Вака сега имам дечко подолго време проблемите ни започнаа пред 1-2 месеци и тоа за глупости се лути и кога се јави ми кажува навредливи зборови што тоа мене многу ме повреди и тогаш почнав и јас така да се изразувам и ми вели ке се јавам дома на твојте да кажам каква си јас му велам ок јави се само немој да се засрамиш после кога и они ке ти кажат некои работи за тебе и ми вели да му избришам бројот и веке да не му звонам велам ок. Тоа беше таа вечер јас не му звонев тој после на секој 15 мин звонеше јас не се јавував. Наредното утро се јавив и ми вели зошто само се расправаме за глупости демек јас ке се поправам нема веке да те навредувам и ред други работи и после пола саат зборење се смиривме (од различни градови сме). Е сега проблемот ми е што јас имам еден симпатија детето е супер и баш синока ми вели ти си културно девојче може и ме сакаш и симпатизираш ама јас несакам да те повредам и да оставиме на времето да покаже и јас останав ваква е сега кажете ми дали па продолжам да бидам блиска со него и понатаму да се надевам за симпатијата или да ги го гледам дечкото
Ок, еве го мојот проблем со дечко ми. Имаме по 25години и врската ни трае скоро 3 години. Работата е што јас веќе сакам да почнам да се средуваме, да штедиме, но тој сеуште вика дека е рано. И вечерва имавме караница, тој беше излезен со другарите, и мене ми сметаше. Му се развикав на телефон дека треба да созрее, да престане да скита и да си дојде на себе малце. А тој како што е инат малце, ми кажа неубави работи, пример дека никогаш во животот не сум смеела јас да му кажам што и како да прави, кај сакал ќе одел, јас не сум можела него да му кажувам што да прави. Исто така ми рече и дека веќе нема ништо да ми кажува (во смисла каков му бил денот, или каде бил). Од една страна знам дека знае да каже работи во лутина што не ги мисли, и бидејќи го знам каков карактер има, најчесто вешто избегнувам караници. Но страв ми е, јас не можам да живеам понатаму со човек кој ќе си прави се што ќе му падне на памет. Совет некој од машка страна? Како да постапам со инаетлив човек? Јас го сакам многу и верувам дека и тој ме сака мене, ми има покажано многу пати и убаво ни е во врската... Но се чувствувам како да го чекам да созрее и ми е страв да не после 2 години си стоиме пак во место... Помош плис?
Од кажаното верувам дека и после 2 год ке биде исто, и после 12 пак исто. Или со други зборови ти не му значиш него како тој тебе. Кога машкото сака, не се однесува со женското како тој со тебе. Извини ако звучи грубо, меѓутоа тоа е мојот впечаток. Среќно!
Врските од друг град не се многу паметна работа.Особено сега со интернет и дедо ми да седне зад компј ке најде женска од друг град. Ама и за овој од твојот град, нешто ми е сомнителен типот, анализирај го повнимателно. Поздрав.
Ви благодарам на двајцата за одговорите, bitolski69 се надевам дека си во право, така и би требало да е. Но, ќе размислам уште малце, бидејќи не би можела да сум во врска со некој што не ме сака, а ако не ме сака сега нема да ме сака ни покасно... Малце се пронаоѓам во ситуацијата од девојчето погоре што коментирало, за тоа како не може ништо да му каже да прави. Епа и овој мојов е таков, дека дома не му кажувале што да прави, па немало никој друг, е сега тој мене ми рече дека јас не сум била „само некоја друга“ и дека во ред е да се бунам некогаш и да му кажувам вака-така, ама...ете... Плус, никогаш не ме викнал со негово друштво да излеземе заедно, само еднаш, и за нова година другпат. Ама ми вели дека ако сме биле во друштво нема да можел да направи муабет со мене како што сака, и затоа сакал сами да излегуваме, а не ни е врската со криење сите знаат за нас, ништо од тоа, ама мене сепак ме мачат некои бубачки... Како и да е, фала уште еднаш.
Јас го разбирам типов, веројатно си смета дека е сеуште млад и "не изживеан" ама незначи тоа дека е незрел И ако пак ти се случи да му се развикаш на телефон кога е со другарите само ке си направиш повеке фрка, не е тоа момент за такви муабети со машко а сигурно сето тоа го слушнале и неговите другари, логично е сето тоа што ти го кажал во тој момент само за да не му се повреди егото пред нив "тој беше излезен со другарите, и мене ми сметаше" ЗАШТО ???
Каков баксуз сум јас.. Најдов сродна душа, дечко каков што од секогаш сум сакала. Оп - од друга држава. Најтрагично е што секој ден на скајп се гледаме,ми призна дека му се свиѓам и сака да се видиме кога ќе дојде во септември во Македонија. Според вас..што е најдобро да направам? Да се радувам бидејќи ќе го видам, и можеби ете, 2 - 3 недели ќе бидеме заедно, или да се откажам од таа луда идеа, и онака после ќе се врати дома,можеби и никогаш нема да го видам повторно.? Некое чудно чувство имам, никогаш предходно не сум осеќала нешто за некој надвор од градов, а не па држава. Му head is a horrible place to be.
и јас го доживеав ова.само да ти кажам дека оваа врска нема да успее.на почетокот ќе комуницирате ама потоа се се менува.далечината си го прави своето
ке се затрескаш во него во рок од тие 2-3 недели и кога си иде ќе ти доаѓа вените да си ги сечиш од заљубеност! Не го дружи тие 2-3 недели...
Мислам дека само еден факт ке ти заврши работа... Ако имаш само 17 години како што ти пишува, допрва ке имаш многу време во животот да сретнеш повеке типови на машки и сама да се увериш дека не се сите исти
Ја мразам таа реченица СИТЕ МАШКИ СЕ ИСТИ -.-. Како што сите женски не се исти не се ни машките има различни карактери и луѓе....
