Па сигурно не сака сите да навлегуваат во вашата приватност. Која корист што сите ќе знаат за вашата врска, нема потреба од лигавње по фб. Уживајте вие двајца, другите не се битни .Love is in the air
Ќе ве молам за совет. Веќе 2 и пол години сум заљубена во еден многу срамежлив дечко, од исти град сме и веќе се запознаваме неколку пати, одреден период имаме здраво, а потоа и тоа го загубиме се до наредното запознавање. пред некое време тој имаше девојка за која цел град зборуваше како можел да оди со неа, ама навистина нема ништо женствено на неа. сега веќе не се заедно, ама сепак заклучив дека не е баш и толку срамежлив кога можел да си фати женска. кога станува збор за мене, кога се видеме само се смешка, покажува одредени знаци, но и понатаму останува само на тоа. Ве молам за совет... јас мислам дека сепак се работи за лажна надеж!!!
Ми дојде на мисла деновиве. Прашањето ми е до машки и женски. Како знаете дека партнерот со кој сте, навистина ќе биде оној со кој ќе се земете. Како произлегуваат тие шали, макар и по кратко време од врската. И секако јас мислам дека машкото треба и е иницијатор на таа мисла или шала, бидејќи некои се плашат од врзување. Значи како знаете дека нема да се разделите, дека тој/таа е она што го барате? И макар и да знаете дека е така, дали јавно го кажувате тоа? Макар можеби е индивидуално, сепак ми се чини, дека паровите го прават ова.
Оф топик: Кој има тука амнезија, па што сте се запознале неколку пати? Две ипол години пеперутки во стомакот, и формации почнале да прават пред некој да повлече прв потег. Ако толку е смачкан (читај срамежлив), зошто нема никаква иницијатива од тебе? Две ипол години, damn, имаш трпение. А ако тој не превзема ништо, туку баш и си оди со друга, тогаш и не е баш мотивиран да се пренасочи кон СиниОчиДваес, ти текнува? Вози во друг правец, тука нема леб. Слободно нека каже некој примери каде што после долгогодишно меркање и посакување, еден прекрасен момент, една искра го запалила романтичниот пламен на преубава врска, и дека ова не мора да значи дека нема надеж, но...фактите велат поинаку.
Јас ќе си кажам за мене Сама ќе си осетиш и сфатиш. Зборувам за чувството и спознанието дека "he's the one" од твоја страна. Мене едноставно ми се случи. Сфатив дека тој е единствениот покрај кој можам да се замислам на 55 години, сфатив дека само него го гледам со мое бебе во раце, сфатив дека токму тој е човекот на кој можам да се потпрам за најбитните работи во животот......едноставно, се гледаш себеси во него. Не велам дека сум стопроцентно сигурна дека нешто никогаш нема да се промени до крајот на животот Никогаш нема апсолутно никаква гаранција, долги врски се раскинуваат, бракови се растураат, се' се случува.......Сега за сега, знам дека е единствениот со кој сакам да градам иднина. Да се разбереме, секој може без секого.....работата е дали сака. Не велам дека сум зависна од него и не можам без него....ако нешто не дај Боже се случи, нормално дека ќе морам да можам Но не сакам. Барем не сега за сега, и во некоја малку подалечна иднина, ако е вака како што стојат работите. Поентата е дека нема некоја одредена постапка или ситуација или временски период кога ќе можеш да кажеш „ете, тој е тој“.....Едноставно, ќе осетиш сама, верувај ми чувството нема да те излаже
