Што би направиле кога некој, со кој сте долго во врска, едноставно за некои важни работи во животот оди контра? Јас си ја имам замислено иднината, надвор од нашата држава значи. Добро и да не е надвор од државава за стално, битно имам во план вака летен период преку факултетот да заминам на пример Америка, здравје. Е сега, он на тоа реагира како божем крај на светот е, и можен е крај на врската доколку се случи нешто такво. А тој без гајле си планира (не дека јас не сум во неговите планови, баш напротив, и јас сум дел од нив) но има поголема слобода во тоа. Му реков, нема да дозволам да ми ги уништиш плановите бе, утре ќе раскиниме недај Боже и јас да си ја чукам главата у ѕид ли? Кој ми гарантира дека ќе бидеме заедно засекогаш та да ги пропуштам сите важни шанси? И се лути кога ќе речам така, но навистина не можам јас да си ги запоставам целите во животот и како овца што ќе ми речат тоа да го правам. Opinion?
Прво ти напишав сатиричен одговор зашто си полна контрадикторности ама го избришав, не ми се ризикуваше . Си пишала толку работи за на крајот да го пуштиш зајчето од дупка во болдираната реченица . Не можеш со сите туку само со тие што ќе ти дозволат. Можеш да пробаш да го блефираш ама ако не се фати на блефот може да се случи пак да мораш да го бараш, спремна ли си за таков ризик ? Инаку ти ако знаеш што сакаш јас во XXX ќе се прекрстам . Дечко ти е по приврзан за тебе отколку ти за него и тоа е сосема во ред, различни карактери сте. Ти секако не треба да менуваш битни животни планови ради него а он треба да научи дека има работи во животот кои не можат однапред да се зафиксираат и испланираат до детал, рано му е ама животот ќе го научи дека е така. Ти немој веќе да му спомнуваш дека ќе раскинете (така му се чини дека си со него само привремено) но продолжи да работиш на своите планови па како испадне спонтано и природно така нека биде .
^ Јас никогаш не сум му дала повод да мисли дека ќе раскинеме. Баш напротив, јас си ја планирам иднината со него, а тоа дали ќе заминам на пример Америка на 2 месеци не менува ништо од моја страна. Баш напротив, сакам и он да дојде, нема никаков проблем, си го сакам покрај мене. Само сакам да сум повеќе самостална, да бидам цврста да научам нешто во животов, а не на пример да седам и да чекам некој да ми рече е сега пробај ова, пробај она. Доколку одлучам на пример некој голем чекор да направам, сепак не е мала работа да заминеш далеку од твојот дом сосема сам, сакам да биде или покрај мене или да ме поддржува, а не да се лути. До некаде разбирам, не е сеедно, но како што напоменав, ништо во животов не е сигурно, та самиов живот наш не е сигурен денес те има утре те нема. Што ако утре се разделиме па јас да си ја чукам главата што не сум го направила она што сум го зацртала. Си го сакам, и многу ми значи, но и јас треба да се научам да гледам подалеку од носот и да направам некој голем чекор во животот, се разбира со него покрај мене. Само без лутење и убедување..
Доволно си свесна за околностите кои те опкружуваат и за тоа што треба да правиш. Ако не продолжите долгорочно, ќе ти биде криво што не си била, а ако продолжите, секогаш ќе ви остане дека заради него не си била. Ако му прејде во навика ќе се обиде да те спречи и ако некогаш сакаш да одиш до Лондон, или макар и до Загреб. Далечината нема да е битна. Битен ќе биде неговиот рефлекс да те спречи ако веќе не е и тој дел од настанот. Светов пружа премалку можност за на крај да ги изгубиме заради нечија несигурност.
