Фала хермоса мн ми значи твојата поддршка затоа што во овој момент сум сама и немам никој до мене барем да ме гушне. Како и да е денес се враќам планирам да направам се што немам направено додека бев со него зашто нели несмеев да искачам тој нон стоп ме проверуваше а јас не му ни чепкав во тел зашто немаше шанси да ме вара нели мн ме сака и бла бла _________________________ I added cool smileys to this message... if you don't see them go to: http://s.exps.me
Што е до мене,јас ќе покажам некои знаци дека сакам пак да испаднеме да се видиме,ама незнам па после он да не не се понуди ...некој друг да ми даде совет?
^Ааа, со кој шеташ ти, не сум те видела јас. А, бе не се секирај, па мене понормално ми е на првиот состанок да не направите ништо отколку да направите нешто. Може сака повеќе да се запознаете, да се опуштите... Малку глупави ми се машките што уште по 2-3 часа со девојката поминати и ајде одма центрифуга пред врата кај неа. Па и така не ми иде да ти кажам. Покажи сега ти иницијатива за вторпат и само по светли улици да одите, да можам да ве видам.
Ајде машки .....вака значи, сакам да поканам машко на кафе, поточно кажано бивши дечко, со кого уште сме во контакт, мислам се гледаме повремено случајно, ако ми треба нешто можам да го барам или тој мене, значи не сме скарани скарани. Арно ама, мене во последно време се тој ми се мота низ глава....си викам морам уште еднаш да бидам со него )) (простете ми сите на мислењево, ако сметате дека грешам) - проблемот е што тој има свршеница, а погледот и допирот негов друго ми кажува (можеби бидејќи јас така посакувам) - како да откријам дали и тој сака )) дајте ми некоја идеја.. П.С - да се разбериме нејкам да го скарам со девојка му,
Ако не сакаш да го скараш со девојката,тогаш зошто би пиела кафе со него?Не разбирам А ако сакаш само авантура тогаш не знам зошто прашуваш.Направи го тоа и готово.Иако јас не би играла така. Прашањево е за машки ама не оддолеав да одговорам
Здраво би сакала да побарам машко мислење значи вака јас се запознав со 1 дечко кој е голем авантурист,а сме од различен град , не сака обврски, имал 2 долги врски со кои бил по 4 години ама ги изневерувал, јас и он се гледаме 2 години ама немаме сериозна врска, бидејки он не сакаше и така се мувавме ама редовно се гледавме и слушавме само што тоа беше тајно не сакаше никој да знае. Јас превише се заљубив во него, а он почна да си поигрува со моите чуства, бидејки беше уверен дека го сакам почна да ми се фали дека бил со друга девојка дека имал секс со неа, и ред други работи. Јас на тоа секогаш се лутев ама он знаше дека јас кему простам и пак си продолжуваше така секогаш успеваше да ме убеди зада му простам. Ми велеше кесе сменам само ти и никоја друга те сакам и јас му верував ама после пак исто. Последниов пат бев скарана цели 2 месеци не му кревав никако на телефон иако ми беше претешко ама ете пак излегов глупава пред 1 недела се видов со него повторно, и он на почетокот само тебе те сакам те молам да ми простиш секој греши, и откако бевме заедно имавме односи , колку само ме повреди ми рече јас и он можеме да бидеме само другари он имал сериозна врска бил заљубен во неа, и дека неможело јас и он да имаме врска а предходно велеше ке имаме само каков лажго. И јас се изнервирав превише излегов од кола и си заминав дома со такси. И после ми звонеше на телефон и ми вели со тоа што сум заминала со такси превише сум го понижила и се каел тоа што го направил ама јас му реков да ме заборави даси продолжи со неа. Оттогаш го немаше цела недела дасе јави и пред 3 дена ми звонеше од друг број и му кренав ми реше дека бил деновиве на одџмор со таа девојка и дека раскинал сфатил дека не вредела таа и се уверио колку сум му значела јас. Вели се каам превише што излегол таков кретен и ме моли да му дадам уште 1 шанса вели дека ке сака сериозна врска се ке прифател со мене само да му простам ама јас неможам да му верувам повеке после се што поминав поради него. Денес моите родители заминаа нагости и јас му се јавив ако сака да дојде кај мене идејки сум сама он ми рече кеми се јавел да ми каже дали ке иде за да знам и сега го чекам како улава како да немам памет во главата дека пак кеси поигра со моите чуства веке ке полудам од нервози 3 ноки немам спиено ни минута само на его мислам ве молам за совет претешко мие
Извини на искреност, ама многу глупаво се однесуваш. Со здрава нога се буташ во трња. Зошто? Вреди? НЕ! Сама си кажуваш дека си поигрува со тебе. Зошто и понатаму го толерираш? Зошто му се јавуваш? Ти си ми само да му пополниш слободното време.