Бреее несакам и неможам да одговарам на ова,оти мене б аш од ова ми е страв! ...чат пат и доаѓа да зборува за ова јас знам и да ја изгадам и да заминам оти кога започн е да спомнува како би биле за 10 години па и за 20-30-40 мене ми крвта зовира кога знам дека сум се лишил од слободата и ептен страв ми е,значи кумашниот мој кој е психијатар вели дека постои психолошко нарушување наречено либерална десконцентрација со кое единката се плаши од врзување за својот партнер,во сегашноста е врзана но страв и е од иднината,точно што и мене ми се случува,па сега како спомна и јас имам едно прашање... Како би можел да го отстранам тоа,мене ми естрав од губење на слободата либерален тип сум и не сакам кога ми спомнат женење кожата ми се ежи посебно баба ми кога велеше...ехее ерген стана,време е да те жениме мене влакната и побелуваа тогаш,притисокот ми се крева,ми иде да направам женска ми да ја снема иако ја сакам многу и пример после сексот иако не го практикуваме често поради тоа што сме млади и немаме можности,јас се осеќам онака глупо и чудно ко да сакам да ја отепам на момент ама тоа е само замисла мислам не да ја отепам туку ми иде да и речам Ај гони се и после би жалел ...значи не размислувам за последици страв ми е од губење на своја територија на своја слобода....па деца да ми спомнат преку балкон би се фрлил....ете сега братучед 21 година пред 4 месеци се ожени,сум разговарал со него на таа тема и неможам да се најдам во неговите советувања.Сум си замислувал дека за да не ми упатуваат предрасуди штом наполнам таа граница кога почнуваат да се женат 25 + години да заминам за друга земја оти страв ми е од женачка...и сум си замислувал читајќи една книга чија тема е Вечно адолесцент каде авторот опишува како несакал да се жени сакал да ужива во животот и дури на 40 години се оженил......Само без тролања ве молам,со искрени мисли и советувања што да правам и јас... :/
Нормално дека ти е страв, на сите им е страв, и мене ми е страв иако го имам до себе човекот на мојот живот....Факт е дека машките покасно созреваат, и факт е дека одреден процент од машките многу покасно созреваат за разлика од другите Не се паничи. Сигурно девојка ти нема утре да те носи во матично. Прво и основно, мора да го тргнеш тоа размислување дека некој окови ќе ти стави ако се ожениш, имаш дете итн Извини вака што сум директна, ама така е. Од тука треба да ја почнеш промената. Точно е дека бракот носи многу голем број на обврски, но исто така носи уште поголем број на убави работи во животот. Се разбира, со вистинскиот/та партнер/ка до себе. Никаде не пишува дека понатаму нема да можеш да излезеш, дека ќе треба да си ускратиш многу задоволства од животот, патувања, шетања итн.... Нормално, има разлика како претходно, но ништо од ова нема да биде сведено на нула. Со многу волја и разбирање и малку помош од родителите (околу чување на деца навечер ), може да се успее (имам докази околу мене, од искуство го зборувам ова ) Очигледно е дека не си зрел за брак, сеуште. Ќе си дојде и твоето време, кога на сите работи околу бракот нема да гледаш со таков страв како сега И немој да мислиш дека никогаш или многу доцна ќе дојде тоа кај тебе.....полека само, опуштено, не знаеш на што се' ќе наидеш во животот и кога ќе промениш некои ставови во врска со него
@ Nutricionist Многу сме слични во размислувањата на таа тема, со исклучок на тоа дека јас не сум доволно екстремен да размислувам за бегање во странство. Нема да ви прешараат очите долго низ мојов пост пред да си помислите дека премногу сум зелен за брак, и еве можеби сте и во право, но моево излагање е следново... Јас не знам за среќен брак. Не знам за жена која не е огорчена во бракот и во најмала рака, да не биле децата/финансиската неможност/стамбеното прашање/задоцнети години итн итн, до сега ќе киднала мал милион пати. Исто и со мажите. Не знам за човек во брак на кој не му капат лиги по млади парчиња,и жими се, 98% кои не изневеруваат почесто е бидејќи НЕ МОЖАТ! За тоа едно излегување, запознавање, средбички захтеваат време, планирање и финансии. Имајте си го и тоа на ум. Колку пати биле во ситуација? Многу слично на ова е и бракот на моите. И мајка ми е биле хипер среќна 4 години на факултет, се додека не забременила, па дошла да живее со татко ми, цела пресреќна што ќе формираат фамилија со човекот на нејзиниот живот. Тогаш открила дека човекот е мамино синче и пијаница кој мисли дека е доволно да донесеш некое кесе со намирници, па да му ја летнеш во кафеана....