^ Еден ќе го каже затоа што е заљубен до уши, друг затоа што се поднапил малку па не знае што зборува, трет го понела атмосфера и во моментот е искрен но веќе утре ќе се предомисли, четврт сака да те легне, пет можеби планира утре да те побара за жена па наговестува... Делата се гледаат, со време ќе се види, зборовите не се зeмаат здраво за готово туку секогаш со резерва...И се извинувам што се плеткам во машки теми
Не е за мене кажано, другар еден кој знам дека е заљубен во неа ми го кажа ова, но бидејќи го знам, не му мрда газот натаму наваму, но така, си флертува со жени тек тук,делува како да не ја сваќа неа сериозно,а не е така ... Муабетот ми беше колку мажите се искрени за ова прашање.. ? Едит: Во однос на тоа што го кажа ти Шкорпионка, ова е изговорено во потполно трезна состојба, што многу ретко се дешава за него, но потполно трезна!
Логично, тоа зависи од човекот кој го кажал тоа... а затоа што ти mysterious викаш дека го познаваш, тогаш ти најдобро би знаела дали е искрен или не. А за одговорот на првото твое прашање може само да погодуваме... ама се сложувам со одговорот на MSkorpionka
Машки совет - е ај да видам....на мака сум Поради работни обврски првпат се слушнавме на телефон - муабетот ни одеше како подмачкан и се договориме дека ќе се видиме на кафе.о Вториот муабет на телефон пак супер...до хороскопски знаци подзнаци...дечко девојка...се си кажавме. Третиот пат веќе разменавме фацебоок....и супер се видовме...и муабети продолжија - веќе се договоривме за на кафе ...а типот вети и вечера. Откако се заврши обврската...се видовме, но нити на кафе нити на вечера - бидејќи немал време. Ме интересира - зошто мажите едно ветуваат - а потоа бегаат од ветенот. Ако не му се бендисав на слика на фб ќе ме викнеше на вечера, на кафе???? Чудно???
Не мора да е чудно, сите муабети на телефон и на Фб паѓаат во вода се додека не се сретнете и компатибилноста се потврди и во живо. Има многу што на нет се една личност а во живо два збора не знаат да сврзат. Привлечноста помеѓу двајца на ФБ не секогаш се потврдува и во живо, некогаш се поклопува а некогаш не. Реакцијата му била несоодветна и некултурна ама тука не можеш ништо повеќе да направиш. Можеш да му се јавиш да видиш како ќе реагира и дали пак ќе те покани. Има многу што имаат партнер па си бараат разонода на нет ама кога ќе дојде во живо се повлекуваат, се може да биде. Затоа има правило пред да заглавиш со некого на нет викни го прво на кафе па барем знаеш дека ако не бива не си губиш време во непотребни муабети или уште полошо да се заљубиш .
Едно прашање до припадниците на машкиот пол Вака доколку почна да ве свиѓа некое девојче, кое ве гледа во истиот кафиќ каде што одите, а вие не го знаете, не се познавате помеѓу себе, но девојчето почнува да ви дава некакви знаци дека е заинтересирано за вас....какво мислење ќе имате вие, дали кај вас ќе освои позитивни поени или негативни ?
проблемот е што тој е тој кој кани на кафе....и кога ќе дојде моментот (пр. ај утре да се слушниме, обавезно да се видиме) - тој е тој на кого му испаѓа работа - тој е тој што мора да оди на пат.... - а да напоменам, јас не сум таа што моли за на кафе...тој прави тој одправа
Ако ти возвраќа на знаците со насмевка, погледи па и да тргне да се запознаете, значи е заинтересиран, ако те гледа само штуро со фаца -што и е на оваа- или -кај од сите женски, оваа ме најде- значи дека не му се сфиѓаш и дека џабе го шмекаш. Мислење за тебе, само ради тоа што ти го гледаш, тешко дека некој ќе оформи. Тука ти се изгледот, понашањето...Ако му се сфиѓаш, позитивно ќе реагира.
