Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Тоа што не те прифатил сеуште на Скајп не мора да значи нешто бидејќи сеуште е рано. Но, ако нешто биднало меѓу вас, а тој никако да стапи во контакт со тебе после одморот, тогаш станува јасно и гласно.

    Немој да го правдаш дека работи во рудник или е подводен заварувач на нафтена платформа. За неколку пораки секој може да најде време.
    Најдобро ти е малку да почекаш, но немој да очекуваш.
    После тоа, ако ништо не се промени, животот продолжува.
     
    На anuska72 и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  2. chocolatesighs

    chocolatesighs Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Размислувам многу што му значат постапките и никако неможам да сфатам, незнам како да се понашам едноставно поќе.. Значи..
    Се мувавме неколку месеци лани, мене ми беше онака, пополнување време, а него се гледаше дека му значев нешто, јас го зафркнав, му реков неќам поќе да се гледаме и не бевме баш во контакт скоро година, дека и Скопје учам, се заборајвме.. Јуни сега почнавме пак да се слушаме и да пишиме. Ама, сега има женска. Излеговме, да се видиме демек, ама паднаја бакнежи. Постојано бевме во контакт, го скршив мразот, му признав дека сега е поинаку, дека чувствувам нешто за него(можи не требаше), тој ми рече дека не му е сеедно, ама неможи да ми верва многу, заради ланската случка. Муабетиме ептен отворено, ми рече дека сака да ужива во летото сингл, за потаму ќе видиме како ќе биди, ќе кажи времето, ама сепак дека не му е сеедно вика. И рече дека ќе се скарал со женската, само незнаел како, незгодно му било заради мене вака шо праел. Сега замина на одмор со неа, го немаше за жив, се врати, уште го немаше, а мене мозокот таму ми остана, незнам шо се дешава, пред некој ден ме побара ова она, испаѓа како на располагање да сум јас кога сака и можи тој. А од ко си дојде ко позближани ми изгледат, можи само ми изгледат....
    Вчера пак замина по одмори, ми рече ќе се видиме за некој ден. Знам дека не му сум приоритет, ама шо се случва во мозокот негов кажете од машки аспект, зошто стварно незнам како да продолжам со ситуацијата, а да не испаднам глупача. А знам дека јас си сум крива за се.
     
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    WildCherry

    Се познава кога некој се понаша другарски и кога сака нешто недругарски :D. Ако е недругарски најчесто не спомнуваш други девојки туку главно збориш за вас двајца. Често каниш ајде ваму да одиме ајде онаму да одиме знаеш и сама како е :D. Делиш комплименти. Ако му спомнеш за некој дечко мења бои и никогаш не ти дава совет и гледа бргу да смени тема. Ако повремено те допира по рака (демек случајно) печен е :D.

    Мислам доволно е :).

    CharmedGirl

    Само ти се удварал ама не кажа ти како си реагирала. Ако не сте направиле ништо прашање дали си му веќе во мисла а може и затоа не ти побарал телефон. Постои шанса да не е дома туку пак да заминал некаде (и да не отворил скајп 3 дена) а може веќе и се премислил.

    Сите варијанти се можни а грешката е што не сте размениле телефон.

    chocolatesighs

    Си го одбила минатата година и сега не му се ризикува да ја остави девојката а ти пак да се премислиш. Игра мудро, оди на сигурно и си седи на две столчиња и веројатно ќе седи се додека може или додека не се одлучи само за една ама зашто да има една кога може две :D.

    Ете тоа си мисли, додека можам со две ќе терам а ако некоја му стави ултиматум ќе се одлучи за една ама поверојатно е дека тоа нема да бидеш ти.
     
