Често го среќаваш дечкото?? Ете јас ќе ти кажам како пробаа да ме освои еднаш едно девојче: Излегов од куќа и тргнав накај центар таа тргна зад мене јас осетив дека ме следи после тоа ја снема и одеднаш ете ја пред мене се засопна и падна (намерно беше) јас секако помош треба да и пружам и као демек се повредила и ме замоли да ја однесам до дома(живееше блиску до мене) и цело време по патот ми зборува ова она ова она плус ме покани на кафе влегов дома кај неа немаше никој девојчето изгледаше супер женска е а и претходно ми се прилепувале нејзини другарки па и другарки као демек ме свиѓала не оддавав внимание и падна мување мислам дека таа сакаше нешто повеќе ама ало на туѓа територија па и родителите да и упаднеа недај боже и да се разбереме тоа беше пред да се фатам со женска ми! Ептен филмски испадна,пример имаш и други начини една моја другарка мноогу блиска како сестра ми е заедно израснавме за да почне да комуницира со едно момче во гимназија на сред час го фрли моливот накај него тој и го поддаде и така почнаа комуникацијата и ден денес сеуште се заедно! Значи пробај со некоја финта ...ете си го сретнала 3 пати не требало да се правиш неудрена пример пријди му речи му да те прашам нешто да не виде едно куче вакво онакво као демек кучето си изгубила така почнува све,па после тој ќе ти пише дали си го нашла и така почни...знам дека тоа се тинејџерски финти но таман за вас се повозрасните оти сте заслепени од реалниот свет а не на светот од шегите! поздрав
Ако машко ти каже дека си му премногу комплицирана, дека неможе да те дешифрира и очигледно е многу вознемирен заради тоа, дали тоа значи дека правиш нешто многу добро или многу лошо?
нема потешка девојка од неопределена, комплицирана, незнаеш како да протолкуваш нејзин потег...страшно тешка ситуација, барем за мене... можеби тоа е и предизвикот што ќе го повлече дечкото да остане приврзан во твоја близина, но мораш да се отвориш и да ги олабавиш малце шифрите, ако сакаш полесно побрзо да се споите - така ви останува повеќе врме за љубов...ако сакаш реков, ако ти е тоа намерата. поз
Лошо, многу лошо. Кога го кажувам ова, зборувам од моја гледна точка. Нема поодбивно нешто од девојка што комплицира, што се мисли дека го фатила Господ за м*да (без навреда). Обично, таквите девојки кои комплицираат се преценуваат. Барем јас така мислам.
овој пат ке ти советувам да го баталиш, едноставно дечкото воопшто не знае да цени личност, а тоа е важно во врска, паровите не се тела, туку личности. Мислам дека презимето е само изговор. Повторувам, батали го дечкото, не вреди за трудот. мислам дека гослинг и чија си ти дадоа добар одговор, би можел само да ти обрнам внимание на оние трипати кога сте се сретнале, дали има нешто судбинско во тоа,размисли. Лично мислам дека лесен неврзан муабет би било најдобро решение за воспоставување на контакт.
Многу лошо според мене... и да сака да те разбере и да се труди, сепак неможе да ги открие твоите ставови и намери и незнае како да продолжи понатаму со тоа што го прави. Најдобро е да опуштиш малку со твоите игри (кои претпоставувам дека ги играш со него) и да бидеш малку поискрена и директна
Познавам едно момче 3 години и сега последниве години ептен се зближивме. Посебно оваа година иначе тој учи со мене. Секој ден заедно си зборуваме за се и сешто. Па еднаш ми призна и другарка една моја свиѓал па да му местам работа ама ништо не испадна од тоа. Многу позитивен тип е и секогаш се смејам кога сум со него. Понекогаш се случувало да ми даде некој подарок хахаа. Се шетам со другарка ми у чаршија и го сретнувам него муабет ова она носеше многу убаво ланче и ја викам многу ти е убаво ланчето ново да не ти е ми се свиѓа и овој го скина и ми го даде на мене ми го закачи цц. Добро ај го земав да не одбивам подарок нели. После бевме на роденден кај пријател овој покажуваше едни нараквици што си плетел сам и ми даде една. И оваа секој ден си ја носам ми значи не да не да си признаам . Другарка ми беше болна не дојде у школо овој си седна до мене и почнавме за се и сешто да збориме и се опушти почна за секс да збори со мене ццц. Сега незнам дали он ме гледа како другарка а јас многу го поштувам како другар. Пошто ми се случи со еден другар исто така се опуштивме ова она и после ај на кафе овој ме смува. Па затоа незнам какви му се намерите на овој сега...
