Во ред ако сакал да излезе,јас сум премногу слободна во тие размислувања,не го ограничувам ако сака да излезе со другари,но од што толку многу допуштам,не се лутам,имам разбирање скоро за се,затоа е и вака. Но,тој почна се повеќе да ме запоставува,се поретко со мене излегува во јавност,сум правела муабет, и ќе најде секаков изговор само за да не излеземе заедно,или пак ќе ми рече ајде овај викенд секако,и кога ќе дојде викенд пак седиме дома. Не можам само јас да бидам иницијатор,исто како да молам од дома да ме пуштат да излезам така е и со него.А добро се гледаме скоро секој ден ама мене ми здосади само дома седење,и сега не знам дали да му спомнам дека разбрав што бил излезен,но тука почнувам друга кавга-ја знам реакцијата негова.Но почнувам да сумњам дека причината што не излегува со мене е дека има друга...
Имаш чиста ситуација, сте се договарале да излезете заедно те откачил и те излажал а ти прашуваш дали да му кажеш? За ова сме машките 200 пати појасни, имаше у фаца да ти залепи дека знае и ќе ископаше од тебе и најмала нијанса што го интересира. Јасно дека треба да го прашаш него а не нас зашто те излажал. Од друга страна сама велиш дека се почесто те запоставува што може да има само неколку причини, премногу си му станала рутина, се му идеш по ќеиф и веќе не го возбудуваш (тоа може да се измени), премногу го замараш и ставаш забрани (велиш дека не е тоа) или веќе врската ви а на пукање а седи со тебе од инерција додека не си најде друга. Што и да е само муабет со него и одлучност од твоја страна ќе те донесат до некакво решение.
Најпрво посвети се повеќе на себеси ( можеби тоа и го правиш, не знам), но никогаш не дозволувај да биде 100 % сигурен во тебе. А во исто време немој и да претераш за да дојде до непотребни кавги. Не поминувајте премногу време заедно, но направете нешто ново кога сте заедно. Отидете негде , прошетајте , направете нешто ново. Врати ја возбудата, изненади го на било кој начин. Смени место, улога, или пак направи нешто романтично , но не премногу , ако мислиш дека тоа ќе му се допадне. За мене кога се губи адреналинот во врската , брзо ја губам и желбата да бидам со таа личност. Па или правам нешто позитивно, или негативно, ама важно да има страсти или бегам. Преку ситници и мало внимание покажи му колку ти значи, но не и дека не можеш без него. Или пак, потсети го како те гледаат другите, онака индиректно, не со зборови , нормално, да си знае дека треба секогаш да се труди за тебе, и дека колку ќе те чува толку ќе те има. Никогаш не сум била во позиција да размислувам на темава, па си нагаѓам. Едит Баш прашав и еден другар за мислење сега, и по него, за обновуване на хемија вика Ќе облече танга, подвезици и ќе му се фрцка.Со поактивен секс, и со испробување нови работи и повеќе остварување на сексуални фантазии . Пробај повеќе начини и ќе го најдеш правиот.
Оф топик ќе сум, ама постов е најпрактичен пример за тоа како жените и мажите гледаат на проблемите во врската Сексот е решение за сите нивни проблеми Спојлер (без лична навреда свит25, сите сме такви, само твојот пост се погоди баш ко пример за сите досегашни теории на машко-женските односи)
Денес еден дечко кој ми се пушта и му се допаѓам некое време , ми рече дека јас изгледа сум била вљубена во типот со кој се гледам! Дали е така не сум сигурна, ама кога ќе ти го кажат од страна стварно страшно звучи. Ме фаќа паника, и имам некој инстинкт за бегање . Не сакам ако е вистина и тој да примети.. Се плашам да не се приврзам, а не знам дали веќе не сум приврзана. Се плашам од тоа што мислам дека го чувствувам!! А сите околу ме местат на други, па не можам ни да кажам, едвај би чекале нешто вакво. И нема нешто што да се советува, ама стварно ми беше шок коментаров. Како да го избркам од мисливе, и треба ли, само три месеци се гледаме!
