Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Skorpijaa

    Skorpijaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    И пак јас. Вечерва ке излегуваме со друштво, а исто така ке иде и тој ( дечкото што претходно го спомнав)
    Сите разговараат со него, а исто така доаѓа и другарками што мислам дека и неа и се свиѓа, но сеуште ништо не ми кажала. Значи нз што се случува со мене, јас лесно се запознавам со луѓе, имам многу друштво, но нз зошто се плашам да почнам да разговарам со него, се си мислам дека ке ме искулира и нема да разговара со мене. Ај помогнете ми некако дајте некое советче, значи прв пат ми се случува ова секогаш сум опуштена но со него е поинаку.
     
  2. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    А добро бре, кој е тој? Аполон?

    Јас разбирам трема, ама најверојатно (сеа не сум целосно сигурен во ова) и тој, исто како тебе, е човек од крв и месо, обичен смртник.

    Ти текнува? Па и да те искулира, ќе знаеш на што си, а таа е можеби највредната информација што можеш да ја имаш во вакви ситуации.
    Хемијата ти е хаотична моментално бидејќи ти се допаѓа типот, а дополнително ти го мати умот вниманието што го добива од другите девојки.

    И сега што? Фали уште да си помислиш дека не си достојна за него.

    Во моменталното издание не му се приближувај. Ќе изгледаш доста смотано.

    Прибери се и разговарај. Ако има некоја хемија меѓу вас, ќе знаете и двајцата.
     
    На XMaN и Skorpijaa им се допаѓа ова.
  3. Skorpijaa

    Skorpijaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    11
    хахаххаха Убаво ме насмеа ЕleMental.
    Но во право си за ова што го кажуваш, јас незнам што ми се случува. може затоа што долги години доаѓа дечково во мојот град, и знам со кои девојки излегувал, но ова е шанса јас подобро да се запознаам со него, па ајде да видам што ке биде вечерва, се надевам убаво ке поминам .
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759

    После некое време ако се исто се правии станува монотоно , еве на пример пробајте работи кој до сега не сте ги направиле.Не сте отишле во некој ресторант =одетее.Одете на одмор двајцата , ако сте биле сега сменете ја локацијата.Не знам измисли нешто што и условите ти дозволуваат.
     
  5. Addrianna

    Addrianna Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    16
    машкии :)
    дали би ви се допаднало како подарок да добиете од оние таблички за кола што се и на нив го пишува вашето име?? сакам тоа да му купам на дечко ми ама нз дали ќе му се допадне. што мислите??
     
  6. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    незнам какви се баш тие, ама штом е нешто за во кола мене сигурно би ми се допаднало :D подобро тоа одколку некои глупави украси и мечиња и ... |(
     
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.235
    Допаѓања:
    48.520
    Пол:
    Женски
    На кој нема да му се допадне толку скап подарок :rofl: :wasntme:
     
  8. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Потребно е "завидно" ниво на самобендисаност и уфилманост да ти се допаѓа такво нешто. Ако егото на твојот дечко е толку големо што може да убие помал човек (читај: како на К. Роналдо) тогаш купи му го, верувам ќе го израдуваш.

    Од личен агол: да добијам таков подарок, постапката за раскинување започнува веднаш.
    Персонализирани таблички (пјук). Кој кичерај.
     
    На Go-Girl, fallenangel и Abeja им се допаѓа ова.
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Што има врска колку е скап подарокот со тоа дали ќе му се допадне на некого? Ти само скапи подароци признаваш?
    Кај нас прв мислам дека Тоше Проески извади таква табличка и после почнаа и некои други, мое лично мислење е дека тоа е препичавање за пред народ, голем *** како се вика возачот. |(
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Не сум машко, но како жена ќе ти дадам совет, разубави се, стегни се, нека машките се вртат по тебе на улица, нека ти се воодушевуваат и мажите и жените, биди самоуверена, храбра, направи тој да биде љубоморен и да сака на сите да им покаже и докаже дека тој те има. ;)
     
  11. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.792
    Пол:
    Машки
    Купи му нешто од што и ти ќе имаш корист. :D Пример парфем да речеме. Барем ќе мириса добро.
    Друга ствар, повеќето машки сакаат некоја практична ствар (или барем ја така мислам).
    Ако неќеш нешто такво може да биде нешто како дрес од негов омилен тим, шал, шоља шодаенешчо ( :D ) од неговиот омилен тим. Повеќето машки далеку повеќе би го ценеле тоа од некој ептен скап подарок. Всушност, не е клучна цената за да биде еден подарок добар.
     
