Немој во никој случај.Проблемот е што твоите родители одлично те воспитале да бидеш девојка на место а запознаваш дечковци што немаат ни еден грам од тоа што ти го имаш.За жал икај женските и кај машките процентот на луѓе како е тебе е многу мал и затоа ке ти треба многу трпение и нерви додека налеташ на некој што е сличен како тебе но верувај ми со таков доколку го запознаеш ке имаш феноменален брак.
Долго време се мислев дали да пишам овде за една поодмината случка. Но често ми се врти низ глава и незнам зошто воопшто се случи тоа. Малку е долга приказната па момци ако не ве мрзи прочитајте. Не ми беше јасно неговото понашање на крај. Значи вака другарка ми идеше со едно момче и често се наоѓаа на автобуска. И така јас со неа цело време и го запознав НЕГО. Бевме добри другари допишување ова она. Ме викна на кафе. А јас у тоа време излегов со едно момче што ми се свиѓаше и овој веднаш за него се распрашувал почна да зборува како тој не е добар едноставно не бил за мене . И пошто јас одбив да го слушам него почна да го навредува дечко ми и мене секако ми падна криво и се скарав со него. А тој имаше едни разговори со мене од мсн му пишав дека ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ НА КАФЕ (Пред да излезам со тогашното момче) и рече дека ако не се смувам со него нема да дозволи да имам мирна врска секоја врска ќе ми ја растури со тие разговори. И ајде го избишав јас мислев сум го решила проблемот кога тој еднаш дојде мастика да ми стави во коса зошто не сакам да се мувам со него... И пак го додав и ми рече сека данокот се зголемил сакаше да имаме секс а ако не ќе ме ошишал. И јас секој ден со другарка во школо никако сама да не ме сретне зошто таа ме бранеше од него. Тоа траеше цели 6 месеци со страв идев на школо. А еднаш мислев ајде нема да доаѓа веќе сум се откачила со него и сама бев и тој дојде ме стигна пак се скаравме и ме искуба . Повеќепати ми се има случено тепачка со него на сред улица Срамови Поради него имав проблем со желудникот од страв ми се повраќаше. На крај му кажав ајде ако сакаш ќе сме во врска колку ти сакаш само да престанеш со ова и тој ми пишува ја со курви неќам врска само секс. И го објавил тоа на фб И несака да го избрише ден денес го има на фб. И уште неможам да сватам зошто го стори тоа кога можевме да си останеме пријатели...? И дека со повеќе ќе постигне нешто со добро него ли вака.... Незнам дали воопшто ќе го заборавам ова некогаш
Што значи поглед од момче онака љубоморно,луто кога ќе речеш дека ти се допаѓа друг? (поглед од другар)
@ SnowWhite8 Ако имаш брат, братучед или добар другар, обрати се кај нив и тие најдобро би знаеле како да ти го "решат" проблемов Не сум насилен ниту пак поддржувам насилство ама на луѓе како кретенчево само машка рака може да им објасни некои работи @ COollLady Веројатно му се допаѓаш на другар ти
уфф....не знам од кај да почнам.....ама ќе скратам....сега ке одам на факултет 1 год,но пред скоро 1 месец почнав да излегувам со едно момче кое за разлика од мене е многу страмежлив и молчелив (Зборови од уста му вадам со клешта ) Тој ми рече дека му е страв да се приврзи со мене затоа што ќе си одам од градов а ми вели дека осеќал нешто кон мене... пред 2-3 вечери кога бевме излезени му стигаа пораки(најверојатно од женски) и го потчепнав нешто околу тоа и тој се изнервира и ми го фрли неговиот телефон за да сум прочитала што пишело и дека не го интересирала некоја друга....вчера беше кај мене на работа и се зезавме, но кога сношти му звонев не креваше и денес пак не ми крена ....се прашувам дали е во прашање некоја друга или стварно е поради тоа што ќе си одам. (да напоменам дека делува како да е незаинтересиран за мене ,јас нон стоп прва му пишам,му звонам тој ретко прв да ме побара,а кога сме заедно е сосема поинаков...се муваме во кафич иако не му сум женска, не можиме да се разделиме по по 3 саати сме заедно,ги остава сами другарите за да се видиме)
