Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    јипи, да ти кажам(од женска перспектива)за инстиктот што велиш-тројца дечки со кои сум била изгледале ок на почетокот а испаднале погрешни на крајот-не сум ја нашла сродната душичка ниту таа мене-се уште не, но никогаш не е доцна :)
    п.с. знам како изгледа кога едно машко мисли дека си ти таа вистинската и дека се чуствува тоа нешто од внатре од некои луге во мојот круг.
     
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Има машки што секогаш кога ќе се заљубат мислат дека е ТАА вистинската така да што прајме со нив? Или тие што се развеле ги излажал ли инстинктот :D ? Не се така прости работите зашто може да налеташ на неколку вистински или на ниедна, си има повеќе фактори во игра со кого ќе направиш брачна заедница.

    Чудни машки сте тогаш, некоја еволуција настанала за која не сум знаел :D.
     
    На Filiposka и kravce им се допаѓа ова.
  3. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Толку глупо не сум се осеќала одамна.
    Ми се свиѓа едно 3-4 месеци, и цело време се гледаме во школо, имаше додворувања од двете страни ама остануваше само на тоа се дури пред некој ден не се смувавме(тој го направи првиот чекор). Значи, ми беше многу убаво и се тоа, сега уште повеќе ми се свиѓа, само што од тогаш тој почна да се однесува почудно. Го знам добро, не е таков да се мува со секоја или пред сите да го покажува тоа но еве неколку дена само што ќе се видиме ќе ме баци во уста. Незнам на што сум а и незгодно ми е да го прашам. Муабет не правиме многу,што е и плус проблем во ситуацијава.
     
  4. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Најверојатно има чувства за тебе и сака да бидете заедно ама и тој незнае баш на што е и чека прво на тебе како ти ке се изјасниш околу сето тоа... нема незгодно, ако не прашаш нема да знаеш, започни го муабетов нареден пат кога ке се видите.
    И ако тебе ти се допаѓа типот и сакаш да бидеш со него, кажи му го тоа, nothing to lose ;)

    со среќа :geek:
     
  5. Blueeyes20

    Blueeyes20 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    11
    I jas se celosno soglasuvam so EleMental bas ubav sovet mi dade, sekoja cest :) Samo malku me cudis so ova deka retko maskite go pravat prviot cekor? Dali si ti sramezliva osoba ? Jas sekako deka ke gi iskazam cuvstvata barem ke znam na sto sum, nema potreba od sramezlivost sepak toa e samo edna ljubov, a ubavo e koga se saka. Samo mi e strav od negoviot odgovor, sepak negoviot karakter i ne go znam bas najdobro. I drugo, mi e strav deka mozebi ke pomisli deka sum od onie lesni zenski iako iskreno ne e taka. Naprotiv otsekogas sum bila ladna i silna osoba, ama eve sekogas ke se pojavi nekoj sto moze da te napravi slaba.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sandra.92

    sandra.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    A дали и кај машките се случува, многу брзо да губат интерес како некои девојки?? Како, се да ти е топ со девојката, ама одеднаш се да снема и веќе да не сакате да сте со неа???
     
  7. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    По природа, сите сме љубопитни, сакаме да откриваме и да имаме нови искуства.
    На тема љубов и врски, не мора да значи дека ако некој пројави интерес во друга личност, тој интерес има длабоки корења.
    И машки и женски биле во ситуации кога едноставно си помислиле како изгледа бакнеж/секс со него/неа?
    Чисто од љубопитност, какво би било искуството.

    Гледаш дека не измислувам топла вода? Се што кажувам тука, сите го знаеме :D .

    Ако прашањето е во врска со тебе, можно е дека си била само нечија желбичка и љубопитност. Било што било, и чаос.

    Ти секако го знаеше ова, прашање формалност бидна.
     
    На Blueeyes20 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mr.Nobody

    Mr.Nobody Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    мн мешање на муабети у задниве 4 страни ц.ц.ц. ..

    1. за девојката што лафеше Дали е ок да се стаи врската на ФБ и зошто не би била? .. мое мислење е следново, ако више пишуваш на статус коа идеш до продавница, коа си станала или коа си била до вц, јбга, нема да ти е чудно ни со врската. Од др страна, може он не е таков.. Е сеа, има и пример ко, ако стаи Ин Релејшеншип дека другите цуци шо ги има нема да му обрнуваат поише внимание и сл . Од мене ако тргам, би стаил на ФБ ..САМО..ако она ми каже т.е ако стаи она линк од мене, па ја да морам од неа. Иначе, искрено, бар за мене, доволно е ако седи Ин Релејшншип ама така, без имиња т.е да, би ја прашал зошто и стои уште Сингл ако сме у врска месец и кусур ,а гледам е доста активна на ФБ со кај била, шо праела и сл..

