Не сум машко - ама ќе ти одговорам што јас мислам. Во принцип, кога машко ќе ја донесе девојката дома да ја запознае со родителите би требало да значи дека таа му е важна и дека има сериозни намери со неа (ова не подразбира брак, of course). Ама зависи од човекот. Има машки што секоја девојка си ја носат дома на запознавање (поточно на проценка), а има и такви кои не носат девојка дома сè додека не решат да се женат
Од кои причини и колку време би влечеле некоја девојка за нос? Би ја лажеле, би и пуштале вода или што и да е .. Знам дека ми е многу опширно прашањето, но ќе се најде ли некој да ми каже ... ? Фала ви однапред момци.
Ама пази, не значи дека си и последна ... Немој да се ослонуваш на тоа дека ако те однел дома си му сигурна. Времето ќе покаже како ќе ви оди врската.
Јас тоа сум го направил со две девојки до сега и тоа после раскинување, колку да си ги свртам мислите, без да ми значат ништо. Кратко време беше и со двете, бидејќи после првичниот удар сваќам (иако доцна) дека не ми се ништо виновни тие, и многу подло е да си играш така со некој бидејќи некој друг бил идиот. Причини за вакво однесување... Разнишана самодоверба, пренасочување на мислите - како во мојот случај Потреба да се биде фраер, да се докажува, билдање его кога некоја цура не трепка освен ако типот не трепне прв. <- компензација за сопствената ниска самопочит и самодоверба. Наметнати размислувања од средината на дотичниот (татко, чичковци, вујковци, татковци на другари, сите кој од кој по голем "јебо" во свое време) дека ТАКА СЕ ЖИВЕЕ, дека не е живот освен ако не ги менуваш почесто од чорапи, дека младоста ќе ти пропадне, во спротивно. "Сега ти е време, искуство, пи*иња, после брак, жена, деца...овие работи ќе ти останат во животот." Just for the record, сум бил цел на вакви совети, и сум слушал како "масираат" мои другари. Не е измишљотина. Се надевам помогнав.
Знам случај каде еден влечкаше девојка цела година додека неа не и пукна филм па се тргна на страна. Во принцип има што ќе влечкаат се додека можат или додека нив не им досади (или не си фатат женска) што значи многу долго време зашто така си полнат его
Mysterious баш мојов истово ми го правеше пред некој месец. На кратко, имаше долга врска од година ипол, и недела откако раскинаа ние се смувавме, јас нормално знаев дека он неможе нешто да осеќа за мене уште одма, ама ете како што викаш ти ме влечеше за нос, се изгледаше како подмачкано додека еден ден не ми кажа дека незнае што осеќа, што е и нормално. Така да според мене, има повеќе причини. Како што рече Елементал, да си ги сврти мислите, да те користи тебе за да си ги излечи своите рани, да си пополнува време, да му биде убаво со тебе се додека не најде некое подобро решение.. Иако многу е глупаво така да правиш на човек, не е тоа играчка, си играш со човечки чувства. А други причини.. од што не знае што сака во моментот, а ете за тоа време сака да се исполни одвнатре, да му служиш како потпора. Од досада, за покажување као колку е он јак и фраер..
@mysterious Има машки што ќе ти дадат сигнали и ќе те влечат со цел да те искористат како мамец доколку имаат реален интерес за други типки,а другите типки им прават проблеми,а момциве се сеуште малечки па имаат интерес за типки кои паѓаат на такви фори.Инаку,не гледам зошто би давал сигнали на девојка за која немам никаков интерес(ниту на физичко,ниту интелектуално ниво). Значи,штом ти пушта сигнали или е: 1)заинтересиран 2)не е заинтересиран,а те користи како мамец. Колку може да трае?Додека не ја фати другата девојка за која има реален интерес,а тебе да те шутне. Во првиот случај доколку е заинтересиран, по одреден период може да олади поради X причини,и да престане да ти пушта сигнали.Има и варијанта тепање време без некоја посебна цел,ама кај машките тоа е многу ретко .
Гледано од машка страна а може и женски совет...имав прв состанок со момче и веднаш му дадов..што си мисли сега тој за мене?! Несакав, ама така некако испадна плус дека не сум невина а и одамна немав излезено со некој и бидна. Дали ќе сака пак да ме види, зошто јас многу сакам ми се допаѓа премногу....?!?!