Машкии значи вакаа ) Идев со бившиот дечко 1 година и 8 месеци но бидејќи не идеше решив да ставам крај затоа што стануваше измачување и ги изгубив чуствата скрос. Сега ми се допаѓа еден негов бивши другар (бивши затоа што не зборат 2 години или така нешо). Почнавме да си праиме муабет на Фејс и се кладевме во милка за една утакица, и требаше да му ја дадам минатата недела но се нешто ми излегуваше и му ја дадов вчера. Се чекавме кај кејот и седнавме си праевме муабет се најнормално и му се пиеше вода. Отидовме до фонтанаа и после ми вика кај се иде по оваа уличка и ја такваа незнам и отидовме таму. Ме застана и ме баци во устаа. Значи незнаете колку ми беше прекрасно и муабетот и бакнежот и се. После ме испрати до кај другарка пред зграда и сакаше и да се запознае со неа, требаше ја да се качам горе ама он ми рече викни ја баш сакам да ја запознаам. А по пат се бацивме уште 2-3- пати. Му спомнав и нешо дали му сметаа мојата врска што сум ја имала и ми кажа не, ме праша и мене и јас му реков дека не затоа што е минато и тоа и ке остане.Муабетот ми е дали е во ред да правам нешто со негов бивши другар? Не е ништо сериозно сеуште но сепак можеби ќе стане.. Вие што мислите? Требаше ли воопшто да излезам?... ма да ја воопшто не се каам затоа што ми беше волшебнооо и пак би го направила истото )
Па тогаш немав некој што би можел да ми го реши проблемот ама тој за среќа се отсели од тука фала богу заврши 4та година и се отсели.
како прво можам со слободно да речам дека тој твој "другар" е начисто психопат,откако те видел истиот момент неговиот психопатски ум започнал да работи....твојата другарка ја користел како предмет само за да дојде поблиску до тебе да ти се приближи никогаш не ја ни сакал ја користел само за да дојде до тебе, со тебе се зближувал што е можно побрзо но тогаш кога увидел дека ти сакаш друг не можел никако да успее во своите намери на "мирен начин" па така решил да употреби брутална сила ти се заканувал те уценувал само да успее да си ги задоволи своите подли и нечесни намери.Но читам дека тој веќе се иселил па така да ти веќе си раат, мој совет бриши ги сите контакти со него од facebook од msn и останатите социјални мрежи, на него навистина му треба стручна медицинска помош можеби од една страна е тажен што ти си одиш од градот, од друга страна можеби се двоуми тој твој недостаток што ќе го има да го замени со друга, можеби е лут што ќе си одиш навистина е многу тешко да се прочита неговото однесување но тоа што не ти дозволува да ги видиш неговите пораки и тоа што не ти одговара на твоите јавувања не е за оправдување мој совет следи си го срцето тоа најдобро си знае ако навистина ти се допаѓа дај му шанса
Не си требала да попуштиш воопшто затоа што од будала има и поголема будала.Доволно е за овој проблем да му кажеш на твој близок без разлика дали е татко,чичко,вујко,братучед,пријател ама под услов да е малку поагресивен или баш будала невидена за да може да му го дотера паметот на тој фраер што ти се заканувал затоа што на мирен начин тешко би го решила тој проблем.И да не се секираш што тој пишува за тебе на facebook ако си девојка на место.Тие што добро те познаваат знаат дека ни си таква и било кој дечко да се заинтересира за тебе ако е паметен ке се распраша добро за тебе и сам ке си види што е вистина а што лага.
можеби од една страна е тажен што ти си одиш од градот, од друга страна можеби се двоуми тој твој недостаток што ќе го има да го замени со друга, можеби е лут што ќе си одиш навистина е многу тешко да се прочита неговото однесување но тоа што не ти дозволува да ги видиш неговите пораки и тоа што не ти одговара на твоите јавувања не е за оправдување Не тој ми го фрли телефонот за да прочитам и да се уверам дека не го интересирало никоја друга,а не дека не ми го дава ....и синока седам пред тел и во 3 саатот ми титна, а како што веке напишав цел ден не ми креваше,и му звонав и го прашав зошто не кревал,што била работата и ми рече дека не знаел зошто не ми кревал и дека имал такви денови кога не му кревал на никој на телефон,да сум знаела да не сум се лутела ....и го прашав што му текна да ми титини,и ми рече дека тогаш се разбудил од спиење и му текнало да ми звони, и ми рече дека цел ден мислел на мене . Јас кога се изнервирав и фатив да му викам да престане да игра топло ладно со мене и да го мени односот спрема мене. ..тој ми рече дека не знаел зошто се однесува така и дека така му велело и му реков ок сеедно ми е што сакаш прави ама да знаеш и јас ке имам такви денови кога ќе ме нема и кога нема да ти кревам. Ваков човек прв пат среќавам.Исти хороскопски знак сме а сме тотално различни..... Со него исто ко да решавам ребуси А и да напоменам дека се затрескав во него и дека многу го засакав ама веќе не знам што да правам дали да прекинам со него да се гледам или....?