Најнормално е со секоја промена да има присутна и одредена доза страв и несигурност. Се додека и на двајцата ви е убаво, терајте си. Не дозволувај некои недефинирани паники да ти наметнуваат прашалници во главата и да те парализираат. Најмалку коментари од трето лице кој има интерес ти да бидеш сингл. Од друга страна, ако еден обичен коментар те дрмна до темел, можеби (само можеби) треба да се преиспиташ колку навистина сакаш да си со моменталниов, или општо, колку сакаш да си обврзана? Just saying...
sweet25 и ја би го рекла истото како дечково препрочитај си ги сите мислења поврзани со типот со кој се гледаш последниве месеци. Јас мислам да си ги тргнете маските и двајцата и да си признаете што чувствувате еден кон друг. Мене ми е очигледно дека тебе овој ти значи, а и тој со целото свое однесување и лутења и коментари баш не се држи на дистанца или ладно како спрема некој со кој имаш чисто сексуална врска можда и не сум во право...ама мислам дека сум (валјда збориме за истиот тип )
Истиот , да. Он сега ми кажува дека му значам, и јас му признав. Ама секој пат кога малце помалку му обрнувам внимание одма ме прашува дали мислам на него, и ми кажува како постојано сум му во мислите, и јас така ме охрабри да бидам поискрена и да му кажам дека е исто ми е и мене . Но ме фаќа паника, и иако веќе си збориме дека се сакаме, ( не знам дали е тоа правиот збор) ама се плашам да не сум се заљубила во него, зашто тој ми рече дека никогаш не бил заљубен во никоја, па не сакам ни јас да бидам во него, ако тој не е .
Можеби маживе ќе ме искараат, ама јас сум многу директна по вакви прашања, кога сакам нешто да дознаам, си прашувам Прашај го што планира со вас, на кој начин те гледа тебе, имате ли некаква иднина за да се замараш или да си се тргнеш на страна со време. Зашто, искрено, ако се плашиш дека нема да имаш возвратена љубов и заради тоа постепено ги отвараш картите, малце си се зезнала, зашто ти веќе си заљубена во него Друга опција ти е да се повлечеш на некоја недела или месец. Ќе си дадеш себеси простор да си ги средиш емоциите, а и на нему да сфати што сака со тебе. Ако после тоа време, нетрпеливо чека да те види и ти се радува како мало детенце, тоа ќе да е тоа ти посакувам љубов ...и по уште некој машки совет
значи така незнам што му значи тоа на бившиот ама обавезно секој викенд сабота навечер ми пушта сигналчиња на мобилен,а јас никогаш не му вркам,а пред едно 2-3 недели ми има пракано неколку лубовни пораки на моб ама јас ништо не му пишав,неколку пати ми се има јавено да праша каде ке излегувам и секогаш вели дека ке дојде да ме види на изл и никогаш не доага,во послдно време ми кажаа дека се дружи со друштвото на братми а порано не се дружеше,а пред 2 ипол год раскинавме и цело време си држи контакт а никогаш ме нема покането да излеземе заедно или сл.не го разбирам
Незнам дали да го направам првиот чекор јас , заљубена сум во најдобар другар , све се деси откако се случи тој неочекуван бакнеж за нова година , но јас мислам дека тој не се сеќава на тоа , бидејки беше малку пивнат , некое време го игнорирав , но не можам повеќе да издржам , незнам што да правам ? :/
Sunrise,секако дека треба да превземеш нешто ,но сепак внимавај бидејќи пријателството може да го доведеш во ризик.Според мене дај му некои сигнали ,види како реагира тој,или индиректно покажи му или директно можеш да му ги искажеш чувствата,ти си знаеш .Како и да одлучиш,ти држам среќа па пиши што ќе биде
Зошто машките секогаш сакаат некои совршени девојки кои се слаби со големи гради,зошто никогаш не го гледаат карактерот?
Женско сум ама морам да ти искометирам. Не е така, можда тека ти изгледа сега, ама подоцна ке се уверис дека не е така. Барем не за сериозна врска, не кај созреани машки. И не постои совршено, а и кога би постоело не би било совшено само ако има големи гради и е слаба, треба да има и во главата.