Вака, пред 3месеци некаде на една пијана вечер се смував со едно машко кое до тогаш не го знаев..значи прв пат тоа ми се случи, ама и прв пат така се опив што и не памтам се не ни знам као дојде и до тоа мување, а не ни памтам како мој број сум му дала. Сабајлето кога станав, кога ми текна што се случи не знаев што да направам, ме гризеше совеста, грдо ми беше, ама ај си реков било поминала не го знаеш и нема повеќе ни да го видиш а ни тој тебе. Но, попладе некое време ми звонеше тој некаде 4-5пати и порака ми пиша а јас не му кренав ни ништо, сакав да заборам, а и така не памтев се. Но, минатиот викенд, си бевме собрани женско друштво и така пијање ова она измешано, убаво си се расположивме и кога излговме в кафиќ сите другаркиве скоро си најдоја по некој мувач и јас не знаев кој, бидејќи, тешко се одлучувам да излезам со некое машко, треба подолго време да помини да видам дека му значам па дури тогаш да бидни нешто, а тие на кои му се допаѓам јас, јас не сакам ни да ги видам и не знам како дојде му се јавив него. Мислев дека нема да знај која е, онака да си позборуваме, мислев дека не ме памти и дека не е во градот моментално, бидејќи учи во друг град. Но, излезе да биди тука и да иди баш накај кафиќот. Дојде заминавме заедно, мене и баш ми се вртеше и пак бидна се смувавме, но почна да ме допира на задникот и градите и одма му ги тргнав рацете, бидејќи не практикувам мување со допири од одма. Потоа си правевме муабет и ме праша оти тогаш не сум му кревала дека ми звонел тој, и се шо збрувавме памтел и кај шо се смувавме првио пат местото се, јас се зачудив, мислев дека не ме памти ни мене мислев дека не знај која сум. Вечерта ме запознај и со некој од неговите другари. Потоа пред да си одиме знам ме викна кај него да сум одела, ама јас му реков не идам и си заминав дома. Другата ден некаде 5-6пати тој ми се јави, за вечер пак да се видиме, пак вечерта бевме заедно и бевме со неговото друштво, ме знаеле и другите другари оти знам му рекоја оваа е таа........цела вечер бевме заедно со неговото друштво и после пред да си одиме седевме надвор и ми рече ќе идиш кај мене или ќе си одиш, јас му реков ќе си одам, не идам, и ме однесе до дома и ако не сакав да се качам в кола кај него. После бевме и на кафе онака само си зборувавме, онака другарски, нз онака изгледа како добар, сите работи шо ги кажува јас сакам да не му верувам т.е. и не му верувам ама се излегува после точно као што кажал :/ Ама ми падна чудно едно прашање кога ме праша демек како спијаш на вечер со долги пижами или кратки, и јас му реков од каде па сега ова прашање, оти пред тоа зборувавме дека е мн жешко, и ми вели јас спијам по шорцеви итака лесна блуза и сега ми е жешко во патикиве..............не знам точно шо сакаше да ми кажи, или пак ништо онака муабет, не знам дали јас ги преувиличивам работите или, нз.......... нз што да мислам дали да продолжам или да прекинам, а инаку тој е постар јас имам 20 тој 27 ќе прави, јас упорно не му верувам и покрај тоа што се излегува вистина како што ќе кажи, не знам што да мислам.
И јас не гледам проблем,проблемот е во тебе,шо не знаеш шо да правиш,шо имаш грижа на совест и шо не му веруваш на детето. Одлучи се,избери пат и терај
Епа проблемот е што мислам дека сака да ме искористи, нз да не сака само да има секс со мене (оти тоа никогаш нема да се случи)
Дека баш ти си таа што ке го смени и ке му го промени животот, не си... немој да се залажуваш. Шансите за такво нешто се толку мали што не вреди ни да се земат во предвид... такви работи можете да гледате само на глупи филмови како Friends With Benefits (без навреда, само лично сметам дека е глуп) А и на сите такви женкари некој ден ке им дојде крајот во тоа поле, само тоа почесто се случува малку подоцна а не на 17 год (претпоставувам дека и тој е некаде твоја возраст)
Баш скоро дискутирав за нешто слично..Мој совет-биди си ти! Покажи дека си карактер.Така повеќе ќе те сака и ќе те цени макар и да не се смувате одма кога тогаш ќе биде.Ама многу подобар впечаток ќе му оставиш и баш како што велиш нема да му бидеш една од многуте!Иако он најверојатно би се испонашал ладно и незаинтересирано нема така и да се чувствува.Покажи му кои се твоите правила пред да згреши.Или со тебе или без тебе.Немој случајно да си дозволиш да ти влече некои свои проблеми со бивши ако го замараат или да трпиш нивни љубовни изливи кон него.Немој да те понижи..Ова го кажувам пошто викаш бил женкар..Значи биди си своја така ќе го освоиш
Епа ако тоа мислење го имаш зашто не се тргнеш од него? Најдобро ти самата можеш да процениш дали му е до тоа или не
Ми треба совет исклучиво од машко, дали секогаш кога вашата девојка излегува со другар/и ќе бидете љубоморни и мора да направите мала сцена околу тоа? И во ситуација кога го знаете другарот и кога само сте чуле за него. Дали е тоа нормална реакција или е малце претерано?
