Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Ииии не може да се редактира ама морам да додадам ете утрово ми пиша како сум што правам :^) :^) абе глупаво дете што сакаш :@ Значи ова многу ме иритира.
     
  2. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Може тој се мувал и со неа во исто време па кога ти си му рекла да не се гледате повеќе решил да си продолжи со неа. Ако стварно планирал нешто со тебе и ако си му значела нешто повеќе немало да те пушти толку лесно. Ќе барал друга средба или ќе ти кажел дека планира нешто повеќе од мување и тн.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Ми вика дека не се гледал со двете во исто време. Макар да јас сум сигурна дека сето тоа е за мене да ме направи љубоморна :puke:
     
  4. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Е па Пупи не биди толку горделива, спушти се на земја и направи му муабет на детето..ти си таа што го избегнува кога си со други..ти си таа што му рекла не сакам да се дружиме
    Значи, ако ти се допаѓа детето, зграпчи го додека можеш...немој еден ден да си ја тупиш главата од зид ...и биди малку пофлексибилна..го сакаш а го туркаш од себе.
    Не е тој крив.
    .. мене после неколку години, еден дечко ми рече...извини што неможев да ти ги читам мислите...

    затоа ако сакаш, тргни во напад
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Pupi

    Немаш право да се лутиш, ти си го откачила и он е сосема чист да иде со која сака.

    Сте се гледале еднаш на две недели како сама што кажа ништо сериозно. Никој нема да ти предложи врска со толку ретко гледање. Ако си сакала повеќе зашто си била толку пасивна?

    Ти си го откачила со предлогот веќе да не се гледате и од тој момент е он слободен што сака да прави и ако осеќаш љубомора не си била искрена самата со себе во однос на него.

    Сама кажа дека не си сопирала да му правиш муабет и никое машко нема да ти предложи врска со такво однесување зашто си ги дала сите можни сигнали дека си со него само за да ти помине времето. Можеби он има чувства за тебе ама си го убедила да не се надева премногу.

    Ете ни мене не ми е јасно што сакаш освен дека ти е повредено егото дека си го видела со друга :D.

    Енигма си му Пупи а веројатно и самата на себе :D
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Значи Икс мен душо мене егото не може да ми го повреди некој што е понизок од мене на штикли што шета со некоја несредена женска. Јас не сакав врска со него. Тој на почеток беше флегматичен и јас сфатив дека не е за мене. Не ни си одговараме. Тој е понизок од мене го интересираат други работи и сл. Јас си сакам да носам штикли :rofl: хаха. Само ете глупаво ми е што веднаш си фати друга, ама еј што сака нека прави. Јас важно штикли си носам 8)
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Што значи доколку некој дечко на моменти ви вели дека му се допаѓате, премногу е заинтересиран и затрескан во вас, а од друга страна се однесува многу ладнокрвно и далечно кон тебе? :?: :?: :?:
     
  8. Daniela1205

    Daniela1205 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Што кога некој дечко кој иако е во врска, пишува и се боцка на фејсбук со непознати типки. Од оние цицлестите, разголените, провокативните? И откако ќе го открие девојка му се колне дека му е само забава, дека само сака да виде што ќе му возвратат?
    Што би можело да се направи за да се натера маж да престане да флертува со други преку социјалните мрежи? Благодарам.
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Ако е понизок од тебе, значи по автоматизам не вреди? :^)
    Кое просто размислување :x
     
    На Juicy03, thelittle17, mysterious и 4 други им се допаѓа ова.
  10. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Ако не си сакала врска, тогаш зошто си чекала да ти предложи? :wasntme:
     
    На ell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    girl.23

    Игра топло ладно и чека реакција од другата страна било позитивна или негативна. Со ладното однесување постигнува две работи, да не помисли девојката дека ќе го вртка како сака (у стил многу е заљубен што сакам ќе му правам) или ако го одбие да не изгуби образ пошто ете и се понашал ладно и не му е толку гајле.

    Чиста тактичка игра на позиција, ова под услов да има навистина интерес а не да се зеза и да си пуни его ако добие позитивна реакција од девојката.

    Daniela1205

    Или не ја сака или ја сака но има фантазии и желби за секс (или врска) и со други девојки. Многу мажи сакаат врска со повеќе но знаат за негативната реакција на девојката па или се воздржуваат или кријат. Постои и мала веројатност да си полни его на тој начин без да има намера да прејде на физички план но секој би реагирал на такво нешто чим веќе неколку пати излажал и не е во состојба да се воздржи.

    Само искрен муабет зашто тоа го прави и дали би сакал да има слобода да оди и со други, одговорот веројатно ќе те зачуди (ако е искрен).

    Постои и можност на физички план да сака нешто поинакво од тоа што има па на ФБ го наоѓа тоа за што фантазира.

    Сепак само искрен разговор (без лажење и страв од последиците) може да доведе до некаков задоволителен резултат.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ми треба искрено мислење. Во тазе врска сум со прекрасен човек, навистина во тоа не се сомневам..
    Муабетот беше (негова идеја) да идеме негде на одмор, на викенд, макар и негде во околината.. и кога дојде до тој муабет јас реков дека нема никаков проблем..И тој рече дека на страна има пари и бидејки не отиде на одмор со другарите и заради тоа тие пари ги чува за ние двајца да одиме на одмор..Значи муабетов не излезе од моја уста, туку од негова..
    И добро, нема врска.. послем некое време повторно разговаравме за одморот и јас реков дека треба само да одлучиме каде, со сместување, да знаеме точна дата од кога до кога и дека идеме. и он ме праша колку пари јас ке зимам?! И јас му реков дека треба прво да израчунам колку ке кошта сместување, пат, храна и ке видам.. и постојано ја збореше таа темата јас колку пари ке земам?! дали ке можам повише или слично?

    Прво да се објаснам, работам, имам и на страна работа така да за некој на мои години можам да кажам дека одлично стојам финанциски, без да побарам од мама и од татко, значи мене парите не ми се проблем но што мислите дали сум во право што размислувам дека прво он го донесе муабетот дека ке се погрижи за финанцискиот дел и сега одеднаш нешто друго излезе..
    Ок, и одлучив да го прашам отворено? и му реков што бидна со тоа што ти на почеток го рече?
    И он како гром од ведро небо ми вика, па ги чувам тие пари, нема да ги земам сите, ке земам само ептен малце за одмор зошто можеби ке им ги вратам на моите?! :o и јас ништо не реков, само го прашав зошто он вика па така, не се осеќам добро демек да им помогнам..

    Да спомнам само дека неговите многу добро заработуваат, не би сакала да откривам повише детаљи но и двајцата не можете ни да претпоставите колку добро заработуваат. Заработуваат повише од 5 члена фамилија..
    Дали претерувам или имам причина да бидам загрижена?!
     
  13. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Ако стварно неговата фамилија, а и тој заработуваат добро, можда он те проверува дали си со него бидејќи е добро ситуиран,или баш заради него, а и самата рече дека си во тазе врска, можеби не те познава доволно :)

    Едит: И негрижисе, само покажи му дека не ти се најбитни парите ;)
     
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    он не заработува, он потекнува од семејство каде што добро заработуваат..и не ме проверува, зошто пред да бидеме заедно цел живот се знаеме но не сме се дружеле, плус пред да бидеме заедно 5 месеци ептен бевме блиски, знае дека јас не сум таква што чека од некого..
    Сигурна сум милион поссто дека не е тоа причината, само во многу наврати е себичен..
     
  15. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Можеби на таа особина се должи неговиот испад, е тука незнам како би ти помогнала :(
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    Woman in red,на твое место би се загрижила.Значи,типот прво те кани на одмор,рекол дека има настрана пари,а потоа те прашува тебе колку пари ќе земеш и ти наметнува ,значи буквално те тера да земеш со себе повеќе пари ,а тој своите сите да не ги земе,туку да врати на родителите :o ?
    Човеков сака материјална корист,еве пошто јас не работам,да не звучи сурово но да им вратам пари на моите што ми дале за одмор,не би вратила.
    Човекот не знае да ја цени парата,ниту нејзиното значење,а тебе ти изигрува паметен ти ги врти верзиите,кој лицемер :x .
    Сака да те искористи,како што сама кажа,видел дека си самостојна и финански добро стоиш,па тој практично прво те навлекол на идејата за одмор,да не му ги откриеш намерите,после откако си прифатила,се извлекол дека ќе ги врати парите на своите,во превод исто како некој жиголо звучи:те молам плати ми го одморот ма,што се занесуваш мислиш јас сам за себе ќе плаќам,па и за тебе да не сакаш :tmi: ?
    Прости ми ако те повредувам,сигурно ќе ти болно ,но имаш причина да се грижиш,типот ги сака твоите пари,ти потврдувам.
    Пази се добро од него,и од такви како него.
    Ова и мене ми се случуваше со мојот бивши,почна да инснуира јас да му купувам поклони,да ме навлече.
    Поздрав до тебе :hai:
     
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Не е тоа, значи воопшто не е така. и во тоа можам да бидам повеќе од сигурна бидејки понекогаш иако многу инсистирам јас да платам нешто тој едноставно не ме пушта, само сакам да знам дали имам причина да се загрижувам или дали претерувам..еве конкретно за одморот..
     
  18. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Момци, кои ви се тие толку интересни муабети што инсистирате на машко друштво, без девојки и сл. затоа што ви требало опуштање, промена и сл? БТВ сигурна сум дека дечко ми не ме вара и сл. меѓутоа на моменти не ми е сеедно кога ќе ме откачи за да биде во машко друштво, за да се опуштел малку и така криво ми е, зарем со мене не може да се опушти??? на моменти и навредено се чувствував, иако знам дека претерувам :P

    Исто така, треба ли да бидам љубоморна и да ми пречи што присуствувал на момачка забава на која имало танчарка која им игра во скут и сл? Иако тој веднаш ми го кажа тоа и не беше нешто воодушевен, ама ете некако не ми беше убаво :worried: Инаку, сум си малку љубоморничка по природа :devil: :rofl:
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    9.124
    Пол:
    Женски
    Дај боже да грешам,но тоа е тоа...Не сакал да увидиш,можеби ситни пари не сака или поточно за до толку има гордост,ако може така да се нарече.
    Но за одморот се е јасно,иако постои опција да навистина сака да врати пари на родителите.
    Тоа најдобро ти провери го,така сомнеж ќе те јаде и ќе си погодуваш....
     
  20. Supernice

    Supernice Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    71
    Секој човек е различен, тоа мора да е појдовна точка за непристрасна анализа.

    Еве ќе ти напишам нешто за мене, чисто да оформиш некоја слика. Јас уживам во друштво на девојка ми, сексот и муабетот се одлични, а ниту пак се караме. Ама има денови кога ме снемува (настрана тоа што излегувам и со другари, го сметам за нормално). Тие денови сакам само да се препуштам на гравитацијата, да ставам телефонот на сајлент, да прочитам добра книга, да запалам некој џоинт, кафе у сенка, сам. Ме знае како функционирам и воопшто нема замерки, ниту таа, ниту моите другари.
    Муабет по телефон ретко, за договарање или слични ситуации.

    За вториот дел од твојот пост, често и сам излегувам(без неа). Верувам дека не и смета, не можам да знам како таа навистина се осеќа заради тоа. Ама нешто што со сигурност го знам е дека јас немам потреба од друга, барем сега за сега, така да не го гледам тоа како некоја опасност.

    Не ми е намерата да те наведам да мислиш дека и дечко ти е со исти мисли како мене, ама секако секој придонес ти е од помош. Секое добро.
     
    На babybelle му/ѝ се допаѓа ова.