Истото ти го кажав и сосема се согласувам со тебе само не му спомнувај збор раскин (во било која конотација) зашто и сама спомна дека се лути. Биди фина но без реченици зарем да си ја уништам иднината ако еден ден раскинеме и слично, во право си ама секогаш ќе реагира на такви реченици Во секој случај треба да се реализираш а ако и он те подржи уште поубаво за двајцата
Епа вака, чувствувам должност да ве поздравам и да ви се заблагодарам на сите кои ми помогнавте, а и да ви кажам за една моја одлука. Откако се свестив од шокот и ги средив мислите, јас донесов цврста и непроменлива одлука да раскинам со тој кој сум во врска. Решив да ставам крај на психичката тортура т.н. врска, низ која поминувам последниве 2 месеци. Не вреди само јас да се трудам за да успее и не вреди да бидам во врска со некој кој ме зема здраво-за-готово. Сум заборавила на кратко која сум и каква сум и што се носам во себе и колку прекрасна може да му бидам на некој кој вистински заслужува. И да, ова искуство ме промени - не на полошо, напротив на подобро. Нема да дозволам да бидам огорчена и тажна, нема да бидам затворена во себе кон следниот кој ќе ми е дечко, среќна сум што ми се отворија очите и сега ќе уживам во летово и ќе чекам да ми се случи нешто вистинско и убаво, без никакво форсирање. Сношти се случи најневеројатното нешто. Мајка ми чачкала по форум (знае да отвори, некогаш) и прочитала што сум пишала, ме препознала. Јас не и кажав ништо за ситуацијата, бидејќи не сакав да ја загрижувам, но ете дозна. Момци, имате огромен поздрав од мајка ми, бидејќи рече дека советите кои сте ми ги дале биле неверојатно добри и да сакала таа веќе немала ништо повеќе да ме посоветува - се сте кажале! И да, ми рече да ве послушам и еве ме мене на нов пат, без пречки почнувам ново поглавје во мојот живот. Дотичниот господин не се јавил, се’ уште, божем да ме извести за своите мисли и чувства. Јас не планирам да му се јавувам, ама ако и кога ќе се јави само убаво ќе му соопштам повеќе да не ме бара и дека не сакам да сум со него бидејќи не ме заслужува. Ви благодарам.
Вака:Ми се свиѓа еден ЖЕНКАР веќе подолго време(а и слободно можам да кажам дека почнав да се заљубувам во него) и стварно незнам што да правам.На моменти е срце,супер се однесува,амаа некогаш толку е одвратен и одбивен што ме вади од такт.Стварно не го разбирам.Зошто е таков кога ништо лошо не сум му направила? 95% сум сигурна дека знае дека го свиѓам ама зарем тоа треба да биде причината за таквото негово однесување?Како треба сега да се однесувам со него?Некој ќе ми рече;игнорирај го,прави се недостижна па ќе видиш како ќе трча по тебе.Дали? Според мене,ако така се однесувам он ќе си рече;не ја интересирам веќе,што ќе ми е она,има уште многу што трчаат по мене,нема да се замарам со неа. Збунета сум.Ќе го гледам уште 3 години и познавајќи се себеси,знам дека нема да го отсакам се додека е во моја близина. Потребен ми е совет од машко,и да ми разјасни зашто типов вака се понаша и што да правам понатаму.
Сигурен сум дека му се допаѓаш......аааа и уште нешто.......абе каков е тој женкар што е некогаш одбивен и одвратен........вистинскиот женкар никогаш не одвратен.........
Незнам ни јас...Ама откако знае дека го свиѓам си дигна акции и така на моменти знае грдо да се однесува пошто знае дека ме нервира
Иако не сум машко ќе си земам за право да ти одговорам и се надевам дека ќе ти поможам... Општо е познато, кога машко ќе примети или ќе дознае дека го свиѓаш ќе го мени понашањето, особено ако си му симпатична, ќе изгуби осет за понашање и ќе си мисли дека е интересен, а пред да дознае дека си го свиѓала се понашал добро за да ти остави впечаток, а сега изгубил контрола... или можеби така се понаша секогаш кога ќе се опушти, а ти треба од негови блиски личности да видиш дали е добар, дали евентуално кажал дека му се свиѓаш, и какво му е понашањето, дали вреди да се загледуваш во некој таков, некогаш физичкиот изглед може да не излаже, ништо не губиш ако прашаш, ако тебе ти е страм да прашаш нека праша некој шо ти е близок а се знае со неговото друштво... И уште една работа, рече дека 3 години ќе ти бил во близина и незнаеш дали ќе го отсакаш, девојко утре во твојот живот може да се појави друга личност и тотално да го заборавиш овој.. Ти посакувам среќа, и извести не што ќе направиш, ако се решиш да се распрашаш за него нормално.
