Да го оставиш и веќе да не му се јавуваш ни ти! Пази ја причинава молим те, сте се скарале за презимињата. Најголемата грешка ќе ја направиш ако му се јавуваш или недај боже да го молиш да се смирите. Излези со другарките, дружи се, шетај, на 20 години ќе се поресуваш за некој лигуш.
Здраво дечки, потребно ми е ваше мислење за моето мало проблемче . Со дечко ми одиме 3 години и се е супер, се сакаме се е прекрасно. Тој минатото лето отиде на одмор со другарите преку организирана група во кои имаше и други деца, значи не беа само машки. Јас од друга личност бев поканета да одам со нив, меѓутоа неговиот другар бурно изреагира на тоа што јас ќе идам, а и тој не покажа задоволство, дури и ми рече демек ако сум идела јас со нив ќе сме се скарале зашто немало да бидеме постојано заедно. Му реков дека не сме во брак и ќе има други деца со нас, зошто да не доаѓам, но тој сепак не сакаше. Јас преминав преку тоа и се договоривме кога ќе се врати да одиме заедно со мои пријатели. Тој си дојде и 4 дена пред одмор ме извиси, као демек ги потошил парите. Не отидовме. Се чувствував многу повредена, но сепак му простив. Денес пак ја отворив темата одмор, му реков дека јас оваа година се мислам дали да одам со другарки, (за да не му викам пак јас и да видам дали тој има некои планови за нас) а тој ми рече дека веќе разговарал за да оди на одмор со негов другар и не ни спомна дали сака со мене. Стварно не знам зошто вака се однесува. И не само за одмори, за се секогаш прави планови со другарите, одење ваму, одење таму, а со мене никогаш. Смачено ми е се јас да му викам и да инсистирам. Што мислите зошто вака се однесува и како е најдобро да постапам?
Јас сакам да ги прашам момците од форумов зошто на машките (не генерално но така морам да се изразам) им е тешко или се плашат од врска (т.е. обврзаност да бидат присутни кога на друга особа сте и потребни а со која истовремено делите емоции-љубов) ? Значи ме интересира причината? И нормално, како да постапам за да го ублажам тој страв...ајде да не речам, ич да не се плаши? Спојлер Финтата во прашањето е што со бившиот со кој раскинав пред околу 4 месеци сеуште имаме многу добри контатки, се допишуваме речиси секој ден, или секој втор, ми пиша дека му недостигам но тоа не го земам во обзир (као демек непромислено ми го пишал на чат...па да нејкел да ми каже немало ентер да стисне) речиси стално он прв ми почнува муабет, ме покани за на кафе да се договориме, уште ми се обрака на прекар како додека бевме заедно, се грижи и ме прашува како сум поминала на полагање испити... и некои вакви работи... но од друга страна ете ние и додека бевме заедно он ми спомна дека немал врска која траела долго и дека се плаши ( не ми е јасно ова) од долга и сериозна врска. Тоа и беше муабетот коа ми раскина: те сакам но несакам да те повредувам. Можно е тој страв од сериозна врска да го оддалечи до тој степен за да раскине? Не е мал, ги има веќе 24 год. полни и не е тинејџер. Го сакам назад а не знам како да го истерам тој страв од него? Некоја стратегија? Некој посебен муабет? Потег?
И ја кревам два прста за одгвор на ова прашање. И мене не ми е јасноо, ајде може ке кажете 20 год е рано за врзување, ама бре ако се има заедничка енергија зашо да пропуштате ?? Демек сакате шо повише да измувате да изонаквате нз шо ? Шо филм ви е ?
^ Единствена причина за ,,стравот,, од врска е незрелоста. Не е доволно созреан во паметот, мисли дека ако е во врска и дека нема да ја има веќе таа слобода како и претходно. Зарем момциве што се во долги врски не излегуваат, не се дружат, па тие не се заковани со девојката. Не мувале тие кога требало, па на 24-25 и кусур години нашле топ девојка, абе не чекај јас уште немам прошетано не сум за врска, добро ми е вака да си мувам уште. Очигледно е дека касни со паметот.