и доста често да не знаеш ни самиот како си успеал да се вратиш дома. На туѓ терен, мајка ми ја преџвакале на 24 годишна возраст и изборот и бил меѓу превоспитување на недоквакано возрасно дете, или да се посвети на двата сина. Точно, и ова ме жигосало, нема да се филмам дека немало ефект. За мене, бракот како институција не е извор на среќа. За разлика од ОГРОМНОТО МНОЗИНСТВО, јас имам доволно осет да бидам свесен за мојот карактер и потреби, а не само да формирам фамилија и да се чувствувам како родител на годината кога ќе слушнам на вести дека во Икс држава таткото збеснал и си ги заклал децата на спиење (имаше ваков случај во Италија пред неколку недели.), бидејќи нели...јас овозможувам за мојата фамилија, не сум таков морон! А бре видете ги денешните бракови, луѓе ШЕГА СЕ! Лакрдии!! Комбинација од силен биолошки нагон да се продолжи видот и страв да не остариш сам. Токму тоа е главниот аргумент кога ќе кажам дека не гледам многу смисла во тоа да се ожениш и да посветиш цел живот на нешто што може да ти ги потопи бродоите после 3 децении. Е ајде бре, сам ли ќе бидеш? Сам ли ќе бидеш? Е се живее ли САМ? Страшен збор е, ам? Или во кратки црти? Никој нема право да критикува никој за донесениот избор, бидејќи ниеден избор не е гарантиран извор на среќа во животот. Дури и да не сме како Американците, со 50% стапка на развод, луѓето се тивко несреќни. Ајт, пецнав со ова.
Јас морам да НЕ се согласам со ЕлеМентал. Не е секој брак таков, постојат бракови и бракови. Моите имаат беспрекорен брак. Никогаш не дозволиле никој и ништо да застане меѓу нив. Секогаш се еден за друг тука, пред се' се најдобри пријатели па после партнери. Многу луѓе им љубоморат и им завидуваат поради таа нивна блискост, бидејќи како што кажа ЕлеМентал не сите имаат успешни бракови. Татко ми е до ден денес заљубен во мајка ми исто како што бил пред 23 години кога биле само дечко и девојка. За неа е способен да направи се, ја сака повеќе од себеси, иако секогаш и вели дека јас и моите сестри сме му биле први, па после таа, тука немало лутење, децата иделе пред сите. НИКОГАШ не ја оставил сама да оди НИКАДЕ! Во маркет со неа, на гости со неа, кај баба ми на гости со неа, итн.. Ништо не ја остава да прави сама, секогаш е тука да и помогне, да ја утеши, да ја натера да заборави на сите проблеми без разлика колку биле тешки и неподносливи, тука е да ја поддржи во што било, едноставно тука е за неа. Татко ми е мој идол, пример за вистински маж кој прави се за својата жена, за да ја види среќна, насмеана, задоволна, исполнета. Знаете како велат, ако мама е среќна сите се среќни. Цел живот сум сонувала да најдам некој сличен на него, некој што ќе ме држи во раце како што тој тоа го прави со мајка ми.( Тоа малце тешко ми оди, ама тоа е друга приказна. ) Сакам да кажам, во нивниот заеднички живот, од самиот почеток до сега не се променило ништо. Татко ми и кога и бил само дечко на мајка ми бил ист таков каков што е кон неа до ден денес. Татко ми имал 24, а мајка ми 20 години кога се венчале. Значи, потребна била само вистинската девојка за да човек се реши на таков чекор од кој повеќето се плашат. Се си доаѓа во свое време, но проценката на карактерот исто игра голема улога. Се надевам помогнав.
