со ќотек Spoiler со нежности, со самото тоа што ти иде по гзот цело време, со гестовите и нештата што ги прави за тебе итн итн итн
Помагајте Вака, пред некое време почна многу да ми се свиѓа едно машко, она премногу ми се свиѓа и само на него мислам........ама работата е што не се знаеме. Излегуваме во ист кафиќ неколку пати така ни се зачекаја погледите, а па некогаш кога ќе помини покрај мене ме игнорира како воопшто да ме нема видено Си мислев во почетокот демек ете ни се зачекаја погледите некој пат, сега ќе ме знај колку толку ама пак сега не знам што да мислам оти онака како да ме игнорира не знам што да мислам, а не сакам да испаднам како глѕпача да си речи види ја она трча по мене. Не знам што да правам, нз како да постапувам
Животот ми се распадна во две минути како кула од карти .. Дечко ми живее во Ѓорче, а денес слушнав имало некоја несреќа таму - не знаев за каква несреќа се работи, па ме фати паника кога тој не креваше на мобилен. И така тоа си продолжи некои добри три сати, 20 пропуштени повици му оставив и неколку пораки, дури направив нешто што НИКОГАШ не го имам направено, ниту сакав да го направам, ама морав. Му пишав на неговиот другар на фб дали знае каде е, дали се слушнал и дечкото ми врати дека сигурно спие или нешто. Ми дојде срцето на место. После тоа дечко ми ме барал на моб, ама јас не слушав, па ми пишал меил и кога конечно одговорив се што ми рече беше - „Ти пишав меил, не сакав вака, ама морам, не можам повеќе. Ќе ти се јавам за неколку дена, сега не можам.“ Тој се навредил затоа што сум му пишала на другар му каде е. Сега другар му ќе мислел дека јас сум немала доверба во него и дека сум го контролирала и ми раскина или не ми раскина, не знам што е ова .. Ми рече само да не го барам, во моментов подобро се чувствувал сам, јас сум немала доверба во него, ова било привремено, ќе ме побарал за неколку дена .. Луѓе, ќе умрам, ништо лошо не направив, само бев загрижена. Ве молам помагајте, не можам, не очекував вака да реагира, не очекував да ми го направи ова преку порака .. Му пишав 10 пораки од кога ми го рече ова, и не ми крева на мобилен, навреден е, мисли сака да го контролирам. КАКО ДА ПОСТАПАМ? Да чекам да поминат тие неколку дена и да не му пишам ништо повеќе, да бидам горда или што? Не можам вака, ова е за мене огромен шок, особено од личност како него. Ве молам многу ми е тешко.
Јас мислам дека тој јасно ти кажал што сака.Испочитувај ја таа негова желба. Не сака да се слушате, ОК, не барај го.Колку и да се правдаш, ништо не можеш да промениш.А всушност, за што се правдаш? Момакот е изгледа лако-увредљиве природе... Или постои нешто сосема трето, само што не излегува уште на виделина. Јас мислам дека сепак неговата одлука има позадина, а ситуацијава ја искористил само како адут во ракавот и како изговор да не сте заедно. Меѓутоа, триста људи-триста ќуди, не е лошо да си седиш мирна.Ако му треба време да размисли до кај сте со врската, дај му го. Можеби навистина се навредил што си го барала кај другар му, ама според мене, тоа е веќе симптом оф биинг а сељак, кој уште се секира што ќе каже околината или у краен случај е на 14 годишна возраст.
Фала Геа на одговорот. Не е сељак, барем досега не се покажал како таков .. ама чуден е, многу горделив, ладен, затворен и не сака да го послуша никого за ништо, тој не го слушал на никого, дури ни неговите дома - многу е своеглав, мрази кога му наредуваат. За секое мое барање и желба мисли дека му наредувам, а врска нема, само сакам да направи нешто за мене, тоа не е наредба, така? И кога ќе го прашам некогаш кај беше, не ми кажува, сум го прашувала со сомнителен тон - а, врска нема. Дури и го прашав еднаш зашто не ми кажува, да не постои друга и пак ми се ваѓаше на тоа дека јас сум имала комплекс на недоверба. А, го прашувам бидејќи не сме се виделе цел месец, тој си отиде во Скопје кога завршивме на факс. И јас веќе почнав да „збеснувам“ од што ми недостигаше, а него како да му беше сеедно .. А, не можам да му докажам дека е поинаку, мисли дека сакам да го контролирам. Ова ми го имаше пишано: Немам никаков комплекс, само се грижев дали е ок. Не можам да го убедувам дека греши, не ме слуша и не ми крева слушалка... аман веќе.