    На chocolatesighs, WildCherry, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Фала ви за советите :angel:

    Сакав и да кажам дека всушност ова со Скајпот и пуштањето, се беше на негова иницијатива, како што пишав погоре.На почетокот не бев нешто загреана за типов, после неколку дена дружење сфатив дека е супер.И мене ми е екстремно глупаво тоа со Скајп, Фејсбук или било која од смешните социјални мрежи, ама очигледно типов немаше избор зошто не живее во земјава.Најубаво ќе беше како што сите кажавте, да размениме телефони, ама заради тоа што не живееме во иста држава, телефоните немаше многу да ни помогнат.Дефинитивно би требала да почекам уште малку и да видам што ќе биде зошто сега кога ми рековте, сфатив дека има милион ситуации што би можеле да го спречат да ми пише.А и да не биде ништо, и онака тој беше позагреан за мене, отколку јас за него, нема ништо да изгубам.Life goes on, како што рече ЕлеМентал 8)
     
    На XMaN и EleMental им се допаѓа ова.
  5. chocolatesighs

    chocolatesighs Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1

    Аха, па да.
    И сеа следи уште едно прашање, на што би обрнал повеќе внимание маж, на игнорирање или "трчање" по него?!
     
  6. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Зашто би и обрнал повеќе внимание на некоја за која сум свесен дека ме игнорира?
    Еднаш ке ја побараш, ништо... два пати ке ја побараш, ништо... епа чао и на тебе ;)

    Од друга страна пак, ако знам дека некоја е толку заинтересирана за мене... би пробал барем подобро да ја запознаам па макар и само чисто од љубопитност :^)
     
    На chocolatesighs му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    ајде јас пак на темава
    мене не ми е јасно однесување на момците од типот оди си ,не те сакам ама не те давам на друг :?: :^) што е поентава на играва :?:
     
  8. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Сакав да знам дали мажите мислат на своите бивши и дали еве да кажеме имаат нова женска,а пред тоа имале долга безвезно завршена врска дали се сеќаваат на битни датуми моменти (знам дека е индивидуално исто така дека чувствата влијаат и дека зависно од ситуацијата) али ете така само сакам повторно да прашам
     
  9. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Луѓе ве молам помогне ми. Со дечко ми сме заедно година дена. Кога и да сме се скарале најмногу саат време ни траела лутината и после ко ништо да не било али пред некој ден се скаравме и му реков дека веќе никогаш нема да му се јавам (како и секогаш кога се караме така му викам). Него го немаше два дена да ми се јави и после два дена ме викна да се видиме. Тој ден го одбив а он сам си излегол со другарите вечерта , од кога заврши со нив дојде до кај мене да збориме и кога му кажав дека и јас сум излегла се напизди и си отиде. Го приметив дека го чепка тел али не ми беше битно. Следниот ден се смиривме и бевме на кафе али случајно видов дека брише нешто во телефонот и кога му го земав да видам што е се беше избришано само една порака заборавил да избрише и тоа беше врвот. И пишал на некоја демек NEMAM VEKE BESPLATNI AJDE KE STAAM UTRE I KE TI ZVONAM. MWA UBAVO NANKAJ. Му барав да ми објасни али ми кажа дека не мило ништо битно и дека онака и пишал. ве молам кажете ми што да праам и како да го протолкувам ова? сеа ми се колне дека ме сака али не му верувам повеќе. Од тој ден сум на штрек дека може секој момент да ме остави
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    Фифице,гарант дека е некоја друга со која се гледа.Жал ми е ,но во спротивно зошто би бришел пораки пред тебе,и зошто би и ѕвонел на друга која ти не ја знаеш :^) ?Зошто се плашиш,ако те изневерува ти си таа која треба да го остави
    Се извинувам ако чекаш машко мислење,морав да искоментирам :* .
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Додека ти си се карала со него, и си го нервирала , некоја друга само му се смешкала и го расположувала, и сеа натаму му лета паметот. :|
    Многу лоша ситуација , која на секого може да му се случи. Баш се прашувам како јас би реагирала.
    Веројатно како што би било најлошо за врската, зашто губам памет во такви моменти. :x
    Можеби е најдобро малку само да се повлечеш, да не покажуваш веќе толку заинтересираност за него, но во исто време и кога ќе ти обрне внимание, да не создаваш нервози, да се почувствува повторно со тебе како на почетокот...
    Обиди се ако можеш. Бидејки мислам дека ако почнеш сега да исправаш кривини, дека само ќе и направиш услуга на другата.
    Не го прави тоа!
    Чувај ја за себе, ако можеш некако сама ослободи се од сите негативни мисли, најди начин да ја истуриш нервозата на нешто друго, спорт, играње, било што. Да бидеш позитивна покрај него, зашто најверојатно тој и е адутот на таа.
    Да не почне во мислите да ги споредува нејзиното улизување или глумење, сеедно дали фина или не многу заинтересирана, ( зашто тие две работи мислам дека највеќе го влечат машкото :?: ) и твојата нервоза и напнатост, па да заборави на Се што сте имале убаво, и да се излаже дека со таа ќе му биде полесно и поопуштено, убаво.

