Ајде машки кажете ми што да мислам! Вака сега...пред милион години т.е. далечната 2004,кога бев кај баба ми на гости преку лето (во друг град) упознав еден дечко,што ми се засвига и ми беше симпатија цели 2 недели Али немаше ништо мегу нас,се сретнавме случајно неколку пати на искачање,најверојатно сме наприле 2-3 реда муабет и толку,не се ни секавам точно како било...деца! Е сега,минатата година,после толку време,случајно налетав на него,тој имаше работа на моето работно место и најнеочекувано и случајно се сретнавме,со тоа што тој не ме ни препозна,али јас му се претставив и чисто од култура си поставивме прашања од типот-како си,што си и толку!Али пред некои 5-6 месеци ме аддна на фб,ја врска немам како ме нашол и си помислив,ок,никогаш не сме се упознале,може сега ке имаме шанса да бидеме пријатели. Но,никогаш не ми пишал на фб,ниту пак јас сум имала некоја причина да превземам иницијатива...Се до пред 2 недели,кога ми пиша и ме праша дали сакам случајно да пиеме кафе и ми го побара моб...значи од нигде,никаде после 7-8 год,добив покана за кафе со него и одлучив да идам,чисто од љубопитност,никогаш не успеав да го запознаам порано. Нашето пријателско кафе помина прекрасно,пријатно,релаксирано,пријателски! Тој има девојка,јас имам дечко,имаме долги врски и сме заљубени во своите партнери. И си го дадовме тоа јасно на знаење, најверојатно понесени од тоа дека неможе да постои пријателство помегу машко и женско Се поздравивме,си отидовме дома и после неколку дена почна пак да ми пишува на фб,секоја вечер ме чека на некој начин да се уклучам,затоа што до пред нашето пријателско кафе,него никогаш не сум го видела на фб. Нашите разговори се одвиваат од прилика вака-ме прашува кога ке се јавам да пиеме кафе,со него и со девојка му,и ако сакам да го земам и дечко ми,ми вика дека има шанси да се отвори ново работно место кај него на работа,па дека сигурно ке ми се јави,ми се жали за љубомората на девојка му и сл. за мене малце чудни муабети. Додека јас од друга страна се поставувам најпијателски,али неможам да не размислувам што сака,што е поентата на сево ова,затоа што чувствувам дека не е баш пријателска збунета сум Мислам дека доста тупев,јасно ви е каква е ситуацијава,па пуцајте
Секако не е пријателска туку полека си плете мрежа со многу ситни финти и трикови . Тебе ти се допаѓа дечкото инаку не би ми мислела толку. Дали и колку е сериозен не можеш да знаеш но тоа што можеш да направиш е да си ја преиспиташ врската со дечко ти зашто да знае за вашиот контакт секако нема да му биде сеедно а ниту тебе дечко ти да има таква „пријателка“. Ако продолжиш со новиов има големи шанси кога тогаш да раскинеш со сегашниот и затоа ти е најбитно ти со себе да расчистиш што и како сакаш. Ми се има случено слична ситуација и тоа еднаш бев во улога на твојот дечко а втор пат на типот што го опишуваш и дел од работите што ги пишуваш ми се добро познати, посебно делот со новото работно место . Од негова страна он си пробува и сега од тебе зависи кој правец ќе го земеш а тоа што сте си рекле дека сте заљубени и слично ама баш ништо не значи . Ако ти значи ептен дечко ти најпаметно ти е да ги прекратиш контактите со новиот ако пак не можеш или не сакаш има големи шанси да влезеш во некаква врска со новиот (под услов да не се премисли).