Поминаа 49 минути меѓу твоето прашање и паниката со "Никаков советтт???" Поминала неполна вечер пред ти да ти ги рашират ноџињата. Тебе трпението не ти е јака страна. Тоа е очигледно. Што мисли за тебе? Мисли дека си лесна. И сега ќе очекува (и во право ќе биде) ти да трчаш по него, бидејќи веќе паднал сексот. ТТттттииии сииииии лллееессннаааа. И ниедно машко не може да почитува таква женска повеќе од некоја што го влече и му тактизира. Тоа не е измислено од мене, тоа е закон на природата, за човековото размислување. Има термин ако не си сакала, а биднало. Се вика силување. Ти чупе...си сакала. Можеби и ќе сака да те види, но после сексот неговото однесување ќе биде многу потешко за предвидување. Можеби ќе те бара само за секс од сега, или ќе се вртка околу тебе додека не му досадиш. Шансите дека ќе се однесува нормално (во смисла дека ќе те сака за девојка, ќе има искрени чувства дрн дрн) после ова се малечки, реално гледано. Но не е невозможно де. Не се притресувај.
Во најголем дел е Елементал во право. Е сеа, ако си на возраст како што пишува на твојот профил и дечкото ако е на некоја слична возраст мислам дека повеќето машки во тие помлади години гледаат што повеќе женски да пројдат, и си избрзала стварно.. Веќе го добил она за кое си можела да го влечеш и да го тераш да се труди, а така и да се запознае со тебе подобро. Но, нема некои правила , ако постои нешто повеќе. Во смисла, ако е сексот многу добар , и ако сте вие навистина некои премногу компатибилни и си одговарате многу и ако тој има желба да биде со некоја, и во случај да те гледа сега како лесна , може тоа да прерасне во озбилна врска. Но, со големо АКО. Ова го пишувам од личен пример, зашто јас кога појдов со маж ми ( сега бивши), не му дадов првата вечер иако тој проба, но втората веќе , иако беше прерано , му дадов. Си реков, ај нема да се замарам, ќе си уживам , и ќе правам како ми е убаво ( пошто подолго бев сама, и ми се сакаше ептен ). И уште прв пат кога бевме интимни , си реков, сакам да бидам со него. Ептен бевме слични. Тој тогаш ме свати како лесна девојка, а и другар наш го лажел дека сум имала нешто со него , и ми рече - Ти не можеш да ми бидеш девојка. Кога ме фати мене еден инат и си реков -Е ќе видиш ти што се ќе ти бидам . И така си се гледавме , си се мувавме, ама се тоа скришно, пошто ми беше и забрането да се гледам со него, и еден ден после два месеци тој ми кажа дека сака да му бидам девојка. Ама значи тоа не можеш никако со сила да го направиш. Сега, пошто нема враќање назад, можеш само да не го сваќаш многу озбилно, да си уживаш покрај него, да не го замараш никако, па ако треба да се случи нешто повеќе ќе се случи. Мали се шансите, но, можно е.
Ако очекуваш да ти аплаудираме..тешко.И дека ќе те сфатиме што одамна си немала секс,па веднаш си потрчала да му дадеш.Аман бе деца,стрпете се малку.Како можеш веднаш да бидеш со некого,кој патем не го ни познаваш доволно. Дали неговата спуштена рака на твоето меѓуножје ти била доказ дека му значиш?.Не велам дека треба да изигруваш светица,ама остави малку времето да поработи.Можеби и може ова да порасне во нешто сериозно,ама многу труд и напор треба да вложиш.Сурово звучам?Е, да, ама и животот е суров.
Со едно машко се запознавме пред скоро три месеци ... поцнавме да излегуваме и официјално сме во врска 2 месеци ... се бесе преубаво Исти сме на карактер ... ептен се поврзавме секој ден бевме заедно За кратко време се залјубивме двајцата (се гледаше дека и тој е заљубен) ... и сам велеше дека сум му се појавила во периодот кога од се имал кренато раце и од девојки и од се бил разочаран. Рече дека ме сака дека се чувствувал како тинејџер Има 27 години и зад себе имал доооглогодишна врска од околу 9 години Разделени се една година скоро - таа го изневерила а тој ја фатил Машкото е предобро ... дури и премногу добро. Паднав на него ... го сасакав за кратко време Ми се чинеше дека го познавам цел живот ... Јас имам 23 години ... зад себе имам подолга врска од околу 2 ипол години Го сакав него ама изгледа не доволно за да мусе предадам целосно ...