    Нека пише и некое машко, од негов аспект. :)
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Фифица дечко ти те изневерил ,со свови очи си видела си ја прочитала пораката ,помисли си што друго пишувало во пораките кои дечко ти ги избришал ,можно е со таа некоја да се гледа подолго време :@ и те лаже тебе како после неверство можеш да веруваш дека те сака ,не смееш и не треба ...
    sweet25 го прочитав твоето мислење и искрено не ми се допадна и не се согласувам со тоа дека не треба да се расправа со него ???сакаш да кажеш да се прави глупа и да прогледне низ прсти за неверството со него кое сигурна сум не била само таа вечер кога биле скарани е извини ама ама има причина за расправија ...ауф него таа другата ќе му биде помила ,пофина па ќе добие поени кај него абе ајде како не очигледно е дека таа ги добила тие поени уште тогаш кога тој почнал со неа да се гледа ...а фуфица и после ова ако проба да биде мила и фина со него баш супер за него ќе си продолжи тој со игрите и ќе ја гази ,лаже и изневерува ...мој совет тие разговарај со него ,кажи му дека си ја прочитала пораката и барај да ти објасни како може да те сака а на друга девојка да и праќа такви пораки и прашај откога трае сето тоа да си знаеш дали вреди да продолжиш да се бориш за врската ...според мене знам дека е тешко да се остави нкој што го сакаш и што си вложил во врска но верувај за таква љубов не вреди да се бориш од искуство ти кажувам на крај ти ќе бидеш повредена .
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу дечки за советите мн ми помогнавте - ми ги отворивте очите (иако потајно се надевав дека нема да го прочитам зборт " изневерил "). Сега сме во Охрид и секој ден ми е пекол али сепак од моја стана се осеќа дека е веке оладено се и кога ќе се вратиме вртам нов лист. Му побарав да ми објасни се али ми мења тема. И сам ми кажа дека сум паднала во депресија деновиве (ко да не знае од што). Како и да е да не ве замарам повеќе фала ви на сите за советите :* :* :*
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    Драга моја,ти се чудам како воопшто отиде на одмор со него,каков лицемер јака ти душа да го слушаш и гледаш.Врв на се е дека ништо не ти признава па и луд се прави :@ ,што е уште еден доказ дека те изневерува :x .
    Само храбро,напушти го,ич не му ја мисли тој си го направил веќе своето :!:
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Затоа што со него бев неразделна и имавме планови за во иднина. Ми праеше филмови дека ќе му бидам жена, ќе му родам син и цел живот ќе бидеме заедно (смисливме име и за детето). Го сакав поише од се на светот. Моите кога ми збореа за него се испокарав со цела фамилија па планирав да си одам од дома само да бидам со него , а сега кога збориме ми објаснува како јас сум крива за се и како сум изгубила мн. Како ќе се каам и како ќе го барам еден ден. Неможам да издржам веќе секоја вечер пијам и му плачам а он едно извини не ми кажа зашто нели јас сум крива за се и јас сум таа која сум се откажала од него :(
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    Ајјј како за бившиот мој да зборуваш,запрепастена сум :o .Само што не ме изневери.Исто и тој така,жена ќе сум му била,ќе сме имале две дечиња,едното ќе беше девојче дури и име и смисли,Ана Марија :rofl: .
    Баш точно како тебе,стално јас му бев крива за се,и јас со моите се испокарав,ќе бегав со него,а типот ладно си се сврте кон неговите,против нив за мене не отиде :x .
    Мој совет,преболи го,исплачи се колку ти треба,биди цврста,не потклекнувај што тој и да каже.Одлично те разбирам и јас сум загазена како тебе.
    Ако ти значи нешто,секогаш може да ми се обратиш за совет мислење,било што тука сум за тебе :hug: :hug: :hug: :*
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Тој што изневерува ќе се труди да скрие,нема да брише пораки пред тебе. Овој или опасно сака емотивно да си игра со тебе, од типот намерно ти дозволил да ја видиш пораката,за да плачеш ,а он да си билда его и да види дека уште го сакаш или сакал ептен да те повреди. Во секој случај е многу препреден и злобно ми делува.
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. unknown