    2. За ПрљаватаКралица.. 3-4месеци блабла, бакнеж, блабла.. изгледа ко да е несигурен..дали во тебе или во себе.. едно фино 2часовно муабетче кроз шетка или благо..би ти ги решило дилемите...

    3. Сандра92 .. да! ама ееептен екстремни случаи кај што најчесто или си зел слобода на запознавање миљон други жени или она се сменила 360ка.

    4. По некоја логика, женските би требале да се тие што први ќе покренат прашањето за иднината , брак, деца и сл , од проста причина што се.. понежниот, поемотивниот, МАЈЧИНСКИОТ род. Што и не е чудно ниту табу тема ...само мн е битно у кој момент ќе се праша и како.. on the side note>> глеј прашај го после 3-4месеци врска или пак после секс , па мери кој е побрз Болт или он :D

    5. И ја мислам дека машките се посрамежливи кога станува збор за искажувањето на емоциите пошто СМЕ..појакиот/посилниот пол нели ... и дека скоро секој кој има почит према жените и осеќа дека могуќе да е таа,таа .. ќе си подразмисли еедно 100х како да го изведе тоа ,а не ко , тажно но вистинито, поголемиот број мажи у светот(не дека сме само ние такви..) иде на "ако упали, упали ако не, идемо далје..нема само една рипка у езерово,морето..океанот"

    6. Како знам дека она е вистинската... ВРСКА НЕАМ ! :) ама ете, ми се има десено на неколку пати да почуствувам хемијата плус.. да се вклапаме фино во муабет и интереси.. наравно и да сум ми се свиѓа доста физички и ете.. Е сеа, како велеа К-15 .. 50% се завршени, сеа уше она да ги дае другите 50% и готова работа :D

    7. "Па дај молим те,мајка ми и татко ми не ги прашувам за свои дела,тебе ќе те прашувам! ..." ова е доста деструктивно и самобендисано поставување, извини брат али така си е .. особено што каков пример би дал ти за будучи родител ако К не те боли за твоите шо те донеле на свет и шо ти приустиле све! да, све! пошто да не било така, ќе беше некаде у Шутка или Топана, спиејќи поред мостови и хранејќи се од контејнерите.. U should learn to respect ur parents more... НЕ ВЕЛАМ, дека и ја не сум бунтовник од свои 15 па даље али да бидеме реални.. коа "мама" ќе рече , ако идеш, заклучувам врата, мењам брава, више не враќај се и сл, ЕМ кај што логично ко човечко битие би било да те заболат тие зборови, него може и стварно да го изведе тоа и после .... (check 4 raws above :D ) .
     
    На sweet25, Filiposka и DirtyQueen им се допаѓа ова.
  9. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Во кој случај, спомнувањето на некој бивш на вашата девојка ( по ваше барање,значи вие се распрашувате,можеби не директно но одоколу дали уште и значи,дали има таков што уште и значи и такви работи) може да биде кобно за целата ваша врска? Дали тоа ви е како изговор ако не сакате веќе да се гледате,демек сега си имате рачка или како идат тие работи..

    Мене ова стварно не ми е јасно, како може некој што ниту го знаете ниту го познавате до толку да дозволите да ви влијае освен ако вие не сакате да ви влијае.. ? :fubar:
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Најчесто е недостаток на самодоверба (или сомнеж колку е искрена) но ако премногу ја удавиш може да си ставиш трн во здрава нога па од ништо да стане нешто.
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Ако е несигурен, љубоморен , прикриен его-манијак, секако дека му влијае, ма на него му влијае и првиот твој бакнеж позади школо. Понатаму - си прибира информации, кои во секоја наредна караница ќе успее да ти ги лупне од глава, да те изманипулира и каков и да е почетокот и причината за кавгата, исходот ќе биде тој - ти си таа со тој бивш ма, да зажалиш што си била воопшто толку искрена.
    Трето - да, понекогаш си бараат само рачки, па рошкаат околу бившите, чисто колку да ти покажат дека е можно да стоиш на границата на блудна и неморална или излудено несреќно заљубена.

