Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. belluci

    belluci Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    12
    Еве и јас да прашам каде исчезнаа сите пристојни дечки зошто не можам да си најдам некој соодветен со добро пристојно однесување, излегов од долга врска и сеа веќе некое време сум сама, каде грешам што ми фали мене, сите другарки во врски ја сама незнам дали само јас имам ваков проблем или и кај др е ... :( :( :( :( :( :( :(
     
  2. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Најпрво здраво на сите :hai:


    belluci, пристојни дечки има многу, проблемот е можеби во тоа што веројатно ги бараш на погрешно место.
    И уште нешто, повекето од нив често се срамежливи и повлечени :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. beettyy

    beettyy Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    8
    да како овој шо кажувам дека изгледа пристојно пошо и јас барам таков ама е или срамежлив или занесен ...
     
  4. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    belluci не е проблемот во тебе туку во момците затоа што никој од нив не сака врска туку повеќето сакаат само секс ,не сакаат да се обврзуваат туку ќе гледаат само да те искористат и да те фрлат и да се прават фраери пред другарите ... не би рекла дека момците се срамежливи и повлечени туку дека се мангупи,колку пати само се случува во диско да ми се додворуваат момци кои веќе имаат врска цела среќа па не ми се ни свиѓале или ти доаѓа ете такво пристојно момче ама со непристоен предлог
     
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Кога нагласуваш нешто да е важечко за сите, биди сигурен пред тоа дека сите си ги пробал :) Една вистина не е за сите. И како тоа јас во мојов живот неам налетано на дечко што сакал само секс и што ми се пуштал, а имал девојка и што ми понудил непристоен предлог? Или мене нешто ми фали, или до вашиот избор е :) (не дека вие намерно така, ама може и да, кој ве знае, кој ги знае :D )
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Да, токму тоа и сакав да спомнам ама не напишав...
    Ако ги бараш во дискотека потешко дека ке најдеш такви, убаво си кажа fallenangel што бараат повекето од машките кои искачаат таму што не значи дека нема и исклучоци :)
     
  7. belluci

    belluci Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    12

    Ајде ке речеме барам на погрешно место, а каде да барам ?? во ред е доворувањето најнормално има секакви ама последно ставрно нема дечко кој барем би ми привлекол внимание толку се очигледни не сакам да бидам со некој колку само да не сум сама но ретки се тие што би ми привлекле внимание на едните приорите им се парите на др жените и спортска, зарем нема некој кој би седел другарски на пикник со пиво чипс и добар разговор .... Премногу ли барам ???????


    Во дискотека не излегувам да најдам некој тоа никогаш не сум го правела излагам за добор да си поминам ништо повеќе .... јас само сакам нешто обично искрено и опуштено ништо повеќе .... но тоа е изгледа најтешко да го пронајдеш :( :( :( :( :(
     
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не бараш премногу ниту на погрешно место, асални момци се ретки исто како и асални девојки, кој ти вика поинаку не шетал многу меѓу луѓе :).

    Квалитет се наоѓа тешко и тоа некогаш со свеќа ќе го бараш и нема да го најдеш, резултат еден куп момци и девојки седат без дечко или девојка, тоа е реалноста. Плус има доста што на ФБ се топ за муабет а во живо уста не знаат да отворат и пополека се отуѓуваат од друштво.

    Нема што да му се мислиш премногу, излегувај, дружи се, запиши се во некој спортски клуб, оди на културни настани или места каде има повеќе луѓе, гледај по другарки да не има некоја другар што ти се свиѓа па да те упознае па ако имаш среќа и нормално неискомплексирано понашање ќе најдеш.

    Можеби не треба да чекаш одма идеален и да се заљубиш туку најди некој за друштво и забава па кога тогаш ќе си го сретнеш тој што треба :).
     
  9. belluci

    belluci Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    12

    Тоа е проблемот што не можам да најдам некој што е блиску до мојот карактер излагам се дружам има куп луѓе околу мене но никој не е таков за да бидам со него некој ке рче сигурно сум пребирлива но јас баш сум од оние што премалку бараат не ми треба ништо само оној што ќе биде до мене пред се да е добар пријател се др ке се среди .... и секогаш заврушвам со прашањето што не е во ред со мене ..............
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Знам повеќе девојки стварно фини и згодни а со месеци па и години се без дечко, ти кажав квалитет се наоѓа ем ретко ем тешко. Повеќе фактори треба да ти се погодат а ретко се погодуваат. Плус цел народ ни е некако искомплексиран кога се машко женските односи во прашање што само ја отежнува целата состојба.