malechkata Мизерно? Ниско? Комплекс? Вакво нешто не се пишува на својата девојка заради ситница. Изгледа тој си пати од некој комплекс. Нема право да ти се лути што си прашала. Нема потреба да му се правдаш, дај му го тоа време што го бара па потоа објасни му. Подигни ја главата и покажи гордост. Тој тебе нека те бара и нека трча по тебе, а ако одлучи да раскинете нека биде така, тогаш очигледно не знае да те цени и не те заслужува. И од претходно кажаното, што постојано му пречи "тонот" на кој кажуваш нешто или слични глупави ситници, тебе само повеќе те гушат и предизвукуваат страв кога му се обраќаш, да не го "повредиш" со "тонот" Многу детинеста и глупава работа е лутење за вакви работи. Може не сум многу голема со мои неполни 18, ама исто имав еден ѓорчевчанец што ја имаше истава карактеристика, да ми префрли поради начинот на нешто што сум кажала, или ако му пишам нешто што во негова глава погрешно ќе си го сфати, па доаѓаат прашањата од типот, па зошто вака ми се обраќаш, блабла. И нормално јас сум таа што се нервирам. И да ти кажам големо олеснување осетив кога раскинавме, сфатив колку сум била заслепена и сум била глупава што сум се нервирала за тие негови испади. А најсмешно е што сеуште ме бара и ми вика колку згрешил кон мене и колку се кае. Е нека се кае, ама таков не ти треба ни тебе, ни мене, ни на никој друг.
Според горенаведениот опис што ни го даде во кратки црти, јас мислам дека тој пати од комплекс и тежок облик на параноја, за што делумно и ти си виновна. Секогаш си ги ставала неговите чувства пред своите, можеби од страв да не го изгубиш, претерано си опседната да му угодиш и ете го крајниот резултат, на крај уште и ти си таа што напнува. Типот ти влеал стравопочит, а ти си се поставила како џини оф д ламп, исполнувајќи му ги сите негови хирови. На крај краева, постои соодветен израз за ваква врста на луѓе- САМОЖИВЊАЦИ! Тој за се нешто се пази од далеку и не дозволува да допреш до него, па барем ти запрашај се каква улога имаш во неговиот живот и какво е тоа негово однесување во однос на тебе и на околината? Извини, немој да се навредиш, ама типов не дека е сељак, туку типична балканска сељачина. ( овдека не се мисли на некого што потекнува или живее на село, туку жаргонски опис на неговите манири, кои кај него се бележат на оска со негативен предзнак) И ти се чудам како воопшто го поднесуваш. Тој тебе психички те малтретира. Е ако си спремна сето тоа да го издржиш, само за да бидеш со него, повели, би мај гест.
@ Малечката Геа ти го нацрта одговорот. После 20 пораки најмногу што можел да ти каже е дека си била досадна, и дека премногу стравуваш, а не раскинување и "експертски" дијагнози дека си контрол фрик и искомплексирана. Тука имало позадина, твоите изливи на грижа му дале врата за излез, а тој богами веднаш се фати за кваката . Иде лето, тој се вратил во Скопје, which makes you ... провинцијалка? Се е ок додека сте во ист град, ама сега да гине по автобуси по горештините да доаѓа да се видите? А тој во главното селце, еден куп девојки наоколу и друштво што му го пере тоа грашокчето во главата? Дај молим те... Не е ова навреда, да не се возбуди некој. Вака постапуваат плитки карактери кога им се раскинува. Не бираат средства и ја обвинуваат другата страна. Нема да помогне ако го молиш, за љубов не се моли. Нема да си го памтиш лето 2012 по убаво. Ајт
malechkata Јас мислам дека НИКОЈ разумен не би се налутил доколку некој е загрижен за него, единствено е можно тоа да го користи како изговор,за нешто друго,односно како што кажаа погоре да има друга позадина. Почекај некој ден, знам дека ти се чини невозможно да седиш и да чекаш,но што да правиш друго,кога ти ги игнорира пораките,повиците и сл...