EleMental и XMaN Ви благодарам на советите, во право сте и двајцата. Инаку знам што сакам, сакам се што имав плус повеќе почит и труд од негова страна. Ама тоа е така.Кога со некој ќе почнеш од почеток со попуштање после не можеш многу да очекуваш. Си ги гледам грешките во моето однесување, но за мене најтрагично беше што не можев да се сопрам иако бев свесна додека ги правев. Како да го спуштив својот гард, решив да пробам , да се однесувам поинаку од обично, и откако видов дека не треба, не можев да се вратам назад.. Му придадов премногу значење. Прво ми беше интересно така, ама тоа бргу помина. И да, во оваа "врска", однос, дружење, се однесував точно како што не треба. И многу пати го откачив , и се предомислив , ама вчера беше последно, зашто не примети дека ме навреди и згази со неговиот гест. Можеби е во право , и он, дека бившите ме разгалиле , па имам големи очекувања . Не ме боли многу што нема да се гледам со него, туку што му дозволив премногу. Ама сама сум си крива. Како викаат, што може човек сам да си направи , никој не може да му направи. Така и јас. Пред да го пуштам да навлезе повеќе во мојот живот, имав мир . Кога гледам околу себе какви прекрасни личности, пријатели имам, не можам да речам, ко што ми идеше во прв момент да кажам, сите се исти. Знам дека не се. Знам што можам да понудам , и што заслужувам за себе. А тој, ќе дојде ден кога ќе ме бара, и ќе биде во понезавидна ситуација од мене. Можеби си викате, си се тешам. Можеби звучи вообразено. Ама познавајки го светот околу мене, јас сум најдоброто што можеше да му се случи, и тој тоа потсвесно го знае, а свесно ќе му треба малку време и слобода, за да си направи споредба. Ќе си ја пее он лична карта, а јас таков како него сум свесна дека лесно ќе најдам, ама не ми треба. Нема да правам компромиси повеќе, сакам што сакам, и ако не го добијам тоа, друго не ми ни треба. Па ако треба ќе си останам сингл и среќна. И верувајте, откако ја спукавме вчера, и откако го напишав ова веќе душата почна повторно да ми се исполнува со позитивната енергија.
А што ако машкото не е толку загреано за женското, во смисла, не ТОЛКУ заинтересирано, сепак покажува некои знаци дека не сака да изгуби контакт или слично, а не презема нешто посебно. Чудни сте вие мажите
Вака имаше едно дете што ми се свиѓа.И нормално јас го адд на фб и тој ме прифате.Јас прва му пишав После тоа јас имав лајкнато еден линк на фб (Самоо ____ (името негово) иди во предвид) и тој 3 пати ми имаше пишано прв.После ме избриша.Јас го блокирав.И пред некоја вечер бевме излезени и другарка ми ми вели дека тој цело време се гледал во мене (тоа го забележав и јас).После го одблокирав и го адд пак но тој ја немаше ни одбиено понудата ни прифатено.Но јас по неколку денови ја повлеков понудата и одново го блокирав.И вчера го одблокирав и му пишав порака.Нешто вака:Те адд,ме прифате,праевме муабет,и после ме избриша.Јас те блокирав,па те одблокирав и те адд ти не ме прифате и после одново те блокирав и сеа еве те одблокирав ама сигг има некоја причина од која ме имаш ибришано.И сега пред неколку часа гледам понуда за пријателство од него.Го прифатив.Што мислите ме свиѓа или сака само забава?
Хехее женско си снајди се измисли нешто Предлози од типот секс на плажа, на педелинка, во вода женски што се фрцкат со купачи наоколу, можеби ке поминат. Ако не поминат тие расплачи се Сакам на море/езеро и крај А нема да си поминеш лошо на планина ти гарантирам Ова тие мислење од женска страна (да сум јас на твое место што би рекла), машките совети сигурно ке бидат подобри.