Голема алапача е . Знам дека е ненормален а врв на неговата лудост беше тоа што му залепи шамар на еден дечко зошто се дружел со курва и му праќал пораки на ненормалниов да го избрише тоа од фб дека сум курва. Скоро на пола град кажал па ми беше тешко малку да си ја поправам репутацијата. Запознав еден Дарко и приметив дека дечкото ме избегнува и другарка ми ми кажа што е и како е дека тој слушнал од овој ненормалниов сум била курва. Среќа му докажав која сум и што сум па ден денес сме како браќа и кога му покажав овој што се ми пишувал и ми се заканувал секако Дарко бидна од моја страна. Сега којзнае што јаде трици за мене таму каде што е одселен .
Е веќе не можам ,сма да анализирам и мислам и да барам, решение. П еве се обратив кај вас машкиот пол за помош, разговарав и со некои другари единствено што добив за одговор беше премногу се замараш олабави. Сепак еве кој е мојот проблем, сите мои другарки имаат некој, декчо мувач било што исто и колешките. Почнав да се одалечувам од другарките и колешките и да наоѓам нови кои е сингл, за да не се чуствувам како нешто да ми фали, оти сум сама. Најискрено немаше ништо толку дами смета ако нивните врски не беа толку како да кажам „сериозни“ ,пресериозни. Па се однесуваат како уште самошто не се венчале, заборваат на другари , другарки , пријатели роднини, секогаш се „зафетени“. уф се изгубив, ах да што ми беше прашањето, кога ќе се споредам со сите тие зафатените, сите тие си ги „воспитале “ дечковците, ги направиле некоја скала погоре од папучари, значи дечковците и мувачите ги третираат како кралици. Сакам да кажам добро си ја наредиле работата на почетокот кога машките биле премн затрескани, како што најчесто е на почетокот. Јас не сум таков тип на човек, јас сум мн искрена отворена поштена, во врската сакам да сме еднакви, секој си има слобода, кога сака можи да излегува со друштво, со пријатели со роднини. Се можи да биди во ред со компромис со договор и добра организација. Сепак тоа се покажало не успешно.Сите бифши мои дечковци кои ја имаа својата слобода и мојата доверба, ме изневерија. Сепак од мое искуство гледам дека машките обожават девојчиња што се шетаат со изваден задник во хеланки и длабоко деколте. Јас сум висока, знам дека сум убава, немам најсовршено тело, ама не сум ни мн слаба не сум ни дебела, немам па ни мали атрибути, ама секогаш се облекувам во граници , на нормалата и пристојноста.Имам прилично, женстевн стил на облекување.Не сум некоја рокерка, пантекрка, металка или не знам хипи.И дека не им е многу важно колку е паметна и добра. Не сфаќаат дека ако е лоша со другите кога тогаш и пред него ќе си ги покажи роговите. Многумина ми велат епа покасно идат таквите како тебе „во мода “ кај машките, ко ќе му дојди време за женење, за сега им си премногу сериозна и премн добра, а нив им е дојдено само до секс и убаво поминато време, без многу да внимаваат на нивното однесување, без обврски и слично. Јас не веревуам во тоа, кога моите другарки и колешки можеле да налетаат на „совршени“, зошто не можам и јас. Имам мн другари и пријатели, колеги, со сите сум во добри односи сите можаат да разговараат за се, било на другарско кафе,било на фб. Имам и добра смисла за хумор, ама знам да дадам и добар и корисен совет. Дури и неколку момчиња в очи ми кажале дека сум едно од најдобрите и најчесните луѓе што ги познаваат во животот. Многумина ми велат престани да се замараш,што е твое ќе си дојди. Ама сепак се чуствувам осамено , премногу. Не знам можи и сум премногу повредена од претходните неверства и пропаднати врски, за нова врска, ама сите велат клин со клин се избива. Кај грешам? Што правам грешно? Не знам да бидам доволно,ладна, не знам да бидам доволно лоша и расипана?Не сум доволно интресна? Навистина не знам каде е проблемот. Навистина би ми значело мислење од ваша страна сепак би било понепристрасно. Луѓето со кои сум разговарала досега сигурно , не биле доволно отворени , само за да не ме повредат, во спротивно досега би го имала одговорот на сите прашања, пронајдено.
