Не е така. „Совршена девојка„ е многу релативен поим, впрочем како што е и зборот „совршено машко„. Тоа што е совршена девојка-дечко за едни, за други може да биде несовршено. Има многу машки на кои токму тоа што девојката има мали гради, или е девојката буцкаста ќе им биде интересно. На некои девојки им стојат големи гради на некои мали - нема правила. А повеќето машки откако ќе се запознаат подобро со девојката (тоа може да биде низ обично дружење, не мора ништо да имаат со неа) дефинитивно обрнуваат внимание на карактерот.
Е тука некој ќе каже "Да но само на кратки дестинации, за подолги сериозни патувања се бара нешто друго".Верувам дека харизмата, односно аурата оди во паковање со физичкиот изглед.А во карактер уште никој не се заљубил на прв поглед.Јасно е дека физички атрактивните имаат предност, но дали тука има некое правило ? Дали ако сакаш сериозна врска, нема предиспозиција да ја имаш со згодна личност ? Никако!Или пак ако некој е буцкаст или пак некоја е рамна како штица нема ни да добие позитивна реакција на флерт.Мислам дека се се сведува на тоа колку луѓето се пристапливи, говорот на телото го ставам пред се.И јасно е дека позитивните луѓе се магнет, не само на љубовен план.Секој сака да е во друштво на расположен човек.Физичкиот изглед е само лукав изговор на луѓето кои се сами.Тоа има подлабока,или подобро кажано плитка позадина Горе убаво е објаснато...убавината е релативна работа, како што е и одговорот на самото прашање
Еве и јас ќе ви побарам совет.. Моментално сум многу осамена, и целата ситуација дома ми е непогодна. Најголем страв ми е осаменоста.. Пред две недели, се запознав со едно момче, цела вечер зборевме. Од тогаш скоро секој ден се гледаме, заедно излегуваме, на кафе, в ќафиќ, касно на вечер седиме некаде сами, збориме. Знам дека му се допаѓам, но го предупредив дека во моментов само другар барам. Скоро сум сигурна дека тој, кога би можел, би направил нешто со мене во кој било момент. Добар е, фин, знае кога што да рече. Убав е. Единствено што ми пречи е дека тој таков е најверојатно со секоја девојка. Јас сум му најверојатно “следна цел’’ што сака да ја постигне. Ми се допаѓа, но и самиот ми рече дека не е верен во врска. Не знам како да постапам со ваков вид на човек, па се надевам дека нема да ви биде проблем да ме советувате
Тие таквите што нагласуваат дека не се верни во врска, се типично неизживеани и незрели суштества. Ти уште пред време си му дала на знаење дека сакаш само другар, ама сега ти се појавиле чувства очигледно. И велиш најверојатно? Ако мислиш дека си му следна цел продолжи си по патот и останете си другари само. Искуството што сум го имала со ваквите момци не ми е баш позитивно.
Имај го само за пријател ништо повеќе,зашо после може глава да те боли...Потполниси ја осаменоста со излегувања,прошетки,забавувај се како и да е овој чувај го само за пријател
Ти сакаш врска и (претпоставувам) стабилен човек што ќе биде покрај тебе, а тој самиот ти вели дека не е верен во врски, + твојата интуиција те предупредува дека типот е ваков фин и префригован кон многу девојки. Мене ми се чини доста јасна ситуацијава. Не е прашањето дали да се впуштиш во нешто сериозно со типов, вистинското прашање е Дали сум доволно очајна за да се впуштам во нешто сериозно со типов?
Е, баш ви благодарам за советите, се што кажавте е прифатлива вистина А инаку да си одговорам на прашањево од EleMental, богами, вистина сум очајна..
Сите ние имаме периоди на осаменост принудено или не, сакајќи или не ,И да си премногу осамена немој да направиш грешка за која ќе се каеш , потоплни си ја осаменоста со други работи , посвети се на сама себе си , се сложувам со мислењето на thinkerbell , најдобро е да го имаш само како другар , па за врска ќе се појави некој друг
^^ Во овој неискрен свет полн со лицемерие . Да ми признае дечко на кого му се допаѓам знаејќи дека ќе му пропадне целта без врткање и моткање дека е неверен никогаш не би го испуштила како ДРУГАР .Можете да имате прекрасно и долгогодишно другарство но не и прекрасна врска (евентуално) . Оформите силна врска постепено тоа може да трае се додека не се убацат емоциите . Знаеш во што упаѓаш и ако си изгореш со него немаш право да се жалиш дека не си знаела со кого си имаш работа . Затоа внимателно
Ај дечки да ве прашам Го пишав истово и во темата за погледи ама немаше некој корисен одговор Епа вака, има едно момче една година поголемо од мене. Не се имаме запознаено ама јас го знам. Скоро секој го гледам низ маало и низ град. Во почетокот воопшто не беше заинтересиран се гледаше од авион, но баш кога си реков ке се откажам малце се смени. Секогаш кога ке се видиме ме гледа со срамежлива насмевка, не трга поглед од мене, а кога се разминуваме после се врти назад...И еве му лајкнав неколку слики на фб, си реков ајде полесно е така барем ке му дадам до знаење дека ми се свиѓа ама ништо. Секогаш е исто, ме гледа, срамежливо се смешка ама ништо друго не прави..А немаме некој така заеднички пријател со кој двајцата сме поблиски па да дознаам нешто...Кога би знаела барем нешто би му пришла прва, тоа не ми е проблем туку незнам дали е заинтересиран...Епа сега прашањето е дали значат нешто погледиве или...?
