Ејјјј како не, на порничите обично најдобрите, се оние мирни демек повлечени девојки, а у, скул грл, ученичка повлечена и наеднаш збеснува btw зошто машките? мислам може прашањето да биде зошто одредени машки, нели? Иначе се слагам со јипмен, и одредени девојки истото го прават, неоспорен факт.
1. Сите ги играме тие игри, без разлика на полот. Тактика, да видиме дали личноста со која си играме така осеќа нешто за нас. Иначе, вие жените многу повеќе играте такви игри. 2. Реторичко прашање. Нека се најди некоја девојка која ќе ми одговори зошто женските трчаат по лошите момци, а не по добри, културни и воспитани дечки како мене. Не да се фалам тука сега 3. Претпоставувам дека зборуваш за во врска. Исто како и првото прашање, само што тука станува збор за посилни чувства. Ова е само мое гледиште на нештата
значи денес раскинав со дечко ми.убедена сум дека нема да му вртам бидејки скоро секогаш кога ќе се скараме јас му вртам прва и тој се научи на тоа и ми вели дека и да раскинеме пак ќе го барам . ќе му докажам дека не е така . но наредната недела му е роденден. ако не ме побара до тогаш дали да му се јавам да му го честитам роденденот, да му пишам порака или ?? ве молам кажете ми што да правам
^ Јас би ти рекла, за да не испадне дека ти го бараш, не мора да му вртиш туку можеш една порака да му пишеш, у смисла Среќен Роденден се најубаво и т.н. Така ем ќе испаднеш човек, значи нема да бидеш до толку подла да не честиташ роденден, ем нема да му ѕвониш прва. Јас така би постапила (во однос на твојата ситуација, и твојата желба да му го докажеш спротивното од она што тој го мисли).
тоа ми беше и мене. бевме во врска 1ипол година и сега некако нема смисла да не му честитам роденден. би било мн нечовечки од моја страна
Прво, топло-ладно игрите се типична женска постапка а ти како женско би можела сама најдобро да си го одговориш тоа или прашај ги другарките Второ, НИКОЈ не ги почитува и сака лошите девојки, тие се привлечни но од аспект "само за забава" Трето, навистина незнам зашто би ја правеле љубоморна сопствената девојка, јас не би
Имам едно прашање јас. Од која причина би и дозволиле вие на една девојка со која немате ништо ( и под ништо мислам ништо физичко, се друго е присутно,ако ме сваќате ) да ви се шета по нерви, да се изразам грубо да ви прави секс во здрав мозок, а каде што можеби не толку очигледно, но сепак се гледа дека тука има можности за многу повеќе од само муабет..? Дали е само инаетот дека морам да ја смотам,или пак може да ви е интересна, како иде тоа ... ? Фала однапред.
Може да има интерес од негова страна. Може да биде инает и докажување во стил "филмај ми се, ќе те смувам кога тогаш..." Може да биде одржување на бранот пријатни емоции кој доаѓа со добри флертови, ништо повеќе. Може и тој нема поим зошто трпи, па додека не се проанализира себеси како се чувствува - едноставно учествува т.е. goes with the flow. Може сака да биде психички малтретиран и му се допаѓаат твоите методи.
Ајде некој да ми објасне што ви значи кога држете некоја девојка за рака? Значи типов ме убедуваше дека сме само другари и минатиот пат кога си бегавме заедно ме фати за рака.. онака баш убаво и така цел пат си идевме и почна да дава изјави како покрај него сум била сигурна и слично. Малце така под дејство беше на алкохол, ама ме збуна максимално.
Мене ме интересира дали машкото ако бендисува некоја девојка (а притоа не е срамежлив )секоја шанса за состанок би ја прифатил или нема врска тоа? Еден дечко ми пишува пораки во последно време Вчера ми пиша каде ќе излегувам за да се најдеме(во некој кафич).за жал јас не бев па го прашав за денес као демек да надокнадам и тој вели имал за учење,ако излезел до кај другар му тогаш ќе ми пишел порака да се видиме. Манипулира со мене,гордоста е во прашање или пак толку му сум важна и сака само да ме смува па затоа се нешто за викенди ме вика? бтв знев дека нема да се јави уште одма кога го кажа тоа,само не знам зошто го прави тоа.
девојче ај chill out малку не си зимај здраво за готово се,може вистина не можел типов и така испаднало. а може сака да те смува,ја мн мн не им верувам на тоа мушкиве па затоа би ти рекла да не си ставаш на срце и уживај,ако он не те побара негова загуба
Неможам да ги разберам машките, и ке ве молам совет од машка страна.. Се запознав со еден дечко пред 3-4 месеци, а претходно тој не беше во Македонија. Почнавме на фб да си пишеме ама општ муабет ништо повеке. Кога го гледав само здраво како си, што правиш и тоа.. после некое време ни престана комуникацијата така без причина и јас мислев толку не пишам веке ни ништо...после некое време тој почна да ме боцка на фб, ми пишува, а кога ке ме види ме вика муабети си правиме ама се онака...ништо не се случува друго и почна да ме нервира, сега незнам дечкото што мисли во врска со мене, а ми дава некои сигнали да мислам дека сака нешто со мене, ама тоа никако да се случи... help mee
Па се двоуми , незнае ти што мислиш , он ти дава знаци а ти даваш ли ? Пиши му ти и преземи иницијатива наместо да чекаш он да те покани на кафе или било што , направи го ти тоа ....
Фала многу за одговорот. Зошто ми смета? Искрено многу сум љубоморна, и се трудам тоа да не го покажувам. Но понекогаш ми се случува сите оние лоши чувства на љубомора, страв, посесивност да ги исфрлам на површина и тоа најчесто за некоја безвеза причина. Се трудам да се контролирам и се поретко ми се случува да покажам што всушност чуствувам. Како и да е, според тебе (вас машките) кои се особините на совршена девојка? Мислам на карактерни особини, не на физички.
А што му значат погледите на едно машко? Дали воопшто имаат некакво значење или сето тоа е само минлива фаза? Мојот случај е таков оддалеку ме гледа....кога ќе ни се сретнат погледите се вртиме и двајцата на страна а кога сме блиску се прави како да не сум воопшто таму или како воопшто да не го интересирам. :/