Babyblond dobrite sekogas patat,ti ne gresis,ne e problem vo tebe,tuku vo lugjeto sto ne cenat dobri licnosti kako tebe,donekade i jas se pronaogjam vo opisot i karakterot. Nemoj da se menuvas,bidi si svoja,i ti posakuvam uspeh.
Искрено премногу си западната во депресија а тоа ич не чини, денешниот свет е навистина премногу суров за добрите и чесни девојки како тебе (истото тоа се случува и кај машките) никој на никого не му дава корисен и искрен совет никој никого не го гледа, многу се ретки вистинските пријатели кои можат да ти помогнат.Момците ги сакаат т.н. "палави" девојки поради тоа што можеби не сакаат сериозна врска или пак поради некои други причини.....но од друга страна проблемот не е во вас девојките проблемот е и во нас момците што вас девојките само ве гледаме како секс машини а не како личности со сонови,амбиции цели во својот живот.....навистина светот дојде то таа мера што братот со брат не се гледа па камоли пријател со пријател....проблемот во тебе а и во мене и во сите останати кои што се добри искрени срамежливи е во тоа што не знаеме да навредуваме да газиме преку пријатели за да дојдиме до нашите љубовни цели, не се облекуваш можеби до толку провокативно поради тоа што не сакаш да мислат другите луѓе на тебе како спонзоруша (а усвари тие што така мислат тие се првите такви спонзоруши).....мој совет до тебе е не се обидувај да го промениш светот за да биде совршен направи си свој свет каде што тебе се ќе ти биде совршено, а од тоа што можеби се плашиш луѓето што ќе кажат што се бават со рекла казала бла бла пушти ги нив не се замарај со нив и те молам навистина помисли малку позитивно не запаѓај во подлабока депресија
За првиот проблем, верувај додека јас немав дечко, и јас го мислев баш истото..Кога сите ми велеа...Ќе дојдат и твоите 5 минути и јас не верував. Ми беше тешко, секој ме повредуваше, се нервирав, плачев.... Но, после една врска собрав толкава храброст, што кога ќе најдев и минимална маана на некој ја го исклучував од мојот живот. Повеќе не дозволував некој негативно да допре до мене. Не би беше јасно што имаат сите други а јас не...Ведра насмеана, убава..сите се пуштаат а никој не вреднува... Дечко ми ми беше другар, не ни сакав да размислувам за врска со него, баш поради таа причина. Кога се деси што се деси сиреков, дај да си дадам една поинаква шанса на самата себе, и ете конечно тоа упали. Нема да кажам дека се е совршено, иако навистина се функционира супер....Но, сепак понекогаш се наоѓам во ситуација кога мислам дека повторно ќе ми се случи истото и ќе ме повредат. Сакам со ова да ти кажам, и ние некогаш бараме на погрешно место, бираме со очи, само оние кои физички на прв поглед не привлекуваат... Не е се така во љубовта.. Сега го имам тоа што го сакам и уживам...Но, ми требаше многу време да се свестам.
Имам двајца друагри кои се заљубени премн во мене, ама кога би била со било кој од нив само би го повреидла и ништо повеќе. Не ги чуствувам, ниту едниот ниту другиот како повеќе од другари, повеќе би можела да ги гледам како браќа , братучеди отколку како дечковци. Многумина од тие што порано сум ги одбила се уште ми се другари, ама ако си ја пробав среќата и не успееше ќе ги изгубев и како пријатели. Не знам можи на 23-24 и не е баш така. Луѓето се мажат се женат на тие години.
Секогаш постои ризик, постоеше и кај нас....и јас го чувствував истото.Но како што велиш 19 и 24 не се исто, башка и мала си....верувај, понатака поинаку ќе размислуваш....Не мора да е другар...кој и да е, пробај подобро да го запознаеш, ако ти се пружи шанса со некој, не ја одбивај, излагај другарски...запознај го па после оцени.