Јас пишав во темата Кога односите се ладат, но бидејќи никој не одговори решив и одве да пишам и да слушнам мислење од машко Значи вака имав и порано напишано во некоја тема, имам дечко со кој одам една година , бевме сами на одмор . Но јас не се чувствував спремна за нешто повеќе, бидејќи сум невина. А пред да одиме на одмор страшно ме изнервираа некои постапки на дечко ми, бидејќи се постави незрело за на одмор да одиме сами . Значи се остави на мој грб средување, закажување во агенција и тн.. А јас сакам сериозност малце, он цело врме се зафркава и е позитивен ама во ситуации каде што треба да се покаже озбилен он попушта и јас се чувствувам несигурно. И на одмор од таа причина јас неможев да се опуштам за нешто повеќе ( и плус не се чувствував спремна) и он тоа си го сфати како лична навреда а не како нешто меѓу нас. Кога се вративме од одмор ( овие работи пред одмор ги имав преќутено затоа што веќе имавме уплатено и несакав пред одмор или на одмор драми да правам) го седнав на кафе и му кажав дека многу незрело се постави и дека не се чувствувам сигурна со него дека ако нешто се случи дека ќе биде покрај мене. Он на ова се навреди страшно , и потоа кога му реков дека почнав да се ладам кон него и дека сакам пауза за да се одмориме и двајцата и он рече дека сака пауза. И сега незнам што понатаму , него го нема да се јави веќе 6 дена , што значи он не го погазува зборот и мисли дека е во право . А ако јас прва му се јавам јас ќе го погазам зборот и ќе излезе дека е во ред што така се однесува , нема ништо да излезе од сериозноста. А поради неговото понашање страшно се оладив . Незнам што да правам
@Micheleljubov Сериозна врска без секс е невозможна.Имено не знам како дојдовте да ја окарактеризирате врската како сериозна без секс.Цела година го влечеш за нос,а он трча по тебе како напалено куче и на крајот нема ефект.Кажи ми една добра причина зошто машко би сакало да го продолжи односот со тебе,како твој дечко или партнер?Како другари, да, нема проблем,ама ова никаде не води.Значи,ако ти не си подготвена на сексуални односи тогаш не влегувај во сериозни врски,повремено мувај се(лап-лап и слични ствари). Кога ќе бидеш подготвена за сексуални односи покрај останатите работи,тогаш започни сериозна врска.
Колку години имаш ти, а колку тој?? - Според тоа дека тој имал 2 врски од по 4 години....а ти по размислувањето ми делуваш многу млада...
Викни го да разговарате и расчистете ги работите. Нека ти каже што тој бара од врската и како сака да се одвива и ти кажи си како сакаш според тебе да функционира. Ако не ви се совпаѓаат мислењата или ако неможете да најдете една средина секој по својот пат.
Фала многу за мислењата . Акцентот не беше ставен на сексот , туку на неговата несериозност поради која неможам да се опуштам. Некои ми викаат ако сака ке се смени ќе се однесува сериозно, некои ми викаат вук длака не мења. Акценот беше на тоа И не кажав дека врската е сериозна туку НЕСЕРИОЗНА а веќе една година А несериозна е заради него . Па тоа е и проблемот Не сте ме сфатиле Сепак фала секое добро
Мишел,дечкото не те сака .Да,разбирам,една година е многу време,но ти не си спремна на тој чекор и сега што?Дечково се уфилмал да го зема тоа како лична,убаво прочитав ,лична навреда ? Штом правите и пауза,и твоите чувства кон него се оладени,крајот е на повидок. Каде пак го има тоа правило дека мора баш со него да имаш односи,и кој е тој да те уценува? Нека ме нападне кој сака,но неговата незрелост или несериозност кон тебе покажува само едно нешто-ТОЈ не те сака вистински.И не го мислам тоа само поради сексот,туку ти општо како што опиша ,прва го бараш,ти ја туркаш врската напред,е не бре злато,љубовта е за двајца. А од искуство ќе ти речам ,да ,сексот е преубаво нешто,ги зближува партнерите,но една трајна врска не се базира само на телесните односи.
самојед твојава приказна, ме потсека на една летна авантура, само што многу кратко траеше те сакам те сакам, беше што беше си замина за Црна Гора, и пак те сакам те сакам се допишуваме да ама не е она што беше, ама јас никогаш не се заљубив во него, затоа што од почетокот се договоривме -без обврски-како што реков само авантура и ништо повеке од тоа верувај ми, таквите НИКОГАШ не се менуваат и НЕМОЈ да плачеш за таков НЕ ВРЕДИ и јас бев некогаш како и ти, ама ми дојде паметот, знам како ти е сега