@ EleMental во најголем дел си во право и навистина браковите се најчесто заедница од интерес а помалку од љубов која за десетина години кај најголем број бракови се претвара во убав спомен. Ете моите имаа убав брак но свесен сум дека се исклучок. Но треба да се спомне и еден друг елемент а тоа е машката желба за секс па и љубовни врски со повеќе партнерки и кога не би била толку изразена би имало помалку швалерисувања и помалку стравови од губење на слободата. Кога живееш нешто дека така мораш а не дека сакаш, конфликти (макар и внатрешни) се неминовни. Финансиската компонента да не ја ни спомнувам зашто ретко кој брак ќе остане среќен под ударот на слаби финансии а тука е жената и попогодена зашто најголем дел од домашниот товар паѓа на нејзин грб. Тие што се снашле да живеат живот каков они што сакаат а не како што околината очекува имаат многу помалку стравови од губење на нешто, едноставно не го ни прифаќаат како дел од нивниот живот.
За браковите не се разбирам многу , ама можам да спомнам една работа Во мојата фамилија имам Вујко ми кој се мрзи со Вујна ми и заедно се само поради децата , и цело време слушам како се обидуваат да се понижат или пак исмеваат кога зборат едниот за другиот пред мене..... а од друга страна ги имам баба ми и дедо ми со 54 год среќен брак ниеднаш не се пожалиле нити пак помислиле лошо еден за друг ......
Ај јас да забегам малку со друго прашање до сите припадници на посилниот пол )) Ако смувате на пијано некоја ваша другарка со која сте ептееен блиски, а притоа она да рече леле не требаше ова да се деси, лошо.. како би се чувствувале после тоа ?? ? (со тој основен сомнеж дека претходно имало чувства, само што јас не знам какви)
Оф топик: Кој има тука амнезија, па што сте се запознале неколку пати? Две ипол години пеперутки во стомакот, и формации почнале да прават пред некој да повлече прв потег. Ако толку е смачкан (читај срамежлив), зошто нема никаква иницијатива од тебе? Две ипол години, damn, имаш трпение. А ако тој не превзема ништо, туку баш и си оди со друга, тогаш и не е баш мотивиран да се пренасочи кон СиниОчиДваес, ти текнува? Вози во друг правец, тука нема леб. Слободно нека каже некој примери каде што после долгогодишно меркање и посакување, еден прекрасен момент, една искра го запалила романтичниот пламен на преубава врска, и дека ова не мора да значи дека нема надеж, но...фактите велат поинаку.[/quote] - Каква иницијатива да има од моја страна? сама да му пријдам или...? секако дека имам трпение ама веќе почнав да го губам,искрено
Ми дојде на мисла деновиве. Прашањето ми е до машки и женски. Како знаете дека партнерот со кој сте, навистина ќе биде оној со кој ќе се земете. Како произлегуваат тие шали, макар и по кратко време од врската. И секако јас мислам дека машкото треба и е иницијатор на таа мисла или шала, бидејќи некои се плашат од врзување. Значи како знаете дека нема да се разделите, дека тој/таа е она што го барате? И макар и да знаете дека е така, дали јавно го кажувате тоа? Макар можеби е индивидуално, сепак ми се чини, дека паровите го прават ова. За мажите премногу важен фактор е нивната слобода, а бракот претставува како некој т.е. некоја да дошла и да го врзала него со окови за неа-секако дека постојат исклучоци. од семејство-поблиско и подалечно имам примери на долгогодишни успешни бракови, и бракови кои биле местенка(моите на пример) ама се гледа дека татко ми на некој начин ја сака мајка ми, сега кога има проблеми со здравјето се распрашува по доктори, болници, како да и помогне дури и кутричок гледа и некое денарче гледа да спечали за дома да ни донесе мене и на брат ми-а имам примери на бракови со неверства, тепачки а имам пример каде што тетка ми(братучедка прва на татко ми живее сама,успешна е во кариерата)се вели дека ние женските бараме партнер што ке личи на нашиот татко лично јас , се уште не сум го пронашла оној за кој би почнала да размислувам за заедничка иднина т.е. брак
@ СиниОчиДваесет Да, чупе, иницијатива во смисла ти сама да му пријдеш, или барем да бидеш поконкретна во сигнализацијата од едно дигање веѓа. И ова со трпението не беше комплимент.