и мене добро ми дошло мислење од машка гледна точка ...дали може машко со мн добар физички изглед да е срамежливо до тој степен што не би и пишал на девојка ако му се свиѓа ни на фб а не камоли да ја викне за на кафе или нешо слично, или па то му е некоја си финта?? пошо некако понашањево неможам да го протолкувам изгледа на некој начин заинтересирано ама не е ко други машки што си се пуштаат и си припишват и на фб и јасно им се гледаат намерите, овој на моменти остава впечаток на срамежливост а на моменти на занесеност ко демек кој сум јас, човек да незнае шо да мисли, а и да напоменам дека на фб ретко да е на чат и немат 10000000 пријатели туку скромни ~160 што значи не е од оние машки на секое женско на фб шо ке се слика провакативно за на профил одма да и пушти понуда и да и се лигави а изгледа премногу добро за да нема понуди...значи има некој свој принципи и не е од оние што се 24/7 во женско друштво овој ретко да го видиш со женски околу него и сега то ми е чудно како е можно толку убаво машко барем според мој вкус а знам дека не е само според мојот да не го имаш никогаш видено со женска или до тој степен да се срами не ми е некако логично...дали е ова од изигравање занесеност кој сум јас или нешо друго е работава??? а на моменти има некој така да речам мали сигнали на заинтересираност а мали се пошо не е класично машко што ем се движи кај што излегува твоето друштво за да се сретнете и шо дреми на фб и на чат да се зезате и на секоја втора реченица те кани на кафе, туку вака ако се сретнеме на улица и тогаш си се осеќа таа наводна заинтересираност во тој краток муабет од 5 мин и + малце што се распрашувал за мене ама то беше пред 7-8 месеци -_- а мене многу ме интересира иначе ама незнам шо да мислам :/
Зошто да не можи. Добар изглед не дава секогаш самодоверба. Па на крај краева, шо чекаш ти. Ако ти се допаѓа, пиши му. Никогаш не сум ги сфатил тие женски кои ќе дремат како мисири (без навреда), и нема да го превземат првиот чекор. Ако ти се допаѓа, акција и нема друго. п.с. а за делот каде што кажуваш дека не го виделе со женско, секогаш постои друга опција. Тоа, надополнето со цитирам “многу добриот физички излгед“, може да значи дека е геј.
некако немам толку храброст да го превземам првиот чекор или па не сакам јас да сум таа што ке превземе прва акција зато шо барем јас така мислам дека ке почне уште толку да си се занесува и да си направи филм ко демек еве оваа залетана по мене ке ја дриблам и некој такви слични работи... а ++ некако неможам да го начекам на фб ретко е на чат и незнам што би му пишала а и срам ми е некако ... иначе и јас си имам помислено за таа другата опција ама се надевам дека не е то
Епа ако почни да ти се понаша така, секогаш можиш да го откачиш. Ти храбро напред. Јас знам дека горам од желба некогаш мене да ми се пушти некоја.
Заврши тоа дека прво машките мораат дури сега и обратно почна да оди еволуцијата...јас не се пуштам на женски сега за сега туку тие мене ми се пуштаат и тоа и го сакам,ама неможе пошо сум зафатен а да не сум би с епуштал
мислам дека на тој начин ке се понижам никогаш досега прва не сум пишала на машко најверојатно поради гордоста и некако повеќе сакам тие да ми пишуваат а јас да си одбирам и да си се зезам а мислам и дека ако би била јас машко ке си ги користам на тие шо ке забележам дека им се свиѓам и мислам дека повеќето машки се такви ама овој мн ми се свиѓа, и ставрно колку што можам вака да проценам не е ко другиве лигуши па можеби затоа ме интересира толку мн...ама ако му пишам и почне да ми се занесува и да го откачам после то јас ке си се осеќам понижено и глупо -.-
каква гордос мила?тоа е поиим со кој воопшто немате ништо заедничко.ти само знаеш да си поигруваш а мислиш дека со тоа добиваш поени плус.стварно не можам да те сватам.ако некој ни се допаѓа воопшто не мислиме на гордоста туку да го добиеме тој што го сакаме.не велам сега дека треба да се спуштиме на ниско ниво.меѓутоа ако не ризикуваш ништо не можеш да добиеш и гордоста тука воопшто не помага.за твој години би требало позрело да размислуваш.
па очигледно пинаку гледаме на работиве...ете јас таква сум и неможам да се понижам да го молам на некое машко, досега никогаш не сум го направила тоа зато шо неможам да си дозволам на некој да му дадам можност да си поигрува со мене и да ме искористи..
