будало па не е врска тек така да си отидеш поради една глупа караница туку седни и дај да збориме очи во очи кажи ми што ти се свига што не па да поправиме тоа што е лошо. Еден ден ми вика ме сака другиот ден ми вика не пијан бев не се секавам што сум зборел. Му пишам пораки сакам да те видам ми требаш ми недостасуваш а он на тоа ми врака знам само полека... Е ајде сеа и шо да правам да го чекам да порасне? Да пораснеме заедно? Да го оставам ? да си дадеме шанса??? Многу нестабилна работава не е голем проблем туку е заблуда а иначе не сме се виделе месец дена... Може некој совет од некој друг пошто дома моиве нишо не ме разбираат. Фала ви
И двајцата сте несозреани за заеднички живот. Не ви оди заедно, дефинитивно. Вашите караници ми делуваат на пубертетски, помеѓу вас има некоја искра, некоја страст но тешко дека вие двајца некогаш ќе имате прилично хармоничен живот. Барем мене така ми се чини од напишаното. А искрено и ти доста си го напнала, дечкото бил под голем притисок постојано, па на крај пукнал. Ништо ново и чудно. Чим вака не функционирате ок, после шансите дека ќе биде полошо се 90%, и 10% дека може ќе се узобилите. Не ми се чини искрено баш добро вашево. На крај сепак ти одлучуваш.
конечно ја најдов темава бас тука сакав да писам знаци барам совет од мските... дали е вистина дека маско се залјубува само еднас и после сака ама никогас нема да сака така како сто ја сакал таа ова лицно маско ми го има казано и ме стави навистина во мисленје децкоми оди најдолго со мене а имал пред 3 години една со одел кратко време но многу ја сакал и му зборам нонстоп затоа он ми казува дека да би ја сакал би бил со неа не со мене но од самиот факлт дека го изневерила а он не простува неверство и раскинал но мн трцал по неа со мене се е супер знаци немозам да се позалам се ми удоволува но ме копка самата помисла дека мисли сеусте на неа и дека никогас нема да ме сака како неа совет за ова?
Хаа епа вака ...неколку месеци си пишував со еден, излеговме на кафе и препре убаво се понашаше со мене ( не се измувавме од првиот пат) ,после тоа некое време ладно топло си играше неколку дена ама се врати во нормала ,ме викна повторно да се видиме едно 2-3 пати но од оправдани причини не можев и конечно се деси да излезиме и да направиме нешто. Повторно се врати на топло ладново ама сега очекувам да ме побара деновиве пак бидејки пред некој ден кога пишувавме така ми кажа е сега проблемот мој е следниов...јас не го знам многу многу него бидејки не сме од исти градови и сум обично многу недоверлива кон машкиве хаха ,со него ми е многу убаво,буквално треперам кога ке го видам ,се осекјам сигурно и бла бла ..имам некое чуство барем досеа од искуствово мое дека онака одлично знае што да прави како да се понаша и се тоа и ми е страв случајно да не е женкар па да се понаша со секоја вака ( значи немам некоја причина да се сомневам) .како и да е можеби грешам можеби не ..во врска со ова али знам дека машкиве трчаат по женски шо малце така се порамнодушни да кажам ..мислам ме свакјате...безразлика шо и да биде не сакам од сега да мисли дека јас му сум на располагање а со самото тоа да не се труди повекје во врска со мене.и покрај тоа што умирам да излезам со него кога ке ми пише сакам малку поладно да се понашам..ваше мислење? Што би било најдоброто во ситуацијава? ( иначе досега никогаш ладно не сум се понашала со него освен тоа што сум го одбила за излегување неколку пати ама со оправдани причини било тоа и се надевам дека ми верувал ..)
Отворив тема за прашањево што ќе го поставам во категоријата Љубовни проблеми, но не добив ниеден одговор, а навистина ми требаат многу мислења, особено од машка гледна точка. Тука ќе го напишам истото што го пишав и таму, па ве молам одговорете ми. Нова сум на форумов, се зачленив само за да ја отворам темава, се извинувам однапред ако веќе имало слична. Заедно сум со дечко ми околу 7 месеци и нормално е после одреден период да се појавуваат чувства. Јас веќе не можев да ги кријам, па влице му реков дека го сакам. Всушност, до некаде и тој ме предизвика тоа да ми излета, бидејќи инаку сакав да го чекам тој да рече прв. Тој е многу затворен тип на човек, дефинитивно специфичен и едвај можам да му ги извлечам некои работи од уста, ама секогаш ми успева. Јас му реков дека не очекувам одговор назад веднаш, воопшто не мора да ми врати, можам да чекам до кога ќе биде спремен, бидејќи знам дека е затворен. Имам големо разбирање. Тој ми побара време од неколку дена за да размислел, ме замоли да не го барам туку дека тој ќе ми се јави мене. Ова е вака бидејќи тој сака еднаквост и ако не е во можност да ми возврати за што било со иста мера, се чувствува недоволен. Мислам дека тоа е причина поради преголемо машко его. Искрено, ова е тоа што ме плаши, се плашам од исходот на неговото размислување, што ако ми раскине? Јас сум силна девојка и многу самоуверена, ама искрено...никогаш не сум сретнала некој како него, поседува се што барам во машко и баш и не ми одговара да раскинам со него. Ќе почекам да видам што има да рече откако ќе се јави, но искрено не знам што да очекувам. Сте биле во слична ситуација? Всушност, нели е глупаво некој да раскине ако единствената причина за тоа е што другата личност рекла 'Те сакам'? Ви благодарам однапред за мислењата. * Update: Мислам дека и тој ме сака мене, само има потешкотии тоа да го изговори. Не се потребни зборови за да се види дали некој е заљубен или не.