@malechkata Како машки не сакаме девојката да изигрува FBI,од повеќе причини: 1.Се поткопува довербата. 2.Го третираш како мало бебе ,а тоа страшно не вади од кожа. Као,он не може да се самоконтролира и да си го чува у фармерки,ти ќе му се јавиш и ќе го натераш.Аха.Ние функционираме у филм"Абе,јас ако ја сакам девојката нема да ја изневерам". Акцентот е на јас,и секое мешање од страна,значи негово делење со 0,а знаеме дека со 0 не се дели. 3.Едноставно е досадно,и го гушиш.Една до две пораки се сосем доволни.Не 10,не 20,не 120... Другиот аспект у причава е што,доколку си била интимна со типов и он планира да продолжите,ова неговово не е за толерирање.Плус,он тотално се повлекува,како да не се гледа повеќе у причава. Мој совет е да не се јавуваш.Мислам дека шансите за нешто цврсто и здраво тука се мали.Ми мириса дека типот е верен следбеник на pump & dump.Инаку,раскинувањата по СМС се се почести денес,дури и во случаеви како 5 ипол годишни врски.Стартувај временска машино...нанана...во мода диско ритамот .Муабетот ми е,не можеш да го вратиш тоа што било,било...Земи радувај се,млада и слободна девојка си...барем неофицијално...И,извлечи поука. Не е исклучена варијантата типов да ги искомбинира pump & dump и стенд-бај у наредниов период. Онака,да ти се јави и да каже дека он погрешил,а ти да мислиш дека тоа е тоа,без да имаш у вид дека он само сака уште...Внимателно!Најверојатно,ќе треба да го одбиеш тој аранжман .
Немам што многу да се додаде главното веќе ти го кажале. Дечко ти изигрува увредена примадона што е за машко многу лошо зашто е од понегативните машки особини. Егото му е на прво место па после се друго. Ти му доаѓаш некако како кукла, он ги влече конците а ти играш како ќе ти свири, размисли си дали вреди.
Најпрво едно ОГРОМНО благодарам до сите што издвоивте време да ми одговорите и да ме посоветувате. Јас веќе си бев легнала да спијам, ама кошмари пусти и еве ме пак тука. Gea, мислам дека одлично му ја опиша маната - долго време и јас мислев дека нешто такво му фали, а имам пишано и во други теми дека е затворен тип на човек, не искажува чувства и дека оваа врска му е е првата најдолга (другите му траеле многу кратко, поради причина од што девојките го гушеле, а јас сосема поинаку постапував од почеток, по моја желба - се штитев самата себеси) и плус пред мене цели две години бил сингл, најверојатно имал мувачици, ама мене минатото ич не ме интересира, па не прашував, сам кажа дека му е најдолга врска досега. А, за тоа дека ме малтретира психички, последниве два месеци истото си го мислев .. и си мислев дека сум будала што мислам така, ама најверојатно така е. Фала што ми посака убаво лето, ќе го имам и со него и без него. Е вака, тој цел живот живеел во Скопје, таму израснал, ама има потекло од Охрид, значи во Охрид сме на факс и тука има кај да остане, има баба и дедо - секое лето доаѓа тука, без разлика дали лани беше со мене или не. А, инаку, да, целосно си во право, тоа што го опиша е типичен сељак, ја остава девојката за летото и си го храни егото настрана - божем види ме јак сум. Јас не сакам да се правам ваква или таква, ама дечко ми (или бивши, не знам што ми е уште) нема некои такви предиспозиции, бидејќи изгледа сосема обично на надворешен изглед, не е некој заводник, if you know what I mean. Ниту има такви манири. Ова му е испад, значи целосна заштита на тоа што тој не покажува чувства. Еднаш прашав овде за нешто од минатото, демек дали девојка му влијае и баш ти, ЕлеМентал, мислам