Зависи од пригодата и што носи девојката. Но ова е само шаблонски, пресудна улога игра ликот и формата на лицето. Исто така, ова е премногу индивидуално за да се водиш според нечие мислење. Мене конкретно ми се допаѓаат девојки со права, темна, долга коса.
Со дечко ми сме веќе 2 год. заедно, последниве 2 месеци сум мнооогу љубоморна, секоја девојка што ќе помине што ќе ја погледне, јас збеснувам, се лутам, терам инат и незнам уште што не. Можеби и јас сум крива, но се чувствувам понижено кога за секоја 2-ра згодна девојка дава коментари, како јас да не сум му доволна, јас разбирам и да погледне, ама тие коментари ме вадат од кожа, пред секого коментира која каква е, колку е згодна, итд. Неможам да го трпам тоа повеќе, незнам како на друг начин да постапам за да му дадам до знаење по незнам кој пат дека не се чувствувам убаво кога збори така пред мене. Ве молам за некој совет.
Од секогаш знаел да прокоментира, но последниве месеци навистина претерува, а можеби и јас претерувам со љубомората не викам не.
Па добро, во магичен круг сте.....а си направила муабет за ова, директно да му кажеш дека ТИ СМЕТА и не сакаш да се случува пред тебе? Ама онака мирно и „ладно“, не љубоморно со изливи на бес...
X-man~ Многу е поразлично кога ќе почувствуваш на своја кожа и кога само друг ќе ти објасни. Мoira~ Ма секако сум пробала бре, џаба.
Воопшто не е поразлично и за тебе и за девојка икс ипсилон постапките ќе бидат исти, разликата е што некоја ќе го спроведе тоа во пракса а некоја не. Или ќе почнеш да покажуваш заби или ќе си трпиш, трета (убава) варијанта не верувам дека ќе најдеш.
Не, во никој случај не планирам да го трпам повеќе, само барам соодветен начин за и тој да почувствува на своја кожа. Секако имам пробано навистина секако, од кога ќе свати дека навистина не е океј и дека сум лута, некој период не прави така колку да замачка очи и подоцна пак е истото.
Стани замини следниот пат кога ќе го изговори првиот збор од коментарот, па види после како ќе биде Ако уште еднаш се случи - заминуваш пак, ама овој пат остануваш недостапна на тел во наредните 24 саати. Ако се случи 3 пат.....знаеш како велат Или.....друга опција - игнорирај го, ама тотално. Може и ќе престани кога ќе види дека нема некакво влијание целата таа негова „игра“. Однесувај се како просто да не е присутен до тебе кога ги кажува коментарите Спојлер Не ми се верува дека ваквите приоди на решавање на проблемите од погрешно однесување моментално ги применувам кај ќерка ми која има 18 месеци
Кога не сфаќа, почни да коментираш и ти . Многу е убав оној , какво газе има види и тако даље Кога машко знае ека си љубоморна намерно коментира .
Или поекстремна варијанта да почне да му коментира еј види оној колку е убав па после 10 секунди аууу види го дечконо какво секси газе има . Се кладам дека 15 бои ќе смени и барем недела дена ќе го нема (да си го излечи егото ) а следен пат ќе размисли 10 пати пред да искоментира А најубаво комбинација на се погоре, ако веќе се оди у напад барем да биде од сите оружја за максимален ефект
Подобро да не му дава „оправдување“ и повод утре да и` речи: И ти коментираше, што се лутиш сега? Доследност....пред се` на себе, па на техниката што ќе ја одбереш
Ќе си го добие тоа што си го заслужил само на многу подрзок начин од неговиот, па ќе видиме колку ќе глуми рамнодушност. Иначе да и сам ми има кажано дека маж кога знае дека девојката е љубоморна намерно ќе коментира. Неможам да глумам рамнодушност и доследност повеќе, преку глава ми е да го трпам.