Времето најдобро ќе покаже! Ако навистина му значиш нешто и те сака, нема да ти раскине! Можеби му треба малце време да се прилагоди на ситуацијата и да си ги среди мислите! Затоа мислам дека треба да почекаш неколку дена да ти се јави, па ќе видиш што ќе ти одговори! Биди претпазлива и истрајна, не му врши притисок и не го барај, затоа што ќе добиеш контра ефект! п.с да знаеш повеќето машки се плашат од самоуверени женски.. Поззз и среќно
Спојлер Ти благодарам за советот, всушност истото го размислував и самата, но толку многу сценарија ми се вртат во главава што навистина не знам кое ќе испадне на крај. Воопшто не го барам, ниту му пишувам пораки на мобилен или на Facebook. Сакам целосно да искулира, да видам дали му недостигам, а плус и тоа што самиот побара време. Да, некои мажи навистина се плашат од самоуверени, се согласувам. Па можеби и тука е тоа случај, не знам ќе видиме. Ти благодарам, поздрав.
Ако ме прашаш мене, не за џабе е со тебе 7 месеци. Нешто има, тоа е сигурно. И тоа шо велиш, дека е позатворен тип игра голема улога. Затоа и ти побарал одредено време да размисли, да си ги среди мислите насамо, да види дали ќе му фалиш во тие денови. Сепак, ти најубо си знаеш од постапки и од однесување и се тие работи, дали има нешто од негова страна. Многу можеш да кажеш и од реакцијата кога ти си му кажала дека го сакаш.
Ти благодарам, најпрво. Се тоа го сфаќам, но еве поминаа два дена и се' уште не се јавил, па почнувам да го гледам како една гоооооолема кукавица и едно големо дете, иако вели дека е созреан. He chickened out, that's what I think. Не ми е потребно да ми го рече тоа со зборови, го гледам како се однесува кон мене цело време и како ме третира, ама мислам дека тој самиот не може да се помири ако не го рече назад, а мене воопшто не ми е потребно. Јас не сакам ништо за возврат, верувам дека кога-тогаш животот ни враќа за секое добро што сме го направиле, а не е грев да сакаш некого. Не знам, како што пишав во темата што ја отворив, можеби се исплаши бидејќи ова му е прва најдолга врска, сите останати му траеле по месец дена, па можеби се ова му е ново. Како што рече и ти, не би бил за џабе со мене 7 месеци. Ти благодарам, уште еднаш.
Ке ве молам за совет јас се запознав пред 2 години со дечко од друг град и на почетокот бевме добри другари така цели 6 месеци, иако знаев дека тој сакаше да бидеме повеке од другари јас сакав да го запознаам подобро. Тогаш беше многу фин спрема мене секогаш наогаше време за мене со него можев да споделам се што ми лежеше на душа, јас знаев дека е женкар и дека незнае да биде верен само на 1 девојка. Ама ете се случи да почнам да имам чуства за него, и он ми предложи дасе муваме и така останаа работите се мувавме цела година ипол ама секој ден се слушавме, редовно идеше и знаеше дека го сакам и јас мислев дека му значам, јас после тоа се надевав на врска а он не сакаше да смени ништо околу тоа разговарав отворено со него на таа тема он ми велеше дека има време прво јас дасум сменела некои работи кај мене дасум го сменала понашанјето дасум била поитра а не глупава, дасум завршела факултет, да сум се научела да готвам ,и ред други глупости, тогаш дури за жена кеме побарал.А иначе знам дека се гледа со други женски и тоа отворено го кажува и тоа се гледа сесо курви бидејки има пари и ги дава по курви и јас редовно плачам, и пак му простувам, многу сум затрескана во него а он си игра топло ладно со мене, ми вели дека ме сака а најдобро му било да немаме врска зада неме повредел. Јас му велам и вака ме повредуваш цело време ако неме сака даме остави на мира даси го живеам животот а он откако ке му речам крај тогаш само ми звони по 100 пати неме остава , а цело време ме повредува само ми зборува за секс а кога кесе видиме се понаша ладно со мене како да муе сеедно дали ке имаме, несака дасе шетаме низ град тоа го нервира единствено ако седнеме во нењкој кафич и другото време го поминуваме само во кола. Никогаш неме запознал со неговото семејство само ми дава лажни надежи дека е сака. А јас од што го сакам кога кему речам крај одвај чекам даме побара неможам да издржам данемуго слушнам гласот