    Не се разочарувај, види кои хобија и спортови те интересираат и запиши се или посетувај такви места зашто така ќе си зголемиш шанса да сретнеш дечко со слични интереси па и карактер како твојот.

    Наоружај се со трпение и не се нервирај, сите се во иста каша кои не бараат само просек :).
     
  11. belluci

    belluci Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    12
    Искрено дури и жалосно е тоа што се случува нема повеке ни другарсво сите гледаат колку што можат повеќе да искористат, сакала некела ке чекам никогаш не сум се задоволувала со малку ни пак сега ја знам што сакам и највероватно е тоа поради кое неможам да најдам некој соодветен за мене :D :D :D
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Eве ја викам поинаку, излеа не сум шетана меѓу луѓе :D
    Знаеш овде на форумов се сретнав со секакви мислења, едни упорно тврдат дека животот е суров, љубовтта е болка, нема другарство, сите те искористуваат....па се запрашав каде тоа јас живеам и со кого се дружам? Јас имам прекрасни пријатели и се запознавам со прекрасни луѓе. Не сум имала совршени дечковци, ама сама сум си ги одбрала, сама сум се решила од нив. Од каде тоа дека има ретко асални момци и девојки? Ако ти водиш евиденција по луѓето кои си ги сретнал вечерта во дискотека, тогаш ти не си шетан, зашто се раководиш според тој критериум, таму немаше асални, нигде нема асални :) (не мислев баш ти Ти Иксмен)
    Излегувам, се забавувам, среќавам нови луѓе, стари познаници и сите се бре прекрасни :) Или можеби јас растам во друга генерација, други луѓе, па чудно ми е да прифатам дека сите помлади веќе не ги имаат истите вредности :/ којзнае...
    Не дека лично си го сфатив мислењето или дека можам да ви кажам зашто така и така размислувате или дека проблемот е, скраја да е, до вас, ама излеа ми ако неквалитетни (каков збор) луѓе ве опкружуваат, па може треба опкружувањето да си го смените.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  13. belluci

    belluci Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    12
    Интересно но далеку од реалноста, нормално сите ние имам и пријатели и луге околу нас добри и прекрасни Драга Кравче , но мила моја реалност е сурва да можеби го нмаш видено таквиот начин на живот што 90 % го живеат, и што искусиле и добри и лоши пријатели затоа што запознавале луѓе и виделе скакви карактери ...
     
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Еј кравче со тебе не се расправам :D.

    Ни јас не зборев за мене, пријатели се наоѓаат ама дека асални имало пуно баш и не се слагам или треба да дефинираме што се асални :D ?

    За онака површни познанства има премногу фини ама за нешто подлабоко драстично се ретчат и тоа не само тука туку секаде.

    Може ти бараш нешто што е лесно да се најде, може ти е карактерот таков а може имаш среќа па ги збираш асалните кај тебе (или на ливадата се ти се чини прекрасно) :D.
     
    На EleMental, fallenangel и belluci им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ако твојата реалност е поинаква од мојата, не значи дека јас не живеам во реалност драга белучи :) (сеа и драги сме и мили :D )
    имам и јас видено лоши луѓе, ама си носам кромид и крст со мене секогаш, па бегаат бре штом намирисаат :D
    на крај краева, ако ти се лоши пријатели, зашто бре да ти се пријатели? Штом имам јас да се дружам со тие?
    да не испаднам некако нападна спрема тебе или било кој, а го гледам начинот на кој ми враќаш, да си се објаснам поубаво. Она што мене ми смета во целиот муабет е упорната категоризација =сите мажи сакаат само секс; сите луѓе се злобни; сите паштети се гадни (добро ова, гадни се стварно :puke: )
     
    На Moira и bitolski69 им се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Да не ја ширам темата, кога очекуваш многу од луѓето и те како ќе те разочараат, треба да им отстапиш простор да ти се покажат и докажат, никој не е како што од прва изгледа. Ако од старт си мислиш дека некој е ваков, нема да му дадеш простор да се докаже дека може е поинаков нели. Од друга страна, ако мислиш дека е најдобар и те како ќе се заебеш, зашто никој не ти прави “најдобро“ од прва средба, освен ако нема скриени намери. Дека барам нешто што е лесно да се најде, не верувам, малце сум поспецифична (се дешава често чудно да ме гледаат де :D )Ама ја може сум ја имала ете, како што кажа ти, среќата, па ми се погодиле луѓето :) (што не ми дава за право со неверување да им се чудам на другите околу мене, ама јас пак ќе си кажам дека тоа што мене ме нервира, е кога сите се ставаат во ист ќош, само ради 1 или 2,3 примероци :))
    и прекрасно е на ливадава (оти ми се фативте за прекрасно бре, убав збор е тоа :D ), кој сака нека повели :)
     
  17. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Јас па, кога сум зафатена ми изгледа дека има премногу квалитетни машки,
    а штом се ослободам одма им ги гледам маните :lol: .
     