Здраво момци..Имам едно прашање за вас.. Се работи за Eден дечко(другар на братучед ми),кој го знам подолго време.Значи,тој беше со секакви женски,му вртеа,пред мене ги лажеше,ги моткаше..Со братучед ми многу се зафркаваат,неозбилни се..Но тогаш кога се запознавме јас бев во врска со еден дечко од друг град и тој тоа го знаеше.Во меѓувреме тој отиде да работи во друг град,а јас раскинав со тој дечко.И кога се врати тој од работа почна на мене да ми зборува нешто за тој бивш дечко и кога му кажав како стојат работите тој го смени однесувањето со мене.Станавме поблиски,секој ден пишувавме на фб..Ме покани на кафе 3-4 пати и јас секако го одбив.Но тој упорен и упорен пак ме викаше и после некое време јас излегов со него,се видовме и правевме муабет. И муабетот ни беше во смисла..му реков дека неможам со него,близок е на братучед ми,многу е неозиблен,му кажав дека ке ми е незгодно од брат ми,утре кога ке дојде кај братучед ми,јас ке се осеќам глупаво..А тој ми рече дека не планира да си го квари другарството за мување и дека сака нешто повеќе.И ми даде објаснување за онесувањето со женски.Бил вљубев и повреден и од тогаш ја играл женската игра..Ми рече дека тоа што секогаш е насмеан и се шегува не значи дека тој е неозбилен.СИ имал и тој проблеми,ама не се отварал пред луѓето бил насмеан..Ми рече дека ке ми докаже дека не е таков каков што јас мислам дека е.Тој вечер зборувавме многу и на крај се смувавме.Беше нежен и фин..После тоа пак се видовме и супер беше,онака непланирано,случајно се напаливме.Се беше убаво.Се чувствував убаво.И вечерва кога се видовме нешто ми спомна за односи( бевме многу напалени) и јас се тргнав му реков дека за односи е прерано да се зборува,дека не се ни знаеме доволно и дека сум изненадена од тоа што го слушнав.Тој замолчи,а после ми рече дека до години е,тој има 22.Дека тоа е потреба и дека е нормално..Но ми се извини и рече немал таква намера.Ми рече дека ке чека..Сега незнам дали јас постапувам добро?Дали тој ме залажува мене?Од ваша гледна точка?Дали само ми мачка очи или? ( и на крај,немојте да ми кажете дека штом спомнал за односи дека само тоа сака,значи јас го предизивкував,јас го напалив,и тој во тој момент кога горел ми спомна..) и тоа секако не е оправдување..
Не ми се верува какви глупи оправдувања користат маживе понекогаш Штом ти го направил овој филм и му веруваш претпоставувам дека си помала и од него... А тоа дали ти мачка очи нема да ти одговорам, присети се дека го познаваш од поодамна (волкот влакното го менува, ама не и карактерот)
Без навреда, ама мене ова ми личи на "сакам да се е..м, нејќам да ми влези". Си го предизвикала, чоекот си мислел дека и ти си на иста бранова должина. Од моја гледна точна, ова е целосно твоја вина.
Тој сака и има потреба и ти сакаш и имаш потреба. Да не се лажеме, обострано ви е. Дали сака нешто повеќе ќе се види подоцна. Не знам бе зошто денес во ова време каде жените се се повеќе во улога на главни плејмејкери во овие односи се уште се замарате со тоа дали тој и што тој сака. Ако сака само секс леле не ме почитува, ако сака повеќе од тоа тогаш ме почитува?! Сте се замислиле дека и другата страна веројатно истово го мисли? Како што и ние жените имаме потреба од емотивно поврзување така и мажите имаат, само што кај нив физичкиот контакт знае да биде пресуден за ова. Ако ви се сака и имате потреба зашто да не, па времето после ќе покаже каде ќе води тоа, ако не тогаш не ни почнувајте ... барајте прво емотивно поврзување со некого па после физичко. И не, не не искористуваат нас мажите туку и ние ги искористуваме нив, ако толку ова ви е проблем. Не размислувајте толку ограничено. Ако тебе ти е фино со него и имаш иста желба тогаш уживај, а ако бараш нешто повеќе од секс уживање тогаш кажи му и ќе видиш каков одговор ќе добиеш. Помалку мисли, повеќе делувај.
Јас сакам да им поставам на машкиве повеќе прашања кои јас не можам да си ги разјаснам и ми задаваат голема главоболка Прво зошто машките играат игри од типот топло-ладно и која е поентата на сето тоа ,кој ефект сакаат да го постигнат?Зошто повеќе ги почитуваат и ги сакаат ( да не пишам навредлив збор) ќе ги наречам лошите девојки а не оние нормалните и добри девојки (како тие во кревет не знаат да бидат лоши девојки)?Зошто машките би ја правеле љубоморна својата девојка ? Очекувам добро машко образложение и одговор на прашањава.
Колку само девојките ова повеќе го прават од мажите ама ајде .... Првото незнам ни како се прави па нема да ти одговорам , али ете на другите колку толку можам од муабети и итн.. 2. Не ги почитуваат и сакаат , туку тоа ти се млади години и од гледање порничи и ете од тамо извадено дека "лошите" девојки се најдобри девојки (секс) тие демек можат најдобро да те возбудат и таму фантазии и чуда ... али како за кого повеќето се водат на тоа али има и тие што не ги сакаат туку сакаат мирни девојчиња .... 3.На кој начин љубоморна? има многу начини .... некој да види дали уште го сакаш и приметуваш , други да ти се изнервираш и раскинеш со него да немора он да ја прави таа работа , трета за да се изнервираш па после да имате смирувачки секс многу значи ги има ...