Те чува или за резерва или си му добра за билдање его или има женска, ти пушта класична водичка да не му избегаш ама си сака статус кво (не е сериозен). Или прејди во чисто другарски однос, или почни да му збориш за рандом X, Y, Z типци што ти се свиѓаат или почни да стануваш недостапна и зафатена. Ако ништо не се смени (во брзо време) имаш опција за прекин на играта во која и онака сега си само декор . А не ти е лошо уште одма да си побараш и друга опција, посигурно ти е а овој онака за резерва чувај го кога ти е досадно
Момци ај еден совет и за мене Си имам јас мака со другар на дечко ми Човеков е женет веќе со години, ама како да кажам не ја ферма жена му, си шета кај сака он таа дома седи со стари жени, ги остава парите во кладилница, се понаша како да има 20 години а не 32, немаат деца сеуште зашто тој радо би дал пари за кладилница него за лекар ( а тој е оној што има проблеми) згора на тоа ја има и изневерувано многу ми е жал за женичкава зашто е многу добра. И јас се плашам дека ќе почне да влијае лошо на дечко ми, но не е тоа вистинскиот проблем, проблемов што типецов е напор невиден секој ден доаѓа кај дечко ми по неколку пати дневно, ако искочи дечко ми да работи нешто низ двор, да си седи, ете ти го тој од таму доаѓа Највеќе се нервирам кога не се гледаме по 10 дена зашто сме од различни градови, и јас ќе дојдам на еден ден, тој пак свири под прозор, си влага у двор си седнува на столче не знам веќе што да правам, дечко ми е многу добар и на никој ништо не пререкува. Истото и идната ми свекрва го вика дека постојано доаѓа по неколку пати дневно и дека и нејзе и е преку глава. Јас сега најверојатно од септември ќе почнам да работам во градот на дечко ми и таму ќе почнам да живеам, ми се отвара шанса за работно место и не сакам да ја пропуштам, зашто после тешко да има, плановите ни беа догодина да почнеме да живееме заедно ама ете вака испадна, и знам дека кога ќе дојдам мртва уморна од работа ќе го начекам него у двор како седи и си пие пиво(кој сам си го носи) и тогаш ќе збеснам А, да згора на тоа овој мојов сака тој кум да ни е вика немало кој друг освен он е тек тогаш ќе се пресели кај нас.. Некој совет за ова?
anastasijaki Совет мила единствено да си разговараш со дечко ти, све ова што го пиша да му го кажеш на мирен начин онака пополека, да не осети дека го напнуваш... Понатаму ако си имаш ок однос со идната свекрва разговарај и со неа и она да збори со него. Едноставно пополека ако му одговара на дечко ти да го дистанцира. А за кум, ке се најде кум , сигурно имате др блиски луѓе .
Најпрво да си кажам дека јас сум крива, не мора да ми кажувате, ама сакам само мислење за ситуацијава и што да правам за да не претерам, па да дојде и до тоа да раскинеме или престанеме да се гледаме пошто не сме баш во врска.. Зашто незнам уште колку ќе ме трпи ваква, ама ми значи ептен и ќе се изглупирам нешто, и ете ти. На кратко. Се знаеме три години,имаше он долга врска, раскина со девојката по недела дена се смува со мене, а и порано имаше чувства, трчаше по мене кога бев помала, јас го одбивав и океј.. Од почеток, првиот месец ипол беше онака океј, убаво ми беше ама да споредувам со тогаш, многу сум созреана од тогаш иако станува збор за само неколку месеци.. и не приметував дека нешто не е океј. Значи, траеше месец ипол дена, немаше проблеми, онака океј се согласувавме и еден ден ми рече дека едноставно не се заљубил во мене, иако му било убаво, незнаел што чувствува, ова-она.. И после пола саат се стави во врска со друга. Нормално тешко ми падна, ама за две недели завршило се, уствари само се мувале (а овој и кажал на другарка ми дека имал чувства за неа како) а уствари оваа испадна кучка, го заеба и го извара. После месец дена, почна да ми пишува на фејсбук, јас бев онаква дафак му е сега, мислев дека сум продолжила без него.. ама ми кажа дека сега се сменил, како демек во минатото бил таков, расчистил сега ова-она, и се смиривме пак. Се смувавме еднаш, ама јас веќе бев несигурна, зашто се ми се разниша и од претходно бев повредена, и го оставив. Му реков дека не сум сигурна во тоа што тој го чувствува, не сум осеќала ништо од негова страна, додека јас осеќав. Тој ми збореше како јас така осеќам од твоја страна, затоа не се опуштам зашто ти демек не ми докажуваш тоа,ова-она. И после пак не зборевме неколку недели. После, тој почна да ми пишува на чет, одоколу зборувавме демек кој бил крив, кој не, ова-она.. Почна да ми ѕвони, да ми пишува да ме вика да излеземе, а јас се го одбивав, ама не за друго туку зашто неможев толку доцна да излегувам.. Накрај еднаш отидов кај него дома, пак се смувавме, после тоа уште неколку пати, ама јас некако почнав да се глупирам, ќе се