    На J.B.007 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Море кравче каде виде ставање во ист кош :D?

    Се согласувам со напишаното (така си е) ама битната реченица беше колку има стварно избор ако не бараш просек туку нешто повеќе? Барем мене тоа ми беше поентатата зашто не зависи од тебе додека разочарувањата и одбирањето луѓе за дружење зависат директно од тебе.

    Еве ти си имала среќа да ти се погодат луѓето ама ако решам да бидам picky па да ја проширам темата малку подлабоко би можел да кажам дека луѓе кои измислиле реченица да му цркне козата на комшијата, наведната глава сабја не ја сече, двајца луѓе чета тројца кодоши или која единствена во Европа (веројатно и во светот) нема меѓународно име нешто не ќе да е во ред со „асалните„ или дека имам право дека асалните се кај нас малцинство а некои други се мнозинство. Така да зависи и од кои аспект ќе ја дискутираме темата.

    Колку и какви луѓе ќе најдеш зависи и од очекувањата но и од фактори како карактер, природна интелигенција, милјето од кое потекнуваш (многу битно а често запоставено), искуството па и од среќата итн итн итн. Замисли да и збориш на една девојка од градче со 5000 жители дека машки има колку сакаш а ти си од град со 1000000. Плус она нема пари за излегување а тебе да речеме тоа не ти е воопшто проблем. Ти (како пример, не ти лично) и она ќе имате сосема различно гледање на работите зашто ако во тие 5000 го нема нејзиниот џабе да и збориме машки има, ако не смени средина најверојатно ќе си остане стара мома или ќе симне критериум :D.

    Пс. Кога ќе правиш пикник да викаш на ливадата :D
     
    На CrazyStupidLove и Yipman2 им се допаѓа ова.
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Kravce да те замолам да ми кажеш според кои критериуми ти ги бираш машките? , Чисто ме интересира да кажеш ако не ти е тешко или срамно :D
     
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Со иксмен мислам дека се разбравме :)

    за јипман
    Ма нема проблем :D
    мора да се до 80кг, 1.90минимум, просечна големина на полов орган 24см, жолти очи, зелена коса, шампион во пливање...
    ма не ме зезајте критериуми? Како тоа јас ќе си поставам критериуми и сите ќе ги бирам според тоа? Така би ми биле сите бивши исти, а не се, баш се различни, интересно да биде :D
    Одсекогаш ми било битно каков ќе биде моментот, како ќе кликнеме, дали ќе има некоја хемија. Не излегувам јас со него на кафе со мисла во глава, чекај да видам дали е ваков или онаков, па ако е, може ќе биде нешто, ако не да си бегам дома. Или добар е, ама не ми го исполнува тој критериум, така да ништо од работата :D Моментот е, или идат работите, или не идат, спонтано си тече и се осеќаш природно. Па фала богу, до сега не ми се погодило од таквите одлуки да излезам искористена или понижена.
    И мене ми се има десено во дискотека (ова една од ретките посети на дискотеки што сум ги имала) да ми се набаци некој што ги мотка клучевите од новата кола на прст, па демек ајде да те повозам. Нити сум излегла од таму со мисла во глава дека мене сите ме мислат за спонзоруша, нити пак сум помислила дека сите мажи сакаат да ме искористат за секс на задно седиште.
    И ако излезам облечена провокативно или не, без разлика, а некој ми се нафрли со идеја да се сплеткаме, да завршиме вечерта во кревет, негово е да се обиде, мое е да му покажам дека не сум таква и дека може или да одјебе или да проба човечки муабет со мене, а не да ме гледа како вагина што оди.
    И за крај, да сум имала долги и квалитетни врски и од бившите, а и од останатите сеуште имам горе доле почит. Ако мене ми се погодиле, а на вас не, не сум јас крива. Ама не е крив ни целиот машки род, па сите да ги ставаме во исти ќош. Ете така :D

    секогаш тргнувам со мисла да напишам два реда, на крај завршувам приказни раскажувајќи, простете ми на долгиот пост
     
    На WomanInRed и XMaN им се допаѓа ова.