    unknown Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    8
    Не сакам да изгледам како да имам 13 години, бидејќи имам 21, а се чувствувам и однесувам како бебе. Ми треба некој да ме тресне од земја.
    Имам врска шест години. Јас и тој сме сосем спротивни, не различни, туку спротивни. Тоа што тој го сака, јас не го сакам, тоа што јас го сакам, тој не го сака и обратно. За се буквално! Порано тоа ми изгледаше прекрасно, бидејќи нели спротивностите се привлекуваат, но сега веќе ми смета. Ми смета кога гледам неколку години понатаму, Боже здравје се разбира во брак. Никако не можам да се замислам со него (не можам да се замислам ни со друг маж, не сакам да бидам со друг, но не можам ни со него). Толку сме различни!
    Во моментов е заминат да работи во друг град и се гледаме преку 2 недели, се додека не почни студентската година, кога ќе се гледаме еднаш неделно (се разбира, тоа не ми смета, бидејќи се работи за професионален успех, би сакала и двајцата да имаме кариера).
    Но, јас немам ни доверба во него. Или ајде, многу сум љубоморна. Болно! Ве молам помогнете ми, дајте ми совет! Таа моја љубомора не води никаде освен кон кавга, и тоа без причина. Љубоморна сум на се, на секого, се преопседнав со фејсбук-додавам негови колеги, да видам со кого се дружат, дали има и други девојки (ко небаре ако има ќе биде којзнае што), дали можеби е сликан со некоја (бидејќи пред некое време тој го деактивира фб, под изговор да не сме се карале...).
    Го сакам, сакам да сум со него, би умрела за него. Оваа љубомора не гуши и двајцата, ја уништува нашата врска, но како да ја победам?! КАКО?!
     
  19. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ух којзнае колку време немав пишано на темава,ама еве сега си легнав и размислував за ова,па си викам да ве прашам вас.

    Доколку по првиот состанок,не направите ништо со девојката (не се смувате) тоа го сфаќате како да ве одбила па не се трудите повеќе околу неа или...?

    оти јас скоро 1 месец се допишувам со еден,и така понекогаш ќе си поседиме на некоја клупа кога ќе се сретнеме 5 мин (он со другар јас со другарка,онака кога ќе не видат па да не задрат малце) и сега требаше да испаднеме ама не бидна,и сега кога ќе испаднеме јас сеуште не сакам да се смувам(мислам си имам такви стандарди,правила или ватевр,да не правам ништо на првиот состанок)...и сеа си викам па после да не не ме побара пак,или пак да си рече оваа не е заинтересирана за мене? :?:
     
  20. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Хммм... па на некој начин можеби и e така како што мислиш ти, ама и немора да значи дека не би те побарал пак.

    Конкретно јас, ако девојката навистина ми се допаѓа и имам шанса да искочам повторно со неа... би ја побарал и би искочел :call: