Под оваа маска се крие момче од кое што треба да бегаш подалеку Причина за ова размислување најчесто е скршено срце. Ваков тип на човек е спремен буквално на се и не му е грижа буквално за ништо поврзано со жените. Најчесто ова е само пролазна фаза од животот на речиси секое машко... и јас сум поминал низ неа
Кажи му да ти хукне. Ако мириса на вино или ракија,тогаш е пролазна. Ако го тропа тоа на трезно,веројатно е двоцефка,батали го.
Дечки, ај ако има некое машко расположено за делење совети нека ме контактира по ЛП. Ми треба мислење и совет од машко.
ми треба совет од МАШКА страна... момчето што ми се допаѓа, а и јас нему конечно ми пиша и веројатно ќе испаднеме за 2 недели.. Јас досега сум имала неколку мувачи но не сум имала некоја долга врска. Но со овој навистина сакам да бидам подолго. Совет ? што да направам за да бидеме подолго, КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМ ? ве молам помогнете ми и кажете ми некои работи кои се пресудни за долги врски.
читам Lunicka и си викам ,,лелеее не е возможно да фатила швалер не ми изгледа така од форумот,, Однесувај се природно и биди тоа што си ти. Уште во старт издефинирајте односи дека сакаш врска а не само секс. Или ќе ве биде или не, трето нема а и направи си добра проценка дали навистина сакаш да бидеш со него.
Ххахаа и мене ова ми се има случено со имево.. на некои места гледам Lunicka и си викам кога сум го поставила јас прашањево ? Но баш тоа сакав и да прашам, како да ги издефинираме односите дали сакаме подолга врска, а не само 1 мување ? S
И јас би ја дала истата порака,дека и мене ми треба машко мислење. Да не ја кажувам тука ситуацијата,би било подобро во ЛП да се поплачам на некое машко и добијам совет. Благодарам
Здраво дечки! Сакам да прашам нешто, ми треба машки одговор Веќе повеќе години ми се свиѓа еден дечко! Сум му се додворувала не повеќе пати туку безброј пати, дава знаци дека му се допаѓам но мислам дека има проблем со брат ми, тие се другари од детство и мислам дека не му е сеедно. Сакам да ми дадете совет како да разберрам дали да го „чекам“ или не. Сите момчиња што ми се додворувваат ги споредувам со него и неможам да се одлучам за друг дечко, сум пробала да градам врска со некој, сум се гледала со месеци, но не е тоа тоа.
Ова е една многу битна Bro Code точка... не пипкај сестра на другар Можеби звучи смешно, ама ова непишано правило многу многу ретко е прекршено Тоа ти е одговорот од мене
Тоа правило без проблем се прекршува ако девојката стварно ти се свиѓа а не само за минлива авантура .
Би сакала да слушнам мислење од машко дечкото е од странство излегувавме летово и се беше ок да речам беше преубаво инаку тој не е од МК од Германија е и бев поканета да одам кај него и сега испадна јас да одам за Германија и му пишав дека идам па да се видиме и добив одговор од него добро, можеби ке се видиме и јас сум целата прашалници ????
Сакам да прашам кога се мувате со некого дали треба да му дозволувате да ве фаќа за градите и меѓуножјето ?
Ми треба мислење од машко.Дали мора да значи дека машкото е со девојката само за секс,ако сака тоа да се случи уште првиот-вториот пат?
Значи само си му била пролазна ствар, си требала поубаво да размислиш уште пред да одлучиш на таков чекор за идење у Гер. Очигледно не му значиш и тргни се, заборави на него оти е летна авантура само...
Епа вакаа...Детето што ми се свиѓа ненормално многу ми беше скоро цело лето близок другар. И многу го засакав така а и он им велел на другарките дека се заљубил у мене....И тргнавме така да се гледаме и кога помина време јас му реков дека сакам врска .... Но тој сакал ако може да продолжиме вака како до сега па понатаму затоа што му било страв да не ме повреде или слично пошто не сум го познавала добро... И јас во бес тогаш му реков што било било да останеме другари ... и така излегуваме заедно и се меѓутоа јас сакам да се врати се што беше и сакам да бидам со него на било кој начин ... :// нз што да правам
И ПАК ПИШУВАМ ЈАС и пак ми треба совет Дечково што си пишуваме дознав дека бил гооооооолем женкар , а јас се заљубив во него ! Постојано ми пишува, убаво се понаша, но мислам дека тоа ќе го прави се додека не се измуваме, а после тоа ќе ми се скара ! Што да направам за да ме засака, што да направам да не му бидам само " една од многуте" , што да направам за да бидеме подолго време ? И дали воопшто да се обидувам, бидејќи бил женкар, а мене многу ми се допаѓаа !
Значи вака, пред некое време барав совет на темата Како да го освојам и добив совети кои решив да ги послушам али сепак да објаснам пак за што се работи. Со еден дечко се допишував скоро цела година на фб и двапати отидовме на кафе чисто онака, мислам не се случи ништо. Трагично е тоа што тој ми се допаѓа, малку е поинаков, а го знам од порано и знам дека е мирен, срамежлив ама сепак машко е но кога после една година тој не го направи првиот чекор, иако му дадов до знаење дека ми се допаѓа, одлучив да се откажам од него, а и немавме се слушнато може повеке од еден месец. и ете ти го синоќа на фб ххх messaged you здраво, со праиш па со има ново старо па праќање песни една па друга, ме зачуди ... па може ли да добијам некои совети од машка па и од женска страна како да си објаснам тоа дали можеби сепак сака да има нешто меѓу нас или само се глупира позз