  12. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    :hai:
    Поздрав и едно хипотетичко прашање до машките членови на форумов. :)
    Вашата реакција во ситуацијава каква би била.
    Се гледате необавезно , но уживате во времето поминато се некоја девојка..
    Ако во пијана состојба кажувате на другарите ваши пред неа дека многу си ја сакате и ја гушкате, љубите, итн, дали е тоа затоа што рекла дека дошла и за другарот ваш, па вие да дадете до знаење дека не може да има нешто меѓу нив, бидејки има меѓу вас, или затоа што така се осеќате како што покажувате?..
    Дали во пијана ( не премногу да паѓа) состојба машкото може и сака да глуми?
    И дали ако истата девојка неколку пати по ред одбива некоја средба која си ја планирате (интимна),
    секогаш со "добро" оправдување, би се повлекле на крај и не би признале директно , но би покажале со однесувањето дека сте лути ( ако таа нешто ви значи), или би прешле преку тоа.
    Дали ако машко се однесува премногу гордо тоа значи дека не му значи нешто посебно онаа со која се гледал, или ?
    Како вие би се однесувале како дечки во ваквите ситуации ако некоја ви значи и ако не ви е важно ?

    Благодарам однапред :*
     
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    До одредена мера, пијанството може да отвори простор за искажување искрени чувства, но многу попаметно ти е да веруваш во трезен човек и дела, не зборови.

    Да сум лут ако цурата нејќе секс со мене? Што сум јас, 16 годишен?

    Што треба да ми се дешава меѓу ушите? Како изгледа тој мисловен процес? Ако не ми даде да пенетрирам во неа, ќе се муртам, ќе менувам однесување тогаш...Убиј се бре, не кради воздух.

    Мешаш поими тука. Нема никаква врска лутењето со чувствата кон девојката. Лутењето е бидејќи сакал, а не добил. Точка.

    Ако јас свиѓам типка со која имам услови за врска, еве си одговараме на карактер, убаво ми е со неа, живееме на разумна оддалеченост, тогаш ќе направам се што можам да ја имам во мојот живот.
    Твојов чека да се почувствува загрозено од други машки за да покаже дека му значиш барем нешто? А во меѓу се мурти ако не рашириш ноџињата?

    Целиот сум со прашални погледи моментално.

    Се надевам помогнав.
     
    На Monique995, XMaN и sweet25 им се допаѓа ова.
  14. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    ^^^
    Не признаваше дека се лути , но направи да осетам.
    И денес почна да ме обвинува и се лутел зашто јас неколку пати сум рекла дека нема шанси да се видам со него ( а стварно немаше шанси тогаш), а он секогаш наоѓал време бар и на кратко да ме види.
    Ме изнапаѓа дека јас сум била кај друг дома, а он седел дома сам два дена, ама јас од кај да знам дека седи сам дома.
    Мислев ќе шета, и за да не се нервирам отидов таму.
    И јас сум малце крива, знам. :tmi:
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  15. demonio

    demonio Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Имам јас еден проблем би можело да се кажи. Срамежлива сум по природа и поради тоа потешко комуницирам со луѓе што ги запознавам. Но, проблемот ми е во тоа што секогаш кога со нас ќе застанат некои машки и кога некое ќе дојди да зборуваме, јас цела се закочувам се устрамувам и не знам шт да му речам, тој ќе ме праша нешто ќе зборуваме јас ништо не знам што него да го прашам, или да почнам на некоја тема да заборуваме, дури срам ми е и в очи да му се испулам и цело време го избегнувам погледот. Мразам што сум срамежлива :worried: Вечерва така се случи со едно машко тој дојде да зборуваме а јас не знав што да му ечам а цело време го одбегнував погледот, бев ладна и сигурно сега ќе си помисли дека не ме интересира, а баш напротив ми се допаѓа. Можи да ми дадете не знам некој совети нешто каква тема на разговор да почнам, што да го прашам за да не биди само тој нешто ме прашува јас ќе одговорам кратко и толку. А не сум мала 20години имам ама ова срамежловоста ме убива :worried:
     