Брее,ама развртивме тема ова со Браковите....добро е барем има некој кој како мене размислува,значи не сум само јас бил УЛАВ да не речам хаха :Р Инаку,денес од браковите кои се склучуваат,велат дека има љубов можеби само првата година,после е само караници па да не кажам и тепачки...ако во првата година не сковеш дете за да те обврзе да мораш да си во тој брак,све е пропаднато...ама луѓе мене ми е стварно страв а и не само тоа од бракот зависи и имотот и довербата кај старите и угледот кај сите све зависи...јас таква страв имам значи...ето пример знам дека негде постои некоја либерална жена со која можам пример,јас пример не се огранилувам на тоа не подпаѓам да велам не оди со мажи да седиш или таа на мене да ми каже да не си седнал со пријателки,значи сакам до тој степен на либерално што ќе има љубов ама не цело време по телефон зрнн зрнн шо јадеше? шо пиеше?? слатко ли беше? со кого си..,..ова мене ме гуши едноставно! ете пример : Сум се оженил,во ред! На мене ќе ми падне идеја пример куче да си купам,без да ја прашам неа оти нема да чувствувам потреба да ја прашам неа и ќе идам дома ќе однесам таа коа ќе види ќе почне да вика да црка и шо треба сега да се разведеме?? јас би сакал некоја со која ќе си идам дома и пример да не ме ни праша за кучето едноставно тој дел да го прескочи како например Зошто не ме праша мене??? - Па дај молим те,мајка ми и татко ми не ги прашувам за свои дела,тебе ќе те прашувам! ...незнам како да објаснам едноставно!
Верувај ако си вистинската за него тој ќе знае уште на почеток ..... секад има таа една девојка со која добиваме едно посебно чуство и знаеме дека е вистинската , барем од што слушав муабети на луге кој се веќе оженети е дека нема грешка или пак лош инстинкт - И неможам да ти го објаснам тоа детално оти ќе звучи глупо и нема да се разбере.....едноставно знаат!
^^^ За Нутриционист А дали и ти си таков да, жена ти ако направи нешто што не ти се допаѓа , бидеш cool , и не реагираш у стилот - Зашто не ме праша ?!!! Не верувам. Сите не ги прашуваме родителите, ама друг е односот во врската или бракот. Ако немаш почитување за ставот на партнерот, ако донесуваш одлуки како да си сам, тогаш тешко ќе опстане таа врска, брак.. Ова се однесува на одлуките кои влијаат на двајцата. А инаку во врска со тоа дека треба дете некое да се направи па да го држи бракот, не се согласувам. Зашто ако нема слога и хармонија ни 5 деца да имам нема да останам. Некој пиша дека ние женските гледаме да најдеме партнер кој е сличен на нашиот татко, тука би рекла дека не е правило, бидејки и сите татковци не се исти кон своите сопруги. Инаку за првото прашање кој треба да има иницијатива да ја отвори оваа тема, јас сум ја отварала, но не така како овде, па да преплашам некого. Туку, тоа биле спонтани разговори кои во момент на опуштеност сум ги почнувала , кажувајки некому колку ми е убаво , дека не сакам со други да бидам, но и дека би можела.. Пружајки му да помисли и на тоа да бидам секогаш негова, и на тоа да заминам веднаш во прегратката на друг ако тој тоа го сака , зашто јас сум инаку верна.
Целосно се согласувам со EleMental. Сите знаеме дека ние машките ретко кога го правиме првиот чекор. Во прва прилика кога ќе го видиш кажи ги твоите чуства. Нема од што да се страмиш, тоа е љубов. Побрзај додека пеперутките во стомакот не ти поцркаат од глад за љубов. Со среќа