    Како и да е, не храни го со такви информации и не потклекнувај, единствено ти можеш да загубиш.
     
    На Miss.Ricci и mysterious им се допаѓа ова.
  12. Mr.Nobody

    Mr.Nobody Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    awwww...имав пишано убав текст т.е одговор и за ова ама се багираше страната грргргрг... На кратко, у вториот параграф си одговараш самата... ќе влијае АКО НИЕ ..сакаме да влијае. И наравно, АКО она очигледно не го преболила...а се приметува..да бидеме реални :) .. ако е ова второво, мое мислење..муабет од 3-4ч..наааравно со благо.. би требало да отвори картите на маса и да затвори темата за увек. Јас, преферирам минатото на таа што ми се свиѓа да и го остаам у минатото пошто сите сме грешеле, некои малце, некои многу, а додај и фактор озборување = ако слушаш од други место самиот да си провериш исто ко да кажеш дека јаболкото има црв, а нит си видела нит си пробала.. Е сега, од др страна, доека ми се свиѓа и си ја завршувам домашната со..упознавање, муабет, однесувањето нејзино и сл, ако видам дека стварно има допирни точки со тоа што сум го чул или минатото и .. јбга, неможеш да се впуштиш без голема доза на резервираност.. затоа "енглезите" велат..don't let ur past catch ur future .. whats in the past should stay in the past...

    п.с мене секад ми било интересно, од страна гледано, кога ќе видам некоја девојка или ете, пријателка/другарка или контра, другар/пријател .. се сплеткал/а со некој/а коомплетно ГРЕШЕН/НА за него/а ... а пред тоа имал/а 10х боље.. е ај сеа, нели целевме кон перфекција??? :)))
     
    На Filiposka и mysterious им се допаѓа ова.
  13. icequeen

    icequeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Ах мили мои форумџии, луѓето се релативни суштества. Наместо да барате совети тука, соочете се со проблемот. Подобро вашата гордост да биде срамнета со земја, отколку извалкана со прашина.
    Ах, уште нешто, браво за нутриционист, сега и во наредните 20 год. можеби ќе се чувствуваш одлично, онака сам и слободен, постојано ќе си правиш работи кои те задоволуваат само тебе, но што после тоа,кога сите твои другари ќе формираат семејство, кога за викенди ќе бидат со своите блиски? Ќе сакаш да одиш на пиво, но сам се оди ли, или можеби ќе се спријателиш со децата на твоите пријатели, па заедно ќе одите на пиво? Да скратам, секој има право на свој избор, но верувај времето и годините ќе те ЗГАЗАТ, дури и Османската империја после 5 века постоење била уништена. Ништо не е вечно, дури ни ти, твојата младост или убавина.
     
    На Miss.Ricci, Filiposka, sandra.92 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Не мислев дека некогаш ќе пишам во темава, ама ете дојде и тој ден, конечно собрав храброст. :rofl:
    Значи вака, се работи за еден мој „другар“ (никогаш не сме биле само другари, барем не од моја страна, а приметувам дека и на него не му е така). Цело време ми пушта водичка, со некои постапки како да ми докажува дека му се свиѓам и дека сака нешто повеќе, ми пишува, кажува на другари дека сум му била многу интересна и пријатна за во друштво, ми вика да му ѕвонам почесто и да не се срамам, кога сме искочени нон стоп се лепи до мене, пред некоја вечер одевме цел пат фатени за рака (околу имаше многу луѓе, што значи би сакал на еден начин да мислат дека сме заедно) и куп вакви работи. Е сега, проблемот е што он нон-стоп си се мува со други девојчиња. Пред мене тоа не го прави никогаш, ама ми кажуваат другарки... Не ми е јасно зошто доколку би сакал нешто не превземе барем малце одговорност за да биде нешто повеќе? Јас му имам дадено до знаење дека ми е повеќе од пријател и верувам дека разбрал. Не сакам да му признаам бидејќи се плашам ако не е обострано како ќе заврши и тоа квази пријателство што го имаме. Иначе ептен срамежлива сум по природа и тој тоа го знае, ама ако речете да признаам - една-две вотки и се` ќе му кажам, не е проблем. :D
    Што да правам ? :sweat:
     
  15. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Сеа ке ти ја раскажам буквално истава приказна ама од машка страна и од лично искуство... :?:
    Незнам колку години имаш ти, ама мене ова ми се случуваше кога бев средно.