Според мене од една страна како што можев да прочитам вие сте 3 години заедно и мислам дека треба и простор да си дадете малку, ти со другарки тој со другари бидејки не е убаво цело време 24/7 заедно ке почнат само караници
Мортиша очигледно типов не те сфаќа сериозно. Лани не ти дозволил да одиш со него, сакал да се издува мангупот, оваа година пак со другар а? Раскини му, не вреди да се трудиш за вкава врска, се додека не застанеш на својот став и не покажеш заби нема да те сфати сериозно и ќе ти прави вака. Па зошто ти секогаш да инсистираш на се и да го тераш со сила да отиде со тебе некаде??? Ако тој те сака и те заслужува тој би требало да го прави истото за тебе, да сака да биде со тебе, да сподели одмор со тебе и се тоа. Јас сфаќам дека сте млади ова она, ама почитување и сакање си е морално нешто во една врска, неможе само едната страна да се труди, а другата да не се замара. И проблемчево не ти е баш мало, мора да има причина зошто тој несака да оди со тебе на одмор, па месеци унапред прави планови со другари. Па ако не му држи гзот да има врска со сите одговорности што одат со неа нека ти раскине тој. Мене ми е тотално непочитување тоа да те изоставува од неговите планови па и за битни работи како што е заедничкиот летен одмор, мислам дека не треба повеќе да го дозволуваш ова. Застани на своето, или ќе подразмисли и поправи за неговиот однос или прекини ја врската, се друго би било само мачење за тебе.
Не се сложувам со Срекичка....или барем не целосно. Не викам дека не е можно да е тоа причината, но мислам дека има нешто друго. Спојлер Додека бевме ние заедно од никакво излегување и дружење не му ускратив. Ниту он на мене. Како може да е доволно зрел за професионално да се определи, нели да запише факултет и да има амбиција да го заврши, или да е доволно зрел за вработување и правилно менаџирање со спечалени пари (плата), а да не е доволно зрел за да остане во сериозна врска (патем нели збориме за врска во која сеуште има колку-толку љубов)? Неможе да кажеме зрел е за ова-и-ова, ама за ова другово е не е зрел. Некако не ми штима. Али еве, ај, која и да е причината - нека е! (добро сега се надевам машките од форумот ќе пишат некоја можна причина) Кој е лекот? Хемијата ја има, комуникацијата ја има, а како да се надмине тој “страв“ (или подобро речено-чуден став)?
Буби верувај дека тоа не е страв. Едноставно несака да биде во врска, сигурно си сака слобода, да менува женски, да си се издува, да немора на некој да му се правда и полага сметка, едноставно да не се ограничува, а од друга страна сака да одржува добар контакт со тебе зашто нели никад се незна, може некој ден ќе му се присака со тебе (прашање е дали ти ќе го дозволиш тоа). Немој да се лажеш со тоа дека се плаши, дека е недоздреан итн... верувај дека кога некого сакаш и сакаш да бидеш со него нема стравови, нема од што да се плашиш, едноставно пробуваш на сите начини да си со него и надминуваш секакви пречки. Добро не сме сите исти тоа е нормално, но да гледаме најреално на работите, дечко на 24 год. да се плаши од сериозна врска не ми оди некако... мене ми личи тоа на изговор. Единствено од што се плаши дечково е да се врзе за во случај да не остане заробен цел живот со тебе, да не плесне нешто на страна, да не не се изнадружи и изнапие со другарите, си мисли дека ќе му биде ускратено се и дека ланците му се ставени околку врат веќе, крај на неговиот живот. Ете од тоа се плаши, а не од врската. Докога со вакви излитени фрази И мене баш ме интересира што ќе кажат машкиве на ова.
Буби едноставно не си дел од неговиот план. немој да потпаѓаш на неговите мили зборови и работи што ги прави. Ако сакаш да веруваш во неговите оправдувања дека се плаши или дека не е спремен (срање у боја е ова) тогаш слободно. Но отвори ги очите и не дозволувај некој да те залажува.. Знам дека уживаш во вниманието и очигледно е дека не ти е сеедно за типов но зборот Не сум спремен уствари значи-ти не си вистинската или не би пробал со тебе.. МОРТИША добро жити се како поминуваш низ сето тоа што он го прави?! немој да се трудиш да го оправдаш, типов те има за тука кога ке иде таму се прави главен фраер и брои на прсти колку женски ке смува не дај боже па нешто друго да направи, ке се чука по гради мислиш ко којзнае што направил.. Инаку? Ајде да видам како би го оправдала ти? Извини ама едно машко што те сака никогаш нема да ти го рече тоа..