  16. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Ти дефинитивно мораш да се опуштиш и да бидиш малце посамоуверена... Од шо да се страмиш бе?! Шо муабет може да се прави при запознавање? Општи работи како се викаш години кај студираш ова она дали имаш дечко и тоа, шо е страшно,и ти ќе го прашаш како се вика колку години има, дали студира, дали има женска... и ќе си дојде муабетот сам по себе... тебе ти требаат само неколку минути разговор со некој дечко и после тотално ќе се опуштиш верувај ми... Сигурно нема да те прашува некои незгодни прашања, па побогу вие тогаш сте се запознале, не седиш ти на момент на вистината па ќе те колат. Биди насмејана, ведра, весела, играј, опуштисе малце, зошто да избегнуваш директен поглед и да даваш ладна слика за себе,незаинтресирана кога многу те интересира дечкото? На наредното излегување кога ќе ти пријде некој дечко немој да го повториш ова што си го направила, секогаш е така страм ни е додека не се опуштиме, кај сите е така, ама ти си се затекла и не си го одминала страмот. Само смело ;)
     
  17. m.m.5

    m.m.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    8
    Во последно време се повеќе слушам за вакви ситуации па ме интересираат и машки и женски мислења за вакви примери.
    Значи дечко и девојка се запознаваат,почнуваат врска и после две недели дечкото и кажува дека ја сака, одма се раѓа огромна љубов, искажување емоции во јавност,на фејсбук... абе мислиш врска од 100 години. Мене искрено ова ми е чудно,не знам како да ги сфатам овие изјави и тоа од личности над 30 години ,што според мене би требало да се зрели,стабилни,сериозни барем за вакви работи. Од каде толкава љубов бе луѓе кон човек што едвај го познавате, ок почетокот е најинтересен, еуфоричен ама според мене треба да помине тој период на почетна занесеност па да сфатиме дали е тоа љубов или само затресканост. Мене не ми се случило ова до сега,а ако ми се случи мислам дека би ме исплашило повеке отколку што би ме зближило со личноста што така лесно ми изјавила љубов :) Некако ми се губи вистинското значење на зборовите те сакам, сите се сакаат со зборови денес

    Дали сте се нашле во ваква ситуација, кога вие засакувате, какво е вашето мислење за ваквите инстант големи љубови? :)
     
  18. Jelena-JK

    Jelena-JK Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    7
    Ме интересира машко мислење за оваа ситуација...
    Имам еден проблем.Во врска сум подолго време,пред некоја вечер мојот дечко бил излезен со другарите.Јас дознав и најнормално дека нема одма да го напаѓам,туку да видам дали ќе ја кажи вистината.Каква вистина,не бил излезен спијал демек.Е сега можи е глупо малку прашањево ама не знам како да постапам,дали да го прашам зошто кријал од мене,кога ете бил само со другарите.А истата вечер јас му велев да излеземе мака му било не сакал.Не ми е јасно зошто ваква реакција.Зошто да ме лажи?Можеби знае дека ќе се налутам ама пак вака ме наведува да мислам дека позади оваа мала лага се крие голема м?
     
  19. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    @ m.m.5

    Грешката тука ти е сваќањето дека со годините задолжително доаѓа и емотивната зрелост. Многу често, тоа не е случај.
    Но, сепак еве да не го означиме ваквото однесување на луѓето како недостаток на зрелост. Колку и да е чудно и изгледа глупо од страна, тие само го искажуваат тоа што го чувствуваат. И секој има право да ги искажува своите чувства на свој начин.
    Таквите ги сметам за привремени жртви на сопствената хемија. Хепи хормоунс управуваат жустро.
    После краток период најчесто се ладат и кулата од карти се урива.

    @ Јелена-ЈК

    А зошто те лаже? Можно ли е дека те прочитал и сватил дека ти нема да имаш разбирање ако таа вечер тој сака да излезе со другарите повеќе отколку со тебе? Можеби си оставила впечаток дека си тешка во врската за такви работи, и полесно е да те излаже отколку да ти се правда.

    Не те знам, и ќе се воздржам од претпоставки, но ситуацијава ти е резултат од недостиг на комуникација, разбирање, доверба...

    Почнете од искривените темели. Ти текнува? Како да не, ти текнува...

    Ајтт
     
  20. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.792
    Пол:
    Машки
    Сакал да излезе со другарите, а не со тебе. Очигледно нема да ти го признае тоа, не знам зашто се чудиш што те лажел, си го фатила во тесно.
    Можда му треба малку простор, можда сака да излезе без тебе, само со друштво, а да не мора да ти се правда...