изглупирам , ќе се испокараме и после јас извини, извини ова-она. За нешто се закаравме на фејсбук страшно и ми рече да му се јавам кога нема да се однесувам со такво детско понашање, а на другарка ми и рекол дека не сакал веќе со мене зашто сум се однесувала недозреано. Мене по два дена ми текна што сум направила, му се извинив ,средивме и океј. После тоа два дена му правев филмови како кога ќе дојдам што ќе биде, ау, и кога дојдов кај него, стигнавме до тоа, требаше да имаме орален.. и јас едноставно се сопрев, реков дека неможам.. Тој упорно ме прашуваше зашто, што е проблемот, ама не ми се зборуваше сега, пошто ти да му збориш на човек два дена ова ќе правиме, она ќе правиме, и сега да му речеш еј не бев спремна во моментот.. И ми рече како стварно незнаеш што сакаш, можеш да направиш нешто без после да ми се извинуваш, не ми вреди мене ништо тоа, мене дела ми требаат.. И ај се смиривме, супер беше понатака и денес пак почнав јас да се карам, ме викаше да се видиме, го прашував дали е сам.. и он рече како зашто, што има врска тоа, ти ако сакаш да ме видиш, немора да сум сам.. Ти само за тоа, а не ми беше баш тоа муабетот, секако супер ако е сам, можеме после и да се опуштиме, ама знаете кога сакате да сте со некој насамо, да си правите муабет а не до нас братучед му да е.. Тапа е. И фативме да се караме, накрај ми рече што сакаш прави.. Ми значи, да ама смачено ми е од карање па смирување, иако последниве јас се ги предизвикувам. Таман ќе се смириме и истиот ден ќе се спречкаме за нешто. Како да се контролирам, како да направам нешто за да му докажам дека ми значи, нешто значајно.. или што ви се допаѓа на вас машките? Уф, реферат испадна ова, ама незнам веќе што да правам иако јас знам дека сум крива...
Напредни генерации сте биле вие бе Искрено, јас не те сфатив баш најдобро што сакаш да кажеш. Вие цело време си играте мачка и глушец, а ти не знаеш што сакаш. Не го маткај детето, дај му стабилен одговор. Инаку, муабетот со оралниот не ми се бендиса. Твоја работа си е тоа, ама лично јас немам почит за таквите што го практикуваат овој вид на секс (да, секс е), а хименот го чуваат нечепнат и во меѓувреме се прават чесни.
^ Гледаш дека има дефицит на мужи на форумов . Јас го делам истото мислење со ВајлдЧери. Пополека, на фино, на арно пробај да му укажеш на дечко ти дека тој човек не чини. А кум може да се најде, ако не од негова, од твоја страна.
Ај може ќе се најде некој да ми одговори Инаку за ова имам зборено со дечко ми и тој вели.. па како да го бркам, од мали сме заедно, остај го кога ќе дојдеш ти да живееш тука нема повеќе да доаѓа како бе нема , подосаден човек јас немам сретнато а згора на тоа и осет нема И всушност прашувам како да му дадам до знаење дека замара и дека сакаме сами да бидеме, не ми е потребен он ни најмалце , ама тоа да не биде дрско или да го бркам..не сум таква А, во врска со кумот, машкото го бирало кумот, кај се видело женско да бира машки бе
Блу, ти дечкото не го сакаш ниту он тебе, не сте заљубени еден во друг но се привлекувате обострано . Он видел дека не се заљубил во тебе и си побарал друга девојка ама оваа кога го откачила пак ти се вратил тебе како веќе проверена сигурна опција. Ти од друга страна длабоко во себе си сеуште повредена дека те оставил за друга и иако наизглед си му простила, во себе сеуште си му бесна и преку караниците му враќаш за тоа што ти раскинал за друга. Од твоето и од неговото однесување се гледа дека некоја голема љубов тука нема и не го сфаќај вашиот однос толку трагично, па 15 години имате слободно можете плочка или ластик или монопол да играте отколку он да се лути дека не си му дала орален на 15 години, бог да чува за што се налутил . Реши се дали сакаш воопшто нешто со него и ако да, премини преку тоа што биднало ама не се заљубувај предвреме зашто целата ситуације на ветува нешто длабоко и долготрајно туку повеќе како две деца што се инатат едно со друго (без лутење). И друг пат не му пуштај водичка за орален, ќе за запали дечкото па пак ќе се закарате . Пс. Нема да ти биде лошо пак да почнеш со тренинг
И нареден пат кога ке одиш кај него, исполни си го тоа што си му го ветила... барем за него сигурно е тоа што би му се допаднало... и онака се гледа дека за ништо друго не си му ни потребна Спојлер кај отиде младинава ццц...
^Прво, фала на мислења. И Гослинг, не, не е таков дечкото, не сум му само за тоа, зашто уште одамна го познавам.. му знам карактер. Али јас беспотребно правам караници, и после нормално зашто така ќе ми се понаша. Знам дека сака нешто поише, али јас не му дозволувам. Можда се чини дека не ми е гајле за него, али не е така, како и да е фала П.С. Иксмен, се откажав јас веќе од бокс.