Пролазна станица си му, не планира сериозно со тебе и сака да се издува на страна. Не е ниту емоционално а уште помалку физички врзан за тебе што би било некако нормално после 3 годишна врска. Или со други зборови нема некои силни емоции за тебе. Те сака ама не доволно за да остане со тебе, односно нема јаки чувства за тебе како девојка туку повеќе како другарка. Машко има страв од врска само ако се сомнева дека девојката не му е оптимална и се надева дека ќе сретне подобра прилика а тебе очигледно не те смета за таква (дали тоа ќе се измени некогаш само он знае). Си ја слушнала реченицата: не сум спремен/спремна за врска ама вториот неизговорен дел секогаш гласи: СО ТЕБЕ. Кој те сака (како што кажа Мимс89) мести планини за да биде со тебе и не бара слобода (барем не во почеток). Речи му дека смее да иде и со други девојки одма ќе му замине стравот дека мора да остане со тебе и може и да се смирите ама дали тоа е тоа што го сакаш е друго прашање.
Буби еве ти машки одговор Како прво: сите машки не се исти Како второ: сите машки немаат исто гледање на врските, некој од нив сакаат да бидат важни и да имаат по 3-4 женски (мувачици) и да бидат ваци во дусштво, а има и такви кој си имаат женска и се искрејни со нејзе(нема варање, нема никакви зафрканции) Како трето: мој совет е пред се добро да се запознаете, макар тоа траело и година дена (немора да се мувате или слично, доволно е да излагате еднаш неделно и да правите искреен муабет) Четврто: Ова ти го кажувам од лично искуство... Бев тежок женкар, во денот се гледав со 2-3 девојчиња, но се заљубив, полека полека ги откалував останатите, а девојчето во кеа се заљубив се правеше важна, ми маваше корпи, но едно другарче ми рече ОСТАВИЈА БРАТ ОНА КЕ ТРЧА ПО ТЕБЕ (ус пат да ти кжам дека и самите сте си малце криви, сакате да трчаме по вас, ама нема циле миле ) не е битно како што понатака, али после 2 години дружење, и чат пат еднаш во месецот да се смивавме, сега имам сериозна врска од 2 години и не планирам да ја мењам за ништо... АМА БАШ ЗА НИШТО така да срцка ЗАКЛУЧОК МОЈ Е дека пред се со партнерот треба добро да се познавате, да нема тајни, да не криеш ништо од него, ако сакаш да одиш со другар/другарка на кафе кажи му нека знае, и најважно од се НЕМОЈ ДА ВАРАШ ако планираш да вараш немој да имаш долга и сериозна врска, МАШКИТЕ ТЕШКО ГО ПОДНЕСУВААТ ТОА, а и ако не им прижате доволно внимание никогаш нема да ти каже во лице, али веруј хаха мора да ни обрнувате внимание се надевам помогнав
Епа ајде и јас да си прашам за мојава ситуација. Значи јас имам дечко 2 год. и 4 мес. и со него решивме да имаме отворена врска бидејќи многу рано се фативме, а заедно ни е убаво ама сакаме и со други (проблемот не е тука). Сега јас сум матурантка и овие 3 дена секој ден со школските едно друго и цело време со еден школски така си се ’шмекаме’. Тој има девојка 7 мес. се заедно мислам и сега 2 вечер од матурата му го зедов ушникот и си играв така и после да му го вратам ми рече земи го, и сега сакам да му купам нов ушник ама не знам дали да му купам или не. Дека не знам што ќе рече девојка му, не знам ни дали таа знае кај му е ушникот, дали да го прашам што и рекол нејзи. И не е некој кој знае колку голем проблем, ама не сакам на крај да се усрамам ако му купам а тој не сака да му купам... (Иначе не се смувавме, исто 2 вечер игравме и се гледавме во очи ама издржавме и 2 )
Во овие три години од врска немате никогаш заедно на одмор појдено? Добро разбрав така? Јас мислам дека тој тебе недоволно те сака и затоа го прави тоа....па кога си со некој во ваква долга врска ти заедно си ги планираш одморите и со душа чекаш да дојдат . А ова стварно неможам да го сватам да оди тој со другарите а јас да си седам дома или да одам јас со другарките......кога прифатил да има врска со тебе јас под тоа подразбирам дека треба со тебе да планира и да побара твое мислење за тоа каде,кога со кого итн.Не мислам дека треба да бидеш со некого 24/7 ама не треба и толку слобода некој да си зема.Мислам дека има/ш сериозен проблем дечково.