Ајде сега машки советувајте ме а може и останатите Колку е тешко за едно машко да си ја искаже љубовта или да даде до знаење дека е заљубен? Два месеци сме секој ден заедно, не сме во врска (а би сакале да биде и тоа), но ниту еднаш ми нема речено дека ме сака Што би требало јас да правам? Само не сакам прва да го кажам тоа
ne te pusta bidejki mu znacis ili ima strav deka toj nekoj nepoznat ke te zloupotrebi vo temnicata normalno
zavisi od covekot no stom ste 2 meseca zaedno a ne ste vo vrska te koristi samo za sex ili eventualno da mu pomine vreme , najdi si drug sovet ostavi go i posle ako te saka ke ti kaze kolku te saka za da te vrati
Малку време сте заедно за навистина да се сакате. Освен нели ако сакаш да ти каже,а да те излаже. Ако пред да почнете да се гледате сте се знаеле подолг период поинаку е да ти каже дека те сака, може навистина и те сака, но мислам дека 2 месеци се рано за "те сакам".
да но пред мене тој беше во друга врска, и некако како да чуствувам дека ја нема заборавено. и стварно ми е тешко. а сега ќе треба да се разделиме бидејќи те оди на факултет1 година
Здраво, имам и јас едно прашање. И кај мене е проблемот освојување на машко. Значи физички сум прилично привлечна и не ми е проблем да ми пријде машко, ама проблемот е измеѓу. Од кога знам за себе сум била без некоја посебна смисла за хумор, и чувствувам дека на машкото му е досадно со мене. Онака зборам, правам муабет на општи теми, знам и да се нашалам и да прифатам шала фала богу, ама коментари што имам слушнато - многу е културна бе брат, не е интересна, не пцуе, не се закача. Никогаш не знам да вратам, како некои женски, он ќе ме зафркава нешто, јас тотално разбирам дека е зафрканција на моја сметка напр, ама само ќе се насмеам ахххааха или да да да Или напр. прво не сакам а второ не знам да се карам, ја нема онаа искра сфаќате ? Тотална утка сум. Знам дека мажите ги пали некоја што може да им врати со збор, да ги стави на место. Ама сакам и јас некој фраер, не исто ,,мутав,, како мене. И сега чаре ? Дали би можела да се сменам, што мислите ?
Постојат машки што сакат женски коа се зафркават, се смеат, пцујат, гласни се. Но постојат и машки коа го сакаат сосема спротивното. Јас лично мислам дека не треба ништо да мениш, туку да си останиш таква каква што си. Некој тоа ќе го цени и ќе му се допадне. Бидејќи обично девојките кои се гласни, впечатливи се девојќи кои се „лесни“ или вештачки пробуваат да бидат. Значи мојата најдобра другарка е бучна, со секој се знае и поздравува, праи муабет, се смее. Но на луѓето кои ја гледаат од страна тоа не им се допаѓа и грозно изгледа. Затоа продолжи да бидеш таква каква што си
Ми треба мислење од машко. Епа вака дали би ме чекал 1 месец? Мислам уште не запознаени,ама збориме на тел месец дена и се договаравме да се видиме,а јас треба да идам во странство.Или ке ме заборави од одма?
Боже мој .Ќе те чека бре девојко,зависи какви чувства има за тебе,откаде ние да знаеме што чувствува тој за тебе,а . Ако сакаш на листче че ти гледам:ме чека,нема да ме чека....
shiningstar што си во хороскоп? не за друго, туку за тоа дека се пронаоѓам овде, само што разликата е тоа што мислам дека имам смисла за хумор, али за пцуење, карање јок Сум имала можности со со некои дечки што не сум ги искористила, едноставно не сакам со секој да имам нешто, таква сум пустата ,а инаку за другари машки ехее... btw пред некој ден на оваа тема барав совет ама не добив ништо како одговор, иако не ми е голем проблемот како не некои други
сакам совет од машко , незнам дали јас да го направам првиот чекор , многу сум заљубена во еден многу близок другар , веќе не можам да ги контролирам чуствата , секој пат кога и ќе го видам се повеќе и повеке се затрескувам во него ... Мислење ?
јас би те советувал да го напрвиш првиот чекор да му кажеш дека си заљубена бидејки чуствата се нешто најубаво без разлика што ти е многу близок другар немој да мислиш дека ке си го расипеш другарството јас за многу такви шанси се каам што не сум го направил првиот чекор но не за друго туку затоа што сум многу срамежлив затоа ка=и му отворено па ке видишшто ке биде па информирај не позз