Тоа значи дека можно е цел живот да бара некоја девојка што ќе личи физички на бившата.Ова сега што ќе го кажам е вистинска приказна која се случила пред можеби 35 или 40 години во бивша Југославија која ми ја кажа еден од најдобрите психолози за брачни врски.Некоја девојка првенец на генерација во средно добила награда летување на јадранско море.Таму каде што била сместена имало нејзини врсници од сите краеви.Се качиле на некој брод и таму го запознала актерот Мики Манојловиќ кој тоа време важел еден од најзодните момци.Сите девојки се вртеле околу него но тој решил да и посвети внимание на девојкава која била многу срамежлива.После преубавото дружење девојкава била толку задоволна но и занесена од неговиот шарм што понатаму во животот во сите дечковци што ќе ги запознаела барала некој што личи на него.Дури на 42 години останала невина бидејќи не фатила дечко до тогаш барајќи го цело време оној што ќе ја потсетува на Мики Манојловиќ.После посетата на психологов запознала друг што ни малку не личи на Мики манојловиќ и во брак е со него.
Дали да простам??? Се гледаме од јуни. Во јуни се беше неофицијално, запознавање дружење. После 1 месец не бевме заедно јас бев во странство, па во август повторно се гледавме. Се беше како бајка. Никогаш не официјализиравме врска, но на последните состаноци имаше толку многу изјави на љубов обострано, и си се викавме дечко и девојка. За цело време јас бев свесна дека тој има тазе прекината бивша многугодишна врска, неодамна пред да почнеме да се гледаме, но не сакав да го гњавам за тоа. Пред 1 недела фб-от издаде некои работи- дека тој нема расчистени односи со бившата(таа му лепна комент на слика и објави слика од нив двајцата). Јас бев во шок, му се скарав одма, тој рече дека не правел ништо со неа туку само одржал контакт, се гледале на кафе, девојчето го сакало итн..и така ми стаса порака едно утро во стил дека ме сака најмногу на свет, арно ама не може туку така да ја отфрли(зашто јас му поставив многу строги услови, да прекине секаков контакт, да ја брише и од фб и од се). Одтогаш не му се јавував, ми звонеше упорно, ми пишуваше пораки дека се кае и дека ќе се откаже од се за да сме заедно, дека му значам премногу... Пред некој ден ми се јави дека има расчистено се со неа, ја избриша и од фб и дека сака да сме заедно. Многу го сакам, но не знам дали да простам. Не знам дали ќе можам да му верувам после ова, од една страна работите се открија на време додека да почнеме нешто посериозно и не можам да го сфатам буквално како варање, зашто ние не ни бевме во врска..но од друга страна премногу ме скрши сето ова.. Ве молам за совет!
Зошто да не....и самата викаш дека не сте во врска па така да не сте на некој начин обврзани еден кон друг.......единствено што малку пречи е тоа што ние луѓево секогаш се определуваме за некоја можеби мала лага само да не изгледа некако смешно работата(како во овој случај) отколку отворено да кажиш што се случило...........ЧOВЕЧКИ Е ДА ГРЕШИШ И ЧОВЕЧКИ Е ДА ПРОСТИШ.......дај му уште една
дефинитивно да му простиш и да му дадеш уште една шанса и самата кажуваш дека имаат тазе прекината долгогодишна врска неможе тоа преку ноќ да го решат но ако го сакаш и му веруваш биди со него . ќе видиш се ќе се среди
Па и немаш некој голем проблем,ама мораш да го разбереш.Не глеам причина зашто не би му простила.Ако прекинал да контактира со неа,веќе е решен проблемот.Дај му малку време нека се среди.Биди добра со него,имај разбирање.Немора толку лесно да избувнуваш.Не го сфаќај ова толку сериозно.Не направил ништо лошо.Како поминува време,ќе се средат работите и ќе биде се во ред. Со среќа
Имам едно прашање... како тоа се шалам со дечко ми за нешто што не е точно А ТОЈ ГО ЗНАЕ ТОА (као демек сакам да си фатам друг знаете вака на смех се шалиме) и тој да се лути до мера да ме остави на клупа и да си замине. Му велам еј што ти е знаеш дека се шалам и ми вика тоа ме нервира страв ми е да те изгубам... добро како може тоа да му го искоренам... хихихихи
Не се шегувај за вакви работи. Маж ако ти каже дека му е страв да те изгуби, не му е страв тебе дека ќе те изгуби, страв му е дека можеби ти дал премногу од себеси кој нема да го пронајде ако ти не си повеќе со него. Ако знаеш дека не му се допаѓаат шеги на таа сметка, не ја почнувај таа тема.
Алал ти вера за реченицата "Маж ако ти каже дека му е страв да те изгуби, не му е страв тебе дека ќе те изгуби, страв му е дека можеби ти дал премногу од себеси кој нема да го пронајде ако ти не си повеќе со него. " )
Па не би требало толку сериозно да го сфаќа ова ако е на шала. Па и да не е на шала и онака ништо неможе да направи против тоа Ама ако гледаш дека му смета,не го нервирај човекот
Како според однесувањето на дечко со кој сте само другари (не којзнае колку блиски) може да се забележи дали те гледа како другарка или има нешто повеќе?
Па лесно можеш да приметиш.Ако има нешто повеќе-сменето му е однесувањето-на подобро,го прави тоа што го сакаш ти,гледа да ти удоволи се,да биде добар со тебе.Ако го знаеш доволно време,лесно ке препознаеш
Епа тоа е работата, почнавме да се дружиме пред отприлика 2-3 месеци, во кои последниве недели почесто. До пред 3-4 месеци бевме само на здраво. Не го познавам доволно добро за да знам како се однесува, ниту можам да правам споредба. Затоа ве прашувам вас машките да ми кажете како се однесувате кога некој ви се допаѓа и сакате нешто повеќе од девојката која ви е другарка Како и да е ти благодарам многу.
Ја не сум машко,ти кажувам од женска страна како би познала ако некој се однесува нешто повеќе од другарски Ти најубаво можеш да процениш
Другар ми, прилично добар другар, но не се знаеме долго време, ме избегнува заради женска му..Како да постапам, не сакам да му го плеснам у фаца зашто сакам сам да се сети дека не треба да прави така
И јас еднаш заради таква шала , си останав сама на автобуска Едноставно тој несака таква шала, и прифати го тоа
најсмешни ми се овие дирекни прашања вака поставени, како да се обраќате на само едно машко Вака... возрасен дечко не би поминал толку долго време со некого само заради сексот, ама ако конкретно во твојот случај збориме за некој твој врсник тогаш мислам дека е можно... па што му е друго работа у животот на напалено 15 годишно дете Спојлер Ццц... до кај стигна младинава на овие години со овие муабети, дури некако самиот незгодно ми падна додека го куцав одговоров hock:
Да не должам се работи за истата особа....и да страмежлив е затоа и го болдирав тој дел... и сега....Како да го натерам да зборува?Сакам да дознаам нешто повеќе за него ама нз како да го прашам? Пред 2 дена го викнав да се капиме и прифати ...си поминав преубавооооо и почувствував дека малку е поопуштен од претходно ама ... ете сакам да знам нешто повеќе за него? да го прашам дирекна или да вртам одоколу ??? Уф колку сум радознала