Прашај го директно тоа што се сомневаш, и самата кажа дека сте блиски. Ако ти е добар другар а и тој тебе само така те гледа, не би му сметало да ти одговори. Ти ништо не губиш... ке изгуби тој ако не е искрен со тебе
Да бидеме реални,зашо пример јас ете како машко би и дал поклон на другарка и плус преку такви потези кинење и драгоцени сопствени рожби?? Секако тоа би го направил на некоа која би сакал да ја шармирам! Епа тоа и го прави,те шармира.По овие манири се гледа дека дечкото кокетира
Незнам дали ќе имам доволно храброст да го прашам. Ако го прашам после ќе бегам на 5 метри од него од срам хаах
И ја помислив на тоа ама ај си викам другар ми е па ме поштува.. А досега ми се нема случено некој другар така поклони да ми дава само со овој...
A зошто не го прашаш директно што мисли тој за сета ситуација?дали има планови нешто со тебе,дали има чуства за тебе.Мислам најубаво е така а да не те збунува дали му се допагаш или не? Ако ти е срам биди индиректна, со цел да дознаеш дали има чуства за тебе,вака само губиш време. Едит:Не видов дека си одговорила на тоа да го прашаш дали чуствува нешто.Па...не треба да ти биде,само мораш да бидеш искрена и да знаеш на што си.
Ќе го прашам онака. На пр. Која свиѓа. Дали има некое девојче што го сака. А онака директно да го прашам па да ме фати инфаркт од срам нема шанси . А и он ме прашуваше еднаш кого свиѓам а јас си треснав скроз трето име него воопшто не го ни спомнав . Баш ќе ми биде мило ова да е само забуна и да ме гледа како пријател . Да не биде како оној што ме викна на кафе хухуху
Ај да се само-цитирам И покрај тоа што живееме во близина не се имаме видено пак. Е сега се мислам дали да му пишам на фб, демек шо се праиш важен, нешто слично и после што правиш, како си (или некој предлог дадејте вие како да му напишам) Што викате момци, добра идеја е така да направам?
Имам едно прашање до СИТЕ на форумов, ама би било уште подобро да се слушне мислење и од машка перспектива. Дечко ми ми рече дека прво сум му била девојка, па после и другарка, а еднаш претходно истото ми го рече само што тогаш рече дека прво сум му била другарка па после девојка. Тука најверојатно нема разлика, или има? Ова добро е или да го сметам како тоа дека ме смета за другарка и дека воопшто не му значам? Разбирам до некаде да сум му другарка, бидејќи пред да почнеме врска се познававме цела година и нешто и буквално се разбираме за се, имаме многу заеднички работи и може да разговараме со саати за што било. Ама, мене се на тоа ми оди умот дека ме смета за другарка и ништо поќе и искрено размислувам да му раскинам, затоа што јас имам искрени чувства кон него, а тој ми вели дека прво сум му била другарка па после женска. WTF?! :roll: Дај помагајте, ве молам!
Што има лошо ако те смета и за другарка, јас дечкото не го сметам само за дечко, туку и за најдобар другар како прво и најголема подршка.
Пиши му, пиши било што само за да стапиш повторно во контакт... подобро одколку да не превземеш ништо
Собрав храброст и ќе му пишам уште да смислам што, да не е ептен преочигледно . Ви благодарам на советите.