кога кего слушам целата треперам заради него и со моите дома сум во лоши односи неми дозволуваат дасе гледам со него бидејки е женскар и пие многу. А секогаш вели деа сакал дасе промени ама само лаже ништо од тоа. Се потрудив да го заборавам се запознав со 1 дечко од фб од друг град е ама дечкото ми изгледа како фин ногу излеговме 4 пати и ми призна дека сака врска со мене така ама јас неможам да прекинам да мислам на овој жто се мувам со него и сега незнам што да правам овој дечко мие симпатичен ама јас ги немам тие чуства што ги имам за другиот и затоа не започнав врска со него бидејки несакам да го лажам а сеуште се гледам со него излегуваме заедно во град како пријатели се шетаме ама ете неможам да го сакам. Кеве молам за совет што да правам превише сум затрескана во мувачот а знам дека јас нему значам со мене е од навика и од што знае дека го сакам и од што нема да најде друга глупава што кего трпи
Би сакала машко мислење за мојава ситуцаија.Пред две години ај да кажам се забавував со едно момче околу 3 месеци , ама јас толку го засакав и не ми беше само забава туку некако духовно се споив со него,мислам дека и он .Тој веќе две години има девојка , а со мене е во супер другарски однос и што ми е најнејасно он беше иницијатор да останеме пријатели.Со сегашнава девојка вели дека му е супер и гледам дека е ок, никогаш не се случило да се смуваме или нешто слично , редовно ми се јавува редовно му се јавувам се почитуваме нашиот однос е крајно другарски иако јас потсвесно и сакам врска со него (само нејкум да се плеткам да растурам врскава). Моето директно прашање е зошто иницираше да останеме другари и дали можеби уште има нешто мегу нас ,зошто напоменувам никако не сака и не покажува интерес за мување, секс и такви шеми!!!
бидејќи навистина сакал да останете другари.ако сакал нешто повеќе тоа ќе ти го кажел а немало да си фати девојка.штом е со неа а не со тебе сигурно има некој чувства кон неа.мислам дека кон тебе се интересира само другарски.и подобро не се залажувај за подоцна да не ти биде тешко. ова мислење не е од машка страна но сепак сметам дека е правилно
Од една страна мило ми е што сме добри другари зошто не можам да си го замислам животот без кафето ,муабетот и дружбата со него, од друга страна се зезнав што останав другарка зошто гајам илузии,бар поука ми е со следните да не останувам другарка..Леле ако се ожени ќе ми биде претешкооо Фала на мислењето ама баш ме занима машкава популација од нивен агол како ќе ми одговори...
и јас сум била во таква ситуација и за тоа и ти пишав.нашето пријателство се распадна откако дозна дека го симпатизирам.но тоа беше многу одамна.тогаш уште бевме деца
Ајде момчиња да ве прашам што ве привлекува кај девојките? Дали паметот или надворешната убавина и што кај двете?
Леле, па не си мала, имаш 23 години, не се зафркавај, пие, пуши, оди по курви, се тоа ти смета и се му простуваш. Зошто бре? Во надеж дека ќе се смени? Па имал скоро две години да се смени и пак ништо. Зарем до толку не се почитуваш себеси и твојата среќа? Си ги растурила односите со семејството, сигурна сум и со другарките, за што? За да можеш да плачеш секоја втора вечер и да се надеваш дека ќе ти се јави и дека нешто ќе се смени и се така одново и одново. Мој совет ти е да го баталиш. Ако треба смени си го и бројот, тргни го од животот, поправи ги односите дома, ете пробај со друг дечко, па можеби ќе се појават чувства и се ќе се среди. Никој, ама баш никој не заслужува толкаво малтретирање, и не ни знам како си издржала толку долго да трпиш.
Првин надоврешната убавина привлекува! Потоа паметот задржува! Џабе убавина ако нема памет! Тие со убавина а без памет само за една ноќ... А со памет и убавина + хемија = заљубување! Ама тешко онака памет а без убавина...(да бидеме искрени) но има и тоа ама ретко ...
Е сега сум мирна и со по малце разрешени дилеми во главата... Абе си викам јас тешко како мене се наоѓа... Мала шала не сум толку многу дигнена..
МАШКИ---Колкаву се шансите ако нека девојка ви даде да ја легнете после неколку мувања, да речеме сте се мувале 2-3 недели..Дали ќе ја сметате за лесна и ќе ја откачите??