МАшки ме интересира една работа кај вас ... КАде е разликата од тоа да сте фини и културни со некоја ваша другарка и/или потајно ја свиѓате истата ?
Здраво Има едно момче, го запознав пред извесно време, не се смувавме, ама си поминавме многу убаво. Го аднав на фб ама го нема ни да пише ни ништо...Дали да го направам првиот чекор или да не се замарам повеќе
Ајде јас..(пукаат прсти) @ JusticeGirl Ова како да ни опиша сцени од црно-бел филм без звук, Чарли Чаплин ерата. Разминувања, насмевки, погледи, а никој уста да отвори. На толку зјапање и смешкање или те свиѓа или му фали нешто. Да претпоставиме дека те свиѓа. Колкав треба да му биде интересот за да му пријдеш? Па имате 14-15 години, почнете од основни работи, не ви треба некоја виша љубов и подготвеност за брак. Годините ви се златни, уживајте. @ WildCherry Мала поправка, Црешичке. Можеме да свиѓаме девојка И да бидеме фини и културни со неа Разликата за мене, односно преминот од обично пријателство до фрлање окце преминувала со карактерот и интелектот. Тоа значи, секако мора да ми се допаѓа физички, но само откако сум видел дека ептен си одговараме и на карактер, се надополнуваме, едноставно сме нашле добра фреквенција, тогаш само другарство ми станува тешко прифатливо. Нешто се сомневам дека ти го одговорив прашањето, но вака ти го разбрав. @ Nephertiti Биди 98% од женските. Не прави ништо.
Уствари ова е еден од знаците шо можете да и ги пратите на една типка ?? Шо друго следи најчесто после оваа финоќа и култура ?? Како да се препознае едноставно дали станува збор за она општа култура или финоќа и она како земена за праќање на некаков знак ? Најпросто да прашам, после све ова кои се ваши др чекори шо би ги направиле, доколку некоја другарка ви се свиѓа ??? (комлицирана сум нели ? )
Мое лично искуство, сум имал две такви ситуации (да засвиѓам другарка) и на крај и двете излегоа во стил а зошто не ми се пушти порано, зарем ме гледаше само другарски и ништо повеќе. И двете излегоа дека обострано не сме сакале само другарство. Не знам каков им е магичниот план во 3 или 5 чекори на машките да кршат вакви бариери. Јас кога ги правев чекорите на прв контакт, бакнеж, добивав моментална соработка И да, комплицирана си богами
Лично јас, покрај финоќата и културата многу често уфрлам и по некој комплимент некогаш директен некогаш индиректен а инаку немам навика тоа да го правам со другарки кои ги сметам само како другарки... и нормално секој контакт е проследен со директен длабок поглед очи у очи И не си компицирана, само сакаш детаљи
Два дена се мислам што уствари се случува во ситуацијава, и конечно денес одлучив да ве прашам за мислење.Запознав еден тип на одмор, прво беше friendly, а после почна да ми се пушта поотворено.Ми даде негов скајп и ми рече сто пати дека ќе зборуваме на скајпот.Го најдов и го аднав пред три дена и сеуште не ми пишал, а таму ми пишува и дека не го прифатил invite-от(не го ни одбил, само не направил ништо).Има шанса да е презафатен зошто работи многу и можеби не го отворил скајпот воопшто Чудно ми е тоа што многу се трудеше околу мене додека бевме заедно, многу повеќе отколку што јас се потрудив.Па ако внесе толку труд и време во сето тоа нели би било глупо се да било само авантуричка за него?Немојте погрешно да ме сфатите, не сум посесивна и не барам ништо озбилно од него Што мислите, да се надевам дека е зафатен и дека нема време за скајп или дека се беше just a short summer thing?
@CharmedGirl 1.Немаме доволно информации што се случува.Сега за сега не се преокупирај. 2.Кога сакаш со некој да се запознаеш,гледај да си размените телефонски броеви,не facebook или Skype.Во живо сте разговарале,ова со Skype-ов е чекор назад.