Не сакав многу да коментирам на темава бидејќи убаво имаше пишано еден машки член дека темата е совети од МАШКА страна, а сами си коментираме, нооо! Оваа ситуација е нешто што ми иде премногу на живци. Он сака да оди на одмор и да си шврља таму. Не дека не те сака, супер си му за сериозно, ама него ку*ето не му седи на место и сака кога има можност да си мува/е*е други девојчиња. Или па некој од друштвото го заебава дека е папучар ако иде со тебе на одмор и бла бла бла, а знаеме дека во одредени години машките се изузетно глупи (со извинение до членовите ама така е ) и потпаѓаат најмногу под влијанието на другарите. Не е едноставно фер, ај што ти вика не сакам да дојдеш со најглупиот можен изговор, после те извисува, на крај за да рече дека он више се договорил со некој, без воопшто да поразговара со тебе. Зошто да не оди на одмор и со нив, па после со тебе? Па за еден млад пар нема ништо поубаво од заеднички одмор, релаксирано, опуштено. Па кој има можност после и со друштво да иде да се журка супер. Он ако сакал можел да си ги распореди парите и да му останат и за со тебе, ама не сакал. За еден викенд со тебе можел да зачува! Значи ок, избор на некои парови може е да не одат заедно на одмор, ама тоа што претходно он не ни разговара со тебе за тоа туку сам си се договара како ќе му прдне е кретенизам. Не дека му треба твое одобрение, ама човек, 3 години идете треба за некои работи да разговарате! Значи искрено, он до сега 99% те изварал кога се шетал на одмор, затоа и иде сам. Ако тоа не ти е доволна причина да го откачиш недозреаниов мајмун, што ти е? Не пробувај да го оправдаш затоа што не е можно.
Повеќе простор од ова не можам да му дадам, зашто ние не сме постојано заедно. Јас студирам во друг град, а и кога сум дома имам премногу за учење, па се гледаме 2 до 3 пати неделно. Тој 90% од времето е со другарите.
Во право си, немаме никогаш на одмор отидено. Немам впечаток дека не ме сака, тоа сигурно ќе го осетев. Напротив, вообичаено се е прекрасно. Јас се трудам да не го притискам, не сме заедно 24/7, му оставам простор за со другари, не правам љубоморни испади, мислам стварно немам некои посебни барања од него, а и тој од мене. Но не се обидувам да го правдам, ќе разговарам отворено, па ќе видиме што ќе биде
Сакам мислење од машкиве на форумов. Ми се допаѓа едно дете. Работава е тоа што летото тој ми призна дека ме бендисува ама не знаеше дека имам дечко тогаш и од кога му кажав дека имам дечко многу се засрами од тогаш неколку пати имаме правено муабет, поточно последно направен муабет ни беше јануари некаде . Пред извесно време се сретнав со еден негов другар и кога дозна дека немам повеќе дечко му се јави на детево да му каже( по телефонскиот разговор кој го слушав, дојдов до заклучок дека уште нешто чувствувал за мене). Проблемов, ако може така да се наречи, е што детево му се ''пожали'' на другар му дека не сум му правела муабет кога ќе сум поминела крај него. Што и е во право ама мене ми е незгодно да не речам срам од никаде после 5 месеци ни ведени ни чуени, муабети да си правиме......И саботата како за инает 3 пати излегов и 3 пати по некоја случајно наидов на него, првиот пат кога го видов се двоумев дали да префрлам на другата улица ама преочигледно ќе беше дека бегам од него и си продолжив право ко ништо да не било ко да не го познавам и како да не го видов, значи истото се случи и наредните два пати....и тој исто така се однесува Како би ме посоветувале да му се доближам бидејќи стварно појма немам или пак можеби најпаметно е да ги оставам вакви работите....
помини преку овие неколку случки, кога “не сте се познавале“, чим и он прави така, сигурно има нешто, барем тоа е мое мислење, али нареден пат кога ке се сретнете, немој да го избегнуваш, храбро, баш на неговата страна на улицата движи се, и не само да го поздравиш, туку подзастани, напраи 2 реда муабет, кај си што си...ако и тогаш те избегне тој, ондак откажи се, а ако застане, тогаш, големи се шансите разговорот да го продолжите нареден пат, предложи му барем, сигурен сум дека нема да те одбие.