(никогаш сме немале односи) Сакав да го направам тоа кога ќе сум сигурна дека човекот е за мене и можам целосно да му верувам Така и направив му се предадов на човекот во кој сега сум заљубена ... после месец ипол врска Се беше убаво ... беше изненаден и неможеше да си поверува дека е со мене ... дека има таква девојка покрај себе. Прво несакав да му кажам да не ми се смее ... денес тоа е необично за 23 годишна девојка . Рече дека уште повеќе ме сака сега Пред една недела се случи нешто неочекувано ... бевме заедно до 4 цасот вечерта се беше супер Другиот ден не ми кревасе телефон .... цел ден Само вечерта ми пиша порака не ме барај некое време Сакам да размислам што сакам дали сум спремен за врска Срцето ми се скрши .... пробав да ѕвонам пак не креваше Цела недела не го побарав си реков тој ќе ме побара ... некни во саботата го видов излезен во дискотеката ... сакаше да ми зборни нешто ... само му се исполив и реков не со главата и заминав Многу ми беше тешко. Си заминав дома и ете го ми заѕвони ... таман кренав и реков кажи слушнав гласови ... беше со друштвото. Дали сакаше да се јави па тие му рекоа не ја барај ... дали тие се јавија а тој прекина незнам. Другиот дене пробав пак да се јавам ... не ми крена Ми стаса порака Јас имам мн да ти објаснам и кажам али сакам да знаеш дека ништо не е до тебе. за ова што се случи јас сум крив и проблемот е до мене. ти си скроз ок и такво чупе како тебе немам сретнато. Сакам само и ти да ме разбериш дека поминувам низ период каде не ми се јасни некои работи лично а мене . Сакам само да бидеш стрплива и јас ти ветувам дека ќе се видиме ако сакаш и ти и ке правиме муабет за нас. Несакам ти да се секираш за ништо и да не е нервираш. занм дека многу те изреволтирав али се ќе биди... Во моментов немам храброст да ти се јавам и стварно незнам што да ти кажам али за скоро време ке се видиме и ќе прајме муабет.... Што да правам ... незнам ми треба совет
Спротивно на општото мислење, постојат машки на кои НЕ им е пријатно да бидат со девици, односно да бидат нечиј прв. Ова е пред се поради товарот што многу често доаѓа со емотивноста на цурата, која после тоа може да го прогласи дечкото за вистинската љубов на нејзиниот живот дрн дрн. Не дека се случува секојпат, но се случува. 9-те години врска му тежат и на него, а мислам дека ти си ги преценила неговите 27 години и неговата виша зрелост и мудрост. Сте се зближиле кога и двајцата не сте биле емотивно исполнети, да не кажам емотивно разочарани, а тоа не е терен за добри одлуки на љубовен план. Јас не сум сигурен зошто ти се испонашал како дебела вагина, ама претпоставката ми е дека после неколку сексања му блицнало дека можеби и не е толку заљубен и занесен по тебе како што првично и самиот мислел. Тој МОРАЛ да има подбар приод, МОРАЛ да искомуницира подобро со тебе, а не така со смс не ме барај, ми треба време..., МОРАЛ да биде искрен, ако веќе си му значела толку и да си каже што мисли. Не сум строг со описов, само велам требал да биде по човек. Што можеш да направиш? Глупо е да ти кажам откачи го, премногу си потресена моментално. Затоа ќе чекаш...
Убаво кажано господине Елементал Дечкото не е на чисто дали сака да продолжи со тебе, дали сеуште ја сака бившата што е за жал по веројатно, дали сака да биде моментално сам и сингл или пак да проба со сосем трета девојка ... Значи он е збунет и несреден. Плус додатно што ти е прв тоа му е плус терет некој. Затоа иако знам како ти е тешко и мачно со ваква неизвесност, кога мислиш дека си пронашла партнер тој ти се лизга низ раце, остави така не го барај. Ќе те побара сам. Ти пробај да се окупираш со нешто за да не мислиш на него и на моменталната состојба.
@ tockaa Кога некој така прави никогаш не е за убаво туку нешто крие и не сака да дознаеш додека не среди ситуација или ти раскине комплетно. Причини може да има многу и само ќе се нагаѓа. Може му се јавила бившата и сега сака пак со неа, може не ја ни заборавил па си му била за пополнување време, сретнал периодов друга девојка па сега му е поинтересна, му се досадило со тебе ама нема храброст да ти раскине, те изварал со друга па го пече совест, може има проблем ради кој знае дека ќе му раскинеш ако дознаеш, има милион причини зашто може да се испонаша така идиотски ама ниедна не е добра за тебе. И не знам каде ги наоѓате се разочарани па немало веќе да сакаат па се вие ќе им лечите комплекси . А кога ќе прочитам реченица не е до тебе до мене е вака ми доаѓа И не е заљубен во тебе, тука си се зезнала дебело .
Не знам како да го формулирам овоа за да бидам разбрана ... Кога за некоја девојка во вашиот живот би рекле дека планирате иднина со неа ? Колку често вие мажите го кажувате тоа ? Дали ако го изговорете гласно, а уште повеќе и ако го мислете, тогаш работата е сериозна? Не зборувам за брак сериозна ( ) туку планови во смисла моногамии, не сакам друга и такви работи.. ? Ако го кажете ова, значи ли дека таа е the one за вас.. ?