дека ми одговори дека тоа е пропадната инвестиција. Епа тогаш го седнав и му свртив пет-шест муабети додека не ми признае што му е со чувствата и ми кажа дека немало врска со бивша, бидејќи како што пишав погоре врската со мене му е најдолга. Ова неговово е се од што не знае да цени, не ме цени мене и се што чувствувам кон него. Не сакам да верувам дека е способен да има друга, не ми изгледал никогаш на таков, дури и пред да ми беше дечко. Иако се укажува на тоа. И, да од провинција сум, баш пишав за моето искуство со скопјани тогаш кога се расправаше за проблемот на Лук. И ич не ги сакам, ама ете како некое колце ми се скопјаништата , секогаш на нив налетувам. Првиот дел како го пиша, исто како тој да го рекол. Истово, ама БАШ истово ми го има речено. Иначе, не е pump & dump, бидејќи да беше одамна ќе го направеше тоа ... не би ме разочарал толку многу, ме знае која сум, каква сум и дека сум му се предала само него - не би паднал толку ниско, се надевам. Па после тоа уште да ме изневерува со друга, би испаднал најголема свиња во моиве очи и знае, му имам кажано, дека ако ме изневери или остави во теков на летово ќе го сметам прво за сељак, кукавица, а потоа нема да постои повеќе за мене. Во право си за се, фала ти многу, со ова ми се отворија очите дека машките сепак биле едноставни суштества и дека само малце требало за да се разберат. Фала ви на сите, нема да го барам и да му досадувам. Всушност, пред да си легнам го исклучив мобилниот и после го вклучив, па видов дека ме барал 3 пати. Му титнав само, ама не се пре-јави, ама затоа па пред еден сат ова ми го имаше пишано: Нема да го трпам повеќе, кога ќе се јави ќе бидам ладна-камен, а не планирам воопшто да му звонам наредниве неколку дена, ниту да му пишувам. Јас му ги дадов сите мои чувства на тацна, а тој вака - епа нема да може! Во право си - баш повредена примадона. Многу е горделив, секогаш бил, како да не смеам да му кажам што било, за се мисли дека сакам да го контролирам или навредувам. No more! Кога ќе се јави, ќе бидам поинаква - и не му пишам повеќе ништо, доста беше. Фала ви.
Откако се посоветував со девојките за мојот проблем, сега да ве потормозам и вас Со дечкото сме веке година дена заедно и со мали исклучоци супер ни е. Живееме во различни градови и јас за некое време ке дипломирам и ке си одам од Скопје. Проблемот е што јас сум толку амбициозна, успешна, со цврсти цели во животот, а тој не се замара за ништо. Има услови да работи а се жали дека му е тешко, дека не се исплаќало не знам што. Ко да чека од небо да му падне. Се залагам за него, да му тргне во животот, а тој ме критикува дека го форсирам. Дури и се исмева на мојата амбициозност. Јас сакам да одам на студии во странство и планирам да го земам со мене, ама се плашам што ке правам таму со некој што само леже и офка дека нема пари. Уште ми вика "Не се будали да одиш по светот златна работа те чека во Македонија, луѓето плачат за услови на живот како твоите". Стварно не сакам да прекинам со него, но се чувствувам како птица која треба да летне високо а има врзано еден камен кој ја влече надолу. Прашањето ми е Како да му кажам дека треба да се смени а да не излезе дека го форсирам или уценувам? Дали се менуваат машките во тој поглед, (тој има 22 години)? Ако сте вие на местото на дечко ми, што би мислеле за таква девојка и како би ви било кога ги слушате тие нејзини муабети? Дали вреди да продолжам да бидам во врска со него ако не се промени? Да не претерувам и јас малку?