    Имав многу добра другарка со која многу време поминував заедно, а од двете страни знаевме цело време дека сепак има многу повеке хемија меѓу нас освен другарството... тоа го имавме многу пати и двајцата прокоментирано "меѓу редови".
    Сето ова беше исто така многу приметливо за сите околу нас, најблиското друштво и сите наши познати... држење за раце и сите тие постапки што ги имаш и ти во твојот случај. :)
    Единствената мала разлика беше во тоа што во мојот случај девојката беше таа што нон-стоп си се мува со други, беше откачена и права party girl.

    Е сега следи моето мислење околу сето тоа а можеби и твојот одговор... :P

    Во тоа време јас сметав дека таа е совршената за мене ама истовремено сметав дека сме млади и премногу неозбилни, па поради тоа несакав да превземам и да направам нешто повеке за нас.
    Ова треше со години, па немаше што да се брзам и да ризикувам да си направам некаков глуп проблем поради тоа со неа, па да си го изгубиме и другарството кое и на двајцата многу ни значеше.
    Чекав да помине уште време, на некој начин малку да "пораснеме"

    Низ сето тоа време на неколку пати имаше испади од нејзина страна кога беше пијана да ми се пушта буквално нападно и да сака да се муваме :drunk: ама познавајки ја неа знаев дека тоа во таква ситуација може да ни направи само проблеми и не дозволив никогаш тоа да се случи :angel:

    Знам дека удавив со приказната и затоа сеа ке скратам и ке преминам на епилогот :D
    Поминаа години и за тоа време јас многу се променив а исто и таа... па со тек на време сватив дека е далеку од совршена за мене но сепак одлично женско друштво и ништо повеке... сеуште сме во контакт и се гледаме, не е веке ништо како порано ама ми остана како една од најдобрите другарки :wasntme:
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    18 год сум,се надевам дека тоа чувство ќе се измени,ама ете ме притиска тоа што пример моите се земале баш на моја возраст дури,а имам баба која се омажила на 16 години...
    Инаку секако дека не планирам да одам сам цел живот,ама не ни сакам цело време да сум притиснат,ми здосадува се едно исто само...
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Скроз се пронајдов Gosling, истото се случуваше и кај мене, само што се обратни улогите. Инаку средно сум и јас. Само не знам колку би можела да се воздржам доколку сака нешто, зашто веќе година и повеќе како ми се свиѓа, а си трпам. :D
    Фала ти. :)
     
  18. icequeen

    icequeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Нутриционист во времето на баба ти ретко дека оделе на факултет и дека се образувале, тоа е оној период на закрепнување по војните и свеста на луѓето била на сосем поинакво ниво од денес. Сакам да кажам дека во тоа време родителите бирале кој со кого и на колку год. ќе се земе. Е сеа твоите или многу се сакале или пак направиле (без навреда) глупост па морале да се венчаат.
    Со оглед на тоа дека имаш 18 год. не сакаш брак, што е многу нормално, има уште многу работи кои треба да се направат во животот. Ја сакаш девојка ти нели? Убаво ви е заедно, но признај си самиот на себе дека не ја сакаш толку многу за да го поминеш целиот живот со неа. Тоа е затоа што уште си дете и нормално е да се плашиш од брак. За разлика од тебе, постојат и возрасни 27+ год. деца кои мислат дека бракот не е во ред. Тоа се случува затоа што тие деца во најголем број случаеви израснале со родители кои имале лош брак кој со текот на времето предизвикал психички трауми врз децата.
    А бидејќи се е релативно, и ние како личности постојано се менуваме, верувам дека и твојот поглед кон бракот ќе се смени кога најмалку ќе очекуваш.
     
  19. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    па и не е баш така работата, двајцата сме заедно сега студираме на фах, а кога ќе заврши учењево тој ќе си замини дома(во друг град) и јас во се враќам во друг град...
    што сакам да кажам дека јас не му ја знаам средината во кој тој живее и зошто толку многу се плаши да не дознаат неговите другари и “другарки“ дека тој има женска (значи или има друга таму или ...?)
    сме договорени малку од малку да издржиме врска преку телефон се до септември па мислам дека и треба да ми биди важно дали знае неговото друштво дека тој има врска и дека некоја будала ќе го чека :worried:
    да бевме цело време заедно ама ич нема се да ме боли глава дали сме во врска на фб или не
     
  20. leptir1

    leptir1 Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0


    Да 17 имам. Останува да се надевам дека е така. :) Фала ти.