е па то е финтата шо немојш одма некој да го процениш, значи пак за да имаш можност да ги прајш тие проценките ти треба прво да контактираш со некого подолго време а за да контактираш значи треба прва да му пишиш а ако му пишиш автоматски му даваш до знаење ко демек еве ми се свиѓаш лесно мојш да ме манипулираш...а да процениш некого од вака физички шо ке го видиш и ке напрајш 5 мин муабет по пат малце потешко
ај и јас да кажам некој совет. Прво, сигурноста кај машкото нема врска со неговиот изглед, има физички неатрактивни машки кои се сигурни во себе и обратно. Додека во врска со тоа дали некој ке се посрамоти или понижи, не се слагам со таквиот став, ако си заинтересирана за некого, не бирај средства за да го добиеш.
и сега демек јас треба да пишам прва а? ама некако нешто од внатре не ми дава да пишам и дури мислам и да испадне нешто позитивно јас повеќе нема да го сакам зш сум морала вака да си се погазам на некој начин
Прочитај си ги последните неколку мислења и ќе сфатиш кај е проблемот. Олабај се, не размислувај толку многу шо како зошто едно друго. Често со преанализа на работите ќе заминиш во тотално спротивен правец. Едноставно пиши му на типот и то е то. Не значи ни дека има предност во контактот ни дека ќе почни да те манипулира или нешто... Исконтактирај, започни интересна конверзација, дај му на знаење дека ти се допаѓа, остај му бројче и после тоа остај тој да превземи следна иницијатива. :up:
Чоек ало круна ке ти падне од глава ако пишеш прва ?? wtf ?? па еден поздрав е тоа... друго е прва да му пријдеш за мување, друго е прва да му предложиш врска и слично, тука и ја не би прва ! ама бре за едно обично пишување ??? Па не ке ти падне круна алоо едноставно, ако ти се свиѓа детево пиши му прва, зголеми си самодоверба и пукај ...
Бети, ќе ти кажам мене што ми се има случено.. па ќе сфатиш дека некогаш мораш ти да ја превземиш ситуацијата во свои раце. Бев зацапана во еден тип долго време... бевме другари и се гледавме само преку лето, значи во текот на цела година не контактиравме ни телефонски ниту никако. Веќе не можев да издржам ќе полудев по него.. тој немаше абер за било што со мене, онака ме гледаше ко другарка, дури и ми кажуваше со колку типки бил со која што правел итн.... Секоја година во Јуни месец одевме на исто место со истите луѓе. Едно лето јас морав да заминам месец дена порано.. не можев да го најдам за да му кажам чао или било што и на неговата мајка и оставив ливче на кое пишуваше ОВА Е МОЈОТ БРОЈ, АКО САКАШ ЈАВИ МИ СЕ... и секако мојот телефонскиот број. Вечерта типот ми се јави да ми каже дека е во Охрид и дека сака да се видиме... Нормално дека се видовме.. и нормално дека се фативме и нормално дека одевме колку што можеше да се каже тоа одење бидејќи типот живееше во Битола.. битно се гледавме еднаш на две недели јас одев тој доаѓаше и така.. Сакам да кажам.. пиши му.. јави му се.. направи нешто.. единствено што можиш да изгубиш.. не можеш да изгубиш ќе знаеш на што си со него и што тој чувствува за тебе. Можеби е толку срамежлив да ти каже било што.. или не е сигурен дали ти чувствуваш нешто со него и слично. Мажите се ловци по природа.. ама тоа не значи дека ние секогаш мора да сме пленот... П.С. Со типот и ден денеска одиме на исто место со истите луѓе и ден денес сме пријатели. ))
да и другарките така ми викаат ко демек пиши му шо врска има можеби е срамежлив...ама јас никако да се одлучам најверојатно затоа што многу можни ситуации разгледувам што би биле последица и затоа што сум многу горделива па поради тоа сакав да слушнам и мислење од машкиве за женски што превземаат иницијатива иако знам дека се е индивидуално и не се сите машки исти...ама пак неможам да се одлучам уште си се мислам х)
Не знам дали имаш гледано tough love со Стив Вард.. тој во неколку наврати вика .. лупам .. правило #69 ако сакаш некој да те бакне, не чекај, бакни го ти него! Така да.. не чекај.. тргни ти во акција.. нема да ти се смее утре само бидејќи ти си го направила првиот чекор..