Времето тече и луѓето се менуваат. Иронично, промената е единствената константа. И како што тече времето така и треба да се има попрецизна визија за себе и сопствениот живот. Во спротивно ќе луташ и како што вели мислата, when you don't know where you're going, any road will take you there. Доста филозофирам. Што ми е поентата? Барем според мене, за двајца да имаат заедничка иднина, не смее да постои драстична разлика во работните навики и амбициите. Секако е нормално да си имаат различни области во кои работат или се школувале, но не смее едниот да биде товар на другиот. Едниот да ги кочи плановите и задушува иницијативите со песимизам и инертност. Ти ги исмевал твоите амбиции? Ќе го носиш со таков карактер во странство? Некој што ти ги исмева целите и енергијата вложена во твојата иднина? Ако сакаш заедничка иднина со него, спреми се да му бидеш мајка и постојано да го превоспитуваш. Досега и немал некоја мајка штом излегол ваков. И не ја генерализирај низ целиот машки род. Има многу по зрели машки од него. Биди внимателна, човечката инертност е неверојатна сила. Ќе те истроши и на крај шансите се дека пак ќе изгубиш. Не претеруваш воопшто.
Ми треба совет од машка гледна точка ,Што би направиле во мојот случај? ...еве го линкот со темата ljubovni-problemi/ispoved-mi-trebaat-soveti-t12977/ знам дека е долго за читање...ама стварно незнам што да направам :ѕ
Тенкју Елементал и девојките исто ми го рекоа. Сите бараме совет само кога ја знаеме вистината и кога истата не ни се допаѓа Не генерализирам дека се машките исти во тој поглед. Само мислам дека многумина од нив многу се менуваат во врска со извршувањето на обврските со текот на времето посебно во периодот од 20-26 години. Девојките не се толку флексибилни на таа тема , тие или се или не се, потешко се менуваат. Му велам од такви напредни деца кај најдов да се заљубам во џаболебар. Ај што е таков тој, бар да ме поддржува во плановите а не да ми вели дека летам со умот. Јас сум сигурна дека мојов нема да се промени, тој не покажува знаци дека сака да го направи тоа. Така си е научен од дома. Така седи во Скопје на факултет не оди, има некои негови цели ама со прст не мрднува за да ги оствари, само се жали. Татко му сам се труди да развие некои бизниси, отепан е од работа, овој гајле нема. Во право си со тоа дека ке треба мајка да му изигравам. Си мислам ако тој не си ги жали родителите кои се мачат за да го школуваат, сигурно еден ден нема да го цени ни мојот труд. Не знам веке што да правам. Го сакам ама ни во лудило нема да дозволам плановите во животот да ми кикснат заради љубов. Планирам една од овие две работи да направам 1. Да го викнам со мене во странство кога ке одам да барам факултет. Ако во еден дел од секундата видам реакција од типот “не се глупирај вракај се дома’’ ке прекинам со него. 2. Да му поставам ултиматум ако до наредната година (до тогаш имам време) не превземе ништо во животот ке раскинеме. Под превземање нешто нема да прифатам заокружување огласи во весник за работа, тој има и тоа како добри услови за да развие сопствен бизнис. Првото мислам дека ми е побрзо, со второво ке изгубам многу време.
Со вистински луѓе околу тебе, или во овој случај, дечко, кој ќе те поддржува наместо да те кочи многу полесно ќе се развиваш во животот, на секое едно поле. Тешко е што некогаш треба да помине доста време за да сватиме колку повеќе сме можеле да имаме доколку сме одбегнале одредени личности. Или да се употребам некои фрази што не ми се во речникот... Со вистинската личност, заедно ќе летате во формација. Овој твојот вложува енергија само да ти ги сече крилјата. А верувај, со твоите амбиции, имаш големи крилја. Моменталната заслепеност од чувствата те тера да даваш шанси, да калкулираш, да трпиш и ризикуваш. Тоа е секако твое, твој живот и право, но еве, како што напиша еднаш Doc Love, еден од главните уредници на AskMen.com Пред да пуштите нова личност во вашиот живот, одговорете на следното прашање: Личноста ќе биде дел од тимот, или дел од товарот? Само гледај да не помине премногу време пред да се свестиш.