Интересно е како една постапка може да каже многу ствари за една личност. Мене оваа постапка ми е огромен знак за непочитување. Јас неам ништо против гледањето, сите гледаме, понекогаш и заеднички се коментира. Ама моментот, седите во друштво, ти до него, а тој на другарите -еј види ја онаа која нога ја има-. Тотално не во ред, покажува непочит спрема тебе, а во исто време те понижува и пред друштвото. Искрено, незнам како си го трпела тоа до сега. И не, остави љубомората на страна, не си ти крива, љубомората се гледа во други дела. Овде само нормално реагираш на постапки кои тој ти ги сервира. Добри примери ти дадоа феминки/феминциве како да постапиш. Се согласувам за следниот таков коментар да си станеш и да си заминеш, па да не му се јавуваш некоја недела. Само, пред се размисли, дали вреди со ваков човек што упорно те понижува на некој начин, да си го трошиш времето и да се замараш. Сега...а тек понатака...
Да, токму така како што објасни Кравче, токму така. Ама и јас почнав да коментирам пред негови блиски, во друштво секаде кај што ќе ми текне. И не му беше сеедно, ама глуми рамнодупност и од инат ги прави сите тие работи. И јас се согласувам со коментарите погоре и фала за советите
Знаеш ти си љубоморна и затоа има проблем. Јас не сум љубоморна мислам сум ама не покажувам. И секогаш јас коментирам леле каква е типката а оној дечково Опуштени сме за тоа и сега кога сфати дека не сум љубоморна ќути. Али он е љубоморен и муабет кога правам со некој одма ти му се пушташ ти ова ти она и после ќе се смири Не покажувај али кога он ќе коментира како шо кажува г-дин Xman или прави се дека не слушаш и сврти се кон некој тип и меркај го или збори како е убав . Има една тактика незнам како не ја знаете. Кога некој не ви обрнува внимание , за да го добиете неговото треба вие да не му дадете вашето. Спојлер Инаку чудно како секогаш знам да дадам совет на друг а за мене како неписмењак незнам што да правам
Мажи - Еве ваша проценка. Налутен маж имам( ама не налутен оти ми ги преместив чорапите, ево да речиме го повредив ама не со тупаница ). И тишина молк, примирје ама јас жена како жена барам некоја позадина во нештото.Човеков е : a)темипирана бомба б)или ќе му помине некогаш Оти јас најпоштено си добив шанса, уствари си ја зедов не ја добив званично.И тоа пред извесно време.А нема свирепа наколонст кон одмазда па заинает да ме вратил назад, тоа не. Тука барам објаснување, во стил психолошко подлабоко.Ќе му пукне филм или ќе преболи ? Тоа сакам да знам.
Многу е битно да си на чисто што сакаш: битно ти е да му вратиш за да почуствува на своја кожа или битно ти е некој да не ти прави така тебе? Оти ако ти е целта само да му вратиш тогаш значи вие не одите од љубов. Однесувањето на другите не можеме да го промениме без тие искрено да сакаат да се менуваат. Можеме само себе си да се промениме(начин на однесување, ставови, одлуки, кого ќе прифатиме за партнер кого не, дали и колку долго ќе одиме со некого или не и тн.). Можеби е време да побараш дечко со поинаков карактер кој ќе има поинакво однесување кон тебе.
Не знам дали некоја девојка се има најдено во некоја слична ситуација, ама сигурна сум дека момците ќе ми дадат некое објаснување. Пред два месеци се гледав со едно дете. Ништо сериозно, онака мување во две недели еднаш. Мислев дека детето ќе ми предложи да му бидам девојка, чекав да ми речи ама ништо... По некое време ми кажа дека ќе си одел Германија да учел не знам што и јас му реков дека не сакам веќе да се гледаме за да не се приврземе еден кон друг. Тој се сложи, ама можев да осетам дека му беше многу криво. Вечерва го видов со една женска, за рака... Како можи значи, по која логика си ја фати? За мене да ме направи љубоморна? За да ми докаже нешто? Го ценам секое машко мислење и баш ме интересира што би правеле вие да сте на негово место, дали вака би постапиле. Исто да не заборавам да надополнам детето секогаш ми замеруваше кога не застанував барем 5 минути со него да си поправам муабет ако бев излезена со некој друг. Ми викаше стално Пупи, многу си важна кога шеташ со некој друг/а, можеше барем да подзастанеш да си поправевме муабет ( и да изгледаше како јас многу да брзам)