Кикирик Мој совет ти е да си го следиш сонот и амбицијата твоја да си ја исполниш. Оти очигледно не вреди да си го скратиш сонот за некој кој незнае да цени. Можеби друг муабет ке беше ете тој да не може никако да дојде со тебе у странство ради некоја оправдана причина тогаш на др начин би се размислувало нели ... А вака кога и ти му шириш раце шо се вика да дојде со тебе а он се исмејува на тоа . Ондак јасно е више се ... Нели ? Така да мој совет следи си го сонот. Ке си најдеш некој кој чекори по ист пат по кој и ти. Оти џабе врска , џабе откажување од амбициите за некој за кого утре ти ке бидеш маж у куќа . А не секоја жена го сака тоа ... Мислам да не забегувам нели али размисли си убаво ТИ. Која и каква иднина гледаш со детево .
Вака, можеби ми е глупав проблемот кој дозволувам да ме мачи и за друга некоја би можела ладно да одговорам, ама за себе не сум паметна. Значи со дечкото што се гледаме, ми е преубаво, и кога сме заедно и кога се слушаме, некој ден е тоа по 10 пати во денот, некогаш помалце. Ми одговара вака, и разумот ми кажува дека тоа е тоа што сакам ( мување, секс, добро друштво итн) Но, иако си имаме расчистено со тие работи, со неговото однесување, да ми се јави кога ќе се разбуди или да ми рече јас да го барам кога ќе станам, и навечер да мора да се слушнеме пред да си легнеме, иако сме се слушнале веќе, неговото барање да бидам само со него, и ветување дека и он ми е верен, мене ова во главата почна да ми делува, да се осеќам како да сме во врска. Се плашам дека почнав да мислам на него повеќе од што сакам. Некако почнав да си ги правам плановите према него ,( најголема грешка , знам). Има денови кога сакам да се видиме, а тој ќе си излезе со другарите и јас не реагирам, а кога јас ќе му откажам на него за да се видиме, ниеднаш не се случило со убаво да пројде тоа, туку он почнува прво да ме убедува дека мора да се видиме, да најдам начин, сакал многу да ме види , и кога ќе свати дека немам таква намера дента, почнува да се кара со мене. Одма е многу лут. Инаку кога не водам јас инат , ни е најубаво, постојано се смееме, уживаме, ама сум убедена дека не треба да му бидам достапна постојано, и секогаш кога пробувам да го изведам тоа само кавги имаме . Кога нема да му кренам на телефон, после со саати не ме бара, некако ми е многу тврд орев, а секогаш кога пробувам да прекинам се единствени моменти во кои повеќе ми се отвара. Освен овој инат кој го имаме двајцата, а кај него е поистакнат, се друго ми одговара. значи баш ваква "врска " сакав, не ме убедувајте дека сакам нешто повеќе. Само се нервирам што никако не можам да си играм ко што знам со него, зашто како да не е таков тип. Дали да водам инат и понатаму , или да си бидам фина ко што знам ? Со сите можам , ама овој ми е како слаба точка, и му попуштам, и многу се нервирам .
Се дружите активно, имате секс, редовно се слушате, верни сте си и тебе почнало така оддалеку да ти наликува на врска? Генијално. Со попуштањата и неодлучните меки ставови кон него влегуваш во фаза овцичка. Една таква ситуација, две, три, пет и шемата на однесување кај него е бетонирана. Знае точно што и како треба за да те сврти кон неговите потреби бидејќи ти попушташ. Момакот демонстрира недостаток на зрелост, да се изразам учтиво, со посесивноста, инаетот и неспособноста за компромис. Еве го него кога не си му кренала на повик Spoiler Ни тој, ни било кој друг на планетава не може да цени и искрено почитува луѓе кои никогаш не му се спротивставуваат. Ако имаш попаметна работа, кажи му што ти пречи кај него, и не отстапувај од барањето ДА СЕ ПОПРАВИ или ќе те изгуби. Ама гледај да те изгуби, во спротивно ти го фатил блефот и во неговите очи тонеш уште повеќе. Ако немаш попаметна работа, трпи го, виткај